Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Showing posts with label интересно. Show all posts
Showing posts with label интересно. Show all posts

Friday, April 6, 2012

Парада и Панкот не е мртов

„Никад, ама никад не треба да бидеш сосема сфатен,
тоа е точка, крај! Не сакам точки.“
~
Панкот не е мртов (филм) time: 01:02:05
.
После толку одлагања конечно се решив да ги погледнам и овие наши филмови т.е. еден српски еден наш филм. Ги гледав во два дена и без да решам да ги споредам, меѓу нив се забележува големa разлика. Парада останува во традиционалниот спрски стил додека ние со Панкот целосно го копираме Холивуд и згора на тоа и насловот не е оригинален оти холивуд го снимаше истиот наслов уште во 2007-ма. Нешто слично изгледа се случува и со Скопје Ремикс кој е излезен на 30-ти Март годинава и за кој се потрошени 400.000 евра или пола милионче. А не предизвика некое посебно внимание кај јавноста..

.„Парада“ е прилично убав фејл според мене. Поентата им е единствената позитивност оти е замислена како одбрана на геј правата со самото претставување на недоразбирањата кон тоа од страна на скинерите; додека глумата ужасна, а приказната едноставна и кратка. Според не е лошо да се погледне, и самиот го оценив 60 од 100, но останав разочаран, бидејќи читав многу позитивни критики и се надевав на поголема професионалност. My mistake, i guess..
.
Повеќето дијалози им беа пластични, неуверливи. Тони глумеше албанец кој се појави само во неколку последни сцени, Кољо во целиот филм го убедуваше подебелиот геј да се однесува како стрејт, што на некој начин им се коси со поентата која ги прифаќа гејовите како нормални. Сепак филмов и не е баш губење време, посебно не ако се спореди со Мелајхолија и Tree of life. =))

„Панкот не е мртов“ излгеда како да е обработен според книга, базиран е на нараторска интерпретација од главниот лик додека во меѓувреме дејството се движи. Тони Михајлновски одлично ја одглумува сељачката улога која патем му е срасната со неговиот реален профил, но човек перфектно си го одработува своето. Типичен кумановец - секогаш останува до крај на журка, секогаш се начукува најмногу и секогаш ги сјебува сите пари планирани за нешто други, најчесто превоз. Ми се случувало, пречесто.. : ))
.
Жапчето Фердинант одигрува убаво место во целата приказна, а поентата е доста силно насочена против Мулти-Култи организацијата што ја финансира Сорос. Одлично е отсликано тоа на сила ставањето на албанците и македонците во еден бенд за да се фејкира една слика на соживот и нивната заслужност за сето тоа, а всушност намерата е да се исперат добри пари. Пејачката Дани која ги претставуваше Мулти-Култи доби убави пцовки од членовите на бендот меѓу кои и Тони и Кили, тоа беше интересна сцена. Филмот го оценив 88 од 100, очигледно е подобар од Парада, инаку и двата филма се снимени 2011-та, првиот во Април, вториот во Октомври. Ако некој уште не ги има погледнато, испод трејлерите во постов се аплаудирани и проверени торенти за двата.




.

Thursday, March 29, 2012

Читање vs читање vs гледање (контекст)

.
.
Секој човек на нештата околу себе им приоѓа на два начина: а) со гледање т.е. набљудување; и б) со читање. И на двата начина тој ја процесира надворешната содржина притоа  користејќи ги своите рецептори кои се полни со предрасуди, навики и омилености. Во текот на обработувањето на таа надворешна содржина, кај човекот се пробудуваат емоции, сеќавања, обработување на тие сеќавања од нов агол, нови сознанија, возбуда, зголемени зеници, зголемена вознемиреност и зголемен адреналин следствено на возбудата. Откако ќе ја обработи таа надворешна информација, тој внимателно ќе ја складира во својата меморија и ќе ја остави таму за да некогаш повторно ја пробуди под дејство на некое ново доживување, за да може да ги погледне нештата од нов агол. Тоа е прилично едноставен концепт, иако обично луѓето не се свесни за него токму затоа што не е воопшто битно, или барем така смета самиот мозок.

Овој  втор дел од темата би требало да се насочи кон поделба на читачи во сувопарни и поетичари; и како двете групи се однесуваат кон визуелно консумирање. Можеби баш ова требаше да биде одговорот за тоа зошто сите ние би избрале добра книга наспроти добар филм. Јас на пример би ја избрал книгата само ако се работи за добра драма со длабоки поетични елементи, алудирање на начинот на раскажување наспроти акцијата во приказната; и секако sci-fi елементите се добредојдени. Во сите можни други варијанти секогаш би избрал филм.

Во последно време некако се добива впечаток дека сувопарното читање кое по секоја цена сака да го замени визуелното доживување, денес секоја успешна книга (нели најпродаван роман), се базира на акција, трилер и авантура, се алудира на случките наспроти начинот на нивно раскажување; изостануваат и креативните елементи кои будат размислување кај читателот, онакво размислување кое иницира нови идеи, оригиналност на мислите, импресија од таа оригиналност и тн. Оваа карактеристика ја имаат психоделиците на пример, бидејќи нивната моќ е во илустрација на нешто кое никогаш не сме го виделе ниту замислиле, што само по себе ја буди креативноста и оригиналноста во една личност; нудат да погледнеш и почувствуваш нешто кое никогаш до сега не било смислено, ниту постоело идеја за тоа. Еве ги на пример Стар Трек приказните, еве зошто се тие афтентични:
 I visited the sci-fi museum in Seattle this weekend, and was reminded of how sci-fi is an especially fertile ground for examples of and analogies to what is explored in psychology and spirituality. There are probably books out there exploring that theme, and if there isn’t, it is waiting to happen. [...]

Би го додал и славниот цитат на Кен Робинсон:
I heard a great story recently — I love telling it — of a little girl who was in a drawing lesson. She was six and she was at the back, drawing, and the teacher said this little girl hardly ever paid attention, and in this drawing lesson she did. The teacher was fascinated and she went over to her and she said, “What are you drawing?” And the girl said, “I’m drawing a picture of God.” And the teacher said, “But nobody knows what God looks like.” And the girl said, “They will in a minute.”[...]
Она што денес се нуди на читателската публика е нешто кое поттикнува возбуда од акција и поради тоа те „влече“ да не престанеш со читањето, ја предизвикува љубопитноста без никаква сатисфакција на крајот, но згора на сè наместо љубопитноста да се чувствува изманипулирана поради времето кое го изгубила, таа е задоволна затоа што може да се пофали колку книги консумирала (фалењето пак е предизвикано од ефектот на мудрост и паметност кој го шири самиот поим „книга“) и денес акционите романи се продаваат народски речено „како алва“. Можеби таквата литература во која изостанува оној  утилитаристички карактер во смисла на некоја духовна и креативна надградба на личноста; е некој вид манипулација со читателите за постигнување слава и успех. А можеби е и само различен начин на делење љубов. Who knows..

Како и да е, од овој аспект многу лесно може да се подели наменската функционалност на читањето и гледањето. Овде се делат интересите на луѓето, оние заинтересирани за сувопарно доживување на случките обично сакаат движечка приказна во која дејството е поважно од начинот на неговото искажување и оваа публика би требало да припадне на визуелните доживувачи кои секако дека и читаат, па можеби и повеќе читаат во некои случаи, но факт е дека филмот или видеото е попрактична платформа за нивна консумација, отколку читањето каде што губат дополнително време, а ја добиваат истата сатисфакција. Можеби постои една мала разлика која се состои во подобрување на елоквентноста на читателот, иако и не е баш мала, но сепак и тоа зависи од способност на читателот да ја вгради во себе.

Од друга страна, оваа поделба ја отвара и дилемата: дали во животот е повеќе важно да се доживува или да се изразува? Дали да се консумира или да се перформира? Дали да се пишува или да се чита, дали да се гледа или да се илустрира...

Можеби тоа се моментални одлуки, но верувам дека тие сепак имаат некој синџир на поврзаност, така што ако еднаш го одлучиш едното, следиот пат истото те привлекува да го одлучиш пак. На тој начин се градат и принципите на една личност.


Tuesday, March 20, 2012

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. Tоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

Денес конечно пронајдов време да истражувам за темата дека визуелното апсорбирање информации е далеку поефективно отколку читање на истите информации. Пред нас имаме интернет конекција и безброј интересни теми за апсорбирање кои ни се пружаат секоја секунда на твитер, facebook, блог, Tumblrs, јутуб; но не можеме паралелно да ги прочитаме или визуелно проследиме сите тие информации. Најпрво ни треба време, а потоа ни треба и поголема брзина на апсорбирање. Како и сè што се случува денес, целта е да се заштеди време, а исходот е да се забрза процесот на нашето доживување на информациите. На тој начин се забрзува и нашиот духовен раст наспроти физичкиот. 

Поради оваа страна на реалноста која секојдневно ни се случува, ние барајќи начин за побрзо апсорбирање на информациите, се свртуваме кон нивна визуелизација наспроти нивното читање. Па токму поради зголемување на ваквата тенденција, си дадов задача да го истражам ефектот на читање и гледање и зошто читањето општо се зема како предност пред визуелното апсорбирање на инфомариицте. Бидејќи нели образовниот систем се заснова на читање нспроти визуелно апсорбирање на информациите.

Научните студии го кажуваат следново:
People tend to eye-minded, and the impacts visual aids bring to a
presentation are, indeed, significant. The studies, below, reveal
interesting statistics that support these findings:
- In many studies, experimental psychologists and educators have found
that retention of information three days after a meeting or other
event is six times greater when information is presented by visual and
oral means than when the information is presented by the spoken word
alone.
- Studies by educational researchers suggest that approximately 83% of
human learning occurs visually, and the remaining 17% through the
other senses - 11% through hearing, 3.5% through smell, 1% through
taste, and 1.5% through touch.
- The studies suggest that three days after an event, people retain
10% of what they heard from an oral presentation, 35% from a visual
presentation, and 65% from a visual and oral presentation.
"Presenting Effective Presentations with Visual Aids" May 1996
OSHA Occupational Safety & Health Administration U.S. Department of
Labor [...]
Од друга страна, па нели и читањето е визуелно апсорбирање? Мислам, ако не гледаме, нема ни да читаме? Од тука оваа студија е некако непрецизна бидејќи под визуелно учење го класифицира и визуелното и пишаното претставување на информациите. Но како и да е, понатамошниот текст на истиот линк ја разгледува попрецизно проблематиката и се покажува дека визуелноста е во предност наспроти читањето. Луѓето повеќе паметат визуелно доживеани моменти отколку кога истите ќе ги прочитаат, тоа може секој да го тестира врз себе. Јас на пример воопшто не ги паметам кратките раскази кои ги читавме во читанката за прво одделение, но многу убаво се сеќавам како изгледаше училницата во која учевме тогаш, како беа наредени клупите и столчињата, каде стоеше чешмата и како ми недостигаше Кристина кога цела недела ќе морав да истрпам да го гледам ѕидот зад мене, наместо неа, оти секоја недела ги менувавме клупите со една напред, а бидејќи таа седеше позади мене, па откако една недела ќе се преместев во првата клупа, следната морав да се преместам во задната, а Кристина и Кате кои седеа позади мене, ќе се преместеа во првата клупа. Тоа беше една цела тажна недела.

Еве што вели еден визуелен уметник (Marius Watz) околу оваа проблематика:
"When I first discovered that I could work visually I stopped reading overnight and spent the next few years taking in visual culture in as large doses as possible. What do you think all these damn “inspiration” Tumblrs are about? It’s pure junkie fix, bigger, better and improved. Too much of it and you’ll go on the nod, over-stimulated and de-motivated." [...
Ова ме поттикна на размислување околу дилемата „дали да читам или да гледам“ со која се соочува секој човек во секоја секунда од неговиот живот, а денес е сведена на тоа: дали да читам статии на некој сајт/блог или да гледам видео на јутуб? Јас секогаш во дилеми на избор, некако по дефолт умеам да заклучувам дека балансот е најдобар, верувам дека сите го знаат тоа, но сепак, во претпоставка дека можеш да избереш само едно од двете, тогаш мислам дека ќе застанам на страна на визуелноста. Но тоа воопшто не значи дека читањето е целосно залудна работа, бидејќи и тоа си има своја уникатност т..е. незаменливост бидејќи поезијата и расказите на пример воопшто не можат да го доловат истото чувство кога се визуелизитрани, од онаа кога се читаат. Можеби затоа тоа е единственото нешто што секогаш го читам повеќе отколку статии со вести без разлика дали се забавни, научни или политички вести. Патем, читањето предизвикува некакво чувство на паметност, го зглемува егото и левелот на себевреднување. Пак да го цитирам Marius Watz:
"However, I do wish I could take just one hour a day to read long-form texts or books. It would undoubtedly make me feel so smart, reading usually does - more so than any other activity I know of." [...]
Но Теренс Мекена вели дека „оние кои читаат, не гледаат“, дека тоа се два различни светови. Исто така читањето дава помалку вистинити информации отколку визуелното прикажување на нештата, што е всушност доста јак аргумент. Тука ја вклучува и тезата дека телевизијата дава сличен ефект на дрогата, но од друга страна дрогата е огледало на нас, додека телевизијата е само билборд.



Можеби читањето значи паметност и мудрост па и елоквентност, но сепак визуелното доживување на информациите е она кое останува подолго во нас од едноставна причина што вклучува поголема активност на емоциите, а меморијата несоменно зависи токму од нив.

Monday, March 5, 2012

Quake (игра)

Во последно време доста кредит им се дава на видео игрите, пред некоја година најпопуларна беше WOW (World of Warcraft) која искрено никогаш не ја сакав, а сега уште попопуларна е Skyrim која искрено никогаш не ја играв. Во принцип не сум гејмер и можеби поради тоа не ги сакам стратегиските игри, ама како и секој експлорер на чудата во животот, повеќе ме привлекуваат first-person shooter игри како кантер страјк (која не ја сакав многу) и quake која во детството ја сакав премногу, а никогаш не ја играв од причина што во интернет кафеата целото друштво играа кантер и едноставно немав со кого да играм quake. : )

Оттогаш поминаа десетина години, а јас воопшто и не се сеќавав како се викаше таа мистерична игра од минатото, се сеќавав само на тоа колку ја сакав. За некое чудо пред околу еден месец пронајдов quake гето на интернет каде онлајн се играат мечеви во кои можеш да одредиш колку члена да содржи тимот, кога да кикнеш (може и да те кикнат ако сите изгласаат yes, мада за тоа треба јако да ги нанервираш), да повикаш гласање да се смени мапата т.е. стазата, да четуваш со тимот или со сите во играта и тн. Во основа премногу позитивна корисна појава за љубители на адреналинот од вакви first-person shooter игри.
.
Неколку факти околу quake: играва е излезена на 22-ри Јуни 1996 година id Software (значи три години пред Кантер Страјк кој е излезен 99та), базирана е на добро познатата Doom, има 4 еволуции а во 2011 се појави интервју околу петата еволуција со John Carmack (ко-основач на id Software) за која се најави дека нема да излезе во блиска иднина, но дека се работи на нејзино појавување за некоја година. Патем последното четврто надградување беше во 2005-та, третото во 99-та, второто во 97-ма. Инаку слушнав и дека Ким Датком (уапсениот за мегааплауд) имал некаков удел во креирањето на сајтот http://www.quakelive.com (quake гетото) но не најдов такви инфомрации на интернет, можеби се претрупани од вестите за негово апсење, не знам.
.
Неколку слики од интересен чет (клик на сликите за поголема резолуција):
. .
.
.
Следнава слика раскажува приказна за еден Грк:
Инаку гркот беше потпишан Gomnium и муабетот го почнав јас од шега спомнувајќи дека неговото име на Македонски значи shit, а не знаев дека е грк оти во игра нема известување за националности, само во профилите на сајтот. Добив одговор дека Македонија е во суштина грчка (well, Macedonia is Greek actually), не избувнував, туку му одговорив: уште полошо, сега и на грчки твоето име значи shit. : D
 
Понатаму продолживме околу тоа зошто Македонија ја краде грчката историја и зошто се мразиме, овој дел ми беше прилично интересен бидејќи подолго време имав намера да ја анализирам таа грчка свест и начин на размислување околу нашата земја, оти се чини навистина се убедени дека им ја крадеме историјата, иако на нас ни изгледа дека само нè мразат и сето тоа го измислуваат поради омраза и порив да нè асимилираат (иако ова борговски звучи =)). Во понатамошниот муабет се испостави дека грков воопшто не ги мрази македонците, едноставно се случило различно да верува во историјата и тоа е тоа. Муабетот го завршивме со: well, everything is about believing.. на што ми одговори: i know.. :/
.
Мислам дека малку ја доловив интересноста на quake и зошто ја сакам играва, останува ваш изборот дали ќе се приклучите за самите да ја пронајдете интересноста.

Линк до онлајн играта:  http://www.quakelive.com/

Sunday, January 22, 2012

Поемата "Oh, the Places You'll Go!"

 From there to here, and here to there, funny things are everywhere.
~Dr. Seuss
 .
Во четириесет и деветата минута пред крајот на филмот Fracture, се појавува една фасцинантна поема од книгата "Oh, the Places You'll Go!" која e напишана од Theodor Seuss Geisel, потпишан како Dr. Seuss. Инаку во филмот поемата ја чита глумецот Ryan Gosling. Книгата издадена под стандардниот интернационален број: ISBN 0-8335-5129-9 е последната книга која е објавеа пред неговата смрт. Прв пат е публикувана од Random House токму на денешен ден - 22-ри Јануари, 1990 год. Напишана во класичен стил како Green Eggs and Ham и The Cat in the Hat; Oh, the Places You’ll Go! има повеќе специфични карактери вклучувајќи и наратор и читач.
.

Theodor Seuss Geisel
  • Do you dare stay out?
    Do you dare go in?
    How much can you lose?
    How much can you win?
    and if you go in, shoud you turn left or right?
    Or right and three quarters?
    Or maybe not quite?
    You can get so confused that you'll start in to race
    doqn long wiggled roads at a break-neckint pace
    and grind on for miles
    across weirdish wild space
    headed i fear towards
    a most useless place
    - the waiting place.
    for people just waiting.

    Waitint for a train to go
    or a bus to come
    or a plane to go
    or mail to come
    or the rain to go
    or the phone to ring
    or the snow to snow
    or waiting around for a yes or a no.
    Or a string of pearls
    or a pair of pants
    or awig with curls
    or another chance.

Патем, замисли си да загледаш филм и да го стопираш за да ја препишеш поемата во него која те фасцинирала и згора на тоа да дознаеш дека истата била издадена токму истиот ден во кој го гледаш филмот (22 јануари), само 22 години предходно т.е. во 1990 год. Isn't that fascinating?
 .
.
 .
update: линк до целата книга во пдф (со мозила не отвара): http://www.scribd.com/doc/4141593/oh-the-places-youll-go-presentation-for-graduation 

Saturday, January 21, 2012

Нашите сонови


Пижамите се искинале
на деловите од мене
што не сонуваат повеќе.
(ckrtac)

Секој има сон и истиот тој сон за некого е реалност, а за некој – само сон. Планетава е исполнета со милион приказни и тоа од најбедните па до најуспешните, секому од нас му е поделено по една приказна за да ја живее и по една за да ја одглуми во животот. Обично таа што ја живее е прилично победна од таа што ја глуми, но тоа се случува затоа што луѓето толку си го сакаат својот сон што повеќе не им е битно дали е изглумен или жив – битно е да го дофатат.
Некои луѓе одбиваат да глумат и никогаш не ги дофаќаат своите соништа, а тоа чувство страстно ги задоволува. Таа чистост, таа поетичност. Иако многумина од нив воопшто не го размислувале тоа сепак поетичноста е составен дел од нив, а тоа некако во чувствата ги допира сите останати. Како мали се воодушевуваме на приказните од бабите и дедовците, оти во тие приказни има цели животи, одживеани. Тие се како души што се раѓаат при самото нивно раскажување, бидејќи тие остануваат да живеат и после смртта на човекот кој ги живеел. Оттаму се раѓа поетиката на животот, а луѓето кои не ги дофаќаат соништата не се ништо поразлични од другите едиснствена разлика е што се посвесни за драмскиот елемент во животот(т.е. поетиката), кој кај сите останати доаѓа на крајот, пред самата смрт и, немаат време да го живеат. Сепак дискутабилно е прашањето и дали воопшто треба да се живее тоа нешто.
.
Здружување на соновите е можеби најбитен чекор за нивното исполнување, бидејќи нечија реалност за некого е сон. Но ако го одглумиш, тогаш здружувањето би било само лутање низ глумата, сè до еден ден кога или сето ќе ти здосади или ќе срасне како дел од тебе. Радоста од неговото исполнување е најголема кога сонот со неуморност го чекаш, единствено ризикот е што истиот можеби никогаш нема да дојде.
.
Соновите често знаат да изумрат и да се родат други на истото место. Поетите тогаш се прашуваат каде одат умрените сонови, дали постои рајот на соништата, а ние сепак ние ги оставаме неколку метри под земјата и продолжуваме со поход кон новиот. Нашите сонови се наша приказна, а нашите приказни се нашиот сон сонуван некогаш пред да се родиме, можеби и во минатиот живот, којзнае.

Еве едно видео за животните сонови на “другите“ луѓе:
.


Tuesday, January 17, 2012

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други. Oд Бразилски риболовец до Кинески продавач, од Германски перформер до Авганистански фармер, сите одговориле на истите поставени прашања: за нивните сонови, за нивните стравови, за желбите,„што научиле од своите родители“,„што сакаат да остават на своите деца“, „преку какви проблеми биле соочени во својот живот“, „што значи поимот Љубов за нив“ и уште четириесетина прашања сѐ  со цел да се дознае што нѐ дели, а што нѐ соединва сите нас - 6 милијарди луѓе на планетава.

Јан Бертанд за проектов добил идеја кога заглавил во Африканската држава Мали, поради проблеми со хеликоптерот. Тогаш Јан целиот ден го поминал зборувајќи со еден од локалните луѓе. Домородецот му зборувал за своите соништа, желби и стравови во животот, неговата животна цел му бла да си ги израни своите деца. Јан вели: „тогаш се најдов себе си вметнат во најсуштинските мисли. Тој ме погледна право во очите, без да се жали или бара нешто до мене, дури немаше никаква експресија на незадоволство од својот живот. Потоа сонував да ги разберам тие зборови, да го разберам тоа чувство што нѐ поврзува нас бидејќи од таму планетава изгледа како збир на неверојатни и фасцинатни животи на кои им треба споделување.“ Јан има шеесет години, неговиот поглед кон минатото носи премногу информации, премногу слики и фасцинантни стории, но денес, вели тој, кога имаме толку многу технолошки опции како интернетот и можеме да ги споделиме сите наши различности, информацјата никогаш не била толку раширена и толку поверодостојна од порано, но сепак ни фали нешто – ни фали нејзиното разбирање.

Целта на проектот:

Проектот е лансиран во Фебруари во 2003 година, а е роден од една мала желба да се направи контакт со „другите“ луѓе. За да живееме заедно првото што е потребно е да се разбереме меѓусебно, да се осемлиме да го направиме првиот чекор; да прашуваме прашања, да слушаме, да биднеме дел од нечија животна приказна. Целта на проектов е да се соберат тие различни портрети на луѓе и да се нагласат нивните разлики со цел подобро да се разбереме меѓусебно. Зголемување свесноста за потенцираните разлики на „другите“ ќе влијае врз разбирањето дека сите начини на живот се правилни и ќе ја поттикне одлуката да живееме на свој начин!


Начинот на снимање:

  • Употребени се 40 и нешто прањаша, а за почетокот се изберени оние нѐ обединуваат: семејството, љубов, среќа; но и оние кои нѐ разделуваат на различни ставови: војна, примарните цели во животот и религиските или други верувања.
  • Следното е заеднички начин на снимањето: сите лица се снимени со идентични манири – предно вертикално снимање.
  • Заедничкото приоѓање: за секој лик е избрана позадна која ја отсликува неговата животна околина и истиот светлосен ефект како и звукот. Поставена е доверба меѓу репортерот и личноста која е интервјуирана за да таа зборува на лесен, доверлив и природен начин.
  • Како што еден режисерот Алберт Јакуард умее да рече: „Јас сум линковите кои ме брануваат во заедништво со другите“, така псоледниот дел од снимањето е составување на сите делови т.е. едиторскиот процес за линкирање или поврзување на содржината.

„Шести милијарди други“ не е геополитичко ниту социјално проучување, туку перспектива на човешството, колекција од човечки приказни. Приказни за стравовите, за задоволствата и соновите; кои ја создаваат нашата заедничка приказна. Собирајќи сведоштва за различноста на човечкиот вид, таткото на проектот се обидува да докаже дека различностите потекнуваат од самата потреба за преживување на светот поради самите различни услови во различните негови делови. Колку повеќе нѝ се изедначуваат условите – толку повеќе се зголемува разбирањето меѓу нас. Патем, за комплетирање на овој проект биле потрошени точно шест години, многу енергија, труд и најважното – меѓусебно разбирање.

________________________________________________
Неколку делови од снимањето:












Monday, January 16, 2012

Дали сте среќни?

"There is only one success - to spend your life inyour own way."
- Christopher Morley


Можеби најчудното прашање со кое се соочив во животот беше: „среќен ли си“. Чудноста беше во самиот момент на сериозност во кој беше поставено, a навистина дотогаш не бев размислувал толку сериозно за среќноста. Не знаев дали треба да направам калкулации за неколку години наназад, или битен е само моментот во кој е поставено прашањето. Инаку прашање го постави едно, тогаш најмило суштество, но за мене секогаш ќе остане мило. Можеби сум склон на идеализирање на милите нешта, којзнае.
На интернетов има милион статии со истиот наслов, некои промовираат совети за среќност, други искажуваат политички ставови алудирајќи на општата несреќност поради системот и функционалноста на државата. Но во главно и двете немаат некоја цврста врска со поимот Мислам дека прашањево може да има и доста јака психолошка страна, бидејќи отвара повеќе дилеми: дали се мисли на моменталната среќа и ако да тогаш зошто не користиме хемиски стимуланти за среќа? Или можеби важен ни е целиот живот, ако да, дали можеме да искалкулираме неколку години од минатото и резултатот да си го признаеме, искрено?
Други фактори во прашањето доаѓаат од филозовска страна: што би преземале за да си ја подобриме состојбата на среќата, и всушност треба ли, дали е навистина битно да се биде среќен? Некогаш забележувам и повеќе различни среќи, на пример уметникот е среќен и задоволен со себе поради својата уметност, додека мејнстрим луѓето се среќни поради пари, скапа кола, скап мотор..
Решив да направам анкета со прашањето: „дали се сметате за среќни?“. Анкетата се наоѓа од десна страна на блогов (горе веднаш под видеото), па слободно дадете го својот глас за да разрешиме неколку дилеми и да донесеме заклучок на оваа тема кој ќе следи во пост кога ќе заврши рокот за гласање. Во моментов има преостанато уште 16 дена од вкупните 37 кои подоцна ги смалив на 18. Па повелете, искажете се. :)

(види десно горе, под видеото)

Update:
Резултатот:
Анкетата праша дали луѓето се сметаат за среќни, траеше 18 дена и за тоа време гласале 61 човек.
50% од нив гласале позитивно,
24% негативно,
14% со „не знам“,
16% со „зависи од моментот“ и
8% со “mehhh”


Tuesday, January 3, 2012

Добриот филм



"How about I believe in the unlucky ones? Hmm?"
~ October sky (филм)

Нештата кои целосно го заслужуваат епитетот „добри“, потребно е во себе да ја поседуваат целата содржина на поимот „Добар“. Секако во него има повеќе начини на приоѓање, но само еден е директниот а тоа е самата суштина и едноставност на поимот. Добрите нешта ја имаат својата добрина внатре во својата потсвест, па неретко се поврзуваат со поимот душа и опишуваат некоја појава која е мила и пријатна, токму поради својата мирољубивост и несебичност.
Поттикот да ги погледанм нештата кои го носат овој епитет ми го даде филмот кој го изгледав пред неколку минути – October sky. Им давав некое посебно значење на филмовите, многу слично како на поезијата и расказите, па за да можам да се присеќам на нив кога составувам некоја теорија во сопствените ставови и идеи – ги колектирам сите изгледани филмови на профилот за рангирање филмови на criticker.com. Денес после филмот October sky и дискусија со еден другар за тоа што треба да содржи еден Добар филм, дојдов до една мисла дека можеби и знам зошто драмата ми е омилен жанр, зошто филмовите од овој век се разликуваат (по лошо) од оние од минатото и зошто бе да ја знам причината отсекогаш ги сакав филмовите од крајот на деведесетите.

Новиот начин на живот кој нѐ оделува од предходниот век, ни наредува да ја откорнеме од себе онаа фикција која ја викаме душа и да си ја продадеме. На тој начин добиваме огромен авторитет кој ќе ни донесе материјални придобивки и ни е очајно потребно бидејќи факт е дека светот оклу нас гладува, а тоа е последното нешто што би си го посакале на себе. Постојат и луѓе кои ја имаат сета добрина во себе најчесто се чистачи, ѓубраџии и уште нешто слично, тие се тоа не затоа што не сакаат да си ја продадат душата, туку затоа што не се свесни дека можат. Тоа ги прави поглупави од другите. Но тоа е нивен проблем, мојот е дилемата како да ја спојам добрината со материјализмот или можеби навистина нејзиното продавање е всушност неизбежна еволуција?

Како и да е, кога сакам ДОБАР филм, ги барам најубавите драми кои се направени според вистинска случка или според роман напишан по вистинска животна приказна (клик за листа). Направив анализа на таквите филмови и видов дека сите се направени од деведесетите до самиот почеток на новиот век (клик за листа). Мислам дека поголемата половина од светот сака да се приспособи кон ослободување од својата суштина, добрина и душа, како за возврат би добиле поголем статус во општеството, а тоа значи и подобар живот; па тогаш зошто им се потребни филмови кои ја гајат и будат добрината во нив? – Тоа е токму мојата теорија зошто  во последниве години повеќе се цени техничкиот ефект во филмовите отколку нивната приказна. Добриот филм денес е ректост, но сепак го има. Од новите доста ме имаат импресионирано Never Let Me Go (2010) и One Day (2011). Но како што спомнав погре за мнозинството, ми се случува и мене да сакам некогаш да погледнам нешто за забава, на пример во друштво не иде драма, туку секогаш комедија или акција. Тоа воопшто не се лоши филмови, но добрината и сето она што во себе го содржи тој поим, како епитет ја заслужуваат само драмите инспирирани од животна приказна и, ни еден друг филм.

Поврзани записи:
««Asparagous»»
««I’m here (shоrt film) 2010 год. »»


Friday, April 8, 2011

Виртуелна социјализација (second life)

Обично се случува пред смртта, но на некои им се случува и во текот на животот - да се доведат до единство со себе и свјата свесност за живеењето. Сознанието поврзано со социјализацијата кое неминовно се провлекува како низ тунел, е зачудувачки штетно за самата потреба за социјализација. Затоа и луѓето обично не препорачуваат да се размислува околу смислата на нештата(а посебно не на животот), и онака бројката 42 е сосема задоволителен одговор на сите прашања. (:])
.
Има еден поим – унитарност и уште еден негов близок – универзализам. Двата решиле да се спојат во 1961 година и заеднички да формираат здржение каде што ќе се групираат и дебатираат за одредени филозовски или општествени теми. Утилитарен Универзализам има религиско - филозовска основа, но ова друштво има членови кои се од различни религии, па и атеисти. Водечкото мото гласи: "free and responsible search for truth and meaning".
.
Туку што се вратив од една сесија со група утилитарни универзалисти, секако, виртуелна, но со микрофон и чат, како и целосно спиритуален амбиент благодарение на second life програмот (за некого и игра). Присуствував заедно со еден пријател и се вклучив во дебатата со тема за мислење околу дрогата, поточно - психоделиците и потребата за нивно внимателно интегрирање во спиритуални цели. Водителката ја одбра мојата тема и едночасовната миса на ова религиски - филозовско здружение беше фасцинација за мене. Имаа прилично јасен став дека променетата свесност преку психоделици е во главно позитивна за спиритуални исксутва. Утилитарен Умиверзализам е секако друштво со веќе ослободена свесност од секакви општествени предрасуди, па на некој начин и го очекував нивниот позитивен став. Еве неколку мислења од дискусијата:
[19:02] Darcy Cedarbridge: I think I would also say that a UU might not necessarily believe that drug usage is "bad" just because the governemtnsays it is.
[19:05] Joan Ixito: How can an altered state of consciousness be spiritual?
[19:06] Joan Ixito: I suppose if I know my state of consciousness is altered, I'd disregard my induced "experiences"
[19:06] Ferox: the only thing you do by making anything illegal is create a black market and make more people want to do it.
[19:17] Darcy Cedarbridge: Ferox, do you think enlightenment ios a personal or shared experiencer?
[19:17] Ferox: well im coming from a buddhist perspective on this, apparently those who are enlightened have gotten rid of all notions of the self, so technically since the self doesnt exist, it IS a shared experience.
[19:18] Joan Ixito: how can it be shared if there is no one to share it with..becоuse no one has a self.
[19:19] Ferox: well i mean, where I'm coming from is that there is no self for anyone, so we are all just non existing, together.. so it is SORT of shared.
Патем, досега немам сретнато македонци во second life, повеќето се американци и англичани. По малку добивам чувство дека западот со ова вклучува ново решение за симплифицирање на реалните обрски свртувајќи се кон живеење, состанување, па и одржување миси во 3D виртуелните светови на second life. Можеби тоа е иднината. Но како и да е, перфектно функционира како виртуелна социјализација во изворна смисла на поимот, за разлика од Фејсбукот кој има сосема со спротивен ефект, бидејќи таму комуникацијата со непознати е одбивна поради предрасудите од изложените лични информации.
.
Три димензионалниот виртуелен second life и таквиот начин на озвучено состанување на група која ќе дебатира (преку чат и микрофон) за одредени филозовски, психолошки, општествени и религиски теми; е фасцинирачка можност за виртуелно дружење со луѓе од целиот свет. Инаку, секој четврток во 18 часот(кај тогаш е петок во 3 наутро) во second life светот „UUtopia“, се одржува ваков состанот на унитарни универзалисти, во чија организација членови се и неколкумина од поблиското семејство на Барак Обама.



Monday, September 20, 2010

Создавање на душа

Човекот по природа е лошо суштество, неговото растење донесува сфаќања кои интегрирајќи ги во себе одредува правилни и погрешни дејствија, па своето функционирање почнува да го втемелува на нив. Тоа е процесот на градење на духот односно зголемување на свесноста. Додека градењето на индивидуалноста во себе, е градење на душата. Индивидуалноста и не е баш разликување од сите, туку создавање омилености во нештата, што секако ќе те разликува од некој, но и ќе те зближува со друг кој на некој начин има слични омилености со тебе, и за таквите постои народски назив „сродна душа“.
.
Големиот англиски поет Џон Кејтс вели дека пишувањето поезија е создавање на душа. Пишувањето поезија го гледа како одмотување на навојот на перфектната креативност која доаѓа како бран во многу легендарни делови од животот на човекот. Пишувањето поезија би требало да е колективизирање на свои убави мисли како омилени нешта на индивидуата. На тој начин човекот е побогат со пацифистичка желба, страст, надеж и огромно разбирање кон правилните контексти на нештата.
.
Душа е она што сме ние, најдлабоко во себе. Колку сме поискрени кон себе, толку повеќе се дознаваме себе си, а секојдневните навики за маскирање поради забава или авторитет, нѐ одалечуваат од вистинските нас, но сепак во одредени дози се неопходни за социјализација, како и искреноста секако. Душата сепак умира со смртта на телото т.е. со наша трансформација.

Духот е бесмртената меморија од сите наши предходни животи, која се дополнува и со онаа од тековниот. Колку почесто се конектираме со таа меморија, толку сме подуховни (спиритуални) т.е. посвесни сме. А за начините на конекција нѐ учи психонаутиката [линк].
Бидејќи неповратната трансформацијата означува губење на душата – постојаноста е нејзино збогатување. А поетичноста исто така се поистоветува со трајноста на омиленостите, па ете уште една логичност во мислењето на Кејтс за создавањето на душата. Прастарите нешта (предмети, дела и тн.) исто се сметаат за душевно побогати.
Еден цитат од Matthew David Segall:
Beauty is not a dress, but the naked skin of reality seen through the knowing eyes of the poet. Bless the true, but exalt unendingly the beautiful, for its goodness is all that brings the mind to its senses.
Во песната „If Stones Had Tongues“, познатот поет Џејмс Фримен (кој својата песна со наслов „I’m there“ ја испрати на месечината, со Аполо 15) ја искажува есенцијалноста на душата објаснувајќи ја разликата меѓу нештата што имаат душа и оние кои немаат:

If Stones should find a tongue,
What would they say to me?
Would they deliver sermons
About tranquility?
I think that being tranquil
Is more than being still,
And so I think their silence
Is not of their free will.
Although stones seem to stay
As in a solemn trance,
I understand their atoms
Perpetually dance.
And so if stones had tongues,
I would not think it strange
If they gave learned lectures
About the joys of change.
Душата е нашата мисловна убавина. Ако ја имаме, ќе одлучиме да ги искажуваме своите искрени мисли на некој убав начин.

Wednesday, January 7, 2009

Телема

Сите ние го правиме она што ни е волјата, сѐ до моментот кога некој потајно ќе ни ја замени волјата со неговата волја. Тогаш завлегуваме во заблудна положба и продолжуваме со неа сѐ до моментот кога по некое чудо на случајноста, ќе се освестиме. Случајноста за која зборувам, всушност во истиот момент и е, и не е случајност. Но јас би се задржал на темата „Волја“ или на грчки – Телема (θελημα).
.
Дали некогаш подлабоко сме се запрашале: „дали го правиме она што ни е волјата?“ е исто толку важно колку и она што воопшто нема значење, а уште помалку важност. Значи, прашањето нема важност баш поради тоа што кога ќе подлабоко ќе го анализирате зборот „волја“, тоа самото ќе си се одговори, па ќе нама причина да го поставите. Всушност волјата има закони кои е потребно да ги дознаеме токму за да ги разликуваме од останатите закони и на тој начин да дознаеме дали го правиме она што ни е волјата.
.
Постои книга „книгата на законот“ напишана од Алистер Кроули во 1904 год. Во која е развиена филозофија на живеење наречена Телема. Книгата се сведува на две главни фрази:
.
„Прави го она што ти е волјата и тоа нека биде цел закон!“
„Љубовта е закон, љубов под волјата.“
.
Да го правиш она што ти е волјата, емитува многу пошироко значење, а самото тоа значи доволен потик за да се почне анализа која ветува појаснување. Ако го подразгледаме малку вториот дел од првата фраза („тоа нека биде цел закон“), веднаш ќе ни светне дека можеме да правиме што сакаме и дека не треба да следиме други закони. Тука ќе сме делумно во право т.е. ќе сме во право само со вториот дел од реченицата („не треба да следиме други закони“), оти можеме да го правиме само она што ни е волјата, а нашето чувство за морал ни ги одредува законите на волјата.
.
Втората фраза крие мистична тајна. Имено, на грчки, зборот „волја“(телема) и зборот „љубов“(агапи) содржат иста нумеричка вредност. Со тоа треба да заклучиме дека универзалната волја има љубовна природа.
.
Алистер Кроули (родено име Едвард Александар Коули) е роден пред 134 години и скоро четири месеци. (на 12 –ти октомври 1875 год.). Книгава ја напишал за три дена (осми, девети и десети април помеѓу полноќ и еден часот), а врз основа на филозофијата што ја развил за Телема, се создала и истоимена религија која на ист начин како христијаните – Крисмас (Christmas), овие слават Кроулимас (Crowleymas). Заштитниот знак на Телема го креирал самиот Алистер кој претставува хексограм на кој додал пет листови од ружа, што наликува како петолисна детелинка. Алистер има доста интересна биографија која доста обемно е претставена на македонска википедија, па можете таму поубаво да го запознаете, или уште поубаво го има опишано еден блогер (линк тука).
.
Нашата волја е управувана од нас самите. Колку повеќе се познаваме самите себеси и својата свесност за нештата, толку повеќе ќе ги познаваме законите на нашата волја.

Saturday, January 3, 2009

Изработка на Dreamcatcher

Dreamcatcher претставува предмет направен од врбово дрво во вид на обрач кој е исплетен со лабава мрежа од конец и на обрачот се закачени најнежни перја и монистри.
.
Тој е всушност индијански симбол кој претставува фаќач на соништа. За првпат е забележан кај индијнските војници кои биле во конфликт со други нации (веројатно европејци) во 1960-та година. Веројатно тогаш го искористиле и како заштитник. Имено на прв план dreamcatcher симболично има улога да ги дели добрите сонови од лоши, така што лошите се задржуваат во мрежата, а добрите поминуваат и се спуштаат надолу низ перјата и монистрите за да влезат во слиперот односно спанкото или спијачот.. сеедно!
.
Луѓето отсекогаш биле склони кон разни верувања, тоа ги прави духовни суштества, ги возвишува нивните хоризонти, им дозволува да летаат насекаде.. Среќни се оние со црвста имагинација и верба во истата. Сите ние (некој свесно некој несвесно) веруваме дека старите работи, оние кои ги чуваме во „фиоката за убави работи“, оние кои нè потсеќаат на нешто убаво, оние кои симболизираат нешто што го сакаме и во што веруваме, оние кои се направени со љубов и за љубов; се непроценливо вредни!
.
Dreamcatcher има најубава замисла за симболизирање! Нели? Smiling Cool

Сега изработката:

Најпрво избираш некој убав сончев ден и тргнуваш до најблиската жална врба, ќе ѝ скинеш едно од гранчињата што висат кои најчесто се долги од три до пет метри. Го умотуваш гранчето во круг со произволна големина и потоа го врзуваш со цврст конец за кругот да остане во форма на обрач и кога ќе го пуштиш. Потоа го моташ обрачот со кожна лента, еве слика:
.
Потоа, откако ќе го замоташ обрачот со со кожна лента, земаш цврст бел конец и ја почнуваш мрежата. Не му се плашете на плетот оти стварно е лесен. Јас порано како мал учев да плетам џемпер со „прав плет“ (тој наједноставниот) и доста е интересно. Еве ви слика:
За дополнителна лекција за детали на плетот разгледајте на овој линк (КЛИК)
Во плетењето ставате манистри, нормално, по желба. И го завршувате плетот, еве вака:
Е сега откако ќе завршите со обрачот, останатото е лесно, од една страна врзувате кожни ленти колку сакате (јас врзав три јазли) кои ќе служат за закачување пердуви и од карши т.е. од горе врзувате една лента која ќе служи за закачување на ѕид. Еве слика:
После е крајната фаза: врзување пердуви на лентите, со конче нормално. И толку, готов е. Еве ви слика од мојот:
Дец ди енд..

Friday, December 19, 2008

Хипермнезија и зависност на меморија од емоции


Многумина од нас сè уште не се свесни дека нашиот мозок има скоро неограничен простор за меморија! Но дали ние сакаме да дознаеме како и дали е тоа можно, зависи само од нашиот интерес кон истражување и анализирање. Тука ќе ќе се потрудам да дадам анализа на функционирање на еден човечки мозок кога е во прашање меморијата.

Мозокот содржи меморија во слики, сите спомени се складирани во вид на слики и никогаш не исчезнуваат, туку нас ни е лимитиран контактот со нив. Постојат врски кои се поставуваат меѓу сликите и нивната цврстина зависи од нашата афективна состојба во моментот кога се случувале тие слики кои сега се зачувани како спомени. Многу слично како со интернетов, -имаме пристап на него, а не знаме што сè има внатре, линковите кои водат кон сајтови ги користиме за да дојдеме до информациите кои ни се потребни. Пребарувачот тука игра главна улога! Додека кај човечкиот мозок пребарувачот е оној вроден програм кој ни одредува што е поважно, а што не, па аналогно на тоа ги зацврснува линковите или врските кон меморираните слики, односно спомените. Кога веќе го знаеме ова, ќе се прашаме дали може ние самите да управуваме со тој наш пребарувач. И одговорот е сеако дека може! За целосно свесно управување, засега сѐ уште не се знае дали е можно, но делумно не само што е можно туку е и потребно. Знаеме дека оној кој одлучува што да запамети нашиот мозок, а што да остане некаде во него, скриено од нас, работи на принцип на афективни ситуации, односно ја мери нашата чуствителност и ипресивност кон ситуацијата. Сега, она што треба да го направиме е намерно да се сочуствуваме и импресионираме од нештата кои сакаме да ги запамтиме, така ќе му дадеме сигнал на потсвесниот програм дека тие нешта ни се важни и тој ќе ги зацврсне врските кон слики од тие спомени, па така тие ќе ни оснатат во свесната меморија. На тој начин воедно, ја докажуваме зависноста на меморијата од емоциите.

Постојат луѓе кај кои програмот кој одлучува што треба да запамтиме, е пореметен, па ги памти и неважните нешта. Ова пореметување се нарекува хипермнезиско пореметување, а хипермнезија се дефинира како засилено памтење кон одредени случки (без разлика дали се важни или неважни). Инаку хипермнезија во преголеми дози (значи чисто и јасно памтење на многу случки, па и цели делови од животот), се јавува најчесто при земање на халуциногена дрога. Ова само уште еднаш ја потврдува теоријата на Тимоти (која ја има развиено во преку десет свои книги), дека со правилно водење низ халуцинациите од LSD, можеш да се здобиеш со корисни мемории, па дури и оние од предходнит живот кои според теоријата, се запишани во ДНК на секој човек.

Wednesday, December 17, 2008

Совршеност

Иако за човекот често се потврдува дефиницијата дека е деструктивно сушетество, сепак неговиот инстинкт е насочен кон она за кое најмалку се надевате – совршеност! Луѓето се здружуваат, односно интегрираат во најразлични колективи, почнувајќи од група другари(друштво), па преку најразлични организации, интеграција во државна структура, па сè до брак и семејсвто. Човекот создава колективи и станувава дел од нив сфаќајќи дека е несовршен и без нечија помош, нема да успее во своите поставени задачи.

Да го дефинираме прво зборот совршеност или совршенство. Тој потекнува од латинскиот збор "perfectio" и сака да објасни состојба на комплетност. Е сега, низ историјата го вметнувале во различни науки и секаде му давале различно значење но суштината е иста. Во етстетиката се базира на убавина и уметност, во математиката Платон одредил две совршени бројки: 10 и 6, подоцна се појавиле уште неколку.. Но сето тоа ми беше не многу занимливо, она што ме заинтересира е етиката и нејзиното мислење за совршенството. Таму се опишува како хармонија со природата и разумот на човекот. Но етиката си поставува прашање: -дали човекот треба да биде совршен? Каде Платон ја покренува тезата дека обновувајќи ја идејата за совршеност, човекот се потикнува да се стреми кон перфектност.

.
Имено, совршеноста секогаш била дел од човекот, впрочем совршеноста е дел од секој атом на планетава, но никогаш не била целосна и затоа постои стремеж кон нејзиното комплетирање. Ние, како што е и сосема чивечки, би рекле: -па не би било интересно ако е с
è совршено, ние уживаме во несовршености. Но тогаш зошто се стремиме и дали? Останува за нас вечно прашање, бидејќи вечноста ни е многу мала за нашиот век од 100 години.

Нашиот инстинкт ни наложува да дејствуваме одбивно на страно, насилно дејство, па и наредба, но еволуирајќи, го надминуваме тоа, па можеби тоа значи дека сме чекор поблизу до совршенството и дека сме насочени кон него, или можеби не. Како и да е, таквиот инстинкт секогаш постои во нас, наша задача е да го потчиниме. Дел од таквиот инстинкт ја објаснува појавата да го сакаме забранетото САМО затоа што е забрането. Наша задача е повторно, да го потчиниме тоа. А успехот на нашата задача зависи од нашата свесност за тоа, додека свесноста се буди со едукација.

Досега имаме повеќе примери дека се стремиме кон совршенсот, па ако е веќе така, предлагам да поуживаме во несовршеноста која ни нуди импресии, интересност, возвишеност, болка.. бидејќи не знам како би живееле без тоа, но се надевам дека ќе се адаптираме, затоа и имаме бројни вечности пред нас.

Saturday, December 13, 2008

Волја


Ете, најдов време да размислам како тоа се губи волјата за живеење. Многу пати сум се соочувал со таквото прашање и воопшто не сум можел да смислам одговор. Тезата дека нештата треба да се доживеат за да се сфатат, сепак не е точна во целост(секако, и онака не постои апсулутна вистина), баш поради фактот дека јас иако го доживеав тоа, пак немам логично објаснување, всушност секогаш сум збунет пред тоа прашање.

Вчера го прочитав расказот што е линкиран на истиот збор. Знам дека нема да го читате оти е енормно голем и башка на српски(а беше и на латиница туку јас со помош на блогерските опции го ставив на кирилица), но ете таму го најдов логичниот одговор на прашањето кое ја бара причината за исчезнување на волја за живеење. Имено, во расакзот се дава слика на едно општество во кое луѓето еволуирале во бесмртни со помош на некој пронајдок и имаат изглед на дваесет и неколку годишни. Сме освоиле неколку планети и сме ги населиле и нели с
è што е типично за научна фантастика. Туку главниот лик од расказов си има мака со волјата за живеење. Тој е најстар жител на планетата Земја и има 57 века проживеано. Арно ама, самоубиствата се забранети со закон и човеков започнува да ја разубедува комисијата да го дозволи самоубиството приложувајќи значајни аргументирани факти со кои навистина секој би се сложил на неговата молба. Човекот докажа дека губењето на волјата за живеење се зголемува правопропорционално со зголемување на меморијата и спомените. Имено тој беше ценет бидејќи и самиот порано бил член на комисијата што го забрани самоубиството, па дебатата беше на пријателска база. Дојдоа до заклучок дека за да не се изгуби волјата за живеење треба да се форматира односно избрише целата човекова меморија за да тој почне нов живот полн со желби, без да мора да умре односно да се самоубие.

Натрупувањето на невкусни спомени во кои лежат заробени сите загуби во неговиот живот, му ја одземаат волјата колку и да е таа голема, сепак меморија од 57 века не е малку. Откако комисијата го заклучи проблемот, реши да не го поништува законот за забрането самоубивање и да се фокусира на наоѓање начин за бришење на меморијата на луѓето. Очајникот се налути оти не беше прецизирано времетраење на решавање на проблемот.. можно е да трае милион години, си мислеше. Но решението се донесе доста брзо и веднаш беше еспериментирано врз него. Тој ја изгуби мемориајта и остана со празнина во мозокот. Почна да учи да збори, имаше андроиди кои го хранеа, имаше пелени на себе, за првпат ги чуствуваше предметите околу себе, чувството на насмевката.. имаше многу желби меѓу кои и да си спие со мечето играчка. Беше среќен! Господата од комисијата успешно си ја завршија работата и знаеја дека истото ги очекува и нив кога ќе го достигнат потребниот број години, но воопшто не беа загрижени поради својата меморија како првиот пат. Сега знаеја дека тоа е решението за нов живот полн со желби и надежи..

Тука се подразмислив колу е убаво да живеев сега во тоа општество. За жал, додека не го измислиме фантастичниот начин за бришење на меморијата и нестареење на телото, ќе остане оној наш традиционален начин за форматирање на меморијата со поништување на телото..
Расказот беше во книгата СФ ГАЛАКСИЈА од Гаврило Вучкович(во неа има собрани раскази од повеќе странски писатели) што ја симнав по препорака на пријател.

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More