Tuesday, January 10, 2012

Фасцинантна реалност II (патување низ времето)

“leave no child without hope for the future” - David Lewis Anderson

Првата фасцинантна реалност која ја опишав беше онаа на Stewart Swerdlow која раскажуваше повеќе фантазија отколку наука бидејќи содржи верување за рептилски суштества со човечка интелигенција кои сѐ уште живеат под земјата. Иако е неповерлива, сепак спаѓа во фасцинантна реалност бидејќи тој успеа да собере огромен број луѓе кои веруваат во тоа и да претстави фантастична теорја околу тоа. Вторава фасцинатна реалност е релативно понова, и нејзиниот иницијатор е Давид Левис Андерсон, а се зборува за патување низ времето.

Давид Л. Андерсон е роден во Weirton во западна Вирџинија (САД), студирал инженерство, физика и филозофија, но неговиот интерес е насочен и кон времепросторна физика, специјална релативност и тн. Учел и воен колеџ во Minnesota и потоа се вработил во американска воена авијација каде што дизајнирал мотори за воени авиони. Од таму ја добил заинтересираноста за патување низ времето и подоцна основал ја организацијата TTRC која има лабараторија за истражување на временска технологија стационирана во Њу Јорк, Америка.

Таму со група физичари во 2010 год. израдиле временска машина со која можат да се вратат неколку минути во минатото, но сѐ уште не е експериментирано на луѓе, туку на растенија и животни. Неговите теории за подвселенска вбрзина подоцна формирале теорија позната во физиката како Time-warped field theory. Подоцна снимил документарен филм  за тоа каде што објаснува за временската машина. Имено начинот на кој е изградена е целосно базиран на искористување на гравитација и светлната, всушност светлината ќе се користи како манипулација на гавитациајта, а гравитацијата како манипулацја врз времето. Со користење на еден светлосен ласер машината би требало да ја контролира временската дисторзија исто како што светлината ја контролира гравитацијата, така што ќе може да патуваме во иднина но и да се вратиме назад. Начинот на контрола и управување се базира на зголемување на светлината која ќе ја згусне гравитацјата, а таа ќе го успори времето, со што предметот ќе скокне во иднината. Многу подетално тоа го објаснува во аудио разговор кој е поставен подолу за слушање.

Доста интересна и фасцинантна реалност на овој научник, но сепак постои оној познат парадокс – „ако дете патува во минатото и го убие својот дедо, како може воопшто да се случи патување во минатото кога ако не постои дедото нема да постои и неговиот внук?“ Давид ова го обајснува со тоа што кога ќе патуваш со неговата временска машина, всушност стигнуваш во паралелен универзум каде нештата се премногу но не целосно исти како и овој, и таму можеш да го смениш верменскиот тек, но тоа не може да влијае врз универзумот каде што припаѓаш. Патем, неговата опсесија со патување низ времето се родила откако неговиот татко починал, што ѝ дава еден драмски елемент на целава научно фантастична приказна.

Читав неколку дискусии на странски форуми околу оваа појава, бидејќи кај нас е сѐ уште непозната, и нешто што ме заинтересира беше прашањето како би го докажале постоењето на времето, ако е тоа само илузија тогаш патувањето низ илузии несомнено би предизвикало драстична дисторзија на она што го сфаќаме како дефиниција за нормалност или нормално живеење. Можеби најдобар доказ дека времето постои е самата неможност да ги смениме нештата што сме ги направиле, тогаш дали оваа временска машина всушност би го убила времето и би го избришала неговото постоење?



0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More