Tuesday, March 13, 2012

About a Boy (филм)

"if there is hope for Will, there is hope for us all"
.
Многу ретко пишувам за филмови, а кога пишувам тоа секогаш се оние кои не се најдобрите што некогаш сум ги оценил. Имам изгледано 406 филмови од 2010та наваму, секој од нив го имам оценето (на criticker.com) во денот во кој ми е гледан и поради тоа имам информација кој филм во кој ден ми е гледан. Тоа воопшто не се многу иако тоа е мислата што на секој прво ќе му падне на памет, оние кои немаат поим колку имаат изгледано, верувам дека изгледале многу повеќе од 400 иако и на себе не би си верувале, но тоа е друга приказна. Пред некоја минува го гледав филмот About a Boy и дознав дека тој е всушност една вистинска и искрена драма. Приказна која тајно ја открива неверојатната смисла на живеењето.


.Овој филм иако не го оценив највисоко т.е. го оценив 96, а имам и повисоко оценети од него, но мојот проблем е што многу повеќе ценам уметност, sci-fi неверојатност и љубовна вистина слична на онаа од мојот живот, додека комедијата и се друго иако може многу да ме импресионира, никогаш не би си дозволил да има поголем ранг од предходно споменатите мои принципи на вреднувања. Затоа и мислам дека оценување или рангирање филм е сосема субјективна појава, но и тоа е друга приказна. Овој филм е направен според новелата на Ник Хорнби драма е, со комедични елементи кои доаѓаат од вистинитоста, спонтаноста и заплетот во приказната.
.
Вил е главниот лик, а го глуми Hugh Grant. Детето од постерот е Nicholas Hoult кој е сега возрасен секако. Инаку Вил има 38 години, шармер е и никогаш не работел ништо. Тој е едно големо ништо, а времето во животот му е исполнето бидејќи има пари. Арно ама, еден ден неговот живот ќе снема секаква смисла, а веднаш во следниот момент ќе се присети дека смислата цело време била до него, но тој ја одбивал. Не не е девојка, премногу е клише за тоа да е девојка нели..
Поентата можеби ќе ја открие трејлерот, можеби не, но силно го препорачувам овој филм, затоа што верувам дека ни самиот филм воопшто не е свесен дека го открива она што ни го треба - мотив и смисла за да живееме. А со толку леснотија, во толку обична приказна.
.
Jon Bon Jovi said - No man is an island

За да не му се случи на некого да извади торент со бугарско аудио како мене што ми се случи =)), еве проверен:

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More