Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Showing posts with label Brannon Braga. Show all posts
Showing posts with label Brannon Braga. Show all posts

Sunday, January 29, 2012

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

.

"I'm sorry, Commander,
but I've learned we can't afford to die here, not even once"
-- Dr. Bashir (Battlelines - епизода од Star Trek: Deep Space Ninе)


Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија. Веќе знаеме дека Стар Трекот во оригинална смисла на зборот создаде не еден туку голем број на нови светови па дури и нови јазици (како клингонскиот), но ако го погледнете документарецот Трекис ќе се изненадите колку е всушност огромен светот на Стар Трек фановите, впрочем е неспоредлив со никоја друга група фанови! Документарецот е во режија на Роџер Нигард (Roger Nygard) во 1997, и раскажува за Стар Трек конвенциите и разговор со фановите. Denise Crosby е водителката која ги интервјуира фановите и Стар Трек глумците, она што таа ќе го колектира, забележи и обработи во филмот околу стар трек фанатизмот е зачудувачки импресивно.

Филмов е посветен на DeForest Kelley кој беше во улога на доктор во оригиналната Стар Трек серија во шеесетите и кој е починат во јуни ‘99-та година. Kelley во документарецот ќе сподели неколку негови искуства од конвенциите, тој се сеќава на првата конвенција во ‘72 –рата година кога фановите се договориле да соберат пари да платат доста скап хотел и да ги викнат глумците за да споделат импресии и искуства околу феноменот Стар Трек. На тој настан се собрале близу 400 луѓе кои буквално го блокирале хотелот и лифтовите, тоа било навистина огромен фанатизам кој ги импресионирал дури и глумците, тие велат се чуствувале како Бителси. Kelley раскажува и дека добил Џоинт во кутивче пратено по пошта од девојка која му била голем фан, таа и му пишала дека тој навистна многу пати ја запалил (еротично), па џоинтот му го праќа како благдарност за тоа.

.Има една интересно бизарна случка кога на една конвенција после настапот на Кју глумецот, бидејќи тогаш бил доста болен, водата од чашата од која пиел веднаш ја купил некој фан за 60 долари и ја испил. Рекол: „ I got the Q virus!“ .
Бранон Брага (Brannon Braga), копродуцентот на Стар Трек сериите Војаџер, Дип Спејс и Ентерпрајз раскажува за еден фан кој на адресата на Стар Трек праќал писма, разгледници и пакети со списанија и приказни околу него и тоа секој ден цели 10 години! Еден доктор, исто така фан, од својот фанатизам својата болница ја направил во вистинска стар трек вселенска станица, медицинските сестри што работат таму, имаат специјална Стар Трек униформа од кои една не ја сакала униформата и плачела со недели околу тоа, но тој ѝ рекол дека мора или нема да работи тука, па на крај прифатила!

Една интересна приказна раскажува и James Doohan (починат во 2005-та) во стар трекот познат како Скоти кој во оригиналната серија од шеесетите беше во улога на инженер кој се грижи за техничкиот дел на бродот. Имено, добил писмо од некоја разочарана девојка која рекла дека сака да се самоубие и дека тој ѝ единственото нешто што го сакала во животот. Тој веднаш ѝ одговорил и рекол дека сака да ја запознае на конвенција за две недели. Се запознале и зборувале околу тоа, така на секои две недели во секоја стар трек конвенција по светот тие двајца се среќавале и тој ѝ зборувал позитивни нешта за животот, така после 2-3 години, таа одеднаш на снемало и после 8 години му пишала писмо дека му е премногу благодарна бидејќи токму на овој ден таа дипломирала електронска инженерија. Тој вели дека секогаш кога раскажува за ова, му насолзуваат очите и мисли дека тоа е најдоброто нешто што го направил во животот.
You have to be smart to connect science with the imagination!
Со овие зборови капентанот на Војаџер - Џенвејн, ја опишува научната фантастика како жанр. Таа е прв капетан од женскиот пол и секогаш е полна со вистински авторитет. Со улогата во филмот создава слика на еднаквост меѓу мажите и жените. Раскажува дека често била поканувана од фановите да ги омажува/оженува на свадбена церемонија..
Стар Трек креацијата е веќе половина век традиција на фановите, не знам колку точно конвенции се одржани, но имајќи во предвод дека на секои две недели по светот се одржува по една, тогаш бројот е огромен. Таму фановите се дружат меѓу себе и со глумците разменувајќи искуства од случки околу тоа. Стар Трек во овие педесет години од своето постоење, беше потик и охрабруваше многу фанови да почнат кариера во НАСА или да ја засакаат вселената на посебен начин, како и да научат многу нешта околу неа. Стар Трекот е дефинитивно најневеројатно нешто воопшто излезено од филмската индустрија.



.
== Трекис 2 ==
.
Во 2003 –та се лансира документарецот Трекис 2, каде за разлика од првиот кој беше само за Америка, овде е опфатен целиот свет, фанови и нивниот начин на живот во повеќе европски земји, Австралија и Јужна Америка. Овде се појавуваат и Стар Трек бендови каде песните им се инспирирани од сериите. Нема некои посебно импресионирачки приказни во Трекис 2, можеби луѓето во дваесет и првиов век се помалку креативни во фанатизмот.. Се спомнува и дека Џин Роденбери за времето кое го потрошил креирајќи стар трек, можел да создаде вистински транспортер на молекули, иако постои и сега, но на многу мала маса. Транспортерот, мобилните телефони, бук ридерите и уште многу форми на технологија, воопшто не постоеле пред да бидат популарни Стар Трек сериите. Идеите за денешнава технологија во најголем дел се земени од таму.

Вториот документарец се базира главно на тематиката дали фанатизмот се пречекорува, дали е тоа веќе ненормално и им штети во нормалниот живот на фановите, дали тие всушност имаат нормален живот или персоналитетот им е изгубен во самиот фанатизам. На тоа има повеќе одговори кои се различни меѓу себе. Можеби тоа зависи од индивидуалноста, можеби навистина е лошо да се изгубиш во фанатизмот трошејќи огромно време само за да уредиш куќа во стил на стар трек брод, или да свириш во стар трек бенд, да колектираш прескапи колекции од Стар Трек предмети.. Но од друга страна има случаи каде фанатизмот многу им помогнал во градењето на животот, некои интервјуирани фанови во предходниот документарец од ‘97 –ма, сега станале графички дизајнери во НАСА, и многу други примери на луѓе кои ја засакале астрономијата благодарение на Стар Трек.

Мислам дека уметност во животот, е да знаеш да се излажеш себе си за големината на нештата! Колку повеќе уживаш правејќи го тоа, толку подобро за тебе бидејќи тоа се едначи со импресија. Животот ти е исполнет, знаеш зошто живееш!


Live long and prosper \\//
__________________________________________

Rod Stewart - Faith Of The Heart >

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More