Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Friday, June 17, 2011

Кон филмот “Adjustment Bureau”




Постојат нешта кои инспирираат, можеби тоа се нештата кои ја будат магијата во тебе наречена љубов. Нели, инспирацијата ја најдов толку блиску со љубовта што можеби сум убеден дека овие два поими се во крвна врска, можеби сестри, или братучетки, во најмала рака. Нештата кои (најмногу) ме инспирираат се луѓето, но и филмови. Всушност кого не? Но и музика, а и уште многу предмети и чуда, кои постојат реално или се само фиктивни, сеедно. Уметноста создава љубов, а и љубовта создава уметност.
.
Филмот кој сакав да ставам во рамка за некогаш подетално пак да се потсетам на него, се вика ‘The Adjustment Bureau’.  Се најдов себе си како истиот го оценувам на criticker.com со цели 99 поени, што ми се случува само втор пат (првиот беше со The Legend of 1900), од 287 рангирани филмови таму. Филмот е романса со sci-fi елементи (омилената комбинација), но сметам дека поентата му е доста објективна, што ги трга на страна моите субјективни омилености кон филмот.
.
Се замислува приказна каде што постои детерминација од суштества од друг свет, кои се моќни за да го спроведат тоа во оваа планета. Во последно време многу често се отвараат прашањата за човековата слободна волја, па научната фантастика овде наоѓа начин да ја објасни т.е. искористи и оваа дупка односно нејаснотија кај збунетите физичари и психолози. Замислата е дека овие надмоќни суштества ги донесуваат одлуките наместо нас. Тие го правеле тоа до 1910 година каде што направиле пауза за да ја проследат нашата способност за управување со светот, но ние „паднавме на тестот“ и за малку ќе ја експлодиравме планетата. Па ете ги детерминисците назад на работа. Тие до денес и потаму, го учат светот на слободната волја, земајќи му ја. Мет Дејмон (Matt Damon) е во главна улога, заедно со Емили Блант (Emily Blunt). Дејмон ќе го направи оној прв мал чекор за себе а голем за човештвото, тој ќе ја победи битката што требаше да му ја одземе слободната волја, и ќе си ја врати назад. Тој тоа го прави со љубов, тој тоа го прави со инспирација.
.
Девојката која во приказнава е енормно хемиски поврзана со него, според планот на луѓето кои го спроведуваат детерминизмот, требаше да се запознае со него уште во 70-тите, но планот се сменил, па уште еднаш во 80-тите, но пак доаѓа до промена на планот, а овој пат кога токму тие намерно му ја донесуваат за да ја запознае, иако според планот не смее никогаш повторно да ја види, тие двајца ќе се поврзат толку силно, што ќе се создаде вистински хаос при обид за нивно разделување. Причината поради која овие намерно ги запознаваат е токму инспирацијата која девојката треба/ќе му ја пробуди на Дејмон за следниот губитнички говор (инаку предходно губи на политички избори). Говорот ќе биде толку искрен и инспиративен што ќе направи вистинска револуција кај американскиот народ, по што станува повторно сакан од луѓето и се движи кон победа на следните претседателски избори. Причината зошто тие двајца според планот не требаше никогаш повторно да се сретнат е: ако бидат заедно неговиот сон нема да се случи, а ниту нејзиниот – да стане славна танчерка (а е не вистински пат за тоа). Откако од детерминувачите ќе им се обајсни причината за нивна разделба, тие ќе одлучат да ги отфрлат соновите на животот и да бидат заедно. Тоа ќе инспирира еден член од суштествата што се грижат сѐ да оди според планот, да го убеди односно инспирира главниот меѓу нив (кој го пишува планот) да ја едитира книгата со планови.
.
Оттука изникнува самопрашањето: дали ние би се откажале од нашите најголеми соништа за успех во животот, за да бидеме со личноста која (поради одредени причини) е хемиски поврзана со нас? И дали оваа одлука одлучува дали ние ќе имаме или не, слободна волја? Или „ако се запрашаме себе си што би одбрале – успун без врв или понор без дно, што би одбрале?“* Чудниве прашања ме размислуваат дека можеби одлуката да паѓаме е будењето на слободна волја во нас. Дека успехот е оковување синџири на својата слободна волја. Зошто? – Затоа што сме слободни во тоа, додека успешноста ни зависи од многу други, на кои им должиме услуги.
.
На пат ни е една голема лекција поврзана со слободната волја, љубовта и инспирацијата; која треба да ја одживееме за да ја сфатиме онолку колку е потребно за да направиме неколку промени поради тоа. Филмот е само блиц на чиста свесност околу прашањава, која во следниот миг ќе исчезне и ние ќе продолжиме со слободен или помалку слободен, а сопствен – живот.
Трејлер:
*копирајт на фразата – М. Ј.

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More