Сите проблеми се решаваат, освен еден - проблемот кој е виновен за постоење на сите можни проблеми. Ланецот нели, може да се искине со сила, но сè додека постои можност повторно да се линкира, јасно е дека ланецот е неуништлив. Едно нешто што отсекогаш изгледало неуништливо е проблемот на интернетот, а денес се чини толку едноставен за уништување.
Што е проблем на интернетот? Некои тоа го нарекуваат интернет пиратерија, други проблем со споделување, трети плагијат на идејата, четврти разно. Она што е битно да се напомене е дека постои проблем на интернетот кој ги засега сите што го користат. Зошто? Затоа што ако постои легално „крадење на идејата“, тогаш постои шанса и твојата да биде „украдена“. Наједноставниот начин на крадење идеја беше споделување линк кој ти го пратил некој друг. Тоа беше крадење на неговата идеја, неговиот труд за пронаоѓање и импресија од тој линк кој е всушност информација. Ова денес воопшто не се смета за крадење туку за споделување информации, но пред некоја година и те како се сметаше. Во тоа време беше во подем сајбер фраерлукот кој го полнеше своето его со туѓи објави на информации или креативни творења, на интернет; под свое име или ник. За среќа, денес како резултат на еволуција луѓето се свртеа на другата корисност од интернет споделување - за општа информираност и за заработка од тоа. Природно се изгради некоја компензација: ние ти даваме информација, ти ни ја билдаш посетеноста а тоа ни носи пари од закачените реклами.
Но проблемот со интернетот и понатаму не престанува да постои. Се појавува една нус појава или сајд ефект од онаа компензација при споделување информаци, а тоа е самата валидност на информацијата. Корисноста од бесплатноста на информацијата е дека истата може да стигне до повеќе луѓе, но сајд ефектот е дека додека се пренесува таа се изобличува. Во пракса добиваме ефект на глув телефон. Но нестабилноста на информациите всушност е многу мал проблем, бидејќи не можат да се изобличуваат до бескрај, оти постои сопка од реалноста која е всушност контра информација. на тој начин сегашноста го исправува својот точен и прецизен тек од нужното искривување при пренесување. Нешто слично како отпорното дејство на кабелот кој пренесува струја, па се ставаат засилувачи, односно негови неутрализатори. Но сепак проблемот на интернетот ни од далеку не е решен.

Оваа појава може лесно да се елаборира: во нашето општество авторитетите се поделени по хиерархија. Станува збор за поимот авторитетност толкуван според англиското зборно или говорно подрачје бидејќи е различно со нашето, кај нас авторитетноста повеќе се толкува како обична ценетост меѓу луѓето, ценетост во вид на неизвалкана чест што е нели вообичаено кај источните народи. Тоа полека се менува и се прилагодуваме на авторитетноста според моќ. Ваквите авторитети се поделени во хиерархија и меѓу нив постојат и такви чија функција е да го наметнат општиот вкус на луѓето, на пример, за литература, тоа се вирвните критичари, со дипломи од најценети или најавторитетните универзитети; за наука тоа се научници кои се школувани исто во најавторитетните универзитети. Оттука е јасно дека сè што знаеме и сè што сакаме, е вградено во нас преку општественото структуирање кое создава авторитети кои треба да ги следиме. Значи прашањето дали сакаме цензуриран интернет според ACTA договорот или сакаме слобода каква што инетрнетот ја има во моментов, впрочем е еднакво со прашањето дали сакаме полека да се задржиме на оваа манипулативно демократско уредување на општествениот систем или да еволуираме во анархистично уредување во кое вредноста на нештата ќе се вреднува според личен вкус, а не наметнат од куп истомисленици кои претставуваат моќ или авторитет над другите.

Од друга страна ништо не е така едноставно како теоријата. Ваквото еволуирање на системот секако е подложно на жртви, оти индивидуалноста е страшна работа, таму можеш да се изгубиш, но можеш и да се пронајдеш. Доаѓање до решението на проблемот на интернетот е како минување низ навидум непроодни патишта за да се дојде до асфалтираниот, преку кој ќе се стигне до морето во кое секој ќе плива во посакуваната насока.
0 comments:
Post a Comment