Sunday, December 18, 2011

Бумеранг на добрината и елка од пластични шишиња





"Be the change you wish to see in the world."
Gandhi
.
Доколку го побараме коренот за постоењето на нештата, ќе дојдеме до одговор дека сите нешта постојат поради свесноста за нив. Подигнувањето на јавната свест значи и придонес за постоење на уште неколку нешта, покрај постоечките, нели. А поентата на дејствување врз јавната свест е сконцентрирана во самиот бумеранг на добрината.
Со тој бумеранг се сретнав пред неколку години во еден блог пост на @Vnukot, за кој веројатно никогаш нема да ми текне како се викаше и кај беше постиран, но како и да е, истиот бумеранг постоел и многу порано од тогаш, токму поради тоа што некој друг бил свесен за него. Од друга страна постои и бумеранк на злобата и работи на истиот принцип како добриов, освен што не сакате да ви се случи!


Појавата е наречена Бумеранг така бидејќи дејството (независно дали е добро или лошо) кое што ќе го направам, многу е веројатно дека ќе ми се врати после одреден период, по принципот на butterfly ефект. Тоа е еден поврзан процес на дејства кои зависат едно од друго и се поврзани со причинско-последична врска. Овој процес е единствениот кој постои независно од нашата свесност за него, но верувам дека зависи од некоја друга поголема свесност, можеби свесноста на универзумот, којзнае.
Како и да се случуваат работите околу нас, ние сепак (барем) еднаш во животот доаѓаме до прашањето: Што направив јас за светот, или кој е мојот допринос за нештата да бидат поубави, подобри и посвесни? Јас би можел да одговорам дека ја создадов иницијативата Lets grow awareness и под истото мото продолжувам да придонесувам за зголемување на јавната свест околу повеќе теми, а во моментот тоа градење на елка од пластични шишиња.

Иницијативата за изградба на елка од пластични шишиња е започната во Скопје и раширена низ неколку пунктови во повеќе делови од главниот град, а еден пункт ќе биде отворен и во Куманово (на 24-ти декември од 12 - 14 часот)  каде јас и Сања (@ssanja4) ќе го очекуваме Вашиот придонес кон иницијативата, со донесување на неколку пластични шишиња (кој колку може). Се надевам дека со ова ќе започнеме уште еден бумеранг на добрината, кој секако, кога тогаш ќе ви го врати нештото кое сте го направиле.

Еве и визуелна претстава за поимот, којa дејствува многу помотивирачки од сите букви погоре!




Твитер: #елкамк


Линкови од иницијативата за градење елка од пластични шишиња, објавени од неколку други блогери:

http://darjanradenkovic.blogspot.com/2011/12/blog-post.html

http://tamaraatanasoska.wordpress.com/2011/12/16/novogodishna-elka-od-plasticni-shishinja/

http://jovanatozija.blogspot.com/2011/12/blog-post_06.html

http://bit.ly/rXieKn (debarmaalka.wordpress.com)

Планот на изградба: http://endek.tumblr.com/post/14407891267/sheshe-shishe-elka


0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More