Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Showing posts with label интернет. Show all posts
Showing posts with label интернет. Show all posts

Friday, April 18, 2014

Интернет цензура во Македонија

Чудно е како луѓето наоѓат начин да ги уништат оние кои се поразлични од нив, според еден документарец тоа ни е програмирано во потсвеста. Но може ли да го измениме? Секој програм може да се хакне,  но не секој може да го направи тоа. Како и да е, едно е сигурно – повеќето од нас сакаат.
Во Македонија додека ние ја уживаме слободата на нецензуриран интернет, се крчка нов закон за цензура на интернетот кој овој пат го знае точно каде е off копчето на интернетот. Во статијата што ја преведував пред еден месец за обраќањето на таткото на интернеотот, Тим Бернерс –Ли, на конференцијата на W3 фондацијата; јасно се укажува проблемот од тивкото трансформирање на децентралзираниот интернет во централизиран. Такви се случаите во Иран, Саудиска Арабија, Северна Кореа, Кина.
Откако им пропадна идејата за ценура на децентрализираниот интернет, неколку држави во светот решија да го централизираат со тоа што ќе воведат закони за цензура само за нивната територија. Предлог законот во Македонија чие второ читање ќе биде на 9 октомври (вторник) оваа година, се заканува значително да го промени начинот на кој ќе блогираме и на кој ќе функционираат сите веб сајтови и интернет провајдери во Македонија. Ова значи дека нашите блогови и сајтови можат да бидат исклучени без судски кога некој се пожали, а тоа е значително уништување на огромен број сајтови и блогови кои во моментот слободно ги шират инфомрациите. Тоа значи дека ни се забранува основното човеково право – слобода на говор. Зарем сакате да бидеме како источните полудемократски земји каде одредени зборови се забранети со закон?
Ова значи дека јас како сопственик на сајт и слободен блогер би требало да внимавам на секој збор кој може да биде толкуван како навреда, па дури и тој збор да се појави во коментари, а со тоа ќе мора да ги исклучам коментарите од инстантно прикажување и да ги модерирам 24 часа на ден. Па дури и покрај тоа постои можност сајтот и блогот да ми бидат исклучени б ез предупредување, само доколку некој се пожали.
Јас не сакам ваква сајбер иднина, ова би нанело неверојатно голема штета на слободата на македонскиот сајбер простор и достапноста на информациите која во моментов ја уживаме. Затоа ќе се приклучам кон иницијативата на SkopjeHackLab:

Wednesday, April 4, 2012

Електронски или хартиени книги?


Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет, па дури и повеќе читаме преку монитор или дисплеј отколку од класични хартиени книги, секако ако анализираме општо читање на сè, не само на литература. Тогаш, дали ова сознание не ни пресликува некоја визија за тоа што нè очекува во иднината на ова поле? Или можеби е само фатаморгана ефект?

Секако, хартиената книга има чувства во себе, има специфичен мирис, ја поседува нашата навика за блискост и омиленост, со еден збор - има душа. Но прашњето е дали ние свесно сме подготвени да ја жртвуваме практичноста рационалноста, духовниот утилитаризам и меѓусебната синергија од поврзаност; во замена за едно наше носталгично чувство кое го оправдуваме само затоа што ни е омилено, не барајќи никаква практична причина за тоа?
Можеби доволно не ги знаеме главните предности и маани на една книжевна форма наспроти друга? Let's face it:

  • Електорнските лесно се копираат и се споделуваат на интернет, па од нив не може да заработи ни писателот.
  • Хартиените се скапи за печатење, поради што позади нив треба да стои колона од корпорации и бирократи кои ќе заработуваат од трудот на писателот.
  • Електронските бараат Амазон Киндл кој вреди минимум 5 илјади денари (ако имаш среќа некој да ти го донесе, оти поштарината е изгор, иако во еден форум не велат така).
  • Хартиените зафаќаат голем простор и не можеме во секое време да ја најдеме онаа книга што ќе ни притреба.
Подетално, едно по едно:
1. Електронско издаваштво не може да заработува поради постоење на пиратеријата. Овде доаѓаме и до тоа дилемата дали писателот треба или не треба да заработува од својата книга, односно дали уметноста е производ за на пазар? Многумина ќе одговорат „Да“, посебно бирократите кои се нели чиновници на некој систем т.е. строги формални луѓе, ајкули, луѓе без тронка индивидуалност. Зошто? - Затоа што не сакаат да им се сруши системот кој ги рани, оти без него тие се ништо. Но од друга страна поборниците на пиратеријата, споделувањата, третирањето на уметноста како општо добро наспроти селективно; ќе речат дека на светот му е доста од материјализам! Интернетот е најновата алатка за една хипи еволуција која почна со првите сајберпанкери за да еден ден конено го „асимилира“ целиот свет. Останува уште едно прашње: кој е мотивот на писателите да пишуваат, ако не парите? Ова би го одговорил со контра прашање: а кој а уметност заслужува да се нарече уметност ако се продава? Еве ја дефиницијата од википедија: „Можеби најконцизна дефиниција е најопштата - дека поимот уметност се однесува на сите креативни и творечки дејствија на човекот, со исклучок на дејствата директно поврзани за опстанокот и репродукцијата.“
Еден цитат на комедичарот од минатиот век, Бил Хикс:

"I do not believe making money in order to consume goods is mankind’s sole purpose on this planet. If you’re wondering what I believe our purpose on this planet is, I’ll give you a hint…it has to do with creating and sharing."
Згора на сè, и околината ни е почиста =))
 

2. Хартиените се скапи. За да се испечати тираж од 400 примероци писателот треба да даде нешто повеќе од 30 илјади денари, што значи еден ганц нов лап топ. Но порано не било така, јас имам огромна колекција на југословенски и македонски книги, никоја од нив не е печатена со пари од писателот. Денес демократијата дозволува секој да испечати книга, со што се губи и квалитетот т.е. не игра никаква улога оти се битни само пари и маркетинг. Од друга страна корпорациите како издавачките куќи и книжарите заработуваат од трудот на писателот само затоа што му прават маркетинг. Без нивниот маркетинг, јавноста не ја цени испечатената книга и поради тоа никаде не се продава, така да би било лудо да платиш за печатење а да не платиш за маркетингот, иако всушност за маркетинг не се плаќа директно туку со тоа што нема да земеш пари книгите кои ќе ти ги продаде издавачката куќа или ќе земеш некој мал процент, зависно од договорот кој се заснова на твојата славност т.е. потенцијалниот капацитет за продажба.
Која е стратегијата на корпорациите што се занимаваат со овој бизнис? Еве еден цитат:

Anyone who studies economics is introduced to the Book Strategy. There are 3 stages to it: Hardback, Airport and Paperback. To briefly explain it, big publishing companies release the book in a Hardback for €30*. They keep them as solely hardback books until they feel they have exhausted the amount of people who will spend that much for it. Then, they re-release it as the Airport version and charge €20* for it. Once again, they keep this version of it out for this price and exhaust the market on people who will purchase it for this price. Finally, once that market has dried up, they release it one last time as a paperback and charge €10* for it. They then leave this book on the market indefinitely.
* Note: These prices are just examples. [...]
3. За да се чита електронска книга потребен е ридер нели. Еден од најпознатите и последно произведени ридери е Амазон Киндл од кој најефтината верзија е 79 долари но поштарината е многу скапа ако наручуваш сам. Сепак постои огромна причина зошто оваа инвестиција се исплати:
Ако сакаме да читаме нешто пообемно од магазини и интернет статии, тогаш ридерите кои имаат е-ink технологија се десет пати подобри од оние што користат TFT (Thin Film Transistor-Liquid Crystal Display) или LCD (Liquid Crystal Display) технологија која ја имаме на компјутерите, таблетите и телефоните. Малку инфо: разликата TFT и LCD е во тоа што TFT е една подобрена варијната на LCD со додавање на TFT (Thin Film) квалитет на сликата. Читањето е подобро преку TFT но сепак ни приближно не е исто како e-ink технологијата која е целосно идентична како хартија од единствена причина што екранот не произведува светлина. Имав експериметирано со угасено светло во собата и ридерот е црн, не може да се чита, но со малку светлина (дури и од свеќа), тој е перфектно видлив за читање дури и појасен од хартија. Тоа е револуционерна технологија која може во целост да ја замени книгата освен нејзиниот мирис но тој е само навика која многу лесно ќе се искорени од идните генерации.
.
Патем, Амазон Киндл може да живее цел месец со едно полнење на батеријата, иако зависи колку често се користи, ако од него се слуша музика секој ден, тогаш ќе трае околу една недела.
Scheme of the E Ink technology. Legend: 1 upper layer. 2 transparent electrode layer. 3 transparent micro-capsules. 4 positively charged white pigments. 5 negatively charged black pigments. 6 transparent oil. 7 electrode pixel layer. 8 bottom supporting layer. 9 light. 10 white. 11 black.
4. Хартиите зафаќаат простор и непреносливи се. Во еден ридер можеш да сместиш цела библиотека, а и полесно се наоѓаат бараните наслови. Иако нашиов македонски менталитет не дава никаква мотивација за преведување и електронизирање на книги, сепак тоа е друга приказна..
Еден цитат од расказ на С.Ц.

Ми велеа - не може да биде исто пишувањето на хартија и она во компјутерот, во виртуелниот простор. Впрочем, таму и не постојат букви, само долги низи на единици и нули, маскирани во букви, зборови, приказни... Им велев - сосема е исто, впрочем, буквите на хартија не се букви, ами само разлеани молекули мастило врз целулозно соединение. Или пак распрскани микронски парчиња графит, по истата таа површина. И сета таа разлеаност или распрсканост се маскира во исти или слични приказни... Единствената ралика е што кога некој пишува на хартија, за објава на напишаното ќе треба да пружи по некоја сексуална услуга на дузина административки(бирократки со почесни титули). А не се сите способни до толку да се жртвуваат. Јас барем не сум. Ја немам таа способност. Ниту пак способноста за пишување на хартија... [...]
Факт е дека хартијата е убава, но и дека никогаш нема да ги победи предностите на електронската книга читана од e-ink технологија. На страната на хартиајта станува само нашата навика од минатото и еден куп бирократи и корпорации. Прашањето е дали ние свесно сме подготвени да ја жртвуваме практичноста рационалноста, духовниот утилитаризам и меѓусебната синергија од поврзаност; во замена за едно наше носталгично чувство кое го оправдуваме само затоа што ни е омилено, не барајќи никаква практична причина за тоа?
.
Иднината е пред нас!
.

Thursday, March 15, 2012

Блогерајство и blogirame.mk

„Блогер не се раѓа, блогер се создава“ ~ iskric
.
Размислувајќи искрено, блогот има далeку попрактична намена од социјалните мрежи како твитер и facebook, од едноставна причина што константно ја оддржува актуелноста на постовите или објавите, освен тоа има предност во сопствено менаџирање и лесно доаѓање до објавите преку гугл срч, а со тоа нели ги чува и ги прави подостапни до било кој читател; додека социјалните мрежи нè ограничуваат и нè унифромираат во слична унформа со сите членови на мрежата, а со тоа мора да признаеме дека индивидуализмот е одамна убиен и единствено што се цени е униформата на групата во која припаѓаш. Баш во последно време се забележува дека корисниците на социјални мрежи кои никогаш немале блог или сајт, паралелно се префрлуваат на користење и на еден од овие сродни сервиси за да изградат цврст индивидуализам и идентитет, а и поголема достапност и сигурност на својата објавена содржина, што е можеби и најважната предност.
.
По распадот на блогерајот поради добро познатиот технички хаос кој го оставија Трендо и Јурук зад себе и си продолжија со нов сајт како ништо да не се случило надевајќи се дека народот има кратка меморија, што се испостави дека е вистина; луѓето кои имаат нешто да кажат се изгубија по странски платформи. Во суштина исто како да престанаа да постојат. Од тука добивме идеја да се направи фејсбук страница и твитер профил со наслов „Македонски блогери“ каде што автоматски и паралелно ќе се обајвуваат постовите на сите пријавени блогови и тоа ќе биде како еден агрегатор и замена на она што го имаа Македонските интернет корисници - шанса на едно место да ги прочитаат новите случувања во полето на уметноста и секојдневните вести и мислења од алтерантивен аспект т.е. од аспектот на обичниот граѓанин. Тоа испадна доста успешен проект и статистиката е дека fb страната минатата недела ја отвориле и прелистале 4,989 луѓе што значи дека собирањето на Македонските блогови повторно на куп е доста потребно и за читателите и за самите блогери. Единствено што недостига за да ја замени платформата blog.mk (во смисла на навика за посетување) беше агрегирање на последни коментари бидејќи тоа преставува движење т.е. дека се случува некаква интеракција, дружење и директно разменувањае мислења. Затоа решивме да подигнеме сајт каде што сето тоа ќе го реализираме, но за жал и после неколку напорни тест обиди, цели две години не успеавме да направиме ништо конкретно.
.
Сепак за среќа пред некој месец конечно се појави сајтот за оваа намена - blogirame.mk. Се надеваме на успех во зацртаната цел, а тоа е нели да биде нешто поразлично и попрактично од досегашните обиди за заедничко блогирање и директно разменување мислења.
.
Вечерва на радио МОФ во емисијата Подкаст беше соберен дел од тимот на blogirame.mk, каде се разговараше за новите идеи, планови и предизвици кои му претстојат на овој нов агрегатор на блогови. Еве ја целата снимка од радио емисијата:

.
извор на сликата: http://komunikacii.net


Saturday, March 10, 2012

Избрзан активизам

Неопопуларност е интересна појава, се однесува на популарноста на виртуелни никови или имиња од социјалните мрежи како фејсбук и твитер, а оваа популарност со себе носи и огромно влијание врз голема група корисници на социјалната мрежа. Тоа има огромен удел во активизмот организиран онлајн, бидејќи првите иницијатори се токму популарните корисници на твитер, оние со над 2000 следбеници да речеме. Но во последново време (поточно денес) забележувам дека онлајн активизмот не само што беспотребно се појавува туку и е доста непромислен и избрзан, што донесува несакани ефекти кои на пример во случајот со протестите за Мартин Нешковски се одразија со само грешка во името, додека конкретно за утрешниов најавен #собир не сакам ни да помислам дека не саканиот ефект ќе биде токму контра-ефект т.е. дополнително нарушување на јавнит мир, бидејќи е многу веројатно дека во ваквата вжештена ситуација која владее во моментов, лесно може поентата на собирот да биде (намерно) превртена наопаку.
.
Да појаснам, на твитер во моментов со хаштаг #собир, се организира собирање на поголема маса луѓе од различна националност кои треба да демонстрираат соживот. Идејата искрено звучи супер, но проблемот лично го наоѓам како прво во неефективноста на самиот собир и мислам дека таа енергија која ќе се потроши за такво нешто би можело да се искористи за поефективен настан како на пример организирање музичка манифестација, или монтирање бесплатно мини кино на плоштадот каде ќе се прикажат документарци засновани на непотребноста и штетноста од националната омраза. Има толку многу убави идеи каде може да се потроши енергијата од младиот активистички ентузијазам, а наместо тоа се организираат собири и протести кои понатаму знаеме како се префарбуваат во политички цели, башка таквиот активизам по дефиниција и самиот е всушност дестабилизирање на редот (не мирот, туку само редот) на државата.
.
Патем ова мое мислење пред малку го искажав на твитер со таквиот автентичен твитерски пристап, преку сатирична аналогија:
Поради што добив ваков одговор:
Но има и луѓе кои се сложуваат за неефективноста на собирот:
Таквиот инстантен напад кој го добив од John Hawkins со обвинување дека сум заслепен со национализам и омраза, очигледно јасно кажува колку твитер активизмот е заснован на избрзани и непромислени реакции кои поточно за овој случај се базираат на измислени предрасуди. Можеби од една страна тоа е ефекот на ограниченоста на буквите на 140 поради што нештата не можат баш најјасно да се искажат, и тоа е потребно да се земе во предвид пред да се почнат обвинувања. Додека од друга страна е можеби резултат на популизмот кој го шират популарните меѓу тривер заедницата т.е. оние со најмногу фолери кои меѓудругото се сметаат и за најголеми „фраеришта“.
.
Само колку да споменам, јас сум секогаш ЗА активизам и организирање манифестации за подигање на јавната свест, еднаш и сам организирав такво нешто: Lets Grow Awareness, но, забележувам дека на интернетот (посебно твитер) зачестуваат организирања на протести и мирни собири кои немаат баш никаква ефективност за подигање на свеста и дека таа енергија може да се насочи кон нешто многу попрактично, поубаво и поефективно, погоре наведов неколку примери. Со оваа теорија посебно се послужи движењето слободен интекс кое после увидување на залудноста од протестите се свртеа кон организирање културни манифестации.
.
Навистина изгледа чудно што нашата активна младина активизмот денес го сфаќа единствено како протест, занемарувајќи ги новите и попрактични идеи за поттикнување на свеста кај луѓето. Лесно е нели да се твита дека #бродот и спомениците се залудно потрошени државни пари, а малку потешко ни е да погледнеме на проблемот во нас активистите, да ја согледаме нашата залудно потрошена енергија и ентузијазам.

Monday, March 5, 2012

Quake (игра)

Во последно време доста кредит им се дава на видео игрите, пред некоја година најпопуларна беше WOW (World of Warcraft) која искрено никогаш не ја сакав, а сега уште попопуларна е Skyrim која искрено никогаш не ја играв. Во принцип не сум гејмер и можеби поради тоа не ги сакам стратегиските игри, ама како и секој експлорер на чудата во животот, повеќе ме привлекуваат first-person shooter игри како кантер страјк (која не ја сакав многу) и quake која во детството ја сакав премногу, а никогаш не ја играв од причина што во интернет кафеата целото друштво играа кантер и едноставно немав со кого да играм quake. : )

Оттогаш поминаа десетина години, а јас воопшто и не се сеќавав како се викаше таа мистерична игра од минатото, се сеќавав само на тоа колку ја сакав. За некое чудо пред околу еден месец пронајдов quake гето на интернет каде онлајн се играат мечеви во кои можеш да одредиш колку члена да содржи тимот, кога да кикнеш (може и да те кикнат ако сите изгласаат yes, мада за тоа треба јако да ги нанервираш), да повикаш гласање да се смени мапата т.е. стазата, да четуваш со тимот или со сите во играта и тн. Во основа премногу позитивна корисна појава за љубители на адреналинот од вакви first-person shooter игри.
.
Неколку факти околу quake: играва е излезена на 22-ри Јуни 1996 година id Software (значи три години пред Кантер Страјк кој е излезен 99та), базирана е на добро познатата Doom, има 4 еволуции а во 2011 се појави интервју околу петата еволуција со John Carmack (ко-основач на id Software) за која се најави дека нема да излезе во блиска иднина, но дека се работи на нејзино појавување за некоја година. Патем последното четврто надградување беше во 2005-та, третото во 99-та, второто во 97-ма. Инаку слушнав и дека Ким Датком (уапсениот за мегааплауд) имал некаков удел во креирањето на сајтот http://www.quakelive.com (quake гетото) но не најдов такви инфомрации на интернет, можеби се претрупани од вестите за негово апсење, не знам.
.
Неколку слики од интересен чет (клик на сликите за поголема резолуција):
. .
.
.
Следнава слика раскажува приказна за еден Грк:
Инаку гркот беше потпишан Gomnium и муабетот го почнав јас од шега спомнувајќи дека неговото име на Македонски значи shit, а не знаев дека е грк оти во игра нема известување за националности, само во профилите на сајтот. Добив одговор дека Македонија е во суштина грчка (well, Macedonia is Greek actually), не избувнував, туку му одговорив: уште полошо, сега и на грчки твоето име значи shit. : D
 
Понатаму продолживме околу тоа зошто Македонија ја краде грчката историја и зошто се мразиме, овој дел ми беше прилично интересен бидејќи подолго време имав намера да ја анализирам таа грчка свест и начин на размислување околу нашата земја, оти се чини навистина се убедени дека им ја крадеме историјата, иако на нас ни изгледа дека само нè мразат и сето тоа го измислуваат поради омраза и порив да нè асимилираат (иако ова борговски звучи =)). Во понатамошниот муабет се испостави дека грков воопшто не ги мрази македонците, едноставно се случило различно да верува во историјата и тоа е тоа. Муабетот го завршивме со: well, everything is about believing.. на што ми одговори: i know.. :/
.
Мислам дека малку ја доловив интересноста на quake и зошто ја сакам играва, останува ваш изборот дали ќе се приклучите за самите да ја пронајдете интересноста.

Линк до онлајн играта:  http://www.quakelive.com/

Tuesday, February 21, 2012

Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Дали е ова позитивна или негативна појава, дали ова влијае директно врз нашата еволуција и на кој начин - се објаснува во еден серијален документарец наречен Everything is a remix или Сè е ремикс. Авторот на овој проект се вика Kirby Ferguson кој е писател, режисер и едитор, а во моментов работи на нов проект наречен This is Not a Conspiracy Theory.

Во една статија наменета за последната епизода од серијалот, проектот е опишан вака:
"Everything is a Remix" explores the idea that no idea is original. Ferguson argues that essentially all forms of creativity are just a remix of the last, giving the sweeping example of Led Zeppelin who notoriously borrowed from blues greats like Howlin' Wolf. The fourth installment in the series, "System Failure," explores what Ferguson calls "Social Evolution" through a menagerie of borrowed footage, animations, text and a voiceover. [....]

Овој документарен проект преку презентирање на големата слика изнесувајќи реални фрагменти од историјата на човештвото, всушност докажува дека основата на нашата креативна, инвентивна и еволуцијата на создавање, е токму ремиксот на идеи т.е. надоградување на идеите. Ја докажува и апсурдноста на интелектуалната сопственост докажувајќи дека за развојот на општеството воопшто не се заслужни само неколку луѓе, туку сите ние, заедно. Тоа го докажува со одговор на љубопитното прашање кое сите понекогаш си го поставуваме: „дали ако никогаш не се родеа луѓето кои ги измислија интернетот, струјата, филмот, музиката, книгите, автомобилите; денешницата ќе беше многу поинаква?“ Одговорот што го дава Фергусон е дека е сосема логично денешницата да е премногу слична со оваа, давајќи неколку примери на дуплирани иновации кои низ историјата се случувале во исто време од различни луѓе. Тоа докажува дека секој од нас има способност да го креира секоја досега постоечка иновација уште пред таа да биде создадена од некој друг. Битно е само да му се дозволи пристап до основата за да може да гради врз неа т.е. да се овозможи derivative work. Значи со ова паѓаат во вода сите претпоставки во стилот: ако не постоеше Тесла човекот никогаш немаше да има струја, или Џобс за компјутерите, Едисон за светилките и тн.


Поради ова сознание можеме кристално јасно да сфатиме дека секој од нас е потенцијална човечка инвидидуа со енергија и креативна моќ да го создаде сето она на кое се восхитува во моментов. Величењето на одредена група луѓе кои во моментот се славни поради тоа што ја реализирале таа моќ; ни донесува само потценување на нас и целото останато човештво. Не постои никаква поента во величење на „вистинските“ нешта бидејќи сите ние сме вистински, едиснтвено некој имал повеќе среќа од некој друг за да профитира од својата идеја. Постојат уште милион идеи за корисни иновации кои своето реализирање го чекаат со векови, а им е ускратено од оние кои се „премнгу големи за да паднат (too big to fail)“. Иронијата е што нашето потценување е виновно за нивната големина, сите ние сме виновни со самото тоа што им даваме премногу значење.

Но бидејќи светот почнува полека да го сфаќа сето ова, во иднина би требало да се зголеми бројот на креативните дела и идеи, а да се намали значењето на нивните создатели. Тоа е социјалната еволуција која според Фергусоновиот докуметнарец (поточно неговата четврта епизода) е производ на увидување на погрешноста на нашиот досегашен систем.

Уште еден интересен дел со проблемот за слободното копирање идеи заради нивна надградба е со креатив комонс копирајт лиценцата, која од луѓето е погрешно перцепирана поради самиот човечки нагон на агресивност кога ќе дознае дека неговата креација е копирана, додека пак ако тој копира туѓа креација, тогаш тоа му изгледа во ред. Проблемот е што нагонот на агресивност никогаш не престанува да се појавува ако некој ја копира нашата идеја, поради тоа што овој нагон е далеку поголем од човечкиот разум. Поради оваа појава ставовите за интелектуална сопственост се поделени. Ова е силно илустрирано во третиот дел од докуемнтарецот everything is a remix во делот со исечоци од изјави на Стив Џобс кога според него е во ред да ги користи туѓите идеи во изградба на првиот компјутер, но му создава агресија кога андроид софтверот е во добар дел препишан од принципот на IOS софтверот кој го користи ејпл за ајпад, ајфон и тн.

Патем, крејтив комонс лиценцата е наменета за докажување на делото дека е твое, а не за забранување да некој друг го копира истото ако сака да го догради или едитира. Но сепак се користи и за забрана, иако речиси нема никаков ефект денес, поради тоа што никој не ги цени едитираните нешта кои во најголем дел се базираат на оригиналот и имаат само профитабилна наменa, па поради тоа таквите појави речиси и ги нема, не е потребна забрана.

Во продолжение може да се видат сите четири делови од овој документарен краток серијал во кој подетално се разгледува идејата за интелектуална сопственост и до каде е таа потребна, а од каде претставува еволуциона кочница, апсурд и сосема бескорисна и непрактична појава.


Everything is a Remix Part 1 from Kirby Ferguson on Vimeo.


Everything is a Remix Part 2 from Kirby Ferguson on Vimeo.


Everything is a Remix Part 3 from Kirby Ferguson on Vimeo.


Everything is a Remix Part 4 from Kirby Ferguson on Vimeo.

Патем, и уште еден корисен документарен филм кој ги разгледува корпорациските манипулации со оправдување на некои копирања, а казнување на други. Филмот се вика „good copy, bad copy“:



Wednesday, February 15, 2012

Проблем на интернетот

Сите проблеми се решаваат, освен еден - проблемот кој е виновен за постоење на сите можни проблеми. Ланецот нели, може да се искине со сила, но сè додека постои можност повторно да се линкира, јасно е дека ланецот е неуништлив. Едно нешто што отсекогаш изгледало неуништливо е проблемот на интернетот, а денес се чини толку едноставен за уништување. 

Што е проблем на интернетот? Некои тоа го нарекуваат интернет пиратерија, други проблем со споделување, трети плагијат на идејата, четврти разно. Она што е битно да се напомене е дека постои проблем на интернетот кој ги засега сите што го користат. Зошто? Затоа што ако постои легално „крадење на идејата“, тогаш постои шанса и твојата да биде „украдена“. Наједноставниот начин на крадење идеја беше споделување линк кој ти го пратил некој друг. Тоа беше крадење на неговата идеја, неговиот труд за пронаоѓање и импресија од тој линк кој е всушност информација. Ова денес воопшто не се смета за крадење туку за споделување информации, но пред некоја година и те како се сметаше. Во тоа време беше во подем сајбер фраерлукот кој го полнеше своето его со туѓи објави на информации или креативни творења, на интернет; под свое име или ник. За среќа, денес како резултат на еволуција луѓето се свртеа на другата корисност од интернет споделување - за општа информираност и за заработка од тоа. Природно се изгради некоја компензација: ние ти даваме информација, ти ни ја билдаш посетеноста а тоа ни носи пари од закачените реклами.

Но проблемот со интернетот и понатаму не престанува да постои. Се појавува една нус појава или сајд ефект од онаа компензација при споделување информаци, а тоа е самата валидност на информацијата. Корисноста од бесплатноста на информацијата е дека истата може да стигне до повеќе луѓе, но сајд ефектот е дека додека се пренесува таа се изобличува. Во пракса добиваме ефект на глув телефон. Но нестабилноста на информациите всушност е многу мал проблем, бидејќи не можат да се изобличуваат до бескрај, оти постои сопка од реалноста која е всушност контра информација. на тој начин сегашноста го исправува својот точен и прецизен тек од нужното искривување при пренесување. Нешто слично како отпорното дејство на кабелот кој пренесува струја, па се ставаат засилувачи, односно негови неутрализатори. Но сепак проблемот на интернетот ни од далеку не е решен.

Уште еден сајд ефект (според нашето општество) што се јавува од споделувањето, се нарекува обезвреднување. А тоа е голем проблем, бидејќи нашиот општествен систем е базиран на вреднување на нештата според тоа колку чинат т.е. според воведување на нивна цена. Со тој принцип со векови на обичниот човек му се наметнувал вкусот, па денес кога добива лесно достапни филмови, книги, музика, тој не знае да го цени сето тоа, му изгледа сеедно. Тој проблем се јавува поради неговата навика да ги вреднува нештата според нивната цена, а не според вистинската вредност. Всушност „вистинската“ вредност секој ја разбира поинаку, бидејќи сите сме индивидуалци, освен оние кои нештата ги вреднуваат според цената оти тие имаат ист вкус: колку е поголема цената - толку е повреден производот (било да е книга, филм, песна или икс subject). 

Оваа појава може лесно да се елаборира:  во нашето општество авторитетите се поделени по хиерархија. Станува збор за поимот авторитетност толкуван според англиското зборно или говорно подрачје бидејќи е различно со нашето, кај нас авторитетноста повеќе се толкува како обична ценетост меѓу луѓето, ценетост во вид на неизвалкана чест што е нели вообичаено кај источните народи. Тоа полека се менува и се прилагодуваме на авторитетноста според моќ.  Ваквите авторитети се поделени во хиерархија и меѓу нив постојат и такви чија функција е да го наметнат општиот вкус на луѓето, на пример, за литература, тоа се вирвните критичари, со дипломи од најценети или најавторитетните универзитети; за наука тоа се научници кои се школувани исто во најавторитетните универзитети. Оттука е јасно дека сè што знаеме и сè што сакаме, е вградено во нас преку општественото структуирање кое создава авторитети кои треба да ги следиме. Значи прашањето дали сакаме цензуриран интернет според ACTA договорот или сакаме слобода каква што инетрнетот ја има во моментов, впрочем е еднакво со прашањето дали сакаме полека да се задржиме на оваа манипулативно демократско уредување на општествениот систем или да еволуираме во анархистично уредување во кое вредноста на нештата ќе се вреднува според личен вкус, а не наметнат од куп истомисленици кои претставуваат моќ или авторитет над другите.

Заклучокот е дека овој сајд ефект со обезвреднување на фиктивните нешта како уметноста во сите нејзини правци; информациите и сето она што може да се дигитализира; е всушност позитивна појава односно појава на еволуција или трансформација од едно во друго општествено уредување: од таквото својствено вреднување на нештата и својствено дефинирање на поимот вредност; може да постепено да пропадне досегашното уредување еволуирајќи во некој нов вид со анархистички примеси т.е. без лидери. Оти постоечката вредност се базира на цената, па ако ја исклучиме цената, сакале или нејќеле ние по автоматизам за некое време ќе почнеме да ги вреднуваме нештата според наша индивидуална перцепција и нема да постојат лидери. Патем тука станува збор само за уметноста и информацијата, бидејќи сега за сега само тие две нешта можат да се дигитализираат, додека храната и предметите сè уште ќе имаат цена и ќе вредат според таа цена. Па којзнае, можеби некогаш ќе се измисли начин и за нејзино дигитализирање и реплицирање во релна форма како што веќе постои таква идеа која Трекерите ја нарекуваа репликатор. Иако репликаторот за предмети веќе постои, но за храната тоа сè уште не е можно.

Од друга страна ништо не е така едноставно како теоријата. Ваквото еволуирање на системот секако е подложно на жртви, оти индивидуалноста е страшна работа, таму можеш да се изгубиш, но можеш и да се пронајдеш. Доаѓање до решението на проблемот на интернетот е како минување низ навидум непроодни патишта за да се дојде до асфалтираниот, преку кој ќе се стигне до морето во кое секој ќе плива во посакуваната насока.

Friday, January 13, 2012

За што е заслужен Трендо?

Мажи - не можеш да живееш со нив,
а не можеш ни да ги закопаш во дворот без да те види комшијата. -Трендо
.
Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш! Јас не научив ништо од мал, сѐ што научив го научив отпосле, но меѓудругото научив дека луѓето треба да ги цениме по доброто што го направиле, а за лошото постои некоја сила во универзумот која ги враќа нештата на место и се вика карма. Луѓето обично мислат дека кога не ѝ веруваш - не ти се случува. НЕ! Туку не си свесен дека ти се случува. Што и не е така лоша опција.

На знам на Трендо дали му се случи карма со тоа што повеќе не е дел од он.нет (дали доби клоца која јасно е дека и си ја заслужи) или не, сеедно, фактот е дека Трендо официјално се разведе од Трендоленд. Иако тоа се предвидуваше поради продавањето на он.нет сепак наиде на измешани чувства кај блогерите во Македонија бидејќи сакале или нејќеле тој е нивниот татко, тој го основа блогерајот во 2005-та година и беше масовно прифатен од македонските сајберпанкери, но и од сите останати кои сакаа нешто да му соопштат на светот во моментот кога тоа никој не го правеше. Тоа беа шака луѓе, но шака вистински луѓе. Беше некако привилегија да се биде еден од нив, те сметаа за вистински човек, те прифаќаа и те чувствуваа за свој, бидејќи штом си тука и имаш желба да си тука, тогаш немаше причина за сомнеж. Се измислија и десет трендови заповеди, Трендо доби божествена титула, а имаше и позната блогерска игра - Штафета, која се играше еднаш или два пaти годишно.



Мора да се признае дека постоеше и елита, тоа беа новинари, книжевци, писатели, професори и тн. Формираа здружение на блогери, се појавуваа по емисии наменети за темата блогирање, се одржуваа разни требини и конференции од кои ми текнува на последната за употреба на кирилица на интернет. Тоа беа навистина сајберпанкерски денови, тоа беше времето кога во Македонија многу малку луѓе користеа интернет, а уште помалку се изразуваа на интернет. Беше вистински рај за ентузијастите и луѓето кои имаа силна желба да ги сменат нештата, па макар тоа биле и нештата кои се во нив.


Од блогерајот израснаа писатели, новинари, тв водители, а најмногу програмери и одржувачи на сајтови. Повеќето македонски сајтови денес ги уредуваат луѓето кои првото такво искуство го доживеале на блогерајот. Писателите како Алекс Букарски и Дуле Варваринот беа првите што се прославија, па по нив следуваа четиринаесет блогери со едицијата блог записи во издание на Аквариус каде Трендо имаш говор како администратор на блогерајот и главната основа без која ништо од тоа не би постоело.

После некоја година се појавија нова група (њу ејџ) млади раскажувачи од кои двајца се прославија токму минатата година кога окно.мк ги објави нивните збирки блог раскази преку Темплум, тоа беа Куќоберникот (Иван Шопов) и Фигмент (Ненад Јолдески). Освен прославените, постојат уште многу непозанти критичари, филосови, писатели, поети и уредувачи на популарни сајтови; кои нивната размислувачка способност ја гаеја токму на блогерајот без кој ништо од тоа немаше да постои. Трендо е заслужен што засеа едно поле за интелигентно комуницирање и изразувае на младите, од кое се родија многу талентирани уметници и доста критичари, интелигентни и елоквентни луѓе. Меѓудругото постоеше и еден специфичен хумор кој беше повеќе во иронична смисла, од каде дебело се разви интернет сеирџиството, во позитивна смисла секако.



Кога во 2009та се популаризира Твитер како микро-блог алатка, повеќето блогери ги префрлија своите блогови на блогспот или вордпрес, а за здруживање меѓу себе користеа твитер. На блогерајот останаа луѓе без креативност, желби и амбиции; но се разбира и за тоа беше заслужен самиот Трендо, бидејќи не можеше да овозможи пристојни технички услови за блогирање, а можеби и поради преплавеноста на  секакви луѓе, па креативците се повлекоа во своето твитер дувло, но сепак факт беше дека блогерајот се распадна, а Трендо не знаеше како да го поправи. Со последни сили, Трендо основа нова платформа, мислејќи дека ќе ги поправи сите нештата, но доби токму контра ефект – ги избрка и последните блогери. Тука ја направи клучната грешка поради која го мразат буквално сите блогери, иако тој ги направи блогери – тој им ги заклучи блоговите на сите и сосила ги премести на новата платформа купена од вордпрес, ја запушти платформата со милион недостатоци и багови, стана нефункционална и поради самото тоа – стана и одвратно место за посетување бидејќи собра глутница неразумни, потпросечно интелигентни и ужасно мизерни. Ама Misery loves company, па глутницата продолжи и денес да си блогира и да расте од ден на ден, но во најможниот некреативен правец кој некогаш постоел.
Токму и за тоа е заслужен господинот Трендо. Но мислам дека најголемата омраза од блгоерите ја доби кога им го одзема правото на своите блогови и ги присили да се префрлат на друга платформа која воопшто не беше технички подобра од претходната, туку напротив. А нивните поранешни постови ги изобличи со префрлувањето, па луѓето се згрозија од своите нови блогови и никогаш повторно не ги отворија. Освен тоа, повеќето блгоери, не добија ни шанса да го префрлат блогот, бидејќи нивниот предходен ник бил на кирилица и немаше никаков начин тоа да се поправи. Се праќаа милион мејлови до Трендо, но ништо не помогна.
Од оваа кратка историја на македонскиот блогерај, може да се увидат и добрите и лошите одлуки на господинот Трендо кого на времето го направивме бог за создавањето на нашиот блогерски свет, а потоа со години го колневме и го мразевме од дното на душата, за да денес конечно го видиме како го продава своето блогерајско ѓубре и бега што подалеку од своите грешки. Можеби новиот сопственик на он.нет и блогерајот ќе направи нешто професионално во врска со сајтовите, а можеби и ќе го изгаси блогерајот од кој повеќе никој нема корист и ќе стави крај на таа здружена глутница на блог.мк која го изобличи и самиот поим блогирање.
.
_____
[Напомена: моите лични видувања за одлуките на Трендо преку раскажување на неколку годишна историја на македонскиот блогерај; не треба да влијаат врз личниот профил на овој човек и неговите вистински вредности бидејќи немаме ништо блиско со него, освен можеби хороскопскиот знак. :-) ]


Friday, December 16, 2011

Приватност

Чудни патишта постојат и чудни луѓе се движат по нив. А убаво е да постои чудноста, нѐ инспирира ако не ништо друго. Последното смешно чудо што го слушнав беше дека тајмлајн профилот на фејсбук дополнително ја зарозува приватноста. Кога продискутирав околу тоа, ми рекоа дека има разлика помеѓу приватност и контрола на приватност. Веројатно уште постојат параноици кои не излегле од комунизмот и приватноста сѐ уште им е „тајно контролирана“.  Некако оваа чудо ме зачуди толку силно што морав да прокопам подлабоко во поимот приватност и како другите го сфаќаат истот поим.

Кога го сторив тоа добив впечаток дека ми летнала косата нагоре како во алтернативните тинејџерски години, што ги чувам зад себе. Чудото, бездрго, дејствува како струен удар. Голема е разликата меѓу живеењето при крајот на деведесетите, па отпосле во новата ера, иако навидум ни се чини дека ништо битно не се случило, но се случи и те како се случи! Интернетот ја уби приватноста и сета магија што произлегуваше од незнаењето поради кое многу почесто постоеше и чудењето. Приватноста не постои од многу одамна и тоа се случи токму од наша волја, затоа што ние сакавме така. Луѓето се снимаат секој ден и го аплаудираат тоа на јутуб и Вимео, пишуваат блог постови за себе, а на социјалните мрежи пишуваат каде се во моментот, со кого седа, што зборуваат, што јадат и тн. Се промовираат себе си на секој можен начин, стануваат бренд. Тоа значи дека приватноста воопшто не ни е потребна. Но од друга страна постојат луѓе кои сѐ уште мумлаат нешто за својата загрозена приватност. Има ли овде логика, како можат луѓето да се толку контрадикторни поради нивната несвесност за значењето на поимот приватност?

Настрана несвесноста, да бидеме пореални - кој воопшто има потреба да биде во тајност денес? Кој ако не оној кој се плаши од сопствените постапки, од она што го направил? Никој друг. Ако никому не му мислиш и правиш зло (макар и за добри цели како што повеќето се самооправдуваат), никој нема да ти го загрози правото за слободно постоење. Приватноста денес е само поим за манипулација со јавното мислење кон одредени таргет цели.

Но, за некое чудо, луѓето имаат различна призма пред очите па поради неа сите гледаат различни нешта. Од тука излегува потребата за разбирање меѓу себе која неретко резултира и со симпатичност. Рушење на поимот приватност и секакво негово дејствување во реалноста, е вистинскиот начин да се дознае како функционира призмата на другиот, па следствено на тоа ќе се случува повеќе конеции, повеќе разбирања, и повеќе љубов.

Видео за поврзување на нештата од оваа година:




Thursday, December 1, 2011

Каде да објавувам?



Она што е одговорот на прашањето „каде да објавувам“, обично го обликува одговорот и на прашањето „што да објавувам“. Тоа се случува поради самата крактеристичност на медиумот, и работи на истиот принцип како и поговорката „со кого си, таков си“ која секако воопшто не мора да биде прецизно мерило за нештата, но сепак постои еден мал кревок фрагмент на влијанија кои така цврсто ги поврзуваат двете нешта, кога се заедно.


Обликот и формата на објавата понекогаш не само што ги ограничува (и неретко определува) самиот медиум, туку и зависат од навикнатиот начин на користење на тој медиум од корисниците, независно дали тоа ќе биде статус на facebook со некоја мудра мисла, или твит на твитер со некоја хумористична или хуморно зајадлива мисла, или можеби ќе биде блог пост каде што ќе критикуваме одредени случувања кои во моментот се движат во јавноста. Токму поради таа причина јас понекогаш се чувствувам збунет кога е во пршање местото каде да го објавам тоа што го мислам, токму затоа што треба да го обликувам според медиумот. А згора на тоа и самата мисла или идеја за објава, во тоа двоумење се случува да биде пресечена уште од мали нозе т.е. уште целосно неоформена.
Од друга страна, збунетоста доаѓа и од самото недоволно разбирање на навиката на мнозинството објавувачи во одреден медиум, не дека се работи за комплицираност, туку за недоволно следење на истиот медиум поради тоа што ни станал досаден т.е. не сме почувствувале некаков предизвик кон него. А колку повеќе го избегнуваме поради тоа, толку повеќе досаден станува, па така се случува една бескрајна процедура. Иако јас (како и повеќето други) во суштина сум навлезен во секој можен начин на објавување на интернет, но сепак понекогаш постои двоумењето „каде да објавам“ а подоцна неретко доаѓа и до губење на смислата на една идеја поради првото двоумење, па тогаш настапува второто: „што да објавам“. А оттука повторно се раѓа една бескрајност од повторувања на нештата.
Иако луѓето објавуваат паралелно на сите три (попопуларни) интернет медиуми, сепак мислам дека мора да постои еден кој им е основен или омилен, а другите помалку омилени или споредни. Ако направиме една анализа, мислам дека повеќето твитерџии се и блогери, додека повеќето фејсбучари се луѓе кои пред да постои facebook не знаеле што е тоа интернет, а уште помалку што е тоа блог или форум. Во меѓувреме сепак се присетив дека пред да објавувам било што на интернет – бев блогер. Па тогаш која е причината сега да не знам каде да објавувам?




Sunday, September 4, 2011

Сајберпанк и движење низ интернетот

Лошо е кога луѓето ќе се заклучат во своите зборови. Тогаш тие помислуваат дека се единствени кои можат најдобро да ги подредат зборовите. Но лошото не е страшно. Страшно е само она што е страшно..

Индивидуалноста е страшна работа. Вие сте страшна работа,as well. Причината поради тоа е токму затоа што луѓето стануваат сѐ поразлични еден од друг заради преголемиот број опции за трипинг во сопствената реалност. Она што психонаутските психолози во осумдесетите го предвидуваа за денешниот живот, всушност стана вистина. Вечната борба помеѓу мејнстримот и индивидуалните артисти која започна во шеесетите, конечно повторно се активира во осумдесетите, но со пренасочување кон виртуелноста. Во 83-та никнува поимот Сајберпанк во една кратка приказна од Bruce Bethke од тогаш поимов станува нов жанр во научната фатастика. А потоа футуристичките психолози Сајберпанк го поврзаа со индивидуалистите кои требаше во 21-виот век да ги срушат предходните принципи на општеството. Барем според предвидувањата во книгата Chaos & Cyber Colture.

.
Интересно е да пробаш да замислиш што сѐ ќе се случува во иднината. На пример, денешнава вест по американски списанија е прилично поттикнувачка – имено, училиштата во Бостон веќе се опремени со ај пад за секој ученик што останува за помислата: „што ќе биде за десетина години со светов?“?


Како и да е, психолозите предвидувачи, не предвидоа единствено две нешта:

1. Хаосот од недостиг на филтер на веродостојност на информации во мрежата и,
2. Зголемувањето на гордоста т.е. вообразеноста на луѓето кои умеат да ги подредат зборовите умешно.
Во самиот подем на интернет мрежата во раните деведесети, се напишаа книгите за сајберпанк иднината, индивидуалноста која требаше да го избрише општеството онакво какво што го знаеја постарите генерации, и скоро нечујно да се смени во индивидуалистичко; почна да расте во одделни кругови здружувајќи млади и креативни луѓе кои разменуваа нивни писанија и, меѓусебно мудруваа низ коментирања. Во Македонија од таквите подлабоко-свесни кругови меѓу првите чинам, беа Опасна Багра и Блогерај. И двете нешта умреа еволуирајќи во она што погоре е означено под број еден. Тоа можеби беше токму Сајберпанк генерацијата која креативно и со внимателно наредени зборови, рефлектираше виртуелна интелигенција, хумор (најчесто преку внимателен сеир и автосеир), свесност,креативност, мудрост и индивидуалност која го надмина просечниот левел на еволуција. Токму тука мислам дека ја допре поврзаноста со контра-културното движење во шеесетите, и како по книгата - новата генерација котра-културалисти се родија како Сајберпанкери.

Она што не се предвиде, е самиот пад на сајберпанкерите. А искрено, кој би сакал да предвидува падови на толку импресивни нешта? Сепак, се случи сосема природно. Виртуелноста од воодушевувачки поим, стана одбегнуван и омразен поради самиот хаос на информаците кој се појави поради преголемиот избор на можности. Сепак, сензуалноста во реалноста никогаш целосно не се замени со виртуелност, всушност и не беше цел да се копира постоечката реалнсот, туку да се создаде нова. А тоа видно успеа. Или барем на почетокот.

Ненајдениот концепт за филтрација на огромните можности и ненавикнатиот човечки ум за неограничувања, го сторија падот на интересноста и жарта на интернетот и сајберпанкот.Она што стои под бројот два погоре, е всушност смртта на Сајберпанкерите. Тоа во најголем случај беа самците(во реалност) кои пишуваа и задоволно ја изразуваа својата светла страна – индивидуалноста и креативноста. Смртта ги начека во ќошето за гордост, бидејќи и онака беа распрскани од хаосот, низ социјални мрежи и несврзани блогови, најчесто странски; па спокојно замреа низ звукот на носталгичноста. Самата појава на виртуелната гордост ја донесе мислам, леснотијата на дејство, бидејќи воопшто не беше потребна некаква храброст, оти храбтоста нели доаѓаше од свесност за соочување со последиците, а интернетот немаше последици, па аналогно - немаше ни храброст. Леснотијата на виртуелното дејствување создаде лажни (т.е. шупливи) авторитети. Можеби тука треба да ги спомнам импресиумот на сајтовите што објавуваат Пауло Коелјо лимонади, како „топ 10 начини на заведување“ и слично. Од друга страна, бизарноста на самопрогласените писатели, пишувајќи книжевно и литературно неправилни писанија, а можеби и од иста страна би биле и книжевно едуцираните, тие всушност се премногу горди сами на себе, поради што низ нив продира една психолошка арогантност, задскриена во умешно наредените зборови.

Сајберпанкерите, иако денес во кревко малцинство, сепак постојат некаде расеани врз интернет мрежата. Го продолжуваат она што го активираа психоделиците во доста убав број млади умови. По некоја година интернетот го стори истото, но не со сите за жал. Можеби и затоа се психоделиците се нелегални. Мнозинството би се загубило некаде меѓу големиот број опции, и можеби само би станало едно од нив т.е. - опција.



Wednesday, May 19, 2010

Корисноста на интернетот (и овозможување на реинкранацијата)

Ми се здосади од еден документарец (Cognition Factor) што дури од пола натаму мижејќи го проследив. Го симнав заради Теренс Мекена кој меѓу другите научници учествува со свои ставови на одредени филозовски прашања. Но за него друг пат, посебно ќе се доизразам за неговиот профил и моите симпатии кон неговите тези за позитивноста на психоделичните дроги, посебно магичните печурки кои му се „заштитен знак“, инаку човекот е во слична фреквенција со Тимоти поради активната промоција на позитивноста и потребноста (за еволуирање на човечкиот вид) на магичните печурки.
.
Несомнено е дека еволуираме и тоа доста брзо во последните неколку децении. На ова се сложија сите научници од документарецот, а секако, различно одговорија на повеќето прашања, но во главно сите забегуваат, или па можда јас сум забеган.. (дец а трики куешчн, што би рекол Тимоти). На прашањето за тоа што е свесност, се фрлија доста интересни размсли: „свесноста веројатно постоела уште со создавање на универзумот, па со развивање на материјата станало возможно да се всели во повеќе материи, што довело да се развива индивидуално во секој човек“; „свесноста е океан на животот“; „свесноста е здив на животот..“ Оваа размисла инаку е доста занимлива: „Сите се прашуваат: ’кој сум јас, од каде сум дошол и каде ќе одам кога ќе умрам’ – тие прашања додека сме живи не можеме да си ги одговориме, не знам зошто губиме време барајќи одговори, ќе дознаеме кога ќе умреме и готово.“
.
Она што посебно ме размисли и ме натера да го прегледам повторно филмот е едно размислување на самиот крај, темата беше ’што се случува кога ќе умреме’:
„И да не постоела реинкранацијата, ние веќе ја овозможивме со оставање на својата меморија во интернетот.“
Сосема точно, зачудувачки импресивно! Дали ние всушност ја победивме смртта со помош на интернетот, опцијата за достапност на нашата меморија, спомени и искуства на милијарда луѓе, можност за учење на токму тоа што сакаме, можност за чекор поблизу до титулата “господ“ со тоа што имаме можност да видиме скоро сѐ што се случува во светот и тоа во истото време додека се случува.. Секако, не ја победивме смртта, но сме неверојатно близу до овозможување на реинкранацијата. Нашата душа лежи во нашата меморија, она што го гледаме, не е тоа што се случва, туку тоа што сме ние. Нашите сфаќања и перспективи за случувањата, се всушност тоа што сме, а тие зависат, односно создадени се од нашите искуства кои се всушност наша меморија. Па со тоа оставањето на нашата меморија во интернетот значи и оставање на нашата душа таму, па по престанување на можност на телото за чување на меморијата, таа останува бесмртна со тоа што е на интернетот, а со тоа има и можност за некој, кој ќе добие пристап до неа, да ја вгради во себе и надоградува. Така тој ќе ја всели нашата душа во него и воедно ќе ја надоградува. Човечството во моментот се наоѓа во толку брза еволуција, како никогаш до сега.
.
Иднината не постои, освен во нашата имгинација. Сегашноста е тоа што ни е потребно и тоа во кое живееме, зошто да не бидеме љубопитни да ја апсорбираме и истражуваме меморијата и искуствата на другите, зошто ние да не претставуваме нивна реинкранација, можност за доградување и еволуирање на човечкиот вид?.. Интернетот е неверојатно корисен за човечството, ако го користиме правилно, секако. Тој денес повеќе од кога и да било, му е потребен на човечството. Истото и Хофман го има речено за ЛСД –то, држејќи се на аргументите дека најголемите научни откритија во последните неколку децении се потикнати токму од ЛСД, многу нобеловци и креатори на клучните нешта кои сите ги користиме денес, признаа дека всушност користеле ЛСД за да ја прошират свесноста во тој момент, доста е само да го спомнам признанието на Бил Гејтс.


Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More