Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Showing posts with label колумна. Show all posts
Showing posts with label колумна. Show all posts

Saturday, May 26, 2012

Чекори

„Небесна музика рика
од згасливата боја на денот
пеат двата мои јазика
Во очите закрилена птица
сон им сонува вечен.“
-Драган Арсовски – Арсо (Чекори)
.
„Чекори“ е едно мало книжуле кое е збир на поетска литература од неколкумина избрани поети и поетеси од Куманово. Ова парче поезија е испечатено од едно креативно и амбициозно друштво „книжевна младина – Куманово“ или скратено КМК, во 1986 година. Тогаш кога на овие простори имало таков рај на кој и американците му подзавидувале.
.
Пред неколку недели случајно ја најдов оваа книга во мојата огромна библиотека претрупана со комунистички дебели книги кои без никакво двоумење би ги поклонил на луѓето од чистота и зеленило кои ми ги празнат кантите пред куќа; ако ми дозволеше тактко ми секако, арно ама работите се малку поинаку поставени.. Имено оваа купиште комунистичка книжина татко ми ја здиплил кога му се распаднала фирмата, оти тогаш целата библиотека која била во сопственост на фирмата била исфрлена буквално во ѓубре, па кој што стигнал од вработените си зачувале нешто за по дома. Сепак во тоа купиште од пропаднати идеали јас пронајдов доста убава прозна и поетична литература која си ја оделив во посебна преграда. Таму ја најдов книгата Чекори, а овде ја опишувам импресијата од тоа книжуле.
.
Во суштина е една обична поетска збирка која во пердговорот ја објаснува иницијативата, залагањето и почетоците на македонската книжевна амбициозност која се шири и развива од еден круг на луѓе расположени да ја рашират потребата од овој креативен поттик кај младите. Од предговорот се гледа истата потешкотија во медиумското претставување на уметноста која постои и денес, а веројатно и ќе постои сè додека не ги здружиме силите за едно заедничко претставување, или не станеме attention whore како што со многумина и се случи. Отсекогаш тоа ми било посакувана тематика за истражување: зошто мора да постои валкан лед кој треба уметниците да го пробијат? Зошто пробивањето на тој лед се состои од станување attention whore која ќе треба да има разработено бизнис план и која истиот ќе треба да го реализира во реалност? Што после од таквиот уметник? Мислам дека Македонија самата си ја убива уметноста ставајќи ги уметниците во таква ситуација да мораат од себе да направат билборд, наместо како што во Америка целото издаваштво на една книга го покрива издавачка куќа, а предходно е секако одбрана темата и конкурентите се слободни да аплицираат на таа тема. Ние изгледа несвесно си ги протеруваме нашите уметници од државата..
Како и да е, еве дел од предговорот од Чекори:
Пркосејќи на сите потешкотии, неминовни кога се прават првите пионерски чекори, книжевната младина на Куманово успешно опстојува трасирајќи патеки кои нудат широки можности да се чекори и трага низ своите поетски видици, да се препознава добрината таа да биде цвет и име на човештвото. нејзините раце да го водат срцето и умот на светот кој, ако поезија не може да го измени – барем може да го разубави. Битисувањето на човекот на овие простори отсекогаш било следено и величено со една повозвишена мисла, преточена во уметнички стих или во прозаичен збор. Тој „уметнички стих“ во себе може да го подразбира и самото тежнеење да се твори, како и творбата што е резултат на оваа желба, ако не е веќе уметност, барем е чекор поблиску до нејзиното крајбрежие. Ние зачекоруваме, а вие можете да ни се придружите во овој наш ôд со ваши чекори.
На оваа книга всушност ме потсети човекот кој го организираше денешното поетско читање во Куманово каде беа присутни тројца блогери од blog.mk и уште многу поети и луѓе на кои им се допаѓа таквата литература. Човекот се вика Бобан Богатиновски и меѓудругото е исто така истакнат поет. Беше воодушевен кога му спомнав дека ја имам Чекори дома, оти рече тоа е една меѓу првите иницијативи да се соберат кумановските поети на едно место. Мислам дека и тој има учевствувано во таа книжевна младина на Куманово иако немавме време за поширок муабет на таа тема, а бидејќи ми ја побара книгата да ја види, во следната прилика секако ќе му ја подарам, оти мислам дека нему повеќе ќе му причинува задоволство да ја има, отколку мене бидејќи секако не сум бил ни роден тогаш.
.
Митко Гогов, Снежана Стојчевска и Стефан Марковски, мило ми е што слушнав дел од вашите песни и разменивме неколку зборови и се надевам ќе бидам на промоцијата на првата книга поезја од Снежана која мислам дека треба да се случи на 30-ти овој месец во МКЦ. Главно фини луѓе и фин настан и, во иднина верувам дека ќе се случуваат уште многу вакви чекори од новата книжевна младина на овие краеви.

Фанатичка држава

„Многу пениси никнаа, вагиналната манипулација не игра во Македонија. Штета.“
- @VidanaDeSign
.
И Фашизамот во суштина ја зацврснувал својата моќ со помош на фанатизмот, тоа во минатото најдобро го знаел Берне, човекот кој се фасцинирал од моќта на фашистичката демократија во Германија и решил истата да ја инсталира во Америка, сo таа разлика што бидејќи знаел дека насилното манипулирање со луѓе во иднина не би успеало, се решил да ги натера самите да се изманипулираат себе си, со тоа ќе им го инсталира фанатизмот. Еднаш предходно објаснував како го направил тоа.
.
Денес ја прочитав вчерашната колумна на Венко „Реклами за кои нема стварност“, и се фасцинирав од неговата аналитичко-психолошка моќ премногу слична како онаа на Берне, внукот на Фројд. Таму како и во сите негови колумни (освен онаа против атеистите), толку професионално ја објаснува заблудата која не му се допаѓа, а ја шири онаа од која има корист. Тоа нешто всушност има име и се нарекува лицемерие. Сепак тоа денес е практично неопходно за успехот оти е всушност самата негова основа.
.
Патем, пред да продолжам, сакам да потенцирам дека ја признавам и почитувам таа огромна и професионалната психоаналитичка моќ на Венко и Берне, и веројатно оваа аналогија меѓу нив двајца е еден огромен коплимент за Венко.
Во вчерашната колумна тој вели:
Кажано со речникот на постмодерната семиотика – тоа се мета-реклами, чија цел не е да се рекламира производот (тој и не постои), туку да се рекламира самото рекламирање, а преку него и оној што го финансира и организира. Станува збор за таканаречените кампањи, од кои никој нема корист освен оние што ги дизајнираат и ги наплаќаат кај нарачателот, а Владата на РМ е еден од најредовните нарачатели и зависници од ваквиот тип реклами. [...]
Овој цитат можам слободно да го наречам аксиома на денешницата во Македонија. Целосно се сложувам со искажаното, но бидејќи (дал господ што би рекле верниците) имам прилично јака меморија која понекогаш знае и Хипермнезиски да изгледа, забележав дека ако овој цитат се спореди со неговата колумна од пред неколку дена која се викаше „Заем на книгата“, ќе може прилично јасно  да се види таа огромна лицемерност на нашиот најуспешен писател во Македонија – Венко Андоновски.
.
Имено (или безимено, сеедно), во колумната „Заем на книгата“ тој гордо ја искажува својата рекламна визија која и те како би им помогнала на нашите конзервативни издавачи. Тој всушност нуди идеја за истата таа метареклама која ја објаснува во цитатот погоре велејќи дека за да некој ја купи книгата, всушност треба да дојде по писателот, тука ја објаснува потребата на тоа воздигнување на еден писател до небеси, знаејќи дека нашиот народ многу полесно се фанатизира или електризира на луѓе од кои зрачат со параметри како: успешен, убав, елегантен, фален и високо рангиран од видни општествени структури, извор на позитивна енергија, харизматичен и тн; отколку да се привлече поради самиот квалитет на производот т.е. нивното дело. Ова Берне го инсталираше во Америка уште во шеесетите, трикот беше во тоа што ќе се направи бренд кој и да продава само воздух внатре во опаковката, тој пак ќе се купува. Народот е овца.
.
.Венко во „Заем на книгата“ ја предложи оваа идеја на метареклама (прилогот „мета“ во семантиката всушност означува дуплирање и се користи обично за критички осврт врз нечија критика, па тој осврт се нарекува метакритика) поради тоа што реално ќе успее и на тој начин ќе се спаси таа криза во издаваштвото која владее во моментот. Иако јас и сите футуристи и љубители на e-ink технологијата, имав друга теорија, сепак е тоа еволуциона и без сомнение ќе се случи, додека оваа со предлогот на метареклама т.е.  да се направи бренд од авторот и луѓето да му ја купуваат  книгата само поради тоа, е всушност револуциона и анализирајќи го примерот на Берне, несомнено е дека ќе успее.
.
Разликата во овие две колумни на Венко, освен лицемерието околу метарекламите, постои и нешто многу поинтересно, тоа е онаа нешто со кое кога јас се сертнав во средно кога го обработувавме романот „Разбој“ од Владо Малески, и го нарекуваме „добрата лага“, а Американците – white lie. Ова во споредбата на двете колумни се гледа во нивните поенти, во „заемот на книгата“ поентата е да се помогне да издаваштвото користејќи ја таа метареклама чиј успех е на погон на фанатизмот; додека во вчерашната колумна „Реклами за кои нема стварност“ поентата е да го посочи недостигот на здрав разум во билдањето бренд на оваа влада, бидејќи за таа цел владата троши пари на народот, а за тоа  добива доверба од народот, што во суштина е исто како она народната „со свој камен по глава“.
.
Единствениот спас од оваа иронична трагедија заснована на фанатизмот, е меѓу народот да се зајакне токму она што го посочи Венко во својата својата колумна „Реклами за кои нема стварност“, а тоа здравиот разум и свесноста како превентива од заблуди и фанатизмот кој може да ни наштети. Единствено не знам дали и тој е свесен дека со тоа всушност ги убива неговите идеи за брендирање на авторот, но мислам дека треба да биде, затоа што свесноста има единствено еволутивен карактер (во нивоа, или вертикално), додека фанатизмот, идеалите и заблудите се од револутивен карактер (земски, хоризонтално). Понатаму е сепак индивидуалено правото дали ќе избереш револутивно дејствување користејќи го таквиот фанатизам кој очигледно го имаме во доста големи количини во овие краишта и ќе уживаш во кратката слава; или ќе го избереш ширењето на свесноста и здраворазумното размислување со што ќе се подигне општата свесност, а со тоа и еволутивниот раст на овој чуден и засега универзумски осамен вид  – човекот.

Saturday, April 28, 2012

Маркетизирање

Најлесната работа у живот е да бидеш глуп.
Најтешката е да ти се објасни дека си.

~ Влатко Васиљ
.

Македонија е несомнено чудесна земја, но изгледа како ние да ги мразиме чудата, како да ги одбегнуваме, како потајно да не веруваме во нив, а кога истите ќе ги сретнеме во западните книги или филмови, се воодушевуваме на тоа небаре сме потполно свесни дека не воопшто купуваме само комерцијална приказна за „американскиот сон“. Не, не зборувам за „чудата“ што минативе денови ги видовме по црквите, сметам дека таа патетичност е пожелно што побргу да се заборави.


.
Вчера вечер гледав филм, фала му на @VlatkoVasilj што го твитна, се викаше The Soloist. Приказна за музички талентиран бездомник и еден новинар кој поради чувството на импресија од необичниот живот на овој бездомник, пишува колумна за него. Овде најчесто ние од балканот се наоѓаме зачудени, како може една колумна да биде неполитичка? Сите колумни што сме ги прочитале биле или мрчење против институциите (било приватни или државни) или тајно па некогаш и гласно плукање против некоја политичка партија и нејзините полтрончиња. Во суштина самите сме виновници за таквиот изместен контекст на поимот „колумна“, но што можеме ние, ова е балкан, ова е вечна војна.
Секогаш кога ќе видам како на западот се пишуваат колумните и се овековечуваат најдопирливите приказни кои сами по себе претставуваат чуда на реалноста поради неописливата природа на свесноста како метафизичка појава која егизистира кај сите човечки суштества; не можам да не се присетам на едно парче од колумна на режисерот Дарко Митревски:
Читајќи со каква болна искреност овој поет пее за земјата во која е роден и одраснат, помислувам какви ли сѐ нераскажани приказни се кријат по нашите визби, гаражи, изнајмени станови и маалски кооперации. Од Ресен и Валандово, преку Росоман и Пехчево, па сѐ до Чаир и Драчево - нашите ликови допрва си го чекаат својот писател. [...]
Наспроти тоа, нашите писатели пишуваат колумни во кои остро навредуваат сенешто затоа што тоа е единствениот начин да бидат најчитани. Страшна реалност.
Ние овде, бездруго, ги плукаме Амриканците поради претераниот маркетинг, а сепак кога човек плука најчесто гледа еднострано оти ако гледа двострано никогаш нема да се одлучи да плука против некого, или барем прилично ретко би се случувало тоа. Во суштина мислам дека целиот свет погрешно ја разбра онаа американска жед за пропаганда, па кај себе ја примени далеку построго и покобно за моралот отколку самите Американци. Добро, ајде да речеме немаат војни и не се мразат меѓусебно, па не би било баш популарно подло да се навредуваат меѓусебе, но сепак мислам дека нивните интелектуалци имаат далеку поразвиено чувство за своето достоинство и тоа е последното нешто што би го материјализирале.
Веќе одамна го читам младиот философ од Сан Франциско, Метју Дејвид Сегал и пред некој ден наидов на еден негов пост во кој ги прашуваше своите читатели дали би им пречело ако на својот сајт постави реклами, попатно силно изразувајќи ја својата загриженост од евентуалното мешање на философија. Да го цитирам:
WordPress has offered to allow me to place ads on my page in order to bring in a little revenue for my traffic. It’s tough to say how much I’d actually make until I try it, but as a graduate student, every little bit helps. The thing is, I’m at bit uneasy about mixing marketing and philosophy. I’d be thankful if you, my readers, would be so kind as to give me your opinion on the matter… Would it bug you if there were ads here? [...]
Во дискусијата во коментари, Метју решава да не стави реклами на својот сајт иако како студент секако му се потребни било какви економски извори. Вели:
The wordad ads would be way more intrusive, one at the top of the page as a banner and another running along the side. I’ve decided against it.
Се прашав што ако на некој наш филосов, уметник или општо интелектуалец кој на интернет пишува и споделува знаење, креација, умешност и тн, му се понудат реклами, дали ќе ги одбие чувајќи си го принципот, или ќе ги заграби со двете раце? Што мислиш ти читателу?
.
Секако дека го мислиш второто, нам предобро ни е познат нашиот менталитет. Го видовме и Трендо нели колку се расфрла со својот едномесечен „успех“. Се прашувам зошто фо инфографикот не ги ставил бројките ожнеани од маркетингот? До пред некој ден off.net.mk беше како мозаик од милион реклами (кога ги имаше алкалоид нели низ целата позадина). Но мислам дека ова бездруго неколку пати помалку загрижувачки од самата слепост и отсуство на свеста кај мнозинството односно конзумерската маса на ова проклето ќоше на планетата, која во најголем дел од сличаите не знае да објасни ниту што се тоа принципи, ниту достоинство. Но воопшто не ми е чудно, секојдневно наидувам на такви примери, еве вчера прочитав десетина коментари под видеото на јутуб каде Калиопи ги промашува аглицизмите, половина од оние плукачките коментари имаа страмни граматички грешки во своето изразување, како примерот „ќе го голтне вардарот сосем ѓубре“, кој правилно би бил „сосе ѓубре“. А да не ти спомнам србизмите и сленговите кои истите тие мрчаторски интелектуалци ги користат на јавни манифестации. Понекогаш (како сега) длабоко се срамам од тенката, дури претенка свест на луѓето кои ме опкружуваат.
.
Но ако се вратиме на темата за маркетизирање на животот, сепак некогаш силно се восхитувам на исклучоците околу нас, ќе го цитирам вчерашниот пост на еден наш блогер:
’Земи од животот сè што ти дава!’- често ми велат. А, што ако си дојден да дадеш, не да земеш!? Ќе го земат ли тогаш тоа што ти имаш да им го дадеш?! Животот е време на давање, не на земање. И, во љубовта: треба да се земаат само тие што имаат најмногу да дадат- себе си! [...]
Ако ја споредиме американската и нашата маркетизација која ги собира човечките души како некој колекционер на најскапоцените нешта; тогаш забележувам колку страшно се сопнал балканот во својот обид затрчано да ја стигне таа западна култура, тој американски сон. Не знам зошто ама јас никако не можам да останам рамнодушен на страшно погрешните промени што се случуваат во главите на мнозинството овде. А мислам дека не треба ни вие.

Thursday, April 26, 2012

Изместување на реалноста




Универзумот е само енергија, кондензирана во бавна вибрација, сите ние сме една свест која субјективно ја доживуваме. Не постои такво нешто како смрт, животот е само сон, а ние сме имагинација на самите себе.
~ Бил Хикс

.
После една случајна размисла за филосовска дилема околу тоа дали предрасудата е само вкус, и дали вкусот, принципот, догмата, верувањето е само предрасуда (во некој случај и потребна); сосема неочекувано дојдов до размисла околу теоријата за глобален пласибо ефект која бездруго пред некоја година во една викендица на селото Војник (Кумановско) за прв пат ја раскажав на неколку филосовски расположени другари.
.
Атеист, агностик, хуманист, верник - дали е сето тоа е само еден огромен пласибо ефект (дури и самата реалност), кој го делат големи групи (или сите) луѓе поради сличната хемиска содржина на нивното тело?

Ова впрочем е лесно да се докаже со консумирање на психоделици (верувам и на други начини, но како пример). Тогаш човекот живее во сосема поинаква реалност, чувствата за допир, вид, слух и вкус, функционираат во една поинаква матрица од предходната, а тоа ја менува и реалноста нели, во суштина како менување на димензија. Поради тоа сосема е небитно дали реалноста има своја предходно обликувана форма, бидејќи формата која ја гледа набљудувачот зависи само од составот на неговите перцептори.
.
Еднаш одамна пишував за моќта на палсибо ефектот и токму таа моќ мислам дека може уште еднаш да ја потврди тезата дека сето она што го гледаме, чувствуваме, слушаме и тн; е само еден глобален пласибо ефект. Таму доктор Липтон докажа дека ако човек силно верува дека е опериран (без ни малку сомнеж), тогаш неговата потсвест може самата да го оперира без знаење на свеста. Чудно е, магично и мистично, но и возможно, барем според докторот кој го извршил експериментот за кој раскажува Липтон. Во основа и самото постоење на субјективен пласибо ефект е доказ за постоење на општиот т.е. глобалниот.
.
Со ваквата опсервација на оваа тематика, многу брзо се осознава една прилично разочарувачка вистина дека сè околу нас е само една бела лага, фејк реалност, заблуда креирана од нашиот перцептивен систем во заемна соработка со перцептивните системи на други луѓе. Не знам дали ова опсервација ќе иницира некакво изместување на границата меѓу свеста и потсвеста, но психоделикот секако дека може да го направи тоа. Од тука се раѓа неговиот параноичен ефект кој е всушност испраќање флеш бекови од потсвеста кон свеста. Тие флеш мемории (непознати на свесноста) предизвикани од изместување на перцептивниот систем со што се истенчува границата помеѓу потсвеста и свеста, се токму оние кои ја создаваат параноичната претстава односно паранојата, од причината што се сомневаат во вистинитоста на предходно живеаната реалност. Сепак, како и се друго и паранојата може да се подели на позитивна и негативна, затоа е битно да се направи разлика. А суштествената разлика на сè околу нас се наоѓа во неговото потекло - сè има различно потекло т.е. начин на настанување.
.
 .
Ако оваа опсервација ти се има случено во моментот кога твојот перцептивен систем бил изместен со помош на некој психоделик или психотропик, или само обична случајност; тогаш биди сигурен дека ти никогаш повеќе во животот нема да бидеш способен за давање енормна почит кон авторитетите. Твојата убеденост дека сите суштества или ахимси* се едно нешто, ќе биде поголема од било која постоечка или фиктивна величина.
.
Веројатно токму од таа причина во мене постои огромна одбивност кон суетноста појавена како резултат на слава. Истото го чувствувам и кон рецензиите за кои тврдам дека во суштина се само билборди врз кои онаа расфрланост со стручни поими претставува само обид за една позитивна заблуда која ја викаме импресија и која служи како машина за произведување авторитети. Во основа сето тоа е лажно и незаслужно за поголема почит од основната која треба да (и веројатно) ја имаме кон сите луѓе. Но потребно е за иницирање на филосовски опсервации и како резултат на тоа - проширување на општата свесност.
.

Дека отсекогаш сум ја имал оваа одбивност од почитување авторитети ми покажува и еден мој саркастичен расказ базиран на една метакритика кон трудот на ценетиот критичар во Македонската литература - Раде Силјан, која полани ја пишував за туѓа факултетска потреба, а мое задоволство и за која жалам што е сега засекогаш изгубена за да ја аплаудирам онлајн. Патем расказот се викаше: Најдобриот поет на светот.
.
Оваа теорија за изместување на општата реалност дава освестувачкото сознание дека сè околу нас е само еден глобален пласибо ефект поради што никое од живите суштества или алхимси не заслужуваат ниту потценување ниту преголема почит. А сепак секое индивидуализирање на реалноста (треба да) е основно право на секој сè додека тоа не претставува наштетување на други. Поради тоа, верувањето, предрасудите, вкусот, атеизмот, догмите и сè друго што го претставува тоа индивидуализирања на реалноста, е сечие право на уживање исто толку колку што и моето пишување раскази и поезија кои се обид за изменување на општата реалност во една поубава, прелиена со емоции, рекреативна, љубовна, истражувачка и тн.
.
Како и да е, па дури и сето ова сфаќање произведено од погоре опишаната опсервација, да не е точно, сепак го наоѓам потребен фактот што сум свесен дека постои во вид на една можна теорија.
.
__________________
Ахимси* потекнува од индискиот збор Ahiṃsa кој во суштина значи нешто безпомошно, нешто кое избегнува насилство и главно се употребува во Џаинизмот како основен темел на оваа религија. Ахимси може да се однесува на сите живи нешта кои избегнуваат насилство, без разлика дали се од оваа или друга реалност, планета, димензија и тн.

Tuesday, April 10, 2012

Ко је крив?

.
Во принцип никогаш не сум сакал да ја напуштам земјава, иако имав неколку другари со кои пораснавме во истото маало и до пред некоја година заедно излегувавме и се напивавме по кафиќите, а денес сите тие се успешни Австралијанци, Бугари, Американци и Италијанци. Да, Боби и Мацко, дечките со кои секој ден игавме серва у маало, кои живеат на 4-5 метри до мојата куќа, се веќе две години во Австралија, работат и студираат, веќе имаат свој капитал, веќе праќаат големи суми на нивните овде, а јас немам ни 100 денари за интернетов да си го платам. Арсо, кој е на 500 метри од моето маало, со кој седевме 4 години во иста клупа, спиевме и јадевме еден кај друг, планини и долини шетавме секој ден; сега работи и живее во Бугарија, програмира и зима убава плата. Деки отиде во Америка, Влатко со кој детството го изарчивме, веќе неколку години живее во Италија, студира за готвач, од праксата зема 5 пати повеќе пари од платата на татко ми. Ова се луѓето од моето маало со кои пред само 3-4 години заедно патувавме по планини и реки, заедно учевме, игравме фудбал, одевме во теретана; сега се десет пати поуспешни од мене само затоа што живеат надвор од државата. Додека јас решавав да бидам тврдоглав и да инвестирам во мојата Македонија. Менував по 6-7 фирми годишно, некоја не плаќаше, некоја немаше основни услови, некоја имаше газди кои уживаат во терор и цедење на последната капка пот на луѓето.
.
Куманово е мислам најиселенички град, 90% од луѓето се во Авганистан, додека 5% никогаш нема да се вратат и 5% се оние тврдоглавите, како мене. Впрочем бев и јас викнат за Авганистан, но после сите подготовки, наместо авионска карта добив писно со жалење дека позицијата ми е укината и треба да почекам да се појави друга, која всушност никогаш не се појави. Дури ни св. Димитрија не може да ме спаси од малерот што си го одгледувам во себе.
Голема работа, целата моја држава умешно го чува малерот веќе неколку децении, тврдоглаво ја одгледува својата нефункционалност и заглупавеност додека грујовизмот љубовно флертува со неа, а очите му светат како билборди.
.
Всушност воопшто немаше да се освестам дека целиот свет во кој живеев до пред некоја година, сега живее надвор од државата; ако не видов дека глумицата Мирјана Ѓоковиќ е славна во Америка како професор по глума и арт; а и Милчо Манчевски деновиве издава книга во истата Америка. Некако добивам чувство дека луѓето овде имаат многу потенцијал, а немаат простор за негово креативно искористување. Турските серии стануваат секојдневие, телевизиите имаат ретардирана програма, а единствените неколку освестени граѓани седат невработени и твитаат или блогираат за целото време. Зарем ние навистина не можеме да сториме ништо повеќе од пишување зборови?
Или тука на ум ќе ни падне онаа народната:
„стори нешто за државата - емигрирај!“
Нас секогаш ни паѓаат доста издржани досетки, само штета е што од нив не се заработува. Останува дилемата, или ќе емигрираме или можеби сакаме животот да го поминеме во борба за подобри услови?
.
Патем интересно е да се спореди, еве ја култната сцена од Буре Барут која ја претставува суштината на филмот, со фамозното „ко је крив“



А ова подолу е пародија на горнава сцена и тоа во истиот филм.

Филмот се случил 98-ма, а денес глумицата Мирјана (девојката на Тони Михајловски во филмот) е истакната професорка по актерство и арт во Калифорнија, додека Тони е само клошарче кое се бореше во војната во 2001-ва и беше оставен на цедило заедно со сите од единицата лавови додека албанските „борци за слобода“ земаат воена пензија; невработен, па водеше емисија, а лани глумеше во парада и панкот. Се снаоѓа колку да може да преживее, како впрочем и сите уметници во Македонија.

Можеби некогаш на крајот на мислите ќе ти падне мисла: која е таа битност на националниот идеал за кој вредело да се загине? Која е таа гордост да се наречеме патриоти? Може ли сето ова да го разбере еден Џон Ленон во моментот додека ја пее imagine?
.
Сепак тоа е само крајот на нашите мисли, а секој од нас се плаши да отиде до таму. Освен можеби ако некогаш реши да отпатува толку далеку што ќе заборави каде е таа горда Македонија и, веројатно никогаш нема да се врати. Но едно е сигурно - тогаш воопшто нема да биде важно „ко је крив“.
.

Wednesday, April 4, 2012

Електронски или хартиени книги?


Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет, па дури и повеќе читаме преку монитор или дисплеј отколку од класични хартиени книги, секако ако анализираме општо читање на сè, не само на литература. Тогаш, дали ова сознание не ни пресликува некоја визија за тоа што нè очекува во иднината на ова поле? Или можеби е само фатаморгана ефект?

Секако, хартиената книга има чувства во себе, има специфичен мирис, ја поседува нашата навика за блискост и омиленост, со еден збор - има душа. Но прашњето е дали ние свесно сме подготвени да ја жртвуваме практичноста рационалноста, духовниот утилитаризам и меѓусебната синергија од поврзаност; во замена за едно наше носталгично чувство кое го оправдуваме само затоа што ни е омилено, не барајќи никаква практична причина за тоа?
Можеби доволно не ги знаеме главните предности и маани на една книжевна форма наспроти друга? Let's face it:

  • Електорнските лесно се копираат и се споделуваат на интернет, па од нив не може да заработи ни писателот.
  • Хартиените се скапи за печатење, поради што позади нив треба да стои колона од корпорации и бирократи кои ќе заработуваат од трудот на писателот.
  • Електронските бараат Амазон Киндл кој вреди минимум 5 илјади денари (ако имаш среќа некој да ти го донесе, оти поштарината е изгор, иако во еден форум не велат така).
  • Хартиените зафаќаат голем простор и не можеме во секое време да ја најдеме онаа книга што ќе ни притреба.
Подетално, едно по едно:
1. Електронско издаваштво не може да заработува поради постоење на пиратеријата. Овде доаѓаме и до тоа дилемата дали писателот треба или не треба да заработува од својата книга, односно дали уметноста е производ за на пазар? Многумина ќе одговорат „Да“, посебно бирократите кои се нели чиновници на некој систем т.е. строги формални луѓе, ајкули, луѓе без тронка индивидуалност. Зошто? - Затоа што не сакаат да им се сруши системот кој ги рани, оти без него тие се ништо. Но од друга страна поборниците на пиратеријата, споделувањата, третирањето на уметноста како општо добро наспроти селективно; ќе речат дека на светот му е доста од материјализам! Интернетот е најновата алатка за една хипи еволуција која почна со првите сајберпанкери за да еден ден конено го „асимилира“ целиот свет. Останува уште едно прашње: кој е мотивот на писателите да пишуваат, ако не парите? Ова би го одговорил со контра прашање: а кој а уметност заслужува да се нарече уметност ако се продава? Еве ја дефиницијата од википедија: „Можеби најконцизна дефиниција е најопштата - дека поимот уметност се однесува на сите креативни и творечки дејствија на човекот, со исклучок на дејствата директно поврзани за опстанокот и репродукцијата.“
Еден цитат на комедичарот од минатиот век, Бил Хикс:

"I do not believe making money in order to consume goods is mankind’s sole purpose on this planet. If you’re wondering what I believe our purpose on this planet is, I’ll give you a hint…it has to do with creating and sharing."
Згора на сè, и околината ни е почиста =))
 

2. Хартиените се скапи. За да се испечати тираж од 400 примероци писателот треба да даде нешто повеќе од 30 илјади денари, што значи еден ганц нов лап топ. Но порано не било така, јас имам огромна колекција на југословенски и македонски книги, никоја од нив не е печатена со пари од писателот. Денес демократијата дозволува секој да испечати книга, со што се губи и квалитетот т.е. не игра никаква улога оти се битни само пари и маркетинг. Од друга страна корпорациите како издавачките куќи и книжарите заработуваат од трудот на писателот само затоа што му прават маркетинг. Без нивниот маркетинг, јавноста не ја цени испечатената книга и поради тоа никаде не се продава, така да би било лудо да платиш за печатење а да не платиш за маркетингот, иако всушност за маркетинг не се плаќа директно туку со тоа што нема да земеш пари книгите кои ќе ти ги продаде издавачката куќа или ќе земеш некој мал процент, зависно од договорот кој се заснова на твојата славност т.е. потенцијалниот капацитет за продажба.
Која е стратегијата на корпорациите што се занимаваат со овој бизнис? Еве еден цитат:

Anyone who studies economics is introduced to the Book Strategy. There are 3 stages to it: Hardback, Airport and Paperback. To briefly explain it, big publishing companies release the book in a Hardback for €30*. They keep them as solely hardback books until they feel they have exhausted the amount of people who will spend that much for it. Then, they re-release it as the Airport version and charge €20* for it. Once again, they keep this version of it out for this price and exhaust the market on people who will purchase it for this price. Finally, once that market has dried up, they release it one last time as a paperback and charge €10* for it. They then leave this book on the market indefinitely.
* Note: These prices are just examples. [...]
3. За да се чита електронска книга потребен е ридер нели. Еден од најпознатите и последно произведени ридери е Амазон Киндл од кој најефтината верзија е 79 долари но поштарината е многу скапа ако наручуваш сам. Сепак постои огромна причина зошто оваа инвестиција се исплати:
Ако сакаме да читаме нешто пообемно од магазини и интернет статии, тогаш ридерите кои имаат е-ink технологија се десет пати подобри од оние што користат TFT (Thin Film Transistor-Liquid Crystal Display) или LCD (Liquid Crystal Display) технологија која ја имаме на компјутерите, таблетите и телефоните. Малку инфо: разликата TFT и LCD е во тоа што TFT е една подобрена варијната на LCD со додавање на TFT (Thin Film) квалитет на сликата. Читањето е подобро преку TFT но сепак ни приближно не е исто како e-ink технологијата која е целосно идентична како хартија од единствена причина што екранот не произведува светлина. Имав експериметирано со угасено светло во собата и ридерот е црн, не може да се чита, но со малку светлина (дури и од свеќа), тој е перфектно видлив за читање дури и појасен од хартија. Тоа е револуционерна технологија која може во целост да ја замени книгата освен нејзиниот мирис но тој е само навика која многу лесно ќе се искорени од идните генерации.
.
Патем, Амазон Киндл може да живее цел месец со едно полнење на батеријата, иако зависи колку често се користи, ако од него се слуша музика секој ден, тогаш ќе трае околу една недела.
Scheme of the E Ink technology. Legend: 1 upper layer. 2 transparent electrode layer. 3 transparent micro-capsules. 4 positively charged white pigments. 5 negatively charged black pigments. 6 transparent oil. 7 electrode pixel layer. 8 bottom supporting layer. 9 light. 10 white. 11 black.
4. Хартиите зафаќаат простор и непреносливи се. Во еден ридер можеш да сместиш цела библиотека, а и полесно се наоѓаат бараните наслови. Иако нашиов македонски менталитет не дава никаква мотивација за преведување и електронизирање на книги, сепак тоа е друга приказна..
Еден цитат од расказ на С.Ц.

Ми велеа - не може да биде исто пишувањето на хартија и она во компјутерот, во виртуелниот простор. Впрочем, таму и не постојат букви, само долги низи на единици и нули, маскирани во букви, зборови, приказни... Им велев - сосема е исто, впрочем, буквите на хартија не се букви, ами само разлеани молекули мастило врз целулозно соединение. Или пак распрскани микронски парчиња графит, по истата таа површина. И сета таа разлеаност или распрсканост се маскира во исти или слични приказни... Единствената ралика е што кога некој пишува на хартија, за објава на напишаното ќе треба да пружи по некоја сексуална услуга на дузина административки(бирократки со почесни титули). А не се сите способни до толку да се жртвуваат. Јас барем не сум. Ја немам таа способност. Ниту пак способноста за пишување на хартија... [...]
Факт е дека хартијата е убава, но и дека никогаш нема да ги победи предностите на електронската книга читана од e-ink технологија. На страната на хартиајта станува само нашата навика од минатото и еден куп бирократи и корпорации. Прашањето е дали ние свесно сме подготвени да ја жртвуваме практичноста рационалноста, духовниот утилитаризам и меѓусебната синергија од поврзаност; во замена за едно наше носталгично чувство кое го оправдуваме само затоа што ни е омилено, не барајќи никаква практична причина за тоа?
.
Иднината е пред нас!
.

Thursday, March 15, 2012

Блогерајство и blogirame.mk

„Блогер не се раѓа, блогер се создава“ ~ iskric
.
Размислувајќи искрено, блогот има далeку попрактична намена од социјалните мрежи како твитер и facebook, од едноставна причина што константно ја оддржува актуелноста на постовите или објавите, освен тоа има предност во сопствено менаџирање и лесно доаѓање до објавите преку гугл срч, а со тоа нели ги чува и ги прави подостапни до било кој читател; додека социјалните мрежи нè ограничуваат и нè унифромираат во слична унформа со сите членови на мрежата, а со тоа мора да признаеме дека индивидуализмот е одамна убиен и единствено што се цени е униформата на групата во која припаѓаш. Баш во последно време се забележува дека корисниците на социјални мрежи кои никогаш немале блог или сајт, паралелно се префрлуваат на користење и на еден од овие сродни сервиси за да изградат цврст индивидуализам и идентитет, а и поголема достапност и сигурност на својата објавена содржина, што е можеби и најважната предност.
.
По распадот на блогерајот поради добро познатиот технички хаос кој го оставија Трендо и Јурук зад себе и си продолжија со нов сајт како ништо да не се случило надевајќи се дека народот има кратка меморија, што се испостави дека е вистина; луѓето кои имаат нешто да кажат се изгубија по странски платформи. Во суштина исто како да престанаа да постојат. Од тука добивме идеја да се направи фејсбук страница и твитер профил со наслов „Македонски блогери“ каде што автоматски и паралелно ќе се обајвуваат постовите на сите пријавени блогови и тоа ќе биде како еден агрегатор и замена на она што го имаа Македонските интернет корисници - шанса на едно место да ги прочитаат новите случувања во полето на уметноста и секојдневните вести и мислења од алтерантивен аспект т.е. од аспектот на обичниот граѓанин. Тоа испадна доста успешен проект и статистиката е дека fb страната минатата недела ја отвориле и прелистале 4,989 луѓе што значи дека собирањето на Македонските блогови повторно на куп е доста потребно и за читателите и за самите блогери. Единствено што недостига за да ја замени платформата blog.mk (во смисла на навика за посетување) беше агрегирање на последни коментари бидејќи тоа преставува движење т.е. дека се случува некаква интеракција, дружење и директно разменувањае мислења. Затоа решивме да подигнеме сајт каде што сето тоа ќе го реализираме, но за жал и после неколку напорни тест обиди, цели две години не успеавме да направиме ништо конкретно.
.
Сепак за среќа пред некој месец конечно се појави сајтот за оваа намена - blogirame.mk. Се надеваме на успех во зацртаната цел, а тоа е нели да биде нешто поразлично и попрактично од досегашните обиди за заедничко блогирање и директно разменување мислења.
.
Вечерва на радио МОФ во емисијата Подкаст беше соберен дел од тимот на blogirame.mk, каде се разговараше за новите идеи, планови и предизвици кои му претстојат на овој нов агрегатор на блогови. Еве ја целата снимка од радио емисијата:

.
извор на сликата: http://komunikacii.net


Saturday, March 10, 2012

Избрзан активизам

Неопопуларност е интересна појава, се однесува на популарноста на виртуелни никови или имиња од социјалните мрежи како фејсбук и твитер, а оваа популарност со себе носи и огромно влијание врз голема група корисници на социјалната мрежа. Тоа има огромен удел во активизмот организиран онлајн, бидејќи првите иницијатори се токму популарните корисници на твитер, оние со над 2000 следбеници да речеме. Но во последново време (поточно денес) забележувам дека онлајн активизмот не само што беспотребно се појавува туку и е доста непромислен и избрзан, што донесува несакани ефекти кои на пример во случајот со протестите за Мартин Нешковски се одразија со само грешка во името, додека конкретно за утрешниов најавен #собир не сакам ни да помислам дека не саканиот ефект ќе биде токму контра-ефект т.е. дополнително нарушување на јавнит мир, бидејќи е многу веројатно дека во ваквата вжештена ситуација која владее во моментов, лесно може поентата на собирот да биде (намерно) превртена наопаку.
.
Да појаснам, на твитер во моментов со хаштаг #собир, се организира собирање на поголема маса луѓе од различна националност кои треба да демонстрираат соживот. Идејата искрено звучи супер, но проблемот лично го наоѓам како прво во неефективноста на самиот собир и мислам дека таа енергија која ќе се потроши за такво нешто би можело да се искористи за поефективен настан како на пример организирање музичка манифестација, или монтирање бесплатно мини кино на плоштадот каде ќе се прикажат документарци засновани на непотребноста и штетноста од националната омраза. Има толку многу убави идеи каде може да се потроши енергијата од младиот активистички ентузијазам, а наместо тоа се организираат собири и протести кои понатаму знаеме како се префарбуваат во политички цели, башка таквиот активизам по дефиниција и самиот е всушност дестабилизирање на редот (не мирот, туку само редот) на државата.
.
Патем ова мое мислење пред малку го искажав на твитер со таквиот автентичен твитерски пристап, преку сатирична аналогија:
Поради што добив ваков одговор:
Но има и луѓе кои се сложуваат за неефективноста на собирот:
Таквиот инстантен напад кој го добив од John Hawkins со обвинување дека сум заслепен со национализам и омраза, очигледно јасно кажува колку твитер активизмот е заснован на избрзани и непромислени реакции кои поточно за овој случај се базираат на измислени предрасуди. Можеби од една страна тоа е ефекот на ограниченоста на буквите на 140 поради што нештата не можат баш најјасно да се искажат, и тоа е потребно да се земе во предвид пред да се почнат обвинувања. Додека од друга страна е можеби резултат на популизмот кој го шират популарните меѓу тривер заедницата т.е. оние со најмногу фолери кои меѓудругото се сметаат и за најголеми „фраеришта“.
.
Само колку да споменам, јас сум секогаш ЗА активизам и организирање манифестации за подигање на јавната свест, еднаш и сам организирав такво нешто: Lets Grow Awareness, но, забележувам дека на интернетот (посебно твитер) зачестуваат организирања на протести и мирни собири кои немаат баш никаква ефективност за подигање на свеста и дека таа енергија може да се насочи кон нешто многу попрактично, поубаво и поефективно, погоре наведов неколку примери. Со оваа теорија посебно се послужи движењето слободен интекс кое после увидување на залудноста од протестите се свртеа кон организирање културни манифестации.
.
Навистина изгледа чудно што нашата активна младина активизмот денес го сфаќа единствено како протест, занемарувајќи ги новите и попрактични идеи за поттикнување на свеста кај луѓето. Лесно е нели да се твита дека #бродот и спомениците се залудно потрошени државни пари, а малку потешко ни е да погледнеме на проблемот во нас активистите, да ја согледаме нашата залудно потрошена енергија и ентузијазам.

Wednesday, February 29, 2012

15 Million Merits (од Black Mirror)

За привлечноста кон вакви филмови, неминовно е да сте израснати со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт составен од начинот на кој сите живееме и пречките на кои сите наидуваме за да ги победиме и со тоа да станеме посилни за следните. Научната фантастика која има толку суптилна имагинација пред која можеш да останеш рамнодушен само ако твојот ум нема сè уште идеја како да развие перцепција за толку моќна имагинација.

Black Mirror е една таква серија од поновите во стилот на Fringe, со таа разлика што е антологиска т.е. секоја епизода си има различни глумци и различна приказна, всушност претставува краток игран филм. Black Mirror има само три епизоди и е пуштена во продажба пред два дена т.е. на 27 февруари, 2012-та. Креаторот е Чарли Букер.

Вчера по некоја случајност чепкајќи по сериите поврзани со the outer limits налетав на овој серијал од три кратки филмови од кои „15 Million Merits“ ми остави посебно чувство. Иако на моменти досаден, посебно во почетокот, сепак понатаму се развива во една многу позната драма на човештвото и остава една слика на позитивност од разочарувањата. Но оваа приказна е сместена во далечна иднина каде што технологијата и виртуелноста духодно го уништуваат човекот и тоа Букер го става како основа на овој филм. Еве како Букер ја опишува серијата:
Charlie Brooker explained the series' title to The Guardian, noting: "If technology is a drug – and it does feel like a drug – then what, precisely, are the side-effects? This area – between delight and discomfort – is where Black Mirror, my new drama series, is set. The "black mirror" of the title is the one you'll find on every wall, on every desk, in the palm of every hand: the cold, shiny screen of a TV, a monitor, a smartphone."
Неговата силна одбивност кон технологијата која јасно ја потцртува, во суштина ја делат многу научно фантастични писатели и режисери од минатото, но таквите „црни“ предвидувања никогаш не се исполнија и затоа воопшто не ми се допаѓа било каков скептицизам кон технологијата оти таа е основа на футуризмот. Но од друга страна не може да се занемари фактот дека технологијата нè прави поиндивидуални а со тоа и поотуѓени еден од друг. Можеби затоа што научивме (посебно од интернетот) дека постојат милиони различни одговори и дека сите тие се точни но само ако поединечно ги погледнеш од нивниот агол. Не постои само едно вистинско нешто, постои само различен агол на гледишта. На времето пред некоја година слично зацрнет поглед кон иднината имаше филмот Идиократија, кој и те како имаше добра и реална поента ако се пресмета дефицитот во духовниот напредок низ годините кај американците. Можеби Чарли Букер е во право дека технологијата има одредени негативни ефекти (side-effects) но јас верувам дека има е многу повеќе корисна за нашиот развој и дека кога се работи за еволуцијата, се исплати цената на ваквите сајд ефекти.
15 Million Merits е филм од еден час, една минута и 53 секунди. Главните глумци во приказната се Даниел Калаја и Џесика Браун (на сликата погоре), заглавени се во идната во која плаќањето се врши во мерни единици за должина бидејќи за техничкото оддржување на истемот во кој живеат се спроведува со човечка сила во вртење на педали наелектронски велосипеди. Секојдневната заработка на луѓето е само цифра на извозени километри со која купуваат храна и друго што им треба. Интересна замисла, слична на In Time филмот каде што времето беше платежна фредност. Драмскиот аспект е морничав како и во сите три епизоди од Black Mirror, но се сведува на една импресивна страст за гледачот, можеби на сличен начин како што ги доживуваме филмовите на Милчо Манчески. Драмата во 15 Million Merits е е љубовна повреда од неизбежен карактер, но токму тоа ќе го мотивира Даниел Калаја на животен ризик од кој ќе добие успех, неговото самоубиствено оружје ќе биде скапоцена алатка која ќе му го донесе животниот успех.

Целата епизода пред некој час ја аплаудирав на vimeo, па кој сака може да ја погледне директно од видеово подолу:

Thursday, January 5, 2012

Животните и/или луѓето?



“We can build a new tomorrow, today.”~Brian Molko

Постојат луѓе кои повеќе ги сакаат животните отколку човекот и секогаш би му помогнале ако видат повредено или гладно животно, отколку тоа да го сторат на човечко суштество. А на другата страна постојат луѓе кои не би помогнале ниту на гладно куче ниту на гладен човек, а можеби и тие две гладни нешта ги гледаат како едно исто. Што ни е побитно, е малку субјективна тема, но „како да се помогне“ е можеби и општо прашање?

1. Најпрво за луѓето. Како и зошто? Навистина не се сложувам дека некој треба да им даде нешто материјално на бездомниците, оти на нив им треба вештина во пронаоѓање пат до храната т.е. заработување. Секој човек има потенцијал во себе и ако сака некој да му помогне треба само да му го пробуди или поттикне потенцијалот. Ја знаеме онаа кинеска поговорка: наместо да му дадеш риба научи го сам да ја лови, така ќе му помогнеш за цел живот. Друга страна на приказнава е и малце подискутабилна бидејќи бездомниците не сакаат да учат, а не може некој насила да ги натера оти е рамно на терор. Но тука сепак постојат психолошки методи кои се трик а не сила, што значи можно е да се извади потенцијалот на виделина. Тоа е единствениот начин на кој навистина ќе му се помогне на беспомошен човек. Но сега добиваме прашање „зошто“ – затоа што е човек! А штом е човек општеството може да има ќар од него, сите сме зависни еден од друг, сите си помагаме индиректно незнаејќи го тоа.

.Сепак реалноста која ни се случува во моментов е сосема обратна од свесноснот и разумност за оваа тема – владата им плаќа на сите да имаат четврто дете, што автоматски се поттикнуваат оние што немаат пари, е поради тоа токму тие се и поростата маса. Што значи плаќањето за да се раѓаат повеќе деца, е плаќање т.е. инвестирање во зголемување на простата маса за да истата се најде во тесно поради беспарица и да биде принудена да работи за многу ниска плата (поради големата невработеност нели) и ете ти го производот во Македонија: инфлуацијата ја погодува само храната, додека платите си остануваат исти како пред 7-8 години, а некаде и повеќе. Згора на сѐ тука постои уште една нус појава, а тоа се циганите и сите полубездомни луѓе кои живеат со неколку парчиња леб за цел ден;  тие се појавуваат на телевизии и хистерично плачат поради нивниот очаен живот. Покажуваат разрушени простории каде што живеат и куп деца кои ги измачуваат правејќи ги во такви услови. Имаше некоја колумна малку поодамна, дека таквите луѓе кои прават деца без да можат да им обезбедат соодветни услови – треба да се соберат во затвор оти тоа треба да се смета за злодело, бидејќи навистина е! Децата цел живот се измачуваат без да се виновни поради тоа, тие всушност ги плаќаат гршките на своите родители.

2. Го разбирам до некаде и револтот кон алудирање на заштита на животните, затоа што тогаш обично се прашувам што е разликата меѓу куче и прасе? Зошто таа организација што штити животни не ги штити сите туку едните ги привилегира, а другите се дозволени за касапење. Овде всушност и делумно постои одговор, но истиот е од психолошки карактер и кога човек ќе го слушне ќе сфати дека всушност нивното спасување или штитење не се заснова на жал, туку на заштита на психата на луѓето. Еве го психолошкиот одговор: животните што ги јадеме се дозволени за касапење затоа што тоа е нужно, и тоа зборче потсвесно го користиме како оправдување пред својата совест, психа, морал, за да истите ги зачуваме.  Но кога ќе почнеме да измачуваме животни кои не ги јадеме, ни се добива нарушување во моралот кое се зголемува со тек на време и некогаш може да се случи да се убедиме дека може и човек да искасапиме т.е. дека не е голема разликата – тогаш доаѓа крајното психичко пореметување. Значи ако заштитата на животни се случуваше од жал и правда, ќе се заштитуваа сите, но во овој случај мислам дека постои психичка основа, т.е. сочувување на моралот и чистата совест.


Во реалноста сите продаваат некоја жалност кон животните, споредувајќи ги со луѓе бидејќи имаат душа. Не викам не, лично ми е жал кога животно се мачи, и сакам да му помогнам бидејќи така си помагам себе си т.е. на својот морал и одржување чиста совест, а можеби и оти сакам да си ја мирољубивостта во себе. Имам хрането кучиња пред Веро во 4 саат преку ноќ со хамбургер купен преку улицата во насока на плоштадот и, се чувствувам убаво поради тоа. Сум им давал и пари на циганчиња, едно од нив често доаѓаше токму кога ми завршуваше смената од работа и си муабетевме по патот и секогаш му давав по десет денари. Тоа е мој избор и не велам дека треба секој да го прави, а најмалку е потребно да создаваме омраза и насилство кон луѓето кои немаат чувство за животните, бидејќи сметам дека: 

- во моментов многу повеќе ни недостасува амбицијата да пружаме помош, отколку да осудуваме и наштетуваме на луѓе кои не пружаат помош.

Friday, December 16, 2011

Приватност

Чудни патишта постојат и чудни луѓе се движат по нив. А убаво е да постои чудноста, нѐ инспирира ако не ништо друго. Последното смешно чудо што го слушнав беше дека тајмлајн профилот на фејсбук дополнително ја зарозува приватноста. Кога продискутирав околу тоа, ми рекоа дека има разлика помеѓу приватност и контрола на приватност. Веројатно уште постојат параноици кои не излегле од комунизмот и приватноста сѐ уште им е „тајно контролирана“.  Некако оваа чудо ме зачуди толку силно што морав да прокопам подлабоко во поимот приватност и како другите го сфаќаат истот поим.

Кога го сторив тоа добив впечаток дека ми летнала косата нагоре како во алтернативните тинејџерски години, што ги чувам зад себе. Чудото, бездрго, дејствува како струен удар. Голема е разликата меѓу живеењето при крајот на деведесетите, па отпосле во новата ера, иако навидум ни се чини дека ништо битно не се случило, но се случи и те како се случи! Интернетот ја уби приватноста и сета магија што произлегуваше од незнаењето поради кое многу почесто постоеше и чудењето. Приватноста не постои од многу одамна и тоа се случи токму од наша волја, затоа што ние сакавме така. Луѓето се снимаат секој ден и го аплаудираат тоа на јутуб и Вимео, пишуваат блог постови за себе, а на социјалните мрежи пишуваат каде се во моментот, со кого седа, што зборуваат, што јадат и тн. Се промовираат себе си на секој можен начин, стануваат бренд. Тоа значи дека приватноста воопшто не ни е потребна. Но од друга страна постојат луѓе кои сѐ уште мумлаат нешто за својата загрозена приватност. Има ли овде логика, како можат луѓето да се толку контрадикторни поради нивната несвесност за значењето на поимот приватност?

Настрана несвесноста, да бидеме пореални - кој воопшто има потреба да биде во тајност денес? Кој ако не оној кој се плаши од сопствените постапки, од она што го направил? Никој друг. Ако никому не му мислиш и правиш зло (макар и за добри цели како што повеќето се самооправдуваат), никој нема да ти го загрози правото за слободно постоење. Приватноста денес е само поим за манипулација со јавното мислење кон одредени таргет цели.

Но, за некое чудо, луѓето имаат различна призма пред очите па поради неа сите гледаат различни нешта. Од тука излегува потребата за разбирање меѓу себе која неретко резултира и со симпатичност. Рушење на поимот приватност и секакво негово дејствување во реалноста, е вистинскиот начин да се дознае како функционира призмата на другиот, па следствено на тоа ќе се случува повеќе конеции, повеќе разбирања, и повеќе љубов.

Видео за поврзување на нештата од оваа година:




Monday, November 21, 2011

Две размисли


Ја преведов Bella Ciao на македонски, коа после ми текна да ѕирнам на јутуб и оп - ја најдов преведана. Ама не во буквален превод туку во некој доста убав македонски препев, автор – „Звонко и другарите“. Баш супер, сега си најдов уште една убава песна, ем на македонски – си реков. Арно ама на сликата случајно приметив дека цедето Звонко го нарекол „збирка НЕљубовни песни и добив желба да пукнам од мака што не можам лично да го прашам Звонко: Дали љубов кон татковината всушност е НЕљубов?
Потоа се предомислив и решив да не пукам од мака, оти тоа и онака е само интро на темава во муабетов. Инаку уште од дамнина колектирам докази дека постојат два вида размислувања и, сега решив да ги искажам. Имено (или безимено), еднаш се најдов среде дискусија со еден Сељак и во своето објаснување пронајдов тероија за постоење на два вида размислувања:
  • Ø Црно-бело размислување и;
  • Ø Колорно размислување.
Црно-белото позачестено се користело во минатото, но воопшто не реткост и сега. Тоа е философија заснована на две страни кои секогаш би постоеле без разлика на тоа колку нови бои ќе се појават во иднина. Оваа философија е најсигурна т.е. без никаков ризик по својата самодоверба и донесува цврст став во однос на одреден предмет, односно го обележува црно или пак бело, во зависност на тоа која е првата мисла што ќе му се појави на господинот следбеник на оваа философија. Всушност доста слично со трикот за полупразна и полуполна чаша, помислуваш на првото што ќе ти дојде на ум, не знаејќи дека чашата може да биде и двете опции одеднаш. Инаку првата мисла која ти се појавува всушност не е твоја туку општа, бидејќи следбеникот на црно-белата философија скоро секогаш е наклонет кон народното т.е. општото размислување. На пример кога медиумите (ТВ и Весници) изјавуваат критики или пофалници околу нештата тогаш во овој „наш“ следбеник се инсталира општата (раз)мисла околу нештата, која подоцна ќе му се појави при избор дали чашата ќе биде полупразна или полуполна, односно при изборот дали нештото ќе биде бело или црно. Основното нешто што е карактеристично за оваа размислување е дека постојат само две страни – или е црно или е бело, трет избор не постои!


Коренот на создавање на оваа философија е засаден во отсуство на свеста. Односно засаден е на местото кое е одредено за свесност (кога би се појавила), така да основата му лежи на сосема празно место и затоа уште одамна почнало да паѓа „во вода“ или во бездна, сеедно.

Колорното размислување ги содржи сите видови бои освен црната и белата. Тоа значи дека ги (с)фаќа сите размислувачи освен црно-белите. Овие размислувачи направиле толку многу поделби што понекогаш се наоѓаат себеси загубени во изборот односно припаѓањето, но оние посвесните имаат прецизно трасиран пат по кој дошле до своето мислење, и со задоволство би го објасниле доколку околината е расположена за комплицирано размислвуање. Свесноста со себе носи нешто кое црно-белите размислувачи го нарекуваат комплицираност, а колорните – интересност (импресија и експресија). Порано во музиката имаше само неколку правци, сега ги има најмалку десет пати повеќе. Слично се сличува и со литературните правци, што само по себе алудира на зголемување на свесноста т.е. психичка еволуција.
Но каде залута интрото во оваа приказна?
Еден колорен размислувач ќе рече дека и љубов кон патриотизмот и државата е бездруго - љубов, но со малку поинаква нијанса. Но што ќе рече еден црно-бел размислувач?
Мнозина од размислувачите и не знаат дека размислуваат само црно-бело. А тоа не е толку страшно како страшното одбивање на останатите бои поради неверување на нивната сеприсутност.
Но за жива среќа постои еден процес кој се вика - Еволуција!
_______________________________________________________
Патем, ги должам песните и преводот:

Едно утро кога се разбудив
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
Едно утро кога се разбудив
и го видов окупаторот.

Еј партизану, носи ме од овде
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
Еј партизану, носи ме од овде
зашто чуствувам дека смртта се наближува.

Ако умрам како партизан
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
ако умрам како партизан
тогаш мора да ме погребаш.

Погребај ме во планината
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
погребај ме во планината,
под сенка на едно цвеќе.

И луѓето кои ќе поминат
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
и луѓето кои ќе поминат
ќе ми кажат: „колку убаво цвеќе!“

Ова е цвеќе од партизан
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
ова е цвеќе од партизанот
кој умре за слободата.

кој умре за слободата!
кој умре за слободата!
_______________________________________________________
И убавиот препев на Звонко и другарите од нивната збирка на, би рекол, песни со поинаква љубов. Eye-wink Cool

Sunday, September 4, 2011

Сајберпанк и движење низ интернетот

Лошо е кога луѓето ќе се заклучат во своите зборови. Тогаш тие помислуваат дека се единствени кои можат најдобро да ги подредат зборовите. Но лошото не е страшно. Страшно е само она што е страшно..

Индивидуалноста е страшна работа. Вие сте страшна работа,as well. Причината поради тоа е токму затоа што луѓето стануваат сѐ поразлични еден од друг заради преголемиот број опции за трипинг во сопствената реалност. Она што психонаутските психолози во осумдесетите го предвидуваа за денешниот живот, всушност стана вистина. Вечната борба помеѓу мејнстримот и индивидуалните артисти која започна во шеесетите, конечно повторно се активира во осумдесетите, но со пренасочување кон виртуелноста. Во 83-та никнува поимот Сајберпанк во една кратка приказна од Bruce Bethke од тогаш поимов станува нов жанр во научната фатастика. А потоа футуристичките психолози Сајберпанк го поврзаа со индивидуалистите кои требаше во 21-виот век да ги срушат предходните принципи на општеството. Барем според предвидувањата во книгата Chaos & Cyber Colture.

.
Интересно е да пробаш да замислиш што сѐ ќе се случува во иднината. На пример, денешнава вест по американски списанија е прилично поттикнувачка – имено, училиштата во Бостон веќе се опремени со ај пад за секој ученик што останува за помислата: „што ќе биде за десетина години со светов?“?


Како и да е, психолозите предвидувачи, не предвидоа единствено две нешта:

1. Хаосот од недостиг на филтер на веродостојност на информации во мрежата и,
2. Зголемувањето на гордоста т.е. вообразеноста на луѓето кои умеат да ги подредат зборовите умешно.
Во самиот подем на интернет мрежата во раните деведесети, се напишаа книгите за сајберпанк иднината, индивидуалноста која требаше да го избрише општеството онакво какво што го знаеја постарите генерации, и скоро нечујно да се смени во индивидуалистичко; почна да расте во одделни кругови здружувајќи млади и креативни луѓе кои разменуваа нивни писанија и, меѓусебно мудруваа низ коментирања. Во Македонија од таквите подлабоко-свесни кругови меѓу првите чинам, беа Опасна Багра и Блогерај. И двете нешта умреа еволуирајќи во она што погоре е означено под број еден. Тоа можеби беше токму Сајберпанк генерацијата која креативно и со внимателно наредени зборови, рефлектираше виртуелна интелигенција, хумор (најчесто преку внимателен сеир и автосеир), свесност,креативност, мудрост и индивидуалност која го надмина просечниот левел на еволуција. Токму тука мислам дека ја допре поврзаноста со контра-културното движење во шеесетите, и како по книгата - новата генерација котра-културалисти се родија како Сајберпанкери.

Она што не се предвиде, е самиот пад на сајберпанкерите. А искрено, кој би сакал да предвидува падови на толку импресивни нешта? Сепак, се случи сосема природно. Виртуелноста од воодушевувачки поим, стана одбегнуван и омразен поради самиот хаос на информаците кој се појави поради преголемиот избор на можности. Сепак, сензуалноста во реалноста никогаш целосно не се замени со виртуелност, всушност и не беше цел да се копира постоечката реалнсот, туку да се создаде нова. А тоа видно успеа. Или барем на почетокот.

Ненајдениот концепт за филтрација на огромните можности и ненавикнатиот човечки ум за неограничувања, го сторија падот на интересноста и жарта на интернетот и сајберпанкот.Она што стои под бројот два погоре, е всушност смртта на Сајберпанкерите. Тоа во најголем случај беа самците(во реалност) кои пишуваа и задоволно ја изразуваа својата светла страна – индивидуалноста и креативноста. Смртта ги начека во ќошето за гордост, бидејќи и онака беа распрскани од хаосот, низ социјални мрежи и несврзани блогови, најчесто странски; па спокојно замреа низ звукот на носталгичноста. Самата појава на виртуелната гордост ја донесе мислам, леснотијата на дејство, бидејќи воопшто не беше потребна некаква храброст, оти храбтоста нели доаѓаше од свесност за соочување со последиците, а интернетот немаше последици, па аналогно - немаше ни храброст. Леснотијата на виртуелното дејствување создаде лажни (т.е. шупливи) авторитети. Можеби тука треба да ги спомнам импресиумот на сајтовите што објавуваат Пауло Коелјо лимонади, како „топ 10 начини на заведување“ и слично. Од друга страна, бизарноста на самопрогласените писатели, пишувајќи книжевно и литературно неправилни писанија, а можеби и од иста страна би биле и книжевно едуцираните, тие всушност се премногу горди сами на себе, поради што низ нив продира една психолошка арогантност, задскриена во умешно наредените зборови.

Сајберпанкерите, иако денес во кревко малцинство, сепак постојат некаде расеани врз интернет мрежата. Го продолжуваат она што го активираа психоделиците во доста убав број млади умови. По некоја година интернетот го стори истото, но не со сите за жал. Можеби и затоа се психоделиците се нелегални. Мнозинството би се загубило некаде меѓу големиот број опции, и можеби само би станало едно од нив т.е. - опција.



Saturday, July 23, 2011

Лажна емпатија


Денес, како и вчера, сѐ повеќе сведочиме на постоење на лажни нешта околу нас. Многумина не знаат дека меѓудругото и на тоа сведочат. Ова е битно кога се размислува од аспект на (не)постоење на лажностите бидејќи од свесноста зависи и самото постоење или непостоење на фиктивните нешта.
Порано постоеше анти-тоше група која дејствуваше по блогови и форуми со цел да го разбие „социјалниот феномен Тоше“. Не знам колку успеа да направи баланс, но начините при обидот воопшто не ги оправдав, бидејќи беа згрозувачки. Имено, вистинската цел – да се докаже лажната емпатија, беше остварена. Тогаш се сеќавам и на една емисија во која Влатко Стефановски и Игор Џамбазов зборуваа против воздигнувањето на Тоше, поради што и изгубија неколку фанови. Тогаш сериозно се заинтересирав за прашањето: што е тоа лажна емпатија, и како да се справиме со оваа збунка?
Отсекогаш славните личности ми биле одбивни. Самата слава, фанатизмот, па и комплиментите кон другите, но и кон мене. Можеби затоа што сметам дека успехот е комерцијализација на животот, а можеби и не. Сепак, постојат славни луѓе кои ми се омилени и на нив би им дал вистинска почит, онолку колку можам да си приуштам, доколку би можел и на погреб би им отишол. Е сега, како да ги изедначам тие луѓе со сите? Ако јас не сум ја слушал доволно Ејми Вајнхаус, како можам да делам емпатија на нејзината своеволна смрт? Всушност, пред некој месец читав за специфичноста на нејзиниот глас и уникатниот талент, но и за ужасната дебилност пред Српската публика. Песните ми се пријатни, па дури можам да ги споредам со оние на Кејт Буш или Емили Хаинес во смисла на моето допаѓање, но Ејми е сепак лик кој поради својата нечувствителност врз алкохолот и дрогите, ми станува одвратен и за изговарање.
Ако јас денес треба да речам таа да почива во мир, тогаш би јa изедначил со сите мои омилени пејачи, а некои од нив ми се до тој степен омилени, што не би можеле да се изедначат со ништо. Иако зборот Фанатизам потекнува од Фан, сепак има преголема различност во самата основа бидејќи фанот значи да сакаш и да чувствуваш, но внатре во тебе, исто како што сакаш некое свое омилено хоби или колекција на нешта собирана со години. Додека фанатизмот би се движел подиректно т.е. ако некој друг не го сака или верува во твоето мислење или верување, тогаш е озлогласен од твоите мисли. Слично нешто како религијата – ако запрашаш христијанин нешто околу нелогичноста на библијата, тогаш си богохулник во истиот момент на изговарање на прашањето.
Лажните нешта почнуваат кога луѓето ги создаваат од недоволна упатеност. Исто е со лажната емпатија, таа се дели кога немаш силна омиленост кон метата, но го правиш тоа затоа што сите го прават и затоа што „така треба“. Оние деца кои пред неколку години беа првите генерации на изгубена својственост (поради тоа што секоја вечер ги менуваа свирките – турбофолк и рок и транс), денес пораснаа и сознаа дека не знаат што да прават со себе, па се послужија со алкохол и дрога за самоволно да се придружат на славниот „клуб 27“ заедно со Кобејн и Морисон.

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More