“We can build a new tomorrow, today.”~Brian Molko
Постојат луѓе кои повеќе ги сакаат животните отколку човекот и секогаш би му помогнале ако видат повредено или гладно животно, отколку тоа да го сторат на човечко суштество. А на другата страна постојат луѓе кои не би помогнале ниту на гладно куче ниту на гладен човек, а можеби и тие две гладни нешта ги гледаат како едно исто. Што ни е побитно, е малку субјективна тема, но „како да се помогне“ е можеби и општо прашање?
1. Најпрво за луѓето. Како и зошто? Навистина не се сложувам дека некој треба да им даде нешто материјално на бездомниците, оти на нив им треба вештина во пронаоѓање пат до храната т.е. заработување. Секој човек има потенцијал во себе и ако сака некој да му помогне треба само да му го пробуди или поттикне потенцијалот. Ја знаеме онаа кинеска поговорка: наместо да му дадеш риба научи го сам да ја лови, така ќе му помогнеш за цел живот. Друга страна на приказнава е и малце подискутабилна бидејќи бездомниците не сакаат да учат, а не може некој насила да ги натера оти е рамно на терор. Но тука сепак постојат психолошки методи кои се трик а не сила, што значи можно е да се извади потенцијалот на виделина. Тоа е единствениот начин на кој навистина ќе му се помогне на беспомошен човек. Но сега добиваме прашање „зошто“ – затоа што е човек! А штом е човек општеството може да има ќар од него, сите сме зависни еден од друг, сите си помагаме индиректно незнаејќи го тоа.
2. Го разбирам до некаде и револтот кон алудирање на заштита на животните, затоа што тогаш обично се прашувам што е разликата меѓу куче и прасе? Зошто таа организација што штити животни не ги штити сите туку едните ги привилегира, а другите се дозволени за касапење. Овде всушност и делумно постои одговор, но истиот е од психолошки карактер и кога човек ќе го слушне ќе сфати дека всушност нивното спасување или штитење не се заснова на жал, туку на заштита на психата на луѓето. Еве го психолошкиот одговор: животните што ги јадеме се дозволени за касапење затоа што тоа е нужно, и тоа зборче потсвесно го користиме како оправдување пред својата совест, психа, морал, за да истите ги зачуваме. Но кога ќе почнеме да измачуваме животни кои не ги јадеме, ни се добива нарушување во моралот кое се зголемува со тек на време и некогаш може да се случи да се убедиме дека може и човек да искасапиме т.е. дека не е голема разликата – тогаш доаѓа крајното психичко пореметување. Значи ако заштитата на животни се случуваше од жал и правда, ќе се заштитуваа сите, но во овој случај мислам дека постои психичка основа, т.е. сочувување на моралот и чистата совест.
Во реалноста сите продаваат некоја жалност кон животните, споредувајќи ги со луѓе бидејќи имаат душа. Не викам не, лично ми е жал кога животно се мачи, и сакам да му помогнам бидејќи така си помагам себе си т.е. на својот морал и одржување чиста совест, а можеби и оти сакам да си ја мирољубивостта во себе. Имам хрането кучиња пред Веро во 4 саат преку ноќ со хамбургер купен преку улицата во насока на плоштадот и, се чувствувам убаво поради тоа. Сум им давал и пари на циганчиња, едно од нив често доаѓаше токму кога ми завршуваше смената од работа и си муабетевме по патот и секогаш му давав по десет денари. Тоа е мој избор и не велам дека треба секој да го прави, а најмалку е потребно да создаваме омраза и насилство кон луѓето кои немаат чувство за животните, бидејќи сметам дека:
- во моментов многу повеќе ни недостасува амбицијата да пружаме помош, отколку да осудуваме и наштетуваме на луѓе кои не пружаат помош.
0 comments:
Post a Comment