Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Showing posts with label психоделија. Show all posts
Showing posts with label психоделија. Show all posts

Thursday, April 26, 2012

Изместување на реалноста




Универзумот е само енергија, кондензирана во бавна вибрација, сите ние сме една свест која субјективно ја доживуваме. Не постои такво нешто како смрт, животот е само сон, а ние сме имагинација на самите себе.
~ Бил Хикс

.
После една случајна размисла за филосовска дилема околу тоа дали предрасудата е само вкус, и дали вкусот, принципот, догмата, верувањето е само предрасуда (во некој случај и потребна); сосема неочекувано дојдов до размисла околу теоријата за глобален пласибо ефект која бездруго пред некоја година во една викендица на селото Војник (Кумановско) за прв пат ја раскажав на неколку филосовски расположени другари.
.
Атеист, агностик, хуманист, верник - дали е сето тоа е само еден огромен пласибо ефект (дури и самата реалност), кој го делат големи групи (или сите) луѓе поради сличната хемиска содржина на нивното тело?

Ова впрочем е лесно да се докаже со консумирање на психоделици (верувам и на други начини, но како пример). Тогаш човекот живее во сосема поинаква реалност, чувствата за допир, вид, слух и вкус, функционираат во една поинаква матрица од предходната, а тоа ја менува и реалноста нели, во суштина како менување на димензија. Поради тоа сосема е небитно дали реалноста има своја предходно обликувана форма, бидејќи формата која ја гледа набљудувачот зависи само од составот на неговите перцептори.
.
Еднаш одамна пишував за моќта на палсибо ефектот и токму таа моќ мислам дека може уште еднаш да ја потврди тезата дека сето она што го гледаме, чувствуваме, слушаме и тн; е само еден глобален пласибо ефект. Таму доктор Липтон докажа дека ако човек силно верува дека е опериран (без ни малку сомнеж), тогаш неговата потсвест може самата да го оперира без знаење на свеста. Чудно е, магично и мистично, но и возможно, барем според докторот кој го извршил експериментот за кој раскажува Липтон. Во основа и самото постоење на субјективен пласибо ефект е доказ за постоење на општиот т.е. глобалниот.
.
Со ваквата опсервација на оваа тематика, многу брзо се осознава една прилично разочарувачка вистина дека сè околу нас е само една бела лага, фејк реалност, заблуда креирана од нашиот перцептивен систем во заемна соработка со перцептивните системи на други луѓе. Не знам дали ова опсервација ќе иницира некакво изместување на границата меѓу свеста и потсвеста, но психоделикот секако дека може да го направи тоа. Од тука се раѓа неговиот параноичен ефект кој е всушност испраќање флеш бекови од потсвеста кон свеста. Тие флеш мемории (непознати на свесноста) предизвикани од изместување на перцептивниот систем со што се истенчува границата помеѓу потсвеста и свеста, се токму оние кои ја создаваат параноичната претстава односно паранојата, од причината што се сомневаат во вистинитоста на предходно живеаната реалност. Сепак, како и се друго и паранојата може да се подели на позитивна и негативна, затоа е битно да се направи разлика. А суштествената разлика на сè околу нас се наоѓа во неговото потекло - сè има различно потекло т.е. начин на настанување.
.
 .
Ако оваа опсервација ти се има случено во моментот кога твојот перцептивен систем бил изместен со помош на некој психоделик или психотропик, или само обична случајност; тогаш биди сигурен дека ти никогаш повеќе во животот нема да бидеш способен за давање енормна почит кон авторитетите. Твојата убеденост дека сите суштества или ахимси* се едно нешто, ќе биде поголема од било која постоечка или фиктивна величина.
.
Веројатно токму од таа причина во мене постои огромна одбивност кон суетноста појавена како резултат на слава. Истото го чувствувам и кон рецензиите за кои тврдам дека во суштина се само билборди врз кои онаа расфрланост со стручни поими претставува само обид за една позитивна заблуда која ја викаме импресија и која служи како машина за произведување авторитети. Во основа сето тоа е лажно и незаслужно за поголема почит од основната која треба да (и веројатно) ја имаме кон сите луѓе. Но потребно е за иницирање на филосовски опсервации и како резултат на тоа - проширување на општата свесност.
.

Дека отсекогаш сум ја имал оваа одбивност од почитување авторитети ми покажува и еден мој саркастичен расказ базиран на една метакритика кон трудот на ценетиот критичар во Македонската литература - Раде Силјан, која полани ја пишував за туѓа факултетска потреба, а мое задоволство и за која жалам што е сега засекогаш изгубена за да ја аплаудирам онлајн. Патем расказот се викаше: Најдобриот поет на светот.
.
Оваа теорија за изместување на општата реалност дава освестувачкото сознание дека сè околу нас е само еден глобален пласибо ефект поради што никое од живите суштества или алхимси не заслужуваат ниту потценување ниту преголема почит. А сепак секое индивидуализирање на реалноста (треба да) е основно право на секој сè додека тоа не претставува наштетување на други. Поради тоа, верувањето, предрасудите, вкусот, атеизмот, догмите и сè друго што го претставува тоа индивидуализирања на реалноста, е сечие право на уживање исто толку колку што и моето пишување раскази и поезија кои се обид за изменување на општата реалност во една поубава, прелиена со емоции, рекреативна, љубовна, истражувачка и тн.
.
Како и да е, па дури и сето ова сфаќање произведено од погоре опишаната опсервација, да не е точно, сепак го наоѓам потребен фактот што сум свесен дека постои во вид на една можна теорија.
.
__________________
Ахимси* потекнува од индискиот збор Ahiṃsa кој во суштина значи нешто безпомошно, нешто кое избегнува насилство и главно се употребува во Џаинизмот како основен темел на оваа религија. Ахимси може да се однесува на сите живи нешта кои избегнуваат насилство, без разлика дали се од оваа или друга реалност, планета, димензија и тн.

Thursday, March 29, 2012

Читање vs читање vs гледање (контекст)

.
.
Секој човек на нештата околу себе им приоѓа на два начина: а) со гледање т.е. набљудување; и б) со читање. И на двата начина тој ја процесира надворешната содржина притоа  користејќи ги своите рецептори кои се полни со предрасуди, навики и омилености. Во текот на обработувањето на таа надворешна содржина, кај човекот се пробудуваат емоции, сеќавања, обработување на тие сеќавања од нов агол, нови сознанија, возбуда, зголемени зеници, зголемена вознемиреност и зголемен адреналин следствено на возбудата. Откако ќе ја обработи таа надворешна информација, тој внимателно ќе ја складира во својата меморија и ќе ја остави таму за да некогаш повторно ја пробуди под дејство на некое ново доживување, за да може да ги погледне нештата од нов агол. Тоа е прилично едноставен концепт, иако обично луѓето не се свесни за него токму затоа што не е воопшто битно, или барем така смета самиот мозок.

Овој  втор дел од темата би требало да се насочи кон поделба на читачи во сувопарни и поетичари; и како двете групи се однесуваат кон визуелно консумирање. Можеби баш ова требаше да биде одговорот за тоа зошто сите ние би избрале добра книга наспроти добар филм. Јас на пример би ја избрал книгата само ако се работи за добра драма со длабоки поетични елементи, алудирање на начинот на раскажување наспроти акцијата во приказната; и секако sci-fi елементите се добредојдени. Во сите можни други варијанти секогаш би избрал филм.

Во последно време некако се добива впечаток дека сувопарното читање кое по секоја цена сака да го замени визуелното доживување, денес секоја успешна книга (нели најпродаван роман), се базира на акција, трилер и авантура, се алудира на случките наспроти начинот на нивно раскажување; изостануваат и креативните елементи кои будат размислување кај читателот, онакво размислување кое иницира нови идеи, оригиналност на мислите, импресија од таа оригиналност и тн. Оваа карактеристика ја имаат психоделиците на пример, бидејќи нивната моќ е во илустрација на нешто кое никогаш не сме го виделе ниту замислиле, што само по себе ја буди креативноста и оригиналноста во една личност; нудат да погледнеш и почувствуваш нешто кое никогаш до сега не било смислено, ниту постоело идеја за тоа. Еве ги на пример Стар Трек приказните, еве зошто се тие афтентични:
 I visited the sci-fi museum in Seattle this weekend, and was reminded of how sci-fi is an especially fertile ground for examples of and analogies to what is explored in psychology and spirituality. There are probably books out there exploring that theme, and if there isn’t, it is waiting to happen. [...]

Би го додал и славниот цитат на Кен Робинсон:
I heard a great story recently — I love telling it — of a little girl who was in a drawing lesson. She was six and she was at the back, drawing, and the teacher said this little girl hardly ever paid attention, and in this drawing lesson she did. The teacher was fascinated and she went over to her and she said, “What are you drawing?” And the girl said, “I’m drawing a picture of God.” And the teacher said, “But nobody knows what God looks like.” And the girl said, “They will in a minute.”[...]
Она што денес се нуди на читателската публика е нешто кое поттикнува возбуда од акција и поради тоа те „влече“ да не престанеш со читањето, ја предизвикува љубопитноста без никаква сатисфакција на крајот, но згора на сè наместо љубопитноста да се чувствува изманипулирана поради времето кое го изгубила, таа е задоволна затоа што може да се пофали колку книги консумирала (фалењето пак е предизвикано од ефектот на мудрост и паметност кој го шири самиот поим „книга“) и денес акционите романи се продаваат народски речено „како алва“. Можеби таквата литература во која изостанува оној  утилитаристички карактер во смисла на некоја духовна и креативна надградба на личноста; е некој вид манипулација со читателите за постигнување слава и успех. А можеби е и само различен начин на делење љубов. Who knows..

Како и да е, од овој аспект многу лесно може да се подели наменската функционалност на читањето и гледањето. Овде се делат интересите на луѓето, оние заинтересирани за сувопарно доживување на случките обично сакаат движечка приказна во која дејството е поважно од начинот на неговото искажување и оваа публика би требало да припадне на визуелните доживувачи кои секако дека и читаат, па можеби и повеќе читаат во некои случаи, но факт е дека филмот или видеото е попрактична платформа за нивна консумација, отколку читањето каде што губат дополнително време, а ја добиваат истата сатисфакција. Можеби постои една мала разлика која се состои во подобрување на елоквентноста на читателот, иако и не е баш мала, но сепак и тоа зависи од способност на читателот да ја вгради во себе.

Од друга страна, оваа поделба ја отвара и дилемата: дали во животот е повеќе важно да се доживува или да се изразува? Дали да се консумира или да се перформира? Дали да се пишува или да се чита, дали да се гледа или да се илустрира...

Можеби тоа се моментални одлуки, но верувам дека тие сепак имаат некој синџир на поврзаност, така што ако еднаш го одлучиш едното, следиот пат истото те привлекува да го одлучиш пак. На тој начин се градат и принципите на една личност.


Tuesday, March 20, 2012

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. Tоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

Денес конечно пронајдов време да истражувам за темата дека визуелното апсорбирање информации е далеку поефективно отколку читање на истите информации. Пред нас имаме интернет конекција и безброј интересни теми за апсорбирање кои ни се пружаат секоја секунда на твитер, facebook, блог, Tumblrs, јутуб; но не можеме паралелно да ги прочитаме или визуелно проследиме сите тие информации. Најпрво ни треба време, а потоа ни треба и поголема брзина на апсорбирање. Како и сè што се случува денес, целта е да се заштеди време, а исходот е да се забрза процесот на нашето доживување на информациите. На тој начин се забрзува и нашиот духовен раст наспроти физичкиот. 

Поради оваа страна на реалноста која секојдневно ни се случува, ние барајќи начин за побрзо апсорбирање на информациите, се свртуваме кон нивна визуелизација наспроти нивното читање. Па токму поради зголемување на ваквата тенденција, си дадов задача да го истражам ефектот на читање и гледање и зошто читањето општо се зема како предност пред визуелното апсорбирање на инфомариицте. Бидејќи нели образовниот систем се заснова на читање нспроти визуелно апсорбирање на информациите.

Научните студии го кажуваат следново:
People tend to eye-minded, and the impacts visual aids bring to a
presentation are, indeed, significant. The studies, below, reveal
interesting statistics that support these findings:
- In many studies, experimental psychologists and educators have found
that retention of information three days after a meeting or other
event is six times greater when information is presented by visual and
oral means than when the information is presented by the spoken word
alone.
- Studies by educational researchers suggest that approximately 83% of
human learning occurs visually, and the remaining 17% through the
other senses - 11% through hearing, 3.5% through smell, 1% through
taste, and 1.5% through touch.
- The studies suggest that three days after an event, people retain
10% of what they heard from an oral presentation, 35% from a visual
presentation, and 65% from a visual and oral presentation.
"Presenting Effective Presentations with Visual Aids" May 1996
OSHA Occupational Safety & Health Administration U.S. Department of
Labor [...]
Од друга страна, па нели и читањето е визуелно апсорбирање? Мислам, ако не гледаме, нема ни да читаме? Од тука оваа студија е некако непрецизна бидејќи под визуелно учење го класифицира и визуелното и пишаното претставување на информациите. Но како и да е, понатамошниот текст на истиот линк ја разгледува попрецизно проблематиката и се покажува дека визуелноста е во предност наспроти читањето. Луѓето повеќе паметат визуелно доживеани моменти отколку кога истите ќе ги прочитаат, тоа може секој да го тестира врз себе. Јас на пример воопшто не ги паметам кратките раскази кои ги читавме во читанката за прво одделение, но многу убаво се сеќавам како изгледаше училницата во која учевме тогаш, како беа наредени клупите и столчињата, каде стоеше чешмата и како ми недостигаше Кристина кога цела недела ќе морав да истрпам да го гледам ѕидот зад мене, наместо неа, оти секоја недела ги менувавме клупите со една напред, а бидејќи таа седеше позади мене, па откако една недела ќе се преместев во првата клупа, следната морав да се преместам во задната, а Кристина и Кате кои седеа позади мене, ќе се преместеа во првата клупа. Тоа беше една цела тажна недела.

Еве што вели еден визуелен уметник (Marius Watz) околу оваа проблематика:
"When I first discovered that I could work visually I stopped reading overnight and spent the next few years taking in visual culture in as large doses as possible. What do you think all these damn “inspiration” Tumblrs are about? It’s pure junkie fix, bigger, better and improved. Too much of it and you’ll go on the nod, over-stimulated and de-motivated." [...
Ова ме поттикна на размислување околу дилемата „дали да читам или да гледам“ со која се соочува секој човек во секоја секунда од неговиот живот, а денес е сведена на тоа: дали да читам статии на некој сајт/блог или да гледам видео на јутуб? Јас секогаш во дилеми на избор, некако по дефолт умеам да заклучувам дека балансот е најдобар, верувам дека сите го знаат тоа, но сепак, во претпоставка дека можеш да избереш само едно од двете, тогаш мислам дека ќе застанам на страна на визуелноста. Но тоа воопшто не значи дека читањето е целосно залудна работа, бидејќи и тоа си има своја уникатност т..е. незаменливост бидејќи поезијата и расказите на пример воопшто не можат да го доловат истото чувство кога се визуелизитрани, од онаа кога се читаат. Можеби затоа тоа е единственото нешто што секогаш го читам повеќе отколку статии со вести без разлика дали се забавни, научни или политички вести. Патем, читањето предизвикува некакво чувство на паметност, го зглемува егото и левелот на себевреднување. Пак да го цитирам Marius Watz:
"However, I do wish I could take just one hour a day to read long-form texts or books. It would undoubtedly make me feel so smart, reading usually does - more so than any other activity I know of." [...]
Но Теренс Мекена вели дека „оние кои читаат, не гледаат“, дека тоа се два различни светови. Исто така читањето дава помалку вистинити информации отколку визуелното прикажување на нештата, што е всушност доста јак аргумент. Тука ја вклучува и тезата дека телевизијата дава сличен ефект на дрогата, но од друга страна дрогата е огледало на нас, додека телевизијата е само билборд.



Можеби читањето значи паметност и мудрост па и елоквентност, но сепак визуелното доживување на информациите е она кое останува подолго во нас од едноставна причина што вклучува поголема активност на емоциите, а меморијата несоменно зависи токму од нив.

Sunday, September 4, 2011

Сајберпанк и движење низ интернетот

Лошо е кога луѓето ќе се заклучат во своите зборови. Тогаш тие помислуваат дека се единствени кои можат најдобро да ги подредат зборовите. Но лошото не е страшно. Страшно е само она што е страшно..

Индивидуалноста е страшна работа. Вие сте страшна работа,as well. Причината поради тоа е токму затоа што луѓето стануваат сѐ поразлични еден од друг заради преголемиот број опции за трипинг во сопствената реалност. Она што психонаутските психолози во осумдесетите го предвидуваа за денешниот живот, всушност стана вистина. Вечната борба помеѓу мејнстримот и индивидуалните артисти која започна во шеесетите, конечно повторно се активира во осумдесетите, но со пренасочување кон виртуелноста. Во 83-та никнува поимот Сајберпанк во една кратка приказна од Bruce Bethke од тогаш поимов станува нов жанр во научната фатастика. А потоа футуристичките психолози Сајберпанк го поврзаа со индивидуалистите кои требаше во 21-виот век да ги срушат предходните принципи на општеството. Барем според предвидувањата во книгата Chaos & Cyber Colture.

.
Интересно е да пробаш да замислиш што сѐ ќе се случува во иднината. На пример, денешнава вест по американски списанија е прилично поттикнувачка – имено, училиштата во Бостон веќе се опремени со ај пад за секој ученик што останува за помислата: „што ќе биде за десетина години со светов?“?


Како и да е, психолозите предвидувачи, не предвидоа единствено две нешта:

1. Хаосот од недостиг на филтер на веродостојност на информации во мрежата и,
2. Зголемувањето на гордоста т.е. вообразеноста на луѓето кои умеат да ги подредат зборовите умешно.
Во самиот подем на интернет мрежата во раните деведесети, се напишаа книгите за сајберпанк иднината, индивидуалноста која требаше да го избрише општеството онакво какво што го знаеја постарите генерации, и скоро нечујно да се смени во индивидуалистичко; почна да расте во одделни кругови здружувајќи млади и креативни луѓе кои разменуваа нивни писанија и, меѓусебно мудруваа низ коментирања. Во Македонија од таквите подлабоко-свесни кругови меѓу првите чинам, беа Опасна Багра и Блогерај. И двете нешта умреа еволуирајќи во она што погоре е означено под број еден. Тоа можеби беше токму Сајберпанк генерацијата која креативно и со внимателно наредени зборови, рефлектираше виртуелна интелигенција, хумор (најчесто преку внимателен сеир и автосеир), свесност,креативност, мудрост и индивидуалност која го надмина просечниот левел на еволуција. Токму тука мислам дека ја допре поврзаноста со контра-културното движење во шеесетите, и како по книгата - новата генерација котра-културалисти се родија како Сајберпанкери.

Она што не се предвиде, е самиот пад на сајберпанкерите. А искрено, кој би сакал да предвидува падови на толку импресивни нешта? Сепак, се случи сосема природно. Виртуелноста од воодушевувачки поим, стана одбегнуван и омразен поради самиот хаос на информаците кој се појави поради преголемиот избор на можности. Сепак, сензуалноста во реалноста никогаш целосно не се замени со виртуелност, всушност и не беше цел да се копира постоечката реалнсот, туку да се создаде нова. А тоа видно успеа. Или барем на почетокот.

Ненајдениот концепт за филтрација на огромните можности и ненавикнатиот човечки ум за неограничувања, го сторија падот на интересноста и жарта на интернетот и сајберпанкот.Она што стои под бројот два погоре, е всушност смртта на Сајберпанкерите. Тоа во најголем случај беа самците(во реалност) кои пишуваа и задоволно ја изразуваа својата светла страна – индивидуалноста и креативноста. Смртта ги начека во ќошето за гордост, бидејќи и онака беа распрскани од хаосот, низ социјални мрежи и несврзани блогови, најчесто странски; па спокојно замреа низ звукот на носталгичноста. Самата појава на виртуелната гордост ја донесе мислам, леснотијата на дејство, бидејќи воопшто не беше потребна некаква храброст, оти храбтоста нели доаѓаше од свесност за соочување со последиците, а интернетот немаше последици, па аналогно - немаше ни храброст. Леснотијата на виртуелното дејствување создаде лажни (т.е. шупливи) авторитети. Можеби тука треба да ги спомнам импресиумот на сајтовите што објавуваат Пауло Коелјо лимонади, како „топ 10 начини на заведување“ и слично. Од друга страна, бизарноста на самопрогласените писатели, пишувајќи книжевно и литературно неправилни писанија, а можеби и од иста страна би биле и книжевно едуцираните, тие всушност се премногу горди сами на себе, поради што низ нив продира една психолошка арогантност, задскриена во умешно наредените зборови.

Сајберпанкерите, иако денес во кревко малцинство, сепак постојат некаде расеани врз интернет мрежата. Го продолжуваат она што го активираа психоделиците во доста убав број млади умови. По некоја година интернетот го стори истото, но не со сите за жал. Можеби и затоа се психоделиците се нелегални. Мнозинството би се загубило некаде меѓу големиот број опции, и можеби само би станало едно од нив т.е. - опција.



Tuesday, August 30, 2011

Левели на свесност




Свесноста е чуден поим. Неретко се поврзува со мудрост и интелигенција, и исто толку неретко и` се згрешува поимливоста поради тоа. Всушност истото се случува и со поимите мудрост и интелигенција бидејќи и двете се премногу различни за да се поврзат. Патем, најскапоценото меѓу нив е мудрост секако, бидејќи за човек да се здобие со неа потребно е многу повеќе децении отколку за да се здобие со свесност и интелигенција.

При враќање кон поимот свесност неможно е да не изникне прашањето: зошто при првото вдишување на свесноста, систематски престанува да постои реалноста за предходноста? Можеби свесноста е тунел кој ја поврзува постоечката со посупериорна реалност, па откако ќе скокнеме подалеку, предходната автомстски ни се чини погрешна поради што и ја престануваме со постоењето. А со зголемување на левелите на свесност, се зголемува и бројот на поврзаните реалности, што ни овозможува патување односно еволуирање кон се` посупериорна реалност.  Патем придавката „супер“ овде ја издига онаа реалност во која ќе немаме ограничувања наредени од мислите, телото и други субјекти во моментално постоечката реалност.  Реалноста е само став, а за еволуција односно мигрирање кон посупериорни ставови е потребен шарениот тунел наречен свесност.

Психолозите развиле теорија за осум постоечки тунели или левели на свесноста, во психологијата наречени кола или кругови. Ова е моделот од осумте левели на свесност:

           1. Био-опстанок (Дишењена свесноста)
-Втиснато во детството, тој е опфаќа грижа за опстанок и био-безбедност. Тука се втиснува првото коло во кое се поставени основните односи на доверба и сомневање кои ќе траат цел живот. Прво се активира со раѓање и со програмот на перцепција за корисно(или потребно) и штетно(или опасно). Ова коло или левел на свеста кај адолесцентите може да се стимулира со алкохол и уште некои опијати. Овој левел на свесност се појавил во почетоците на еволуцијата кај без’рберници. Овој круг претставува едно-просторната димензија (напред/назад).

2. Емоционално – Територијален левел (Или егото објаснето од Фројд)
-Втиснат во појдовната фаза, овој круг на свеста опфаќа емоционална активност, доминација, потчинување на стратегии и територија. Првиот впечаток се индетификува со акти на доминација, агресивно однесување или потчинување. Овој левел може да се активира со обилно количевство на алкохол. Ова воведува во втората димензија (горе/долу).

3. Симболичното или невро-вемантичка умешност (Рацилналниот ум)
-Втиснат во човечките артефакти и симболниот систем, овој левел опфаќа управување со околината, иновативност, пресметување, предвидување, изградба на „мапа“ за универзумот. За активирање на овој свесен сегмент е потребна физичка умешност и кофеин, брзина, кокаин и високо-протеинска исхрана. Овој левел се прво се појавил кога хуманоидите почнале да се разликуваат од другите примати.

4. Внатрешното или социо-сексуално коло (за „возрасни“ личности)
-Започнува со првиот оргазам и искуствата на парење и племенскиот морал. Овој дел опфаќа сексуално задоволство (наспроти сексуална репродукција), локалните дефиниции за „морална“ и „неморална“ репродукција, негувања на младите и тн. Оваа коло во основа се однесува на градење улога во социјална мрежа (во реалност, наспроти интернетот) и пренос на културата низ времето. Овој левел првпат се појавува со развивање на племенски заедници. Овој левел не би требало да се поврзува со дрога, но за истакнување на андрогените за мажи и естроген кај жените, може да се користи МДМА (или екстази). Екстазите со чист МДМА, МДЕА или МДА го активираат зближувањето за кое е одговорен допаминот. Може да се наречат и дрога на љубовта, ако за љубовта мислиме дека е само комплексно чувство т.е. збир на задоволствени чувства. Патем, тука завршува денешната просечна свесност, сите следни левели се натпросечност.

5.  Невросоматично коло (Поврзување на ум и тело според Зен-Јога)
-Со опфатност на невролошко-соматски повратни информации (флешови или фидбек), чувство на дрогирана височина (feeling high), соматски репрограмирања; оваа коло претставува свесност на телото. Постои обележано бранување на визуелниот простор и целосниот естетско сензорен простор. Уживателно вклучување во пресвртот со восхит, преку забавност која ја карактеризираат првите четири кола на свеста. Ова коло се стимулира (или предизивкува) со екстатично искуство преку физиолошките ефекти на марихуаната,  Hatha Yoga (вид на уживателна јога. Се манифестира преку перфектното спојување бидејќи терминот Hatha означува сонце-месечина, што симболизира спојување на позитивно со негативно, правејќи една целина, чувство на единство). Овај круг на свеста се појавил околу 2000 години пред наша ера кај погорните слоеви на цивилизацијата, главно поттикнат од дрога и јога техинки.

6. Невро-електрично или Метапрограмско коло (електризирање на умот)
-Тука се опфаќа ревтиснување односно репрограмирање на сите поранешни кола на свеста, релативноста на реалност, кибернетичката свест (пси/магиска моќ). Шестото коло ја карактеризира свесноста на нервниот систем (кога самиот нервен систем станува свесен за себе), со ова се овозможува телепатска комуниација. Се поттикнува или поврзува со пејоти (кактусот што содржи мескалин) и псилоцибински печурки (псилоцибин), како и Radionics (тоа е термин со кој се опишува лечење од голема далечина, со користење на крв, дел од коса и други супстанции од личноста која се лекува). Овој левел на свеста е пронајден 500 год. пред наша ера, со почетокот на првата трговска мрежа наречена Silk Rout.

7. Неврогенетско или морфогенетско коло (Буда-Monad* „умот“ (*monad е еквивалентен елемент)
-Тука се покрива еволутивната свест (минато и иднина) ДНК – РНК-мозочните повратни информации/фидбекс (родовски, опшествени и научни). Првото нешто што се сретнува при постигнување на оваа мутација е запознавање со меморија од минати животи, реинкранација, бесмртност и тн. Оваа ниво може да се стимулира со ЛСД, поголеми дози на псилоцибин, Raja Yoga, како и години посветени на медитативна практика воопшто. Прв пат ова се појавило кај Хиндусите со почетокот на новиот милениут, а потоа меѓу Sufi секти.

8. Психоатомско или Квантно-нелокално коло (overmind)
-Овој левел е квантна свест (информации надвор од вообичаената време-простор свесност која е ограничена со брзина на светлината). Се карактеризира со илуминација, out-of-body искуство, астрална проекција, контакт со вонземски ентитети или галактички overmind (лидерски  ум во група умови). Овој левел може да се активира со шок, near-death исксутво, предсмртниот момент (неколку минути пред да умреш). Ова е поврзано и со Буда концептот за Indra's net  од Avatamsaka Sutra. Интересно е што кетаминот влијае на стимулација на оваа свесност, како и ДМТ, и многу високи дози ЛСД (1,000 микрограми).

Можеби е прилично очигледно дека сите овие левели можат да се стимулираат (или предизвикаат) со помош на дрога. Првото што може да се помисли при ова согледување е најверојатно висок восхит кон дрогите како што тоа го направија повеќето учесници во социјалниот проблем во шеесетите во Америка. Тимоти преку моделот за осум-левелна свесност го објасни започнувањето на тој социјален проблем, тврдејќи дека појавеното под-културно движење има развиено над четири левели, додека останатите (мејнстримот) ги има само првите четири левели. Сето тоа има прилично добра логика. Но кој ќе го објасни падот на хипичката револуција, односно под-културното движење?


Свесноста, интелигенцијата и мудроста се меѓусебно доста различни нешта, а оттука изникнува комплицираноста на сфаќање на една личност. Првите два поима можат да се постигнат со дрога. Некогаш ќе потрајат, некогаш ќе им треба нова доза за да се вратат, а во меѓувреме ако се комбинираат со други техники, можат да се задржат прилично цврсто. Но во секој случај мудроста е надвор од брзите можности за постигнување. Таа ќе остане најскапоцената еволуција на умот, бидејќи се постигнува единствено со неколку децениско дејствување односно практицирање. Несомнено е дека некогаш повторно ќе се случи тоа под-културно дејствување како начин на живеење, но тогаш најверојатно ќе биде незабележително, бидејќи во никој случај не би можело да дојде преку револуција. Мудроста доаѓа со еволуција.




Thursday, July 28, 2011

Потенцијал



“There is a hope in raindrops, it means that every drop of rain holds the promise of regrowth.”
.
Сите ние сѐ уште сме живи, и покрај тоа што не знаеме зошто, ниту зошто да не. Некој некаде напишал дека внатре во дождовните капки живее надеж за преродување на земјата, а капките воопшто не го знаат тоа. Што ако и целта на нашето постоење е исто така скриена од нас? А можеби тоа се само приказни на психолози кои служат за манипулација.
.
Скоро сите веројатно барем еднаш се имаат запрашано дали во вистинската насока го трошат својот потенцијал, или можеби тоа го прават залудно. Повеќето се борат да докажат дека постои господ за да си го оправдаат своето постоење, други го негираат неговото постоење за да си ја оправдаат својата паметност. Еден атеист и филозоф (Daniel Dennett), во 2007-ма го измислил зборот Deepity кој означува нешта кои се факт на тривијален начин, но суштински се неточни. На пример зборот Љубов е само збор со пет букви – тоа е точно, но е незначајно и неточно за суштинското значење на зборот. Има уште еднен интересно ироничен пример: Good without God becomes “o”. Тоа е Deepity – игнорирање на суштинското значење на нештата. Но всушност, има ли навистина суштина во нештата или ние ја ставаме таму, по потреба?
Еден австралијански блогер Кели, опишал како докажува дека важноста врз нештата всушност одредува дали постои или не постои господ. На пример:
1. X is necessary
2. If X is necessary, then there needs to be a necessary being
3. Therefore, God exists
What the X was is irrelevant, as is the argument in general?
Во документарецот подолу, каде што научно е докажано шестото сетило, меѓудругото се спомнува дека во универзумот постои космичка свесност со која човекот може да стапи во контакт. Тоа дури и како идеја е фантастично нешто, а всушност доживеано е од луѓе. А ако постои космичката свесност тогаш нашиот потенцијал воопшто не може да биде потрошен залудно, нашето живеење има за цел да ја дополнува таа космичка свесност, секое наше искуство се запишува во нашата потсвест која секојдневно без наше знаење е во контакт со космичката свесност, на тој начин нашиот потенцијал и интелект се безбедно искористени во посакуваната цел.
.
Од друга страна, се враќаме назад во реалноста обвиена со ограничености и гледаме како ни поминува времето во едно исто место гледајќи се со едни исти луѓе, прашувајќи се во себе зошто не дадеме нешто повеќе од себе, и на некој човек повеќе. Всушност, зошто никој не бара ништо од нас? Ние сме спремни да дадеме многу повеќе. Можеби затоа што луѓето се завиткани во свои предрасуди. Не можеш да ги осудиш, тие само така умеат да ја остварат својата безбедност.
.
Можеби треба да се свртиме повторно кон капките на дождот во кој тајно живее надеж за обнова? Ние живеејќи се себеси, секој следен ден сме посвесни за одреден процент. Така ја зголемуваме и космичката свесност, така нашиот потенцијал воопшто не е изарчен, тој е сочуван токму таму.
Документарен филм: „Постои ли шесто сетило“


Thursday, February 10, 2011

Натприродни искуства (и астрална димензија)


Повеќето луѓе имаат доживеано натприродни искуства од различен левел, постојат документарни филмови кои низ годините документирале многу такви случаи, од индиго деца до индиски спиритуалисти со натприродни моќи. Факт е дека постојат луѓе со таква моќ, но нивната појава е сѐ уште необјаснета од научниците, единствено футуристите се убедени дека тие се новата еволуција на човечкиот вид. Нивното пак себеобјаснување води кон јогата и медитацијата, како главни фактори за отварање на оние милион врати од психички можности. Но психонаутите освен тоа, го вклучуваат и психоделичниот фактор, кој секако не е главниот, туку напротив - спореден. 
.
Сепак драстичните примери се доста апстрактни и звучат повеќе фантазиски отколку фантастично, затоа би се задражле на оние исксутва кои ни се блиски, па и кои повеќето сме ги доживеале.
.
Лебдење над телото (на англ. Out-of-body experience (OBE)), е искуство во кое се чувствуваме надвор од телото, но во реално време и во директна врска со реалноста што е и единствената разлика на ова искуство и астралната проекција, во останатиот дел имаат скоро иста манифестација. Најчестите OBE искуства се спонтани и се случуваат поради возбудување во РЕМ фазата на сонот, обично се и придружени со сон-парализата (на англ. sleep paralysis) поради што се појавуваат халуцинации односно мисловни форми (на англ. Thoughtform). Искуството на sleep paralysis го доживуваат можеби 80% од луѓето, но во различни левели на јасност и креативност.
.
Освен спонтана, постои и причинска појава на OBE искуството како на пример со користење психоделични супстанци, или со постапката за изолирање на чувства - sensory deprivation и спротивната од неа - sensory overload, исто така и при блиско смртно исксутво како сообраќајна несреќа, операција и тн..

Се претпоставува дека постои астрална димензија која е виновна за ваквите состојби на умот односно свесноста.
The astral is the closest dimension to the physical. It overlays and permeates the world like a huge mind net, catching and holding all thought. Its contents are created by the collective consciousness of the world mind. It contains all the thoughts, memories, fantasies, and dreams of every living thing in the world. In it, the laws of sympathetic attraction, or like attracts like, causes this ocean of mind stuff to strata and settle into layers or pools. These pools of thought are more commonly called astral planes, astral worlds, astral sub planes or astral realms.
Потсвесниот ум всушност така креира сонови – со влегување во астралната димензија додека телото спие. Додека свесниот ум тогаш се движи низ своите креирани сценарија од сон, луцидниот сон пак настанува кога свесниот ум се освестува дека се наоѓа во илузијата на потсвесниот. За да свесниот ум влезе во астралната димензија, мора да концентрира доволно количество етерична материја. Значи, OBE исксутвото и астралната проекција се резултат на способноста на свесниот ум да влезе во астралната димензија.


Јогата, медитацијата и посветеноста на спиритуализмот како и психонаутиката, допринесува за развивање на таа способност на свесниот ум, да излезе од телото. Но сепак постојат неколку негативни приказни за вон-телесното исксутво, како на пример дека е можно заглавување при враќање во телото, при што остануваш надвор, а телото живее во кататонична состојба. Можеби звучи (или е), неверодостојно, но сепак треба да се има голема доза на претпазливост.

Како и да е, натприродните искуства постојат и ни се на дофат на сите кои би се заинтересирале за нив. Сите ние имаме поголема психичка моќ отколку што користиме, сѐ што е потребно да ја дознаеме е довербата во неа и дружењето преку техники за исклучување на мислите како медитација, фокусирање, концентрација, јога и најважното – љубов.

_________________________________________
Electrypnose -Triste Vie >






Sunday, December 26, 2010

Пласибо ефектот и психоделија (and Cybertherapy)

Психоделијата секогаш за научниците претставувала алтернативен начин за самолечење, и нејзината потреба доаѓа до израз во моментот кога медицината ќе се најде во немоќна состојба. Научниците истражувајќи за лечење депресија, во последно време ја пронаоѓаат поврзаноста на пласибо ефектот и психоделијата.
.
Американскионт новинар Џон Хорген познат по неговите позитивни ставови за ЛСД и корисноста на психоделичните супстанци, како и по неговата книга „the dead of science“; на неговиот блог пишува дека психоделичната терапија всушност ја користи моќта на пласибо ефектот:
.
Psychedelics clearly exploit the placebo effect, but in complicated ways. To make clinical trials of a drug more rigorous, researchers sometimes give subjects in the control group an "active placebo," which unlike a sugar pill has discernable physiological or mental effects, so subjects can't easily tell whether they are in the control group. If psychedelics are placebos, they should perhaps be called hyperactive placebos, because their psychotropic effects are so dramatic.
.
При тоа појаснува и дека гуру моделот на Тимоти - „set and setting“, претставува своевидна психоделична терапија во која трипот е под лична контрола поради првиот дел од моделот - mind-set инстрикциите, кои налагаат личноста да се фокусира на она кое мисли дека треба да го постигне, на пример победување на алкохолизмот, на обсесивна бесконтрола, меланхолија, страв од умирање и тн. Кога оваа психоделична терапија Тимоти ја вметнува во религиска атмосфера (што всушност е вториот дел од моделот – setting во кој тој предлага секој да си измисли своја религија и да се стреми кон Гуру титулата), станува доста логично дека е тој свесен за пласибо ефектот и го ползува преку поставување на моделот за психоделична тарапија.
 
Сајбертарапијата (Cybertherapy = психотарапија преку компјутер) има слична поврзаност со пласибо ефектот давајќи витуелна сигурност која до одреден степен се искористува и во реалноста. Постојат тврдења дека Америка годишно троши 4 милиони долари за сајбертарапија на американската војска. Војниците се пуштаат да се борат во виртуелно ирачко село за да стекнат поголема прецизност.
.
Во секој случај, дали психотарапијата е преку психоделична или сајбер терапија, таа е ефективна само во оние случаи во кои личноста цврсто верува во терапијата, во останатите не. Што значи дека методите се тука само за исползување на моќта на пласибо ефектот.
.
Еве едно видео за биологија на верувањето и, некаде од 3:30 со вклучена фасцинантност на плсибо ефектот:

Friday, December 10, 2010

Фасцинантната реалност на Stewart Swerdlow

Пред некој ден истражувајќи околу mind control things, на интернетов случајно се сретнав со еден импресионирачки лик - Stewart Swerdlow. Тој е автор, лингвист (со способност за зборување на 10 јазици), лектор и најинтересното – менталист. Менталистот како спротивност на спиритуалист, видовид или душевен; е оној кој верува дека освен што може да чита ментални информации, може и да ги изменува. Јас би го нарекол тоа научно фантастична состојба бидејќи гледањето илузиони суштества и силно верување дека се вистински, помагајќи му психички да патува низ времето и да чита умови; е премногу сомнително за нарекување лудост оти едноставно е можно да е воможно, who really knows..
.
Stewart Swerdlow е меѓу 1% од преживеаните во Монтак експериментот во Филаделфија кој во осумдесетите бил изграден од американската влада како таен проект во кој научници експериментирале со мешање гени од различни животни, луѓе и инсекти.. Во еден радио разговор што го слушав рече дека измешале оса и човек, делфин и човек.. и многу слични комбинации. Целта на Монтак проектот била да го вклучат психолошкиот начин на војување на тој начин што ќе откријат специјални психолошки моќи кај суштество кое ќе го контролираат самите во своја корист. Но проектот завршил неуспешно и Stewart бил ставен во затвор за да не зборува за своето минато. Веројатно брзо е пуштен и денес слободно зборува за фасцинантноста од неговото искуство во Монтак проектот. Вели дека за време на проектот го посетувале екстра терестријални суштества кои го тренирале да патува во хиперспејс и низ времето, а и му раскажале многу фасцинантна научно фантастична приказна во која тој верува како неоткриена вистина. Нашето досегашно незнаење на приказната го оправдува со причината дека е како последица од вековното планско програмирање на нашиот ум. Тој денес држи часови за mind control (своја теорија) со што ќе ги репрограмира луѓето. Истовремено држи часови и за патување во хиперспејс.
.
Приказната ја раскажува во радио снимката (поставена подолу за слушање од тука), ќе спомнам неколку важни детали: Планетата Земја порано била втора планета на сонцето и ненаселена заради својата прекумерна ликвидност, подоцна била населена од луѓето кои потекнуваат од Болериан сончев систем кој е многу милиони светлосни години подалеку од овде, но предходно земјава била населена од врста хуманоидни рептилски суштества со кои луѓево од Болериан сончев систем биле во војна и ја присвоиле планетава. Но околу 30 милиони рептилски хуманоиди се сокриле под земја и до денес сѐ уште постојат. Можеби звучи навистина премногу научно фантастично, но тој објаснува детали и факти кои би можело да ја потврдуваат приказната. Освен за ваквата непозната историја на човештвото, и за деталното објаснување за патување низ времето со прилагодување на посакуваната фреквенција на моментот во кој сакаме да присуствуваме; тој зборува и за постоење на сите можности на реалноста, на пример постои реалност во која нацистите победиле во втората светска војна, постои реалност во кој атлантците (луѓе кои ја населиле земјата борејќи се со драгонците) изгубиле во војната и драгонците ја заземале земјата.. Импресионирачки е тоа што сите можни ситуации кои можеме да си ги замислиме како можности, всушност постојат во поединчна реалност за сите. Нешто доста слично како филмот mr.nobody.
.
Инаку додека ја истражував фасцинантноста на Stewart Swerdlow, не можев да не си претпоставам - што ако е човеков e во специфична еволуција креирана од ЛСД ефект, бидејќи е несомнено дека научниците во Монтак врз него експериментирале и со ЛСД кое баш тогаш (во 80-тите) беше доста широко употребувано во тајни експериментални цели. Меѓу другото негде во обаснувањето за поимот ’бог’, Swerdlow спомна дека по смртта нашиот ум кој го користел мозокот како алатка за егзистенција; продолжува со свесно живеење во онаков свет каков што верува дека постои по смртта. Тоа всушност е докажано и со кома состојбата во која умот тогаш егзистира во некој свој свет кој е предходно креиран од личноста. Па така, секое силно верување на својата креација за реалност (дали е тоа според приказната на Swerdlow или било која друга), е постоење на истата реалност во која постоиш и ти, јас, или ние.
>>
Радио снимка со Stewart Swerdlow >>
Reptilians Humans and Illuminati History by outTake



Sunday, August 1, 2010

Екстази - штетни или корисни?

Кога ќе почнеш вистински да ги проучуваш дрогите и сите тие контрадикторности од нив, откриваш еден нов свет кој е сосема различен од оној во кој си живеел за целото време пред тоа. Прашањето што тогаш ќе си го поставиш е: дали откриениот нов свет е всушност вистинскиот во кој сите живееме, а не сме свесни за тоа, или е сосема некој друг?
.
Екстаза е термин за таблета која содржи МДМА – психоактивна хемикалија која дејствува исклучиво врз твојот ум. Го стимулира умот кога во него се случува хаос од различни емоции, во тој дел е корисна. „Но проблемот се јавува кога луѓето почнуваат да ја земаат во моментот кога не им е потребна т.е. кога немаат проблем.“ – вели Rick Doblin (president and founder of the Multidisciplinary Association for Psychedelic Studies (MAPS).) во документарецот Ecstasy Rising од 16:25 до 16:36 мин. (подолу е ставен за онлајн гледање – вкупно 43 мин). Во документарниов филм се прецизно концентрирани сите факти против злобните гласини за дрогите, односно екстазите. Имено, екстази се синтетизирани 1912 год. но дури во 1970 започнала нивната популарност благодарение на Александар Шолган (Alexsander Shulgin), но после 15 години е забранета за произвотство и до денес е илегална. Владата на САД за таа постапка се оправдува со научни тврдења дека екстазите го уништуваат мозокот трајно со спречување на контрола на емоциите и дефект во лачење на серотинот за цели 85%, па дури и добивање на панкресова болест од само една екстаза. Проблемот со веродостојноста на овие трвдења се јавува поради контрадикторноста на научниците, бидејќи до денес се соберени милиони повеќе научни тврдења дека штетниот ефект е само во лачењето на серотинот кое се намалува за само 5% и тоа може да се поправи со апстинација од 2-3 месеци. Екстазите не само што се перфектно неопасни, туку се и потребни на умот во одредени ситуации. Сепак не смеат да се зимаат често, и без вистинска потреба за тоа.
.
Има безброј научни докази дека чиста екстаза може да не биде штетна доколку се научи повеќе за нејзиното дејство и избегнување на штетноста од честото користење. Во овој момент ни доаѓа прашањето: „зошто тогаш екстазите не се легални?“ Во докуемтнарецов подолу има многу прецизно објаснето (неакде од 39-та мин.) дека поради тоа што екстазите се сега улична дрога т.е. илегална, нарко лидерите ги мешаат со ПЦП(ангелска прав), хероин, кокаин, метамфетамин и уште многу дроги кои се енормно штетни за организмот и чија штетност не може да се избегне. Денес на улиците имаме 98% фејк екстази, што значи дека скоро и не постои чиста екстаза, па денес е многу полесно за владата да приложи негативни научни докази со вистински примери. Во ваква ситуација факт е дака денешните „екстазите“ се штетни. Ова ги замолча сите поборци за корисноста на екстазите кои 15 години легално проучуваа и користеа екстази, пример Мајкл Клег од документарецот Ecstasy Rising.
.
Ви го препорачувам докуметарниов филм (Ecstasy Rising) подолу, за сите кои претпочитаат вистински отворен ум во врска со екстазите:



Wednesday, June 23, 2010

Поделба на психонаути (популаризација на дроги)

Поделбите обично асоцираат на конфликт т.е. недоразбирање, бидејќи секогаш се случуваат како резултат на тоа. Но постојат сепак корисни и штетни поделби. Да знаеме да направиме разлика за нештата, некогаш значи дека ние свесно размислуваме и знаеме да ги оделиме вистинските од лажните вредности. Но и вредностите се индивидуална работа, зарем не? А мнозинството има заеднички вредности, па многумина му се придружуваат без да направат прецизна анализа.
.
Психотропните супстанци уште многу одамна ги користеле луѓето во различни цели. Некои од нив решиле да ги популаризираат, сметајќи дека сето тоа ќе оди во полза на луѓето, мислејќи дека тие умеат да извлечат корист од тоа. Тие „некои“ подоцна се довеле до ситуацијата да се прашаат себе си: „дали јас навистина постапив правилно?“. Тоа прашање си го постави и Тимоти на денот на својата смрт, ако го гледате прецизно докуметарецот Timothy Leary’s dead, ќе го најдете делот (зборовите му ги цитира една негова блиска личност). Сомнежот инаку се форимира токму од сознанието за фактот дека мнозинстово започнува погрешно да ги разбира придобивките од психотропните супстанции, токму затоа што паушално ги прегледува нештата, наместо прецизно. Да се изразам поедноставно – се создава ситуација на „глув телефон“ и мнозинството почнува да ја изобличува суштината на првичното појдовно мото на целата реклама т.е. популаризацијата која беше започната од многу психонаути меѓу кои прв беше Тимоти. Исходот т.е. крајниот резултат од популаризацијата беше масовно уништување на човековата стабилна психолошка контрола над својот свесен дел од умот. Токму поради тоа, ЛСД во 1971 година е ставен под илегален статус од конвенциајта на обединетите нации, што значи сеакде во светот е забранета. Денес инаку во Чешка и Холандија е дозволено поседување на одредени дози, но не и нивно препродавање. Како и да е, Тимоти остана несигурен по прашањето дали правилно постапи со популаризацијата на ЛСД, посебно откако Хофман ги обвини хипиците во шеесетите за киднапирање на ЛСД и искористување во погрешни цели.
.
Дојдов до сознание дека всушност постојат два вида психонаути. Луѓето како Хофман и уште многу кои се во тајност, приоѓаат на супстанцијата од научен аспект, детално проучувајќи што може таа да произведе т.е. да ѝ покаже на индивидуата што таа (личноста) може да произведе, односно создаде. Овие луѓе го шират спознаеното околу тоа, на оние за кои се сигурни дека внимателно и исчистени од стереотипи, приоѓаат на супстанцијата (обично тоа се прави на ЛСД конвенциите). Останатите кои мислат дека популаризацијата ќе донесе поголема свесност на мнозинството, пак ја пласираат својата досега неоткриена идеја пред што е можно поголема маса и добиваат статус на легенда. За сметка на тоа, рајата создава култизам кон таа личност и започнува слепо да ги обожава сите негови идеи, не размислувајќи за можна погрешност која би се појавила во различното сфаќање на истите.
.
Нешто слично се случи и со Боб Марли и култ кон канабисот. Се создаде култизмот кон тоа со рекламизирање на знакчето, со форсирање на идеите и песните на Марли и слично. Сето беше популаризациона пропаганда, исто како и со вметнување на ЛСД и други психоделични супстанци, во транс културата како главен потик за доживување на трансцедентални икуства. Проблемот настанува кога рајата и сама ќе почне да си ги доизмислува т.е. модифицира идеите на легендата (т.е. култната личност), па се создава скршнување од почетно претствениот правец, и нели, тоа на крај резултира со апсолутно крахирање и поделување во безброј помали делови т.е. групации кои потоа раснат.. и така понатаму до бескрај.
.
Воопшто не е погрешна постапката на психонаутите кои своите идеи ги пласираат на мнозинството, погрешно е нивното прифаќање од страна на мнозинството кое создава култ и ги изобличува првичните идеи, вметнувајќи ги во транс, реге и слични музички правци. А сето се случува поради навиката на луѓето за паушално разгледување на нештата. Веќе почнувам да размислувам дека паушалното разгледување на нештата, не само што е погрешно, туку е и опасно и штетно! Ако те интересира нешто, или прецизно проучи го, или немој никако.

.
Open your mind. Smiling





Tuesday, June 22, 2010

Македонски психоделични билки (Мандрака)

Многумина психонаути и нивни приврзаници се заинтересирани за експериментација со непознати психоделични билки, кои всушност се сметаат за отровни, но некогаш зборот „отровно“ не мора да означува смртоносно. И меџик машрумс се сметаат за отровни, но со правилна употреба, всушност не се. Како и да е, слободоумните психонаутофили се на вистинскиот пат да станат психонаути со индивидуални искуства преку психоделични сеанси (или магични ритуали) и психоделични напитоци (или древно – волшебни напивки).
.
Се фасцинирав од растението Мандрака кога прочитав дека шкотлаѓаните продаваат паста (смеса) од македонска Мандрака опишувајќи ја како најмоќна магична билка која во магичните ритуали може да му отвори нова перспектива на корисникот, а погрешените патувачи да ги врати во вистинскиот правец. Имено, се припомнува дека оваа македонско растение било инспирација во еден дел од Хари Потер светот. Писателката на Хари Потер – Џоана Џо Ролинг очигледно добро се запознала со македонската билкарска култура.
.
Мандрака е растение од фамилијата Мандрагора, содржи делириант, халуциногеник и тропан. Делирант создава состојба на делириум, халуциногеник додава халуцинации и тропан е биолошки нитроген кој го има во атмосверата 78%. Коренот на растениево традиционално се користи во магични ритуали од неопагански религии: Wicca и Germanic revivalism и религии како: Odinism.
.
Според легендата, кога ќе се извлече од земја коренот, тој вреска и убива се околу него. Така Јосефус од Ерусалим (од 37 год, до 100год од нов век) создал инструкција за извлекување: „Се откопува и се пушта куче да се приврзе со неа, потоа се бега, а кучето ќе го следи човекот но ќе умре и после човекот се враќа и може безбедно да ракува со билката.“
.
Елифас Леви (Eliphas Levi, француски окултен автор и наводно волшебник од 19-ти век) во својата книга „Трансцедентална магија е докторина и ритуал“ има напишано дека Мандрака претставува цел нов график или илустрација на човекот, а особено кај посилните т.е. маженствените луѓе. Ја користеле тесалијанските (област во грција) јасновидци за правење на philtres – љубовна напивка, всушност лесна дрога за зголемување на сексуалната страст. Слична љубовна напивка денес се произведува со традиционална дестилација на боровинки, но тоа е без дрога и се третира како овошно вино. (сега дознавам зошто го љубам овошното вино Сангрија :D ).
.
Многу антички писатели во своите дела ја имаат опишано Мандрака во милион различни перспективи и верувања за лековитите дејства. Старите англо-саксонски билкари имаат рецепт за лечење од „ѓаволска болест“ во кој се зема дел од телото на Мандрака со тежина од три пени и се вари со млеко, па по неколку дена конзумирање, болниот ќе биде излечен. Вартоломеј исто така има рецепт за анестезик со малку изрендана кора на коренот на Мандрака и потопена во вино. Изгледот на растениево е доста сличен со сојузиничкото психотропно растение Беладона, а коренот има форма на морков, но во покрупна форма (од 5 до 20 сантиметри). Во древните книги е опишан во облик на човечко тело или маж со долга брада, но некогаш и со женско тело со многу густа и долга коса.
.
Има и други психотропни растенија кои можат да се најдат во Македонија, на пример: Салвиа Дивинорум, Пејота, Беладона, Морнинг Глори, Датура, Ергон (од јачмен) и уште многу. Овде имате подетално инфо за нивни дејства, форми и слично: ЛИНК. За произведување на психоделични печурки во Македонија, ѕирнете овде: ЛИНК.
.
Open your mind. Smiling


Wednesday, June 2, 2010

Психонаутот во нас

Човекот отсекогаш бил љубопитен за појавите кои не може да си ги објасни. Така настанале и сите религии, тој обидувајќи се да ги појасни необичните појави, употребил имагинација и ги креирал најубавите работи во светот, како умeтноста, науката, технологијата и тн. Целта на пирамидите во Египет сѐ уште е мистерија, најлогична претпоставка би било дека се направени за да овозможат вечен живот на поважните луѓе. Се претпоставува дека за истата цел е создадена и религијата, а во најново време најмногу надеж за оваа прашање дава креониката (постапка за замрзнување на телото и негово будење после многу години за да продолжи повторно со животот) иако таа сѐ уште не е развиена во целост, иднината сепак дава теориска шанса дека е можно. Овие спомнати примери покажуваат како човекот уште од почетокот на своето постоење започнува со креација на научно фантастични идеи поттикнат токму од силната љубопитност за објаснување и проширување на својата психа, односно свест.
.
Психонаут може да биде секоја човечка единка која се занимава со истражување на човечката внатрешна (непозната) психа, односно неговата потсвест.За таа цел постојат повеќе методи:
  • 1. Халуциноген - се користат ДМТ, ЛСД, психоделични печурки, Мескалин, Салвија Дивинорум, Датура и Ипомоеа Триколор или популарно наречено - Морнинг глори. Овие супстанции се земаат за достигнување на менталната состојба на психонаутот.
  • 2. Ритуал - во ритуалот се достигнува променета свест т.е. се набљудуваш себеси од надвор односно како друго лице. Се врши обука за фокусирање и зајакнување на правилната имагинација, желба и замисла.
  • 3. Сон - се практикува луцидно сонување во кое лицето станува сосема свесен дека сонува, па добива можност за свесно управување со сонот, во тој случај се добива чувство дека можеш сѐ. Тогаш се истржува до каде може потсвеста да ни ги исполни желбите. Кога ќе се разбудиш, на сонот се сеќаваш толку јасно што се чувстввуаш дека имаш искуство како сето тоа да е доживеано во реалност. (Мала доза Аманита Мускариа, допринесуваат за појава на ваков сон).
  • 4. Медитација - ослободување на духот со комплетна контрола на телото кое се доведува до хармонично мирна состојба.
  • 5. Молитва - со молење на својата имагинација за нешто кое не постои, почнуваш несвесно да веруваш дека е можно, па самата потсвест понатаму се труди да го овозможи за да продолжиш со верувањето. И ако достигнеш ниво за набљудување на сето тоа од страна, ќе истражуваш до каде може потсвеста да ги покаже своите способности.
Психонаутика е древна практика за проширување на свеста истражувајќи ја потсвеста. Таа е основна преокупација на шаманите, ламите од Тибетскитата Будистичка традиција и древните водичи во длабоки спиритуални искуства. Денес се повеќе за нeа се интересираат психолозите и научниците со што би ја искористиле за лекување на психички болни и за напредување на технологијата и науката воопшто.
Психонаутството користено од самостојна единка, претставува можност за откривање на својата моќ, односно себе си, проследено со импресионирање и изразување на креативно ниво.
За подобра духовно еволуциона иднина на човештвото и себе си, станете пољубопитни за себе и за она што ве опкружува!

Open your mind. Smiling
_______________________________________________________
Дпполнително инфо:
Познати психонаути низ историјата биле:
* William S. Burroughs
* Peter Carroll
* Carlos Castaneda
* Aleister Crowley
* Ram Dass
* Antonio Escohotado
* Albert Hofmann
* Aldous Huxley
* William James
* Jack Kerouac
* Ken Kesey
* Timothy Leary (TIMOTHY LEARY)
* John Lilly
* Terence McKenna
* Robert Monroe
* Grant Morrison
* Daniel Pinchbeck
* Alexander Shulgin
* Alan Watts
* William White
* Robert Anton Wilson
На ФБ постои страница каде дел од постов го употребив како инфо. Welcome >> ПСИХОНАУТ

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More