Tuesday, January 31, 2012

Среќност

“Being happy doesn't mean that everything is perfect.
It means that you've decided to look beyond the imperfections.”
.
Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа. Тоа нешто го нарекуваме среќа, а всушност е дното во кое сите паѓаме своеволно само поради задоволството од нашата насмеаност додека паѓаме.
.
Среќата како поим се имплицира во општеството дури во раните педесети, неговата популаризација донесува огромна бенефиција за одредена група манипулатори (владата во соработка со психолози), но вистнското светло среќата го доживеа во доцните осумдесети и оттогаш нејзината популарност не престанува да расте, од единствена причина што од тој процес сите имаат бенефит. Ова тврдење е длабоко разработено во два документарни филмови кои се дел од серијата документарци наречена : The century of the self, поточно во првите две епизоди, поставени подолу за директно гледање.*

Што е всушност среќа? Во последните 18 дена, колку што траеше анкетата која ја поставив на мојот официјален блог, на која гласале 60 луѓе; се запознав со огромен број филосовски и психолошки есеи и документарци на тема „Среќа“, во обид да истражам една комплексна мистерија од различни мислења на истата тема. Според македонската википедија среќа е чувство кое сите го имаме во себе, но ете не сме сите среќни токму поради фактот што во некои моменти некои од нас не се свесни дека се среќни т.е. дека секогаш го имаат тоа чувство во себе. Оваа дефиниција всушност алудира на тоа дека сите можеме да бидеме среќни, оти среќата е вградено чувство во луѓето со самото нивно раѓање. Така што ако на една анкета одговориме дека сме среќни, воопшто нема да погрешиме, оти ние сме родени да бидеме среќни, можеби не во одреден момент, но во некој друг момент – да! Но проблемот се појавува кога истото ова образложение може да биде оправдување и ако сите на анкетата гласаме дека сме несреќни. Значи несреќни сме поради тоа што не сме свесни дека во тој момент го имаме тоа чувство „Среќа“ вродено во нас и можеме да го разбудиме ако сакаме т.е. ако се освестиме дека можеме. Од друга страна проблемов со нејпрецизно дефинирање на среќата впрочем воопшто не е проблем ако кон истиот погледнеме во моментот кога сме најсреќни или најдепресивни, што значи дека прецизноста се остварува само во емотивна состојба односно само кога еднката припаѓа на една или на друга страна, додека ако е неутрална никогаш нема најде точност, прецизност, вистина, калаузот и сите слични поими кои луѓето ги употребуват за да опишат сигурност во нешто.

Англиската википедија има широко неутрално гледиште собирајќи куп други гледишта кои се создавани на истата тема, научното гледиште е дека среќата е така наречен Fuzzy concept што значи дека може да значи различни нешта на разлиќни луѓе односно концепт кој му е дозволено да биде различно толкуван од различни индивидуи. Но еден американски психолог Мартин Селигман, мисли поинаку:
Martin Seligman asserts that happiness is not just external, momentary pleasures. Flow (engagement) and general life satisfaction are parts of happiness too, for example.
Мартин вели дека среќноста е генерална состојба на еден живот, а не само моментално задоволување или моменти на задоволство. Оттука е лесно да се воочи разликата помеѓу поимите среќност и среќа, среќата би било едно чувство, една моментална состојба, додека среќноста ќе означува генерално сумирање на среќите и несреќите во еден живот, вклучувајќи ги сите негови падови и искачувања на емотивен план, кој секако зависи и од економскиот, а и од неколку други. Не случајно насловот на анкетата гласеше: „Дали се сметате за среќни?“, одговорот е секако подложен на основа од добро филосовско и психолошко размислување. Но повеќето од одговорите беа позитивни, што насочува кон една тероија спомната како блиц појава на почетокот на овој есеј. Всушност глобализацијата на среќата е почната со заговор, односно со манипулација на едно цело општество од страна на американската влада дури уште во раните педесети години. Виновникот е внукот на Фројд – Едвард Берне.

Многумина денес велат дека Америка ја измисли среќата и, тоа е сосема точно, но почетокот на нејзино градење и гаење лежи во психолошката манипулација на Берне со американскиот народ. Тој како советник во американската влада предложил теорија за создавање перфектна демократски систем наречен: „Демократија на желби“. За таа цел било потребно да се анкетираат сите граќани на Америка со прашања поврзани со нивните желби, таа анекта била всушност психолошка манипулација која преку психолошка сеанса нарекувајќи ја анкета, американската влада ќе дознае што точно треба да направи за да ги задоволи желбите на своите граќани, но и да оствари огромен бенефит од тоа. Бенефитот лежи во самата манипулација – на народот се наметнуваат желби кои се лесно исполниви и шупливи во суштина, а народот за возврат ќе ги плати желбите нудејќи го својот труд на пазарот. Со тоа се раѓа еден брак меѓу демократијата и капитализмот, а е врвот на оваа манипулација која освен што постои и денес, таа и постојано расте. Историјата на создавањето на среќата документирана од страна на BBC во серијата документарци наречена The century of the self; е токму клучната разврска на мистеријата зошто постои разлика помеѓу среќа и среќност односно зошто е повеќе популарна таа моментална среќа од онаа сигурно и цврсто постоење на доготрајна среќна состојба; или во поедноставни рамки - го обајснува почетокот на надвладување на квантитеот врз квалитетот на нештата.
.
Денес и после цел еден век после овој заговор, луѓето одпаѓаат кон него со заслепувачка брзина како никогаш до сега. Македонската влада денес исто така мудро ја користи истата оваа каласична манипулација искористувајќи го успехот на неколку кошаркари и ракоментари. Владата од искуство сознала дека македонскиот народ најмногу се радува кога го шири својот национализам и кога победува во некој спорт против други националности и држави; па веданш побрза да ја популаризира и зголеми таа појава преку границите на доволна популарност, со цел да ја задоволи оваа македонска желба и потреба, а со тоа Македонците денес ќе се сметаат за среќна нација. Проблемот е во шупливоста т.е. краткорочноста на таа среќа. Но Едвард Берне, главниот визионер и изумител на оваа манипулација (да биде побитен квантитетот наспроти квалитет); ја сокрил нус појавата, т.е. сајд ефектот на оваа појава врз граѓаните, токму затоа што од истата може да се добие дополнителен бенефит за државата. Сајд ефектот на ова „површно“ сфаќање на среќата е здобивање со депресија, бесмисленост на животот и безмонитивираост во животот. За среќа оваа состојба се лекува токму со истата манипулација која е иницијаторот на нејзино појавување – со здобивање на среќно чувство без истото да биде заработено, значи со зграпчување на чиста дестилирана среќа. За таа цел се употребуваат антидепресиви, екстази и марихуана. Оттука се појавува и навиката на заборавање на проблемите наспроти нивното разрешавање, со образложение дека it takes all the fun away, односно не е забавно, а животот треба да биде забавен и среќен со моментална среќа, непозато чувство на среќност, наметнато од некој трет елемент.
.
Сакале или нејќеле, среќата денес претставува дно во кое паѓаме насмеани. Сакале или нејќеле, среќата е основа на сите наши чувства, па со тоа нејзиното манипулирање е манипулирање на сите наши чувства. Сакале или нејќеле, среќата е само едно наше чувство за чије постоење одлучуваме само во моментот кога сме свесни за нејзиното постоење односно нејзината појава. Со свесноста за нејзината појава и историјата на нејзиното појавување и користење низ вековите, ние можеме јасно да одлучиме кога, како и на кој начин ќе ја чувствуваме среќата.
.

____________________________________________________
*двете епизоди од документарецот The century of the self:
Прва епизода:


Втора епизода:

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More