Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Wednesday, February 25, 2009

Одгледување психоделични печурки

[важно: Бидејќи оваа процедура е нелегална во Македонија, ви советувам да не ја изведувате во оваа држава.]

Одгледување на психоделични печурки е можно но не и лесно. Но, како што Том Јорк би рекол – aко го дадеш најдоброто од себе, тогаш тоа е сосема доволно!

Да почнеме со процедурата. Наоѓате страна на интернетов која испорачува спори од психоделични печурки. Да не се мачите, ЕВЕ (клик) ви ја! Потоа праќате писмо со адресата која е на страната што ви ја линкирав, но во писмото што ќе го пратите, ставате друго помало писмо (значи првото ќе биде од поголемите, а второто е во нормална големина) во кое ќе ставите 5 евра и ќе ја напишете вашата адреса.
За 2 недели ќе ви го вратат назад писмото во кое наместо петте евра ќе имате две пакувања со психоделични спори. Купувате прибор кој се состои од ракавици (бели докторски), шприц од 10 мл. со игла, маска за лице (пак докторската), памук, алкохол, нож и лажица (последните четири претпоставувам ги имате по дома).
 
Земате лажица на која ќе капнете неколку капки ладна дестилирана вода (значи водата предходно ја зовривате и ја чекатете да се олади 24 часа). Во лажицата со дестилирана вода ги ставате спорите така што со предходно загран нож со запалка (заради стерилизација) ќе ги одвоите од принтот и ќе паднат во водата. Предходно површината на која се работи треба да се пребрише со алкохол, да се измијат рацете убаво и да се стават ракавици и маска за лице!
.
Теглата се чува во топла просторија во која температурата несмее да е испод 28 степени(бидејќи сега е лето, ќе немате проблем за тоа). По две недели во теглата се појавуваат бели кругчиња што значи дека спорите успешно се развиле и понатаму не им е потребна никаква стерилизација. Тогаш купувате земја од цвеќара и ја печете во рерна на најголема температура околу еден час. Потоа чекате 24 часа да се излади и во пластичен сад чија внатрешна страна предходно е обложена со фолија, ја мешате земјата со развиените спори од теглата. Ја затварате пластичната кутија и ја ставате во мрак неколку дена додека не изртат никулци на печурки, потоа ја ставате во поголема пластична кутија(помалата сега е без капак!) и просторот меѓу нив го полните со вода (заради одржување на влажност). Ја чувате на топло (не под 28 степени), при што 2-3 пати на ден го отварате капакот на една минута заради проветрување.
.
По една недела никнуват убави печурчиња кои ќе ги исушите и ќе ги чувате во вакумска кесичка. Таквите се спремни за некоја психоделична сеанса (клик) во која ќе искусите трип од кој можете да научите многу за себе. Еднаш во една емисија еден научник(не ми текнува кој) го бранеше нападнатиот свој став од тезата дека компјутерите имале лошо влијание врз децата, току со оваа реплика: “И секирата е измислена за сечење дрва, но постојат и такви кои  ја злоупотребуваат користејќи ја за убивање луѓе!”
.
Да завршиме со една реченица на Тимоти Лири: “Умот е како падобран, најдобро функционира кога е отворен!”

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More