Wednesday, January 7, 2009

Телема

Сите ние го правиме она што ни е волјата, сѐ до моментот кога некој потајно ќе ни ја замени волјата со неговата волја. Тогаш завлегуваме во заблудна положба и продолжуваме со неа сѐ до моментот кога по некое чудо на случајноста, ќе се освестиме. Случајноста за која зборувам, всушност во истиот момент и е, и не е случајност. Но јас би се задржал на темата „Волја“ или на грчки – Телема (θελημα).
.
Дали некогаш подлабоко сме се запрашале: „дали го правиме она што ни е волјата?“ е исто толку важно колку и она што воопшто нема значење, а уште помалку важност. Значи, прашањето нема важност баш поради тоа што кога ќе подлабоко ќе го анализирате зборот „волја“, тоа самото ќе си се одговори, па ќе нама причина да го поставите. Всушност волјата има закони кои е потребно да ги дознаеме токму за да ги разликуваме од останатите закони и на тој начин да дознаеме дали го правиме она што ни е волјата.
.
Постои книга „книгата на законот“ напишана од Алистер Кроули во 1904 год. Во која е развиена филозофија на живеење наречена Телема. Книгата се сведува на две главни фрази:
.
„Прави го она што ти е волјата и тоа нека биде цел закон!“
„Љубовта е закон, љубов под волјата.“
.
Да го правиш она што ти е волјата, емитува многу пошироко значење, а самото тоа значи доволен потик за да се почне анализа која ветува појаснување. Ако го подразгледаме малку вториот дел од првата фраза („тоа нека биде цел закон“), веднаш ќе ни светне дека можеме да правиме што сакаме и дека не треба да следиме други закони. Тука ќе сме делумно во право т.е. ќе сме во право само со вториот дел од реченицата („не треба да следиме други закони“), оти можеме да го правиме само она што ни е волјата, а нашето чувство за морал ни ги одредува законите на волјата.
.
Втората фраза крие мистична тајна. Имено, на грчки, зборот „волја“(телема) и зборот „љубов“(агапи) содржат иста нумеричка вредност. Со тоа треба да заклучиме дека универзалната волја има љубовна природа.
.
Алистер Кроули (родено име Едвард Александар Коули) е роден пред 134 години и скоро четири месеци. (на 12 –ти октомври 1875 год.). Книгава ја напишал за три дена (осми, девети и десети април помеѓу полноќ и еден часот), а врз основа на филозофијата што ја развил за Телема, се создала и истоимена религија која на ист начин како христијаните – Крисмас (Christmas), овие слават Кроулимас (Crowleymas). Заштитниот знак на Телема го креирал самиот Алистер кој претставува хексограм на кој додал пет листови од ружа, што наликува како петолисна детелинка. Алистер има доста интересна биографија која доста обемно е претставена на македонска википедија, па можете таму поубаво да го запознаете, или уште поубаво го има опишано еден блогер (линк тука).
.
Нашата волја е управувана од нас самите. Колку повеќе се познаваме самите себеси и својата свесност за нештата, толку повеќе ќе ги познаваме законите на нашата волја.

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More