Monday, January 16, 2012

Дали сте среќни?

"There is only one success - to spend your life inyour own way."
- Christopher Morley


Можеби најчудното прашање со кое се соочив во животот беше: „среќен ли си“. Чудноста беше во самиот момент на сериозност во кој беше поставено, a навистина дотогаш не бев размислувал толку сериозно за среќноста. Не знаев дали треба да направам калкулации за неколку години наназад, или битен е само моментот во кој е поставено прашањето. Инаку прашање го постави едно, тогаш најмило суштество, но за мене секогаш ќе остане мило. Можеби сум склон на идеализирање на милите нешта, којзнае.
На интернетов има милион статии со истиот наслов, некои промовираат совети за среќност, други искажуваат политички ставови алудирајќи на општата несреќност поради системот и функционалноста на државата. Но во главно и двете немаат некоја цврста врска со поимот Мислам дека прашањево може да има и доста јака психолошка страна, бидејќи отвара повеќе дилеми: дали се мисли на моменталната среќа и ако да тогаш зошто не користиме хемиски стимуланти за среќа? Или можеби важен ни е целиот живот, ако да, дали можеме да искалкулираме неколку години од минатото и резултатот да си го признаеме, искрено?
Други фактори во прашањето доаѓаат од филозовска страна: што би преземале за да си ја подобриме состојбата на среќата, и всушност треба ли, дали е навистина битно да се биде среќен? Некогаш забележувам и повеќе различни среќи, на пример уметникот е среќен и задоволен со себе поради својата уметност, додека мејнстрим луѓето се среќни поради пари, скапа кола, скап мотор..
Решив да направам анкета со прашањето: „дали се сметате за среќни?“. Анкетата се наоѓа од десна страна на блогов (горе веднаш под видеото), па слободно дадете го својот глас за да разрешиме неколку дилеми и да донесеме заклучок на оваа тема кој ќе следи во пост кога ќе заврши рокот за гласање. Во моментов има преостанато уште 16 дена од вкупните 37 кои подоцна ги смалив на 18. Па повелете, искажете се. :)

(види десно горе, под видеото)

Update:
Резултатот:
Анкетата праша дали луѓето се сметаат за среќни, траеше 18 дена и за тоа време гласале 61 човек.
50% од нив гласале позитивно,
24% негативно,
14% со „не знам“,
16% со „зависи од моментот“ и
8% со “mehhh”


0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More