Saturday, January 3, 2009

Изработка на Dreamcatcher

Dreamcatcher претставува предмет направен од врбово дрво во вид на обрач кој е исплетен со лабава мрежа од конец и на обрачот се закачени најнежни перја и монистри.
.
Тој е всушност индијански симбол кој претставува фаќач на соништа. За првпат е забележан кај индијнските војници кои биле во конфликт со други нации (веројатно европејци) во 1960-та година. Веројатно тогаш го искористиле и како заштитник. Имено на прв план dreamcatcher симболично има улога да ги дели добрите сонови од лоши, така што лошите се задржуваат во мрежата, а добрите поминуваат и се спуштаат надолу низ перјата и монистрите за да влезат во слиперот односно спанкото или спијачот.. сеедно!
.
Луѓето отсекогаш биле склони кон разни верувања, тоа ги прави духовни суштества, ги возвишува нивните хоризонти, им дозволува да летаат насекаде.. Среќни се оние со црвста имагинација и верба во истата. Сите ние (некој свесно некој несвесно) веруваме дека старите работи, оние кои ги чуваме во „фиоката за убави работи“, оние кои нè потсеќаат на нешто убаво, оние кои симболизираат нешто што го сакаме и во што веруваме, оние кои се направени со љубов и за љубов; се непроценливо вредни!
.
Dreamcatcher има најубава замисла за симболизирање! Нели? Smiling Cool

Сега изработката:

Најпрво избираш некој убав сончев ден и тргнуваш до најблиската жална врба, ќе ѝ скинеш едно од гранчињата што висат кои најчесто се долги од три до пет метри. Го умотуваш гранчето во круг со произволна големина и потоа го врзуваш со цврст конец за кругот да остане во форма на обрач и кога ќе го пуштиш. Потоа го моташ обрачот со кожна лента, еве слика:
.
Потоа, откако ќе го замоташ обрачот со со кожна лента, земаш цврст бел конец и ја почнуваш мрежата. Не му се плашете на плетот оти стварно е лесен. Јас порано како мал учев да плетам џемпер со „прав плет“ (тој наједноставниот) и доста е интересно. Еве ви слика:
За дополнителна лекција за детали на плетот разгледајте на овој линк (КЛИК)
Во плетењето ставате манистри, нормално, по желба. И го завршувате плетот, еве вака:
Е сега откако ќе завршите со обрачот, останатото е лесно, од една страна врзувате кожни ленти колку сакате (јас врзав три јазли) кои ќе служат за закачување пердуви и од карши т.е. од горе врзувате една лента која ќе служи за закачување на ѕид. Еве слика:
После е крајната фаза: врзување пердуви на лентите, со конче нормално. И толку, готов е. Еве ви слика од мојот:
Дец ди енд..

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More