Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Wednesday, January 7, 2009

Телема

Сите ние го правиме она што ни е волјата, сѐ до моментот кога некој потајно ќе ни ја замени волјата со неговата волја. Тогаш завлегуваме во заблудна положба и продолжуваме со неа сѐ до моментот кога по некое чудо на случајноста, ќе се освестиме. Случајноста за која зборувам, всушност во истиот момент и е, и не е случајност. Но јас би се задржал на темата „Волја“ или на грчки – Телема (θελημα).
.
Дали некогаш подлабоко сме се запрашале: „дали го правиме она што ни е волјата?“ е исто толку важно колку и она што воопшто нема значење, а уште помалку важност. Значи, прашањето нема важност баш поради тоа што кога ќе подлабоко ќе го анализирате зборот „волја“, тоа самото ќе си се одговори, па ќе нама причина да го поставите. Всушност волјата има закони кои е потребно да ги дознаеме токму за да ги разликуваме од останатите закони и на тој начин да дознаеме дали го правиме она што ни е волјата.
.
Постои книга „книгата на законот“ напишана од Алистер Кроули во 1904 год. Во која е развиена филозофија на живеење наречена Телема. Книгата се сведува на две главни фрази:
.
„Прави го она што ти е волјата и тоа нека биде цел закон!“
„Љубовта е закон, љубов под волјата.“
.
Да го правиш она што ти е волјата, емитува многу пошироко значење, а самото тоа значи доволен потик за да се почне анализа која ветува појаснување. Ако го подразгледаме малку вториот дел од првата фраза („тоа нека биде цел закон“), веднаш ќе ни светне дека можеме да правиме што сакаме и дека не треба да следиме други закони. Тука ќе сме делумно во право т.е. ќе сме во право само со вториот дел од реченицата („не треба да следиме други закони“), оти можеме да го правиме само она што ни е волјата, а нашето чувство за морал ни ги одредува законите на волјата.
.
Втората фраза крие мистична тајна. Имено, на грчки, зборот „волја“(телема) и зборот „љубов“(агапи) содржат иста нумеричка вредност. Со тоа треба да заклучиме дека универзалната волја има љубовна природа.
.
Алистер Кроули (родено име Едвард Александар Коули) е роден пред 134 години и скоро четири месеци. (на 12 –ти октомври 1875 год.). Книгава ја напишал за три дена (осми, девети и десети април помеѓу полноќ и еден часот), а врз основа на филозофијата што ја развил за Телема, се создала и истоимена религија која на ист начин како христијаните – Крисмас (Christmas), овие слават Кроулимас (Crowleymas). Заштитниот знак на Телема го креирал самиот Алистер кој претставува хексограм на кој додал пет листови од ружа, што наликува како петолисна детелинка. Алистер има доста интересна биографија која доста обемно е претставена на македонска википедија, па можете таму поубаво да го запознаете, или уште поубаво го има опишано еден блогер (линк тука).
.
Нашата волја е управувана од нас самите. Колку повеќе се познаваме самите себеси и својата свесност за нештата, толку повеќе ќе ги познаваме законите на нашата волја.

Saturday, January 3, 2009

Timothy Leary (и моќта на умот)

Сите имаме лоши моменти во животот. Имаме кошмари и кога сме будни. Некогаш и сами влегуваме во депресивни периоди поради истражување на депресивниот дел од нашиот ум. Нели, тој има сѐ, тој знае сѐ, тој може сѐ! Ние само треба да знаеме кој дел да го избереме за користење. Но често, избирајќи меѓу добриот и лошиот, се случува да ги измешаме поимите(од премногу соживување со истите) и на крај да не можеме да распознаеме добро од лошо и обратно. Нашиот ум може да биде многу опасно орудие, доколку се одлучиме да го користиме за таа цел. Но, поради тоа што не сме истражувале на ова поле, ние одлучувањето го правиме несвесно. Што значи дека за свесно одлучување потребно e аналитичко истражување на способноста на нашиот ум.
.
Еден познат психолог, доктор по психологија и професор на американскиот универзитет Харвард – Тимоти Лири (Thmothy Leary), целиот свој живот го проучуваше човечкиот ум и неговите лавиринти со помош на халуциногени супстанции. ЛСД, мескалин и псилоцибин предизвикуваат најпогодни халуцинации за визуелно прикажување на умствените лавиринти и нивната содржина сочувана со векови во кодот на енергијата на нашата душа и префрлувана од едно во друго тело надградувајќи се. Тимоти има изјавено (подолу е видеото со изјавата) дека откако во Мексико случајно за првпат во животот пробува меџик машрумс (халуциногени печурки), сознава многу повеќе за психологијата отколку тоа што досега (веќе педесет години) го има научено во своето школување како доктор за психологија. Оттогаш активно започнува со истражување на халуциногени супстанции од кои ЛСД –то му станува омилено за проучување поради неговата огромна моќ. Потоа започнува проект финансиран од владата со кој ќе се обиде да го докаже позитивното дејство на ЛСД врз човекот. Проектот содржи испитувања и анализи на однесувањето на луѓе кои доброволно се согласиле да земат ЛСД. Испитувањето било вршено најчесто на војската и затворениците. Работејќи на проектот, Тимоти исковува цврсти теории за позитивното дејство на оваа халуциногена супстанција. Но владата набрзо го прекинува финансирањето поради тоа што ЛСД -то не се покажало корисно за војната. Всушност владата имала скриена цел – да го употреби ЛСД –то како тајно оружје против непријателот, имено, тогаш Америка била во војна со Виетнам. По прекинувањето на проектот, Тимоти со својот колега од харвадр Ричард Алперт, тајно продолжува со истражувањата, по што и двајцата ги суспендираат од Харвард. Потоа станува водич на неколку компании за истражувања и употреба на ЛСД и меѓу луѓето започнува да пропагира позитивности на ЛСД како на пр. водич кон духовен напредог т.е. надградба на духот. Со помош на проектот за истражување на позитивното дејство на ЛСД, Тимоти заедно Алперт и Ралф Мецнер, ја пишуваат книгата “Психоделично искуство” (The Psychedelic Experience) која е базирана на тибетска книга на мртвите. Еве мал цитат од неа:
.
“Психоделичното искуство е патување во нови димензии на свеста. Обемот и содржината на искуството е неограничен, но неговите карактеристични функции се трансцеденција на вербални концепти, на просторно-временски димензии, на его или идентитет. Ваквите искуства на зголемена свест може да се јават на различни начини: сензорски лишувања, јога вежби, медитација дисциплинирани, верски или естетски екстази (занеси, воодушевувања), или спонтано. Неодамна тие стануваат достапни секому, преку земање на психоделична дрога како ЛСД, psilocybin, mescaline, DMT , итн Се разбира, овој лек не произведува трансцендентно искуство. Тоа едноставно делува како клучна хемикалија која го отвора умот, го ослободува нервниот систем на обичните шеми и структури. “
.

Тимоти го завршува својот живот на 76 години (од 1920 до 1996) и зад себе остава импресионирачка биографија и дваесетина книги кои содржат важна едукација за ЛСД дејство и неговото искористување за позитивни цели.
.
Ви ја препорачувам книгата „Твојот мозок е господ“ и…. лебдите со отворени умови.
.






.
Open your mind. Smiling


Изработка на Dreamcatcher

Dreamcatcher претставува предмет направен од врбово дрво во вид на обрач кој е исплетен со лабава мрежа од конец и на обрачот се закачени најнежни перја и монистри.
.
Тој е всушност индијански симбол кој претставува фаќач на соништа. За првпат е забележан кај индијнските војници кои биле во конфликт со други нации (веројатно европејци) во 1960-та година. Веројатно тогаш го искористиле и како заштитник. Имено на прв план dreamcatcher симболично има улога да ги дели добрите сонови од лоши, така што лошите се задржуваат во мрежата, а добрите поминуваат и се спуштаат надолу низ перјата и монистрите за да влезат во слиперот односно спанкото или спијачот.. сеедно!
.
Луѓето отсекогаш биле склони кон разни верувања, тоа ги прави духовни суштества, ги возвишува нивните хоризонти, им дозволува да летаат насекаде.. Среќни се оние со црвста имагинација и верба во истата. Сите ние (некој свесно некој несвесно) веруваме дека старите работи, оние кои ги чуваме во „фиоката за убави работи“, оние кои нè потсеќаат на нешто убаво, оние кои симболизираат нешто што го сакаме и во што веруваме, оние кои се направени со љубов и за љубов; се непроценливо вредни!
.
Dreamcatcher има најубава замисла за симболизирање! Нели? Smiling Cool

Сега изработката:

Најпрво избираш некој убав сончев ден и тргнуваш до најблиската жална врба, ќе ѝ скинеш едно од гранчињата што висат кои најчесто се долги од три до пет метри. Го умотуваш гранчето во круг со произволна големина и потоа го врзуваш со цврст конец за кругот да остане во форма на обрач и кога ќе го пуштиш. Потоа го моташ обрачот со кожна лента, еве слика:
.
Потоа, откако ќе го замоташ обрачот со со кожна лента, земаш цврст бел конец и ја почнуваш мрежата. Не му се плашете на плетот оти стварно е лесен. Јас порано како мал учев да плетам џемпер со „прав плет“ (тој наједноставниот) и доста е интересно. Еве ви слика:
За дополнителна лекција за детали на плетот разгледајте на овој линк (КЛИК)
Во плетењето ставате манистри, нормално, по желба. И го завршувате плетот, еве вака:
Е сега откако ќе завршите со обрачот, останатото е лесно, од една страна врзувате кожни ленти колку сакате (јас врзав три јазли) кои ќе служат за закачување пердуви и од карши т.е. од горе врзувате една лента која ќе служи за закачување на ѕид. Еве слика:
После е крајната фаза: врзување пердуви на лентите, со конче нормално. И толку, готов е. Еве ви слика од мојот:
Дец ди енд..

Импресија (и свесноста)



Толку многу магија има во тоа зборче што ме збунува комплетно во одлуката од каде да почнам со нејзиното откривање. Човекот врз светот и с
è околу себе, па и врз себе, дејствува на два начина: свесно и потсвесно. Свесното дејство кога се раѓа е премногу мало, но со растење на човекот, расте и свесноста за неговото дејствување. Сепак она што се крие во неговата потсвест и го диктира несвесното дејствување, е во многу поголеми размери кои досега никој не успеал да ги измери(но важно е да се спомне дека многумина се обиделе токму со помош на халуциногени супстанции).

Зборот “магија” заменува голем дел од она што не ни е јасно, па не случајно го употребив да ја опише содржината во зборот “импресја”, бидејќи импресијата е контролирана токму од човековата потсвест. Но човекот преку соодветни анализи и истражувања, доаѓа до откривање на голем дел од своето потсвесно дејство. На тој начин се здобил со позитивни и негативни добивки. Негативните се што ги открил кодовите (т.е. начинот на создавање и перципирање) на зборовите чија содржина се опишува често со зборот магија и создава импресии, па со нивно декодирање, ја губи можноста за повторна појава на импресијата.. Сепак позитивните се сосема задоволителни, со нив се ослободува од секакви стравови и ја прекинува можноста за било какво понатамошно создавање на комплекси, знаејќи дека стравот го креира неговата потсвест, т.е. самиот тој.

За поимот “импресијa” е потребно да се анализира до одредена граница која е поставена откако е соберена доволна количина на информации кои ќе ни ја детектираат импресијата веднаш по нејзино појавување при што ќе ја вреднуваме повеќе отколку предходно кога не сме знаеле какво е тоа чувство и дали ни е потребно.

Ако речам: “ја сакам заради импресија”, јас навистина мислам дека таа умее да создава нешта кои моите мозочни електро бранови, ги регистрираат како импресии, иако таа не е сосема свеса за тоа и може да ме регистрира како фанатик. Разликата меѓу аналитичарот и фанатикот се состои во нивото на свесност за поимот импресија. Фанатикот чувствува необјаснива магија во неограничена форма, додека аналитичарот при импресионирање ја собира онаа количина до границата која само ќе ја детектира импресијата и ќе ја перципира како значајна емоција.

Импресијата по дефиниција е високо доживеано чувство, силен впечаток. Таа е еден од моите омилени поими, бидејќи без неа, животот би бил бесмислен, но не секој е свесен за тоа. Импресијата е она за кое одлучивме да се родиме! При живеење собираме секакви искуства, емоции и импресии и умираме со богата жетва, но само ако сме свесни за тоа.

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More