Thursday, December 18, 2008

Самоубиство ( и еутанизирање)


Луѓето се раѓаат несвесни за тоа што треба да прават и зошто се родиле, но во текот на животот учат и креираат своја цел, а со тоа ја креираат и својата душа. Предметите немаат душа, но сите останати живи суштества и организми имаат и нејзиното присуство го потврдуваат со својствено однесување и дејствување врз светот. Душата расте правопропорционално со растење на моќта на првото јас врз второто. Со тоа се зголемува самосвесноста и се доаѓа поблиску до откритие на одговорот на прашањето – зошто сме родени и која е целта на нашето постоење.

Некогаш сите сме си го поставиле тоа прашање, а следователно на тоа инстинктивно сме се запрашале и дали е потребно да живееме. Дали знаете што е потребно да искусиме за да си одговориме негативно на ова прашање? Вие обидете се да размислите, а во продолжение ќе се обидам да го претставам моето сфаќање на темава. За да се одлучите за самоубиство, потребно е да сфатите дека вашиот живот е бесмислен и нема поента, а знаеме дека сите бесмислености треба да се прекинат оти едноставно не се потребни никому. Но она што ќе не убеди дека нашиот живот е бесмислен, е токму пројденото мрачно искуство. Колку е тоа искуство подолго, толку е поголемо нашето убедување.

Значи, ги откривме мотивите за појавата самоубиство, но сега се наметнува прашање – дали е тоа во ред, дали таа постапка ќе биде сфатена од останатите како сосема нормална постапка за секоја единка која се здобила со такво искуство во животот. Во Швајцарија тоа е веќе сфатено како нормална па дури и потребна постапка на таквите луѓе. Имено, таму постојат центри кои еутанизираат доброволни клиенти, таква е клиниката “Дигнитас” и досега имаат еутанизирано стотина британци. Клиниките развиваат таканаречен "самоубиствен туризам”, не е важно од каде доаѓаш, она што е важно е да имаш потврда од психијатар дека не си океј или дека имаш неизлечива болест и да ги платиш услугите, па потоа за твоето еутанизирање(уништување, усмртување), ќе се погрижи персоналот од клиниката. Ако веруваш во рај ќе одиш таму, ако не, никаде не одиш.. едноставно не постоиш! „Суицид туризам“ се појавува бидејќи се поголем број англичани се решаваат на користење на услугите на оваа клиника. тоа е токму поради фактот што законот во Англија не дозволува еутанизирање поради, како што е наведено во нивниот закон - „селфиш мотивс“, додека Швајцарија има појасно дефинирање на истиот закон со што се дава простор за опстанување на една ваква клиника, која сепак поради суицид туризмот, во последно време е на удар на властите.


Засега кај нас тоа е премногу лудо за да се прифати за нормално, но со неколку изминати бројки што ќе избројат години, ќе си биде сосема нормално. Нашата самосвесност одлучува за нашето постоење, непостоење и дејствување врз нештата околу нас!




Јас лично, сум ЗА еутанизирање по своја волја, но само доколку личноста е доволно возрасна и разумно свесна дека самата е одговорна за своите дејства и последиците. Еве ви еден пдф документ од Dignitas, па кој е љубопитен околу мојот став и ставот на клиникава, нека прочита.

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More