Tuesday, January 25, 2011

Слободна волја ( и моќта на свесноста)

Јасно е дека во секој момент од животот одлучуваме еден од безбројните избори на нашиот следен акт, интересно станува кога ќе дознаеш дека 95% од нашите дејства ги контролира нашата потсвест. Тогаш си наметнеме прашње: како да ја одредиме одговорноста?
Еден неуронаучник Sam Harris во една негова книга има опишано експеримент со кој се докажува дека нашиот мозок реагира 10 секунди пред тоа да го стори нашата свест кога треба да одлучиме нешто. Од тука тој доаѓа до сомневање дека ние можеби и немаме слободна волја:
Harris argued that "no account of causality leaves room for free will." He cited experiments in which magnetic resonance imaging (MRI) "predicts" that a subject is going to do something—on the basis of activity in the subject's brain—up to 10 seconds before the subject consciously decides to do it.
"Clearly, findings of this kind are difficult to reconcile with the sense that one is the conscious source of one's actions," Harris wrote.
Сега е веќе појасно дека се работи за нашиот потсвесен дел од умот, но останува енигмата до каде оди одговорноста и каде престанува. Потсвеста е мрежа од програми според кои дејствуваме 95% од времето, додека 5% отпаѓаат на свесното размислување кое патува во минато и оди во иднината за да ги спореди научените лекции и предвидувањата што би придонело за донесување на поважните одлуки. Главните програми кои ја држат основата на мрежата наречена потсвест, се настанати пред да наполниме шест години од животот. Детето до шест години цело време перципира како се однесува околината (што за него е целиот свет) и она што за тие шест години ќе го перципира, ќе биде главната основа според која ќе му се засноваат сите акти во понатамошниот живот. Исто што е интересно е и фактот дека околината има дејство врз нашата ДНК со тоа што нашиот начин на живот е целосно зависен од околината во која растеме токму затоа што таа ја програмира нашата потсвест оти нели нашата перцепција на околината ги создава програмите на потсвеста. 
.
Во едно интервју со Брус Липтон (подолу поставено за гледање од тука), доста прецизно е разјаснето како нашата слободна волја зависи од развиток на свесноста. Неговото објаснување за моќта на свесноста е многу едноставно: rewrite the subconscious т.е. репрограмирање на потсвеста.
.
Некаде од 16 -та минута па натаму го спомнува феноменот head over heels“ изразувајќи ја моќта на слободната волја бидејќи во таа предходна состојба на „перфектното заљубување“ нашата перцепција околината ја препознава како рај. Тогаш излегува прашањето: што е тоа што нас не спречува да го живееме тоа кога ќе посакаме? Пак е едноставно: rewrite the subconscious!
.
Видеото:
.



2 comments:

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон!

Спознај се себе си! И биди без страв бидејќи во кукавицата не вирее доблест!

Тоа го зборуваат сите големи адепти од минатото!
Без сусптанции, без вештачки стимуланси, спознај се себе си! Извлечи го Јас од Пештерата и претепај го под жешките зраци на Сонцето!
Се е во вас, само треба да работите! Без страст за резултат, секој пат е совршен! Така вели една книга...

93 93/93

Алистер остави голема порака која одекнува низ многу генерации. Тој денес има педесет пати повеќе следбеници отколку во неговото време. Пишував еднаш за него: http://outtake.blog.mk/2010/01/31/telema/
Поздрав

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More