Sunday, December 21, 2008

Психоделична уметност

Психоделичната уметност е вид на главно визуелни, звучни и литературни креации кои се создадени од автори инспирирани од психоделично при користење на ЛСД, мескалин и псилоцибин. Зборот „психоделичен“ е кованица на Хамфреј Осмонд и значи „манифестација на умот“ (mind manifesting). Психоделичната умерност настанува во шеесетите години во контракултурните движења т.е. меѓу хипиците.

Психоделичните артисти наводно се појавуваат токму по откривањето на ЛСД од хемичарот Алберт Хофман.
По излегувањето на книгата „врати на перцепција“ од Олдос Хаксли, Џим Морисон добива инспирација за именување на својата рок група во Дорс.


Најголемите психоделични артисти подоцна (во 1067 год.) биле главните лидери на демострацијата популарно наречена „Лето на њубовта“. Движењето се раширило низ повеќе градови во Америка , а најмасивно во Сан Франциско. Учесниците во движењето биле наречени хипици според зборот „hipster“ кој од почеток се употребувал да означува „beatings“ – луѓе што учестувваат во масовно движење(ама движење како мирно и активно ширење на своите идеи и различни својствености).
Хипиците пропагирале: мешавина од водови и идеи за музика, позитивно дејство психоактивни дроги, сексуална слобода, креативно изразување(или позитивизирање на креативноста), ширење љубов и тн.

На крај со завршување на движењето, психоделичните уметници завршуваат неславно бидејќи е јасно дека нивните визии се потикнати од психоактивни дроги кои на одредени случаи влијаат негативно поради самото погрешно сфаќање на визуелизациите.
Подоцна со законското забранување на психоактивните супстанции, престанува секаква шанса за делење заедничка љубов и уметниците продолжуваат тивко да се изразуваат и да се пронаоѓаат едни со други како заталкани и несфатени од мнозинстовото. Но затоа пак привлечноста меѓу нив е поголема!
Еве малку психоделичен рок:


Open your mind. Smiling

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More