Wednesday, December 7, 2011

Lets Grow Awareness


Постои една индиска поговорка: „Сѐ што не е додадено – е изгубено.“ А сите ние имаме толку нешта да дадеме од себе, колку што би било доволно за сите суштества да се задоволни од добиеното, но и инспирирани да додадат и нешто свое.

Манифестацијата Lets grow Awareness е токму едно од нештата кои секој од нас може да ги додаде во светот со цел да ја поттикне јавната маса на размисла околу (не)потребноста за национална омраза, верска омраза, тензиите со палење знамиња, не признавање имиња и уште куп слични нешта кои го затемнуваат балканот и му даваат облик на темна дупка која е пример како не треба да живее.
После палењето на замињата и дигнатите национални тензии, ние како група индивидуалци се запрашавме: зошто секогаш ова парче од светов да служи за пример како не треба да се живее? И зошто не се потрудиме да ги поттикнеме нештата кон подобрување наместо да избегаме што подалеку од овде? Лесно е да се турнат нештата под тепих, потешко е да се соочиш со нив и да го додадеш својот труд за подобрување на нештата, па макар тоа било и една ваква манифестацја од литературно музички карактер која преку уметноста ќе се изрази против националната омраза и ќе поттикне будење на онаа убава замсла која спие во секој од нас – замислата за подобар соживот и за едно поразнобјно утре.
Џон Ленон сакаше да замисли свет во кој сите луѓе ќе живеат во благосостојба и нема да постојат држави во светот, а истата утописка идеја беше искористена за скоро сите научно фантастични филмови во кои вонземјанците објаснуваа дека на нивната планета не постојат држави и дека сите се една нација.
Овие утописки идеи всушност и не се утописки, бидејќи се целосно возможни, но поради недоволната свесност на поголемиот дел од светот - до сега не се случиле. Можеби и никогаш нема да се случат, но битното е дека со малку поголема свесност би се постигнало многу подобро меѓусебно разбирање, а јас верувам дека тоа ќе се случи. Некогаш.


Програма:
-Интро за целта и идејата на настанот; читање на расказ со наменета содржина. (Даниел Краљевски);
-Unplugged музичка манифестација т.е. свирка со групите:
  • -The Maze (Драгана и Никола од Куманово)
  • -M & G (Мартин и Глигор од Куманово)
  • -The Yanna (Јана од Скопје)
Влезот е бесплатен. Спонзорски покровител е „К-нет“ интернет провајдер.

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More