
При враќање кон поимот свесност неможно е да не изникне прашањето: зошто при првото вдишување на свесноста, систематски престанува да постои реалноста за предходноста? Можеби свесноста е тунел кој ја поврзува постоечката со посупериорна реалност, па откако ќе скокнеме подалеку, предходната автомстски ни се чини погрешна поради што и ја престануваме со постоењето. А со зголемување на левелите на свесност, се зголемува и бројот на поврзаните реалности, што ни овозможува патување односно еволуирање кон се` посупериорна реалност. Патем придавката „супер“ овде ја издига онаа реалност во која ќе немаме ограничувања наредени од мислите, телото и други субјекти во моментално постоечката реалност. Реалноста е само став, а за еволуција односно мигрирање кон посупериорни ставови е потребен шарениот тунел наречен свесност.
Психолозите развиле теорија за осум постоечки тунели или левели на свесноста, во психологијата наречени кола или кругови. Ова е моделот од осумте левели на свесност:
1. Био-опстанок (Дишењена свесноста)

2. Емоционално – Територијален левел (Или егото објаснето од Фројд)
-Втиснат во појдовната фаза, овој круг на свеста опфаќа емоционална активност, доминација, потчинување на стратегии и територија. Првиот впечаток се индетификува со акти на доминација, агресивно однесување или потчинување. Овој левел може да се активира со обилно количевство на алкохол. Ова воведува во втората димензија (горе/долу).
3. Симболичното или невро-вемантичка умешност (Рацилналниот ум)
-Втиснат во човечките артефакти и симболниот систем, овој левел опфаќа управување со околината, иновативност, пресметување, предвидување, изградба на „мапа“ за универзумот. За активирање на овој свесен сегмент е потребна физичка умешност и кофеин, брзина, кокаин и високо-протеинска исхрана. Овој левел се прво се појавил кога хуманоидите почнале да се разликуваат од другите примати.
4. Внатрешното или социо-сексуално коло (за „возрасни“ личности)

5. Невросоматично коло (Поврзување на ум и тело според Зен-Јога)
-Со опфатност на невролошко-соматски повратни информации (флешови или фидбек), чувство на дрогирана височина (feeling high), соматски репрограмирања; оваа коло претставува свесност на телото. Постои обележано бранување на визуелниот простор и целосниот естетско сензорен простор. Уживателно вклучување во пресвртот со восхит, преку забавност која ја карактеризираат првите четири кола на свеста. Ова коло се стимулира (или предизивкува) со екстатично искуство преку физиолошките ефекти на марихуаната, Hatha Yoga (вид на уживателна јога. Се манифестира преку перфектното спојување бидејќи терминот Hatha означува сонце-месечина, што симболизира спојување на позитивно со негативно, правејќи една целина, чувство на единство). Овај круг на свеста се појавил околу 2000 години пред наша ера кај погорните слоеви на цивилизацијата, главно поттикнат од дрога и јога техинки.
6. Невро-електрично или Метапрограмско коло (електризирање на умот)
-Тука се опфаќа ревтиснување односно репрограмирање на сите поранешни кола на свеста, релативноста на реалност, кибернетичката свест (пси/магиска моќ). Шестото коло ја карактеризира свесноста на нервниот систем (кога самиот нервен систем станува свесен за себе), со ова се овозможува телепатска комуниација. Се поттикнува или поврзува со пејоти (кактусот што содржи мескалин) и псилоцибински печурки (псилоцибин), како и Radionics (тоа е термин со кој се опишува лечење од голема далечина, со користење на крв, дел од коса и други супстанции од личноста која се лекува). Овој левел на свеста е пронајден 500 год. пред наша ера, со почетокот на првата трговска мрежа наречена Silk Rout.
7. Неврогенетско или морфогенетско коло (Буда-Monad* „умот“ (*monad е еквивалентен елемент)

-Овој левел е квантна свест (информации надвор од вообичаената време-простор свесност која е ограничена со брзина на светлината). Се карактеризира со илуминација, out-of-body искуство, астрална проекција, контакт со вонземски ентитети или галактички overmind (лидерски ум во група умови). Овој левел може да се активира со шок, near-death исксутво, предсмртниот момент (неколку минути пред да умреш). Ова е поврзано и со Буда концептот за Indra's net од Avatamsaka Sutra. Интересно е што кетаминот влијае на стимулација на оваа свесност, како и ДМТ, и многу високи дози ЛСД (1,000 микрограми).
Можеби е прилично очигледно дека сите овие левели можат да се стимулираат (или предизвикаат) со помош на дрога. Првото што може да се помисли при ова согледување е најверојатно висок восхит кон дрогите како што тоа го направија повеќето учесници во социјалниот проблем во шеесетите во Америка. Тимоти преку моделот за осум-левелна свесност го објасни започнувањето на тој социјален проблем, тврдејќи дека појавеното под-културно движење има развиено над четири левели, додека останатите (мејнстримот) ги има само првите четири левели. Сето тоа има прилично добра логика. Но кој ќе го објасни падот на хипичката револуција, односно под-културното движење?
Свесноста, интелигенцијата и мудроста се меѓусебно доста различни нешта, а оттука изникнува комплицираноста на сфаќање на една личност. Првите два поима можат да се постигнат со дрога. Некогаш ќе потрајат, некогаш ќе им треба нова доза за да се вратат, а во меѓувреме ако се комбинираат со други техники, можат да се задржат прилично цврсто. Но во секој случај мудроста е надвор од брзите можности за постигнување. Таа ќе остане најскапоцената еволуција на умот, бидејќи се постигнува единствено со неколку децениско дејствување односно практицирање. Несомнено е дека некогаш повторно ќе се случи тоа под-културно дејствување како начин на живеење, но тогаш најверојатно ќе биде незабележително, бидејќи во никој случај не би можело да дојде преку револуција. Мудроста доаѓа со еволуција.
0 comments:
Post a Comment