Wednesday, December 17, 2008

Совршеност

Иако за човекот често се потврдува дефиницијата дека е деструктивно сушетество, сепак неговиот инстинкт е насочен кон она за кое најмалку се надевате – совршеност! Луѓето се здружуваат, односно интегрираат во најразлични колективи, почнувајќи од група другари(друштво), па преку најразлични организации, интеграција во државна структура, па сè до брак и семејсвто. Човекот создава колективи и станувава дел од нив сфаќајќи дека е несовршен и без нечија помош, нема да успее во своите поставени задачи.

Да го дефинираме прво зборот совршеност или совршенство. Тој потекнува од латинскиот збор "perfectio" и сака да објасни состојба на комплетност. Е сега, низ историјата го вметнувале во различни науки и секаде му давале различно значење но суштината е иста. Во етстетиката се базира на убавина и уметност, во математиката Платон одредил две совршени бројки: 10 и 6, подоцна се појавиле уште неколку.. Но сето тоа ми беше не многу занимливо, она што ме заинтересира е етиката и нејзиното мислење за совршенството. Таму се опишува како хармонија со природата и разумот на човекот. Но етиката си поставува прашање: -дали човекот треба да биде совршен? Каде Платон ја покренува тезата дека обновувајќи ја идејата за совршеност, човекот се потикнува да се стреми кон перфектност.

.
Имено, совршеноста секогаш била дел од човекот, впрочем совршеноста е дел од секој атом на планетава, но никогаш не била целосна и затоа постои стремеж кон нејзиното комплетирање. Ние, како што е и сосема чивечки, би рекле: -па не би било интересно ако е с
è совршено, ние уживаме во несовршености. Но тогаш зошто се стремиме и дали? Останува за нас вечно прашање, бидејќи вечноста ни е многу мала за нашиот век од 100 години.

Нашиот инстинкт ни наложува да дејствуваме одбивно на страно, насилно дејство, па и наредба, но еволуирајќи, го надминуваме тоа, па можеби тоа значи дека сме чекор поблизу до совршенството и дека сме насочени кон него, или можеби не. Како и да е, таквиот инстинкт секогаш постои во нас, наша задача е да го потчиниме. Дел од таквиот инстинкт ја објаснува појавата да го сакаме забранетото САМО затоа што е забрането. Наша задача е повторно, да го потчиниме тоа. А успехот на нашата задача зависи од нашата свесност за тоа, додека свесноста се буди со едукација.

Досега имаме повеќе примери дека се стремиме кон совршенсот, па ако е веќе така, предлагам да поуживаме во несовршеноста која ни нуди импресии, интересност, возвишеност, болка.. бидејќи не знам како би живееле без тоа, но се надевам дека ќе се адаптираме, затоа и имаме бројни вечности пред нас.

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More