Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Sunday, December 21, 2014

Копирајт? Звучи како право за копирање, а всушност е забрана за копирање

Живеам за денот кога на копирајт појавата ќе се гледа како голема грешка. Егоистична појава која ја кочи еволуцијата. Зар е битно кој е авторот на некое уметничко дело, патент, музика, филм, книга? Јес да земе кредит за учинатото добро дело, ама нека земе од донации, а не со сила. Демек ако не платиш не ти учинувам добро дело.

Па која е логиката истото креативно дело да се вика уметност или креативност во тој случај? Зошто да му се дава воопшто таков авторитет на делто или авторот кога во тој случај е само бизнис и ништо повеќе. Верувам во иднината ипак. Колку и да звучи контроверзно, сигурен сум дека после којзнае колку години ќе се освестиме дека копирајтот е една голема грешка и, во некои случаи ептен нелогична и нефер појава.

Thursday, November 27, 2014

Маркетинг еволуција

Разлика меѓу пропаганда и промоција:

Пропаганда пропагира односно проповеда вистини за кои нема докази туку само силно верување. Пропаганда врбува, протнува идеали низ исушени мозочни ќелии.

Промоција е промовирање односно покажување на гледиште, агол, постоење. Промоција е да речеш „еве јас што направив, па вие како сакате“.

Во модерниот маркетинг целосно се исфрла поимот 'пропаганда' и се воведува 'промоција' затоа што луѓето се посвесни од порано. Доказ дека луѓе не еволуираат во паметност, туку во свесност.

Thursday, June 5, 2014

Зошто медиумите стануваат сè поглупи и поглупи?

Сте приметиле нели? Порано медиумите (телевизиите, весниците и сајтовите) имаа огромен авторитет и стравопочит од самата публика, да речеме пред само 5-6 години веб страните беа најмалку 200 пати поквалитетни од денес, се грижеа за публиката, се грижеа за секој еден посетител и се обидувуваа да го направат задоволен. Што се смени?

Едноставно е, ако ја барате критичната точка од која започна целата промена таа несомнено е стационирана на самиот момент на популаризирање на социјалната мрежа - Фејсбук. Со појавата на  фејсбук се изменија стандардите на посетеноста кај сајтовите. Патем, ќе се задржиме на сајтовите бидејќи тука имаме најмасовно поглупавување на медиумите - односно најголема негрижа кон читателот односно посетителот. Но зошто?

 Живееме во време на популизмот, каде секој има шанса да стане инстантно популарен ако знае популистички трикови и ако работи на популизмот 24/7. Ова ни е познато нели?

Едно треба да знаете - никој не е глуп, ниту неписмен. Проблемот се парите - ги нема доволно па сите се отепуваат од работа и поради тоа се исцрпени и ненормално изреволтирани, а кој го јаде стапот? - Публиката. Дали случајно сте се запрашале колку статии се постираа на сајтовите пред 5-6 години, дневно? Тоа беа максимум десетина статии. Клиентите кои се рекламираа на сајтовите беа задоволни со многу малку кликови, денес со подемот на популизмот клиентите бараат огромни кликови - ова резултира со зголемување на работата на сајтовите која од десетина статии дневно рипна на 60-70 статии на ден. Тоа е стандардот, инаку сајтовите што имаат поголем буџет пуштаат и по над 100 статии дневно. Овие цифри ги има Грид.мк и сајтовите со најголем буџет се владините и соросоидните.



Сега е јасна причината зошто денес се практикува квантитетот наместо квалитетот? Е сега, последица на ова е токму поглупавувањето на медиумите. Ако го анализираме сето ова хронолошко збиднување на нештата, ќе си речеме - епа Фејсбук е крив за сè! И блоговите ги уништи Фејсбук, а да не збориме за форумите. Епа не е баш така. Фејсбук е само учесник, како и сите ние, вистинскиот виновник е несвесноста на сите нас, а најмногу на клиентите.

Дали знаете дека клиентите немаат поим кој сајт колку посети има? Најголем дел од клиентите (кои се рекламираат нели) не ни сакаат да знаат, значи не им е битно. А до што води ова? До неправда, сајтови со врски имаат банери од самото нивно раѓање односно од денот кога се вклучило онлајн. Други пак со години имаат најголеми посети и се во првите 5 или 10 во Македонија, а уште немаат никаков банер, ниедна маркетинг агенција не им дава банери. Зошто е тоа така? Затоа што маркетинг агенциите си имаат свои сајтови и парите си ги распределуваат тука, а зошто би ги давале надвор кога клиентот нема поим за посетеноста? Добро не сите секако, ама доста голем дел од нив се такви или намерно замижуваат поради матни зделки.

Ова може малку изгледа дрско, ама самиот маркетинг е всушност дефиниција за дрскост и нехуманост. Дали знаете дека маркетинг агенциите бараат дури 50% од вредноста на банерот за да ти го дадат на твојот сајт? Еве слободно отидете во некоја маркетинг агенција и побарајте банер, ќе ви речат ќе ти дадеме ама 50% од парите што ќе ти ги пушти клиентот ќе ни ги дадеш на нас. И пак не ти даваат банер ако не си „нивен човек“, односно со силни врски кај нив.

 Оваа вистина ја знае секој сопственик на сајт во Македонија, а ги има милион - сите молчат.


Friday, April 18, 2014

Поемата “Oh, the Places You’ll Go!”

.
From there to here, and here to there, funny things are everywhere.
~Dr. Seuss
Во четириесет и деветата минута пред крајот на филмот Fracture, се појавува една фасцинантна поема од книгата “Oh, the Places You’ll Go!” која e напишана од Theodor Seuss Geisel, потпишан како Dr. Seuss. Инаку во филмот поемата ја чита глумецотRyan Gosling. Книгата издадена под стандардниот интернационален број: ISBN 0-8335-5129-9 е последната книга која е објавеа пред неговата смрт. Прв пат е публикувана од Random House токму на денешен ден – 22-ри Јануари, 1990 год. Напишана во класичен стил како Green Eggs and Ham и The Cat in the Hat; Oh, the Places You’ll Go! има повеќе специфични карактери вклучувајќи и наратор и читач.
.
.
  • Do you dare stay out?
    Do you dare go in?
    How much can you lose?
    How much can you win?
    and if you go in, shoud you turn left or right?
    Or right and three quarters?
    Or maybe not quite?
    You can get so confused that you’ll start in to race
    doqn long wiggled roads at a break-neckint pace
    and grind on for miles
    across weirdish wild space
    headed i fear towards
    a most useless place
    - the waiting place.
    for people just waiting.
    Waitint for a train to go
    or a bus to come
    or a plane to go
    or mail to come
    or the rain to go
    or the phone to ring
    or the snow to snow
    or waiting around for a yes or a no.
    Or a string of pearls
    or a pair of pants
    or awig with curls
    or another chance.
Патем, замисли си да загледаш филм и да го стопираш за да ја препишеш поемата во него која те фасцинирала и згора на тоа да дознаеш дека истата била издадена токму истиот ден во кој го гледаш филмот (22 јануари), само 22 години предходно т.е. во 1990 год. Isn’t that fascinating?

Интернет цензура во Македонија

Чудно е како луѓето наоѓат начин да ги уништат оние кои се поразлични од нив, според еден документарец тоа ни е програмирано во потсвеста. Но може ли да го измениме? Секој програм може да се хакне,  но не секој може да го направи тоа. Како и да е, едно е сигурно – повеќето од нас сакаат.
Во Македонија додека ние ја уживаме слободата на нецензуриран интернет, се крчка нов закон за цензура на интернетот кој овој пат го знае точно каде е off копчето на интернетот. Во статијата што ја преведував пред еден месец за обраќањето на таткото на интернеотот, Тим Бернерс –Ли, на конференцијата на W3 фондацијата; јасно се укажува проблемот од тивкото трансформирање на децентралзираниот интернет во централизиран. Такви се случаите во Иран, Саудиска Арабија, Северна Кореа, Кина.
Откако им пропадна идејата за ценура на децентрализираниот интернет, неколку држави во светот решија да го централизираат со тоа што ќе воведат закони за цензура само за нивната територија. Предлог законот во Македонија чие второ читање ќе биде на 9 октомври (вторник) оваа година, се заканува значително да го промени начинот на кој ќе блогираме и на кој ќе функционираат сите веб сајтови и интернет провајдери во Македонија. Ова значи дека нашите блогови и сајтови можат да бидат исклучени без судски кога некој се пожали, а тоа е значително уништување на огромен број сајтови и блогови кои во моментот слободно ги шират инфомрациите. Тоа значи дека ни се забранува основното човеково право – слобода на говор. Зарем сакате да бидеме како источните полудемократски земји каде одредени зборови се забранети со закон?
Ова значи дека јас како сопственик на сајт и слободен блогер би требало да внимавам на секој збор кој може да биде толкуван како навреда, па дури и тој збор да се појави во коментари, а со тоа ќе мора да ги исклучам коментарите од инстантно прикажување и да ги модерирам 24 часа на ден. Па дури и покрај тоа постои можност сајтот и блогот да ми бидат исклучени б ез предупредување, само доколку некој се пожали.
Јас не сакам ваква сајбер иднина, ова би нанело неверојатно голема штета на слободата на македонскиот сајбер простор и достапноста на информациите која во моментов ја уживаме. Затоа ќе се приклучам кон иницијативата на SkopjeHackLab:

Saturday, May 26, 2012

Чекори

„Небесна музика рика
од згасливата боја на денот
пеат двата мои јазика
Во очите закрилена птица
сон им сонува вечен.“
-Драган Арсовски – Арсо (Чекори)
.
„Чекори“ е едно мало книжуле кое е збир на поетска литература од неколкумина избрани поети и поетеси од Куманово. Ова парче поезија е испечатено од едно креативно и амбициозно друштво „книжевна младина – Куманово“ или скратено КМК, во 1986 година. Тогаш кога на овие простори имало таков рај на кој и американците му подзавидувале.
.
Пред неколку недели случајно ја најдов оваа книга во мојата огромна библиотека претрупана со комунистички дебели книги кои без никакво двоумење би ги поклонил на луѓето од чистота и зеленило кои ми ги празнат кантите пред куќа; ако ми дозволеше тактко ми секако, арно ама работите се малку поинаку поставени.. Имено оваа купиште комунистичка книжина татко ми ја здиплил кога му се распаднала фирмата, оти тогаш целата библиотека која била во сопственост на фирмата била исфрлена буквално во ѓубре, па кој што стигнал од вработените си зачувале нешто за по дома. Сепак во тоа купиште од пропаднати идеали јас пронајдов доста убава прозна и поетична литература која си ја оделив во посебна преграда. Таму ја најдов книгата Чекори, а овде ја опишувам импресијата од тоа книжуле.
.
Во суштина е една обична поетска збирка која во пердговорот ја објаснува иницијативата, залагањето и почетоците на македонската книжевна амбициозност која се шири и развива од еден круг на луѓе расположени да ја рашират потребата од овој креативен поттик кај младите. Од предговорот се гледа истата потешкотија во медиумското претставување на уметноста која постои и денес, а веројатно и ќе постои сè додека не ги здружиме силите за едно заедничко претставување, или не станеме attention whore како што со многумина и се случи. Отсекогаш тоа ми било посакувана тематика за истражување: зошто мора да постои валкан лед кој треба уметниците да го пробијат? Зошто пробивањето на тој лед се состои од станување attention whore која ќе треба да има разработено бизнис план и која истиот ќе треба да го реализира во реалност? Што после од таквиот уметник? Мислам дека Македонија самата си ја убива уметноста ставајќи ги уметниците во таква ситуација да мораат од себе да направат билборд, наместо како што во Америка целото издаваштво на една книга го покрива издавачка куќа, а предходно е секако одбрана темата и конкурентите се слободни да аплицираат на таа тема. Ние изгледа несвесно си ги протеруваме нашите уметници од државата..
Како и да е, еве дел од предговорот од Чекори:
Пркосејќи на сите потешкотии, неминовни кога се прават првите пионерски чекори, книжевната младина на Куманово успешно опстојува трасирајќи патеки кои нудат широки можности да се чекори и трага низ своите поетски видици, да се препознава добрината таа да биде цвет и име на човештвото. нејзините раце да го водат срцето и умот на светот кој, ако поезија не може да го измени – барем може да го разубави. Битисувањето на човекот на овие простори отсекогаш било следено и величено со една повозвишена мисла, преточена во уметнички стих или во прозаичен збор. Тој „уметнички стих“ во себе може да го подразбира и самото тежнеење да се твори, како и творбата што е резултат на оваа желба, ако не е веќе уметност, барем е чекор поблиску до нејзиното крајбрежие. Ние зачекоруваме, а вие можете да ни се придружите во овој наш ôд со ваши чекори.
На оваа книга всушност ме потсети човекот кој го организираше денешното поетско читање во Куманово каде беа присутни тројца блогери од blog.mk и уште многу поети и луѓе на кои им се допаѓа таквата литература. Човекот се вика Бобан Богатиновски и меѓудругото е исто така истакнат поет. Беше воодушевен кога му спомнав дека ја имам Чекори дома, оти рече тоа е една меѓу првите иницијативи да се соберат кумановските поети на едно место. Мислам дека и тој има учевствувано во таа книжевна младина на Куманово иако немавме време за поширок муабет на таа тема, а бидејќи ми ја побара книгата да ја види, во следната прилика секако ќе му ја подарам, оти мислам дека нему повеќе ќе му причинува задоволство да ја има, отколку мене бидејќи секако не сум бил ни роден тогаш.
.
Митко Гогов, Снежана Стојчевска и Стефан Марковски, мило ми е што слушнав дел од вашите песни и разменивме неколку зборови и се надевам ќе бидам на промоцијата на првата книга поезја од Снежана која мислам дека треба да се случи на 30-ти овој месец во МКЦ. Главно фини луѓе и фин настан и, во иднина верувам дека ќе се случуваат уште многу вакви чекори од новата книжевна младина на овие краеви.

Фанатичка држава

„Многу пениси никнаа, вагиналната манипулација не игра во Македонија. Штета.“
- @VidanaDeSign
.
И Фашизамот во суштина ја зацврснувал својата моќ со помош на фанатизмот, тоа во минатото најдобро го знаел Берне, човекот кој се фасцинирал од моќта на фашистичката демократија во Германија и решил истата да ја инсталира во Америка, сo таа разлика што бидејќи знаел дека насилното манипулирање со луѓе во иднина не би успеало, се решил да ги натера самите да се изманипулираат себе си, со тоа ќе им го инсталира фанатизмот. Еднаш предходно објаснував како го направил тоа.
.
Денес ја прочитав вчерашната колумна на Венко „Реклами за кои нема стварност“, и се фасцинирав од неговата аналитичко-психолошка моќ премногу слична како онаа на Берне, внукот на Фројд. Таму како и во сите негови колумни (освен онаа против атеистите), толку професионално ја објаснува заблудата која не му се допаѓа, а ја шири онаа од која има корист. Тоа нешто всушност има име и се нарекува лицемерие. Сепак тоа денес е практично неопходно за успехот оти е всушност самата негова основа.
.
Патем, пред да продолжам, сакам да потенцирам дека ја признавам и почитувам таа огромна и професионалната психоаналитичка моќ на Венко и Берне, и веројатно оваа аналогија меѓу нив двајца е еден огромен коплимент за Венко.
Во вчерашната колумна тој вели:
Кажано со речникот на постмодерната семиотика – тоа се мета-реклами, чија цел не е да се рекламира производот (тој и не постои), туку да се рекламира самото рекламирање, а преку него и оној што го финансира и организира. Станува збор за таканаречените кампањи, од кои никој нема корист освен оние што ги дизајнираат и ги наплаќаат кај нарачателот, а Владата на РМ е еден од најредовните нарачатели и зависници од ваквиот тип реклами. [...]
Овој цитат можам слободно да го наречам аксиома на денешницата во Македонија. Целосно се сложувам со искажаното, но бидејќи (дал господ што би рекле верниците) имам прилично јака меморија која понекогаш знае и Хипермнезиски да изгледа, забележав дека ако овој цитат се спореди со неговата колумна од пред неколку дена која се викаше „Заем на книгата“, ќе може прилично јасно  да се види таа огромна лицемерност на нашиот најуспешен писател во Македонија – Венко Андоновски.
.
Имено (или безимено, сеедно), во колумната „Заем на книгата“ тој гордо ја искажува својата рекламна визија која и те како би им помогнала на нашите конзервативни издавачи. Тој всушност нуди идеја за истата таа метареклама која ја објаснува во цитатот погоре велејќи дека за да некој ја купи книгата, всушност треба да дојде по писателот, тука ја објаснува потребата на тоа воздигнување на еден писател до небеси, знаејќи дека нашиот народ многу полесно се фанатизира или електризира на луѓе од кои зрачат со параметри како: успешен, убав, елегантен, фален и високо рангиран од видни општествени структури, извор на позитивна енергија, харизматичен и тн; отколку да се привлече поради самиот квалитет на производот т.е. нивното дело. Ова Берне го инсталираше во Америка уште во шеесетите, трикот беше во тоа што ќе се направи бренд кој и да продава само воздух внатре во опаковката, тој пак ќе се купува. Народот е овца.
.
.Венко во „Заем на книгата“ ја предложи оваа идеја на метареклама (прилогот „мета“ во семантиката всушност означува дуплирање и се користи обично за критички осврт врз нечија критика, па тој осврт се нарекува метакритика) поради тоа што реално ќе успее и на тој начин ќе се спаси таа криза во издаваштвото која владее во моментот. Иако јас и сите футуристи и љубители на e-ink технологијата, имав друга теорија, сепак е тоа еволуциона и без сомнение ќе се случи, додека оваа со предлогот на метареклама т.е.  да се направи бренд од авторот и луѓето да му ја купуваат  книгата само поради тоа, е всушност револуциона и анализирајќи го примерот на Берне, несомнено е дека ќе успее.
.
Разликата во овие две колумни на Венко, освен лицемерието околу метарекламите, постои и нешто многу поинтересно, тоа е онаа нешто со кое кога јас се сертнав во средно кога го обработувавме романот „Разбој“ од Владо Малески, и го нарекуваме „добрата лага“, а Американците – white lie. Ова во споредбата на двете колумни се гледа во нивните поенти, во „заемот на книгата“ поентата е да се помогне да издаваштвото користејќи ја таа метареклама чиј успех е на погон на фанатизмот; додека во вчерашната колумна „Реклами за кои нема стварност“ поентата е да го посочи недостигот на здрав разум во билдањето бренд на оваа влада, бидејќи за таа цел владата троши пари на народот, а за тоа  добива доверба од народот, што во суштина е исто како она народната „со свој камен по глава“.
.
Единствениот спас од оваа иронична трагедија заснована на фанатизмот, е меѓу народот да се зајакне токму она што го посочи Венко во својата својата колумна „Реклами за кои нема стварност“, а тоа здравиот разум и свесноста како превентива од заблуди и фанатизмот кој може да ни наштети. Единствено не знам дали и тој е свесен дека со тоа всушност ги убива неговите идеи за брендирање на авторот, но мислам дека треба да биде, затоа што свесноста има единствено еволутивен карактер (во нивоа, или вертикално), додека фанатизмот, идеалите и заблудите се од револутивен карактер (земски, хоризонтално). Понатаму е сепак индивидуалено правото дали ќе избереш револутивно дејствување користејќи го таквиот фанатизам кој очигледно го имаме во доста големи количини во овие краишта и ќе уживаш во кратката слава; или ќе го избереш ширењето на свесноста и здраворазумното размислување со што ќе се подигне општата свесност, а со тоа и еволутивниот раст на овој чуден и засега универзумски осамен вид  – човекот.

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More