Saturday, January 21, 2012

Нашите сонови


Пижамите се искинале
на деловите од мене
што не сонуваат повеќе.
(ckrtac)

Секој има сон и истиот тој сон за некого е реалност, а за некој – само сон. Планетава е исполнета со милион приказни и тоа од најбедните па до најуспешните, секому од нас му е поделено по една приказна за да ја живее и по една за да ја одглуми во животот. Обично таа што ја живее е прилично победна од таа што ја глуми, но тоа се случува затоа што луѓето толку си го сакаат својот сон што повеќе не им е битно дали е изглумен или жив – битно е да го дофатат.
Некои луѓе одбиваат да глумат и никогаш не ги дофаќаат своите соништа, а тоа чувство страстно ги задоволува. Таа чистост, таа поетичност. Иако многумина од нив воопшто не го размислувале тоа сепак поетичноста е составен дел од нив, а тоа некако во чувствата ги допира сите останати. Како мали се воодушевуваме на приказните од бабите и дедовците, оти во тие приказни има цели животи, одживеани. Тие се како души што се раѓаат при самото нивно раскажување, бидејќи тие остануваат да живеат и после смртта на човекот кој ги живеел. Оттаму се раѓа поетиката на животот, а луѓето кои не ги дофаќаат соништата не се ништо поразлични од другите едиснствена разлика е што се посвесни за драмскиот елемент во животот(т.е. поетиката), кој кај сите останати доаѓа на крајот, пред самата смрт и, немаат време да го живеат. Сепак дискутабилно е прашањето и дали воопшто треба да се живее тоа нешто.
.
Здружување на соновите е можеби најбитен чекор за нивното исполнување, бидејќи нечија реалност за некого е сон. Но ако го одглумиш, тогаш здружувањето би било само лутање низ глумата, сè до еден ден кога или сето ќе ти здосади или ќе срасне како дел од тебе. Радоста од неговото исполнување е најголема кога сонот со неуморност го чекаш, единствено ризикот е што истиот можеби никогаш нема да дојде.
.
Соновите често знаат да изумрат и да се родат други на истото место. Поетите тогаш се прашуваат каде одат умрените сонови, дали постои рајот на соништата, а ние сепак ние ги оставаме неколку метри под земјата и продолжуваме со поход кон новиот. Нашите сонови се наша приказна, а нашите приказни се нашиот сон сонуван некогаш пред да се родиме, можеби и во минатиот живот, којзнае.

Еве едно видео за животните сонови на “другите“ луѓе:
.


0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More