Tuesday, January 3, 2012

Добриот филм



"How about I believe in the unlucky ones? Hmm?"
~ October sky (филм)

Нештата кои целосно го заслужуваат епитетот „добри“, потребно е во себе да ја поседуваат целата содржина на поимот „Добар“. Секако во него има повеќе начини на приоѓање, но само еден е директниот а тоа е самата суштина и едноставност на поимот. Добрите нешта ја имаат својата добрина внатре во својата потсвест, па неретко се поврзуваат со поимот душа и опишуваат некоја појава која е мила и пријатна, токму поради својата мирољубивост и несебичност.
Поттикот да ги погледанм нештата кои го носат овој епитет ми го даде филмот кој го изгледав пред неколку минути – October sky. Им давав некое посебно значење на филмовите, многу слично како на поезијата и расказите, па за да можам да се присеќам на нив кога составувам некоја теорија во сопствените ставови и идеи – ги колектирам сите изгледани филмови на профилот за рангирање филмови на criticker.com. Денес после филмот October sky и дискусија со еден другар за тоа што треба да содржи еден Добар филм, дојдов до една мисла дека можеби и знам зошто драмата ми е омилен жанр, зошто филмовите од овој век се разликуваат (по лошо) од оние од минатото и зошто бе да ја знам причината отсекогаш ги сакав филмовите од крајот на деведесетите.

Новиот начин на живот кој нѐ оделува од предходниот век, ни наредува да ја откорнеме од себе онаа фикција која ја викаме душа и да си ја продадеме. На тој начин добиваме огромен авторитет кој ќе ни донесе материјални придобивки и ни е очајно потребно бидејќи факт е дека светот оклу нас гладува, а тоа е последното нешто што би си го посакале на себе. Постојат и луѓе кои ја имаат сета добрина во себе најчесто се чистачи, ѓубраџии и уште нешто слично, тие се тоа не затоа што не сакаат да си ја продадат душата, туку затоа што не се свесни дека можат. Тоа ги прави поглупави од другите. Но тоа е нивен проблем, мојот е дилемата како да ја спојам добрината со материјализмот или можеби навистина нејзиното продавање е всушност неизбежна еволуција?

Како и да е, кога сакам ДОБАР филм, ги барам најубавите драми кои се направени според вистинска случка или според роман напишан по вистинска животна приказна (клик за листа). Направив анализа на таквите филмови и видов дека сите се направени од деведесетите до самиот почеток на новиот век (клик за листа). Мислам дека поголемата половина од светот сака да се приспособи кон ослободување од својата суштина, добрина и душа, како за возврат би добиле поголем статус во општеството, а тоа значи и подобар живот; па тогаш зошто им се потребни филмови кои ја гајат и будат добрината во нив? – Тоа е токму мојата теорија зошто  во последниве години повеќе се цени техничкиот ефект во филмовите отколку нивната приказна. Добриот филм денес е ректост, но сепак го има. Од новите доста ме имаат импресионирано Never Let Me Go (2010) и One Day (2011). Но како што спомнав погре за мнозинството, ми се случува и мене да сакам некогаш да погледнам нешто за забава, на пример во друштво не иде драма, туку секогаш комедија или акција. Тоа воопшто не се лоши филмови, но добрината и сето она што во себе го содржи тој поим, како епитет ја заслужуваат само драмите инспирирани од животна приказна и, ни еден друг филм.

Поврзани записи:
««Asparagous»»
««I’m here (shоrt film) 2010 год. »»


0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More