Saturday, December 13, 2008

Волја


Ете, најдов време да размислам како тоа се губи волјата за живеење. Многу пати сум се соочувал со таквото прашање и воопшто не сум можел да смислам одговор. Тезата дека нештата треба да се доживеат за да се сфатат, сепак не е точна во целост(секако, и онака не постои апсулутна вистина), баш поради фактот дека јас иако го доживеав тоа, пак немам логично објаснување, всушност секогаш сум збунет пред тоа прашање.

Вчера го прочитав расказот што е линкиран на истиот збор. Знам дека нема да го читате оти е енормно голем и башка на српски(а беше и на латиница туку јас со помош на блогерските опции го ставив на кирилица), но ете таму го најдов логичниот одговор на прашањето кое ја бара причината за исчезнување на волја за живеење. Имено, во расакзот се дава слика на едно општество во кое луѓето еволуирале во бесмртни со помош на некој пронајдок и имаат изглед на дваесет и неколку годишни. Сме освоиле неколку планети и сме ги населиле и нели с
è што е типично за научна фантастика. Туку главниот лик од расказов си има мака со волјата за живеење. Тој е најстар жител на планетата Земја и има 57 века проживеано. Арно ама, самоубиствата се забранети со закон и човеков започнува да ја разубедува комисијата да го дозволи самоубиството приложувајќи значајни аргументирани факти со кои навистина секој би се сложил на неговата молба. Човекот докажа дека губењето на волјата за живеење се зголемува правопропорционално со зголемување на меморијата и спомените. Имено тој беше ценет бидејќи и самиот порано бил член на комисијата што го забрани самоубиството, па дебатата беше на пријателска база. Дојдоа до заклучок дека за да не се изгуби волјата за живеење треба да се форматира односно избрише целата човекова меморија за да тој почне нов живот полн со желби, без да мора да умре односно да се самоубие.

Натрупувањето на невкусни спомени во кои лежат заробени сите загуби во неговиот живот, му ја одземаат волјата колку и да е таа голема, сепак меморија од 57 века не е малку. Откако комисијата го заклучи проблемот, реши да не го поништува законот за забрането самоубивање и да се фокусира на наоѓање начин за бришење на меморијата на луѓето. Очајникот се налути оти не беше прецизирано времетраење на решавање на проблемот.. можно е да трае милион години, си мислеше. Но решението се донесе доста брзо и веднаш беше еспериментирано врз него. Тој ја изгуби мемориајта и остана со празнина во мозокот. Почна да учи да збори, имаше андроиди кои го хранеа, имаше пелени на себе, за првпат ги чуствуваше предметите околу себе, чувството на насмевката.. имаше многу желби меѓу кои и да си спие со мечето играчка. Беше среќен! Господата од комисијата успешно си ја завршија работата и знаеја дека истото ги очекува и нив кога ќе го достигнат потребниот број години, но воопшто не беа загрижени поради својата меморија како првиот пат. Сега знаеја дека тоа е решението за нов живот полн со желби и надежи..

Тука се подразмислив колу е убаво да живеев сега во тоа општество. За жал, додека не го измислиме фантастичниот начин за бришење на меморијата и нестареење на телото, ќе остане оној наш традиционален начин за форматирање на меморијата со поништување на телото..
Расказот беше во книгата СФ ГАЛАКСИЈА од Гаврило Вучкович(во неа има собрани раскази од повеќе странски писатели) што ја симнав по препорака на пријател.

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More