Wednesday, June 2, 2010

Психонаутот во нас


Човекот отсекогаш бил љубопитен за појавите кои не може да си ги објасни. Така настанале и сите религии, тој обидувајќи се да ги појасни необичните појави, употребил имагинација и ги креирал најубавите работи во светот, како умeтноста, науката, технологијата и тн. Целта на пирамидите во Египет сѐ уште е мистерија, најлогична претпоставка би било дека се направени за да овозможат вечен живот на поважните луѓе. Се претпоставува дека за истата цел е создадена и религијата, а во најново време најмногу надеж за оваа прашање дава креониката (постапка за замрзнување на телото и негово будење после многу години за да продолжи повторно со животот) иако таа сѐ уште не е развиена во целост, иднината сепак дава теориска шанса дека е можно. Овие спомнати примери покажуваат како човекот уште од почетокот на своето постоење започнува со креација на научно фантастични идеи поттикнат токму од силната љубопитност за објаснување и проширување на својата психа, односно свест.
Психонаут може да биде секоја човечка единка која се занимава со истражување на човечката внатрешна (непозната) психа, односно неговата потсвест.За таа цел постојат повеќе методи:
  • 1. Халуциноген - се користат ДМТ, ЛСД, психоделични печурки, Мескалин, Салвија Дивинорум, Датура и Ипомоеа Триколор или популарно наречено - Морнинг глори. Овие супстанции се земаат за достигнување на менталната состојба на психонаутот.
  • 2. Ритуал - во ритуалот се достигнува променета свест т.е. се набљудуваш себеси од надвор односно како друго лице. Се врши обука за фокусирање и зајакнување на правилната имагинација, желба и замисла.
  • 3. Сон - се практикува луцидно сонување во кое лицето станува сосема свесен дека сонува, па добива можност за свесно управување со сонот, во тој случај се добива чувство дека можеш сѐ. Тогаш се истржува до каде може потсвеста да ни ги исполни желбите. Кога ќе се разбудиш, на сонот се сеќаваш толку јасно што се чувстввуаш дека имаш искуство како сето тоа да е доживеано во реалност. (Мала доза Аманита Мускариа, допринесуваат за појава на ваков сон).
  • 4. Медитација - ослободување на духот со комплетна контрола на телото кое се доведува до хармонично мирна состојба.
  • 5. Молитва - со молење на својата имагинација за нешто кое не постои, почнуваш несвесно да веруваш дека е можно, па самата потсвест понатаму се труди да го овозможи за да продолжиш со верувањето. И ако достигнеш ниво за набљудување на сето тоа од страна, ќе истражуваш до каде може потсвеста да ги покаже своите способности.
Психонаутика е древна практика за проширување на свеста истражувајќи ја потсвеста. Таа е основна преокупација на шаманите, ламите од Тибетскитата Будистичка традиција и древните водичи во длабоки спиритуални искуства. Денес се повеќе за нeа се интересираат психолозите и научниците со што би ја искористиле за лекување на психички болни и за напредување на технологијата и науката воопшто.
Психонаутството користено од самостојна единка, претставува можност за откривање на својата моќ, односно себе си, проследено со импресионирање и изразување на креативно ниво.
За подобра духовно еволуциона иднина на човештвото и себе си, станете пољубопитни за себе и за она што ве опкружува!

Open your mind.
_______________________________________________________
Дпполнително инфо:
Познати психонаути низ историјата биле:
* William S. Burroughs
* Peter Carroll
* Carlos Castaneda
* Aleister Crowley
* Ram Dass
* Antonio Escohotado
* Albert Hofmann
* Aldous Huxley
* William James
* Jack Kerouac
* Ken Kesey
* Timothy Leary (TIMOTHY LEARY)
* John Lilly
* Terence McKenna
* Robert Monroe
* Grant Morrison
* Daniel Pinchbeck
* Alexander Shulgin
* Alan Watts
* William White
* Robert Anton Wilson
На ФБ постои страница каде дел од постов го употребив како инфо. Welcome >> ПСИХОНАУТ

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More