Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Saturday, May 26, 2012

Чекори

„Небесна музика рика од згасливата боја на денот пеат двата мои јазика Во очите закрилена птица сон им сонува вечен.“ -Драган Арсовски – Арсо (Чекори) . „Чекори“ е едно мало книжуле кое е збир на поетска литература од неколкумина избрани поети и поетеси од Куманово. Ова парче поезија е испечатено од едно креативно и амбициозно друштво „книжевна младина – Куманово“ или скратено КМК, во 1986 година. Тогаш кога на овие простори имало таков рај на кој и американците му подзавидувале..Пред неколку недели случајно ја најдов оваа книга во мојата огромна библиотека претрупана со комунистички дебели книги кои без никакво двоумење би ги поклонил...

Фанатичка држава

„Многу пениси никнаа, вагиналната манипулација не игра во Македонија. Штета.“ - @VidanaDeSign.И Фашизамот во суштина ја зацврснувал својата моќ со помош на фанатизмот, тоа во минатото најдобро го знаел Берне, човекот кој се фасцинирал од моќта на фашистичката демократија во Германија и решил истата да ја инсталира во Америка, сo таа разлика што бидејќи знаел дека насилното манипулирање со луѓе во иднина не би успеало, се решил да ги натера самите да се изманипулираат себе си, со тоа ќе им го инсталира фанатизмот. Еднаш предходно објаснував како го направил тоа.. Денес ја прочитав вчерашната колумна на Венко „Реклами за кои нема стварност“,...

Saturday, April 28, 2012

Маркетизирање

Најлесната работа у живот е да бидеш глуп. Најтешката е да ти се објасни дека си. ~ Влатко Васиљ . Македонија е несомнено чудесна земја, но изгледа како ние да ги мразиме чудата, како да ги одбегнуваме, како потајно да не веруваме во нив, а кога истите ќе ги сретнеме во западните книги или филмови, се воодушевуваме на тоа небаре сме потполно свесни дека не воопшто купуваме само комерцијална приказна за „американскиот сон“. Не, не зборувам за „чудата“ што минативе денови ги видовме по црквите, сметам дека таа патетичност е пожелно што побргу да се заборави. . Вчера вечер гледав филм, фала му на @VlatkoVasilj што го твитна, се викаше The Soloist....

Thursday, April 26, 2012

Изместување на реалноста

Универзумот е само енергија, кондензирана во бавна вибрација, сите ние сме една свест која субјективно ја доживуваме. Не постои такво нешто како смрт, животот е само сон, а ние сме имагинација на самите себе. ~ Бил Хикс .После една случајна размисла за филосовска дилема околу тоа дали предрасудата е само вкус, и дали вкусот, принципот, догмата, верувањето е само предрасуда (во некој случај и потребна); сосема неочекувано дојдов до размисла околу теоријата за глобален пласибо ефект која бездруго пред некоја година во една викендица на селото Војник (Кумановско) за прв пат ја раскажав на неколку филосовски расположени другари.. Атеист, агностик,...

Tuesday, April 10, 2012

Ко је крив?

.Во принцип никогаш не сум сакал да ја напуштам земјава, иако имав неколку другари со кои пораснавме во истото маало и до пред некоја година заедно излегувавме и се напивавме по кафиќите, а денес сите тие се успешни Австралијанци, Бугари, Американци и Италијанци. Да, Боби и Мацко, дечките со кои секој ден игавме серва у маало, кои живеат на 4-5 метри до мојата куќа, се веќе две години во Австралија, работат и студираат, веќе имаат свој капитал, веќе праќаат големи суми на нивните овде, а јас немам ни 100 денари за интернетов да си го платам. Арсо, кој е на 500 метри од моето маало, со кој седевме 4 години во иста клупа, спиевме и јадевме еден кај друг, планини и долини шетавме секој ден; сега работи и живее во Бугарија, програмира и зима убава плата. Деки отиде во Америка, Влатко со кој детството...

Friday, April 6, 2012

Парада и Панкот не е мртов

„Никад, ама никад не треба да бидеш сосема сфатен, тоа е точка, крај! Не сакам точки.“ ~ Панкот не е мртов (филм) time: 01:02:05.После толку одлагања конечно се решив да ги погледнам и овие наши филмови т.е. еден српски еден наш филм. Ги гледав во два дена и без да решам да ги споредам, меѓу нив се забележува големa разлика. Парада останува во традиционалниот спрски стил додека ние со Панкот целосно го копираме Холивуд и згора на тоа и насловот не е оригинален оти холивуд го снимаше истиот наслов уште во 2007-ма. Нешто слично изгледа се случува и со Скопје Ремикс кој е излезен на 30-ти Март годинава и за кој се потрошени 400.000 евра или пола...

Wednesday, April 4, 2012

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет, па дури и повеќе читаме преку монитор или дисплеј отколку од класични хартиени книги, секако ако анализираме општо читање на сè, не само на литература. Тогаш, дали ова сознание не ни пресликува некоја визија за тоа што нè очекува во иднината на ова поле? Или можеби е само фатаморгана ефект? Секако, хартиената книга има чувства во себе, има специфичен мирис, ја поседува нашата навика за блискост и омиленост, со еден збор - има душа. Но прашњето е дали ние свесно сме подготвени...

Thursday, March 29, 2012

Читање vs читање vs гледање (контекст)

.Прв дел од темата: „гледање vs читање (seeing vs reading). Секој човек на нештата околу себе им приоѓа на два начина: а) со гледање т.е. набљудување; и б) со читање. И на двата начина тој ја процесира надворешната содржина притоа  користејќи ги своите рецептори кои се полни со предрасуди, навики и омилености. Во текот на обработувањето на таа надворешна содржина, кај човекот се пробудуваат емоции, сеќавања, обработување на тие сеќавања од нов агол, нови сознанија, возбуда, зголемени зеници, зголемена вознемиреност и зголемен адреналин следствено на возбудата. Откако ќе ја обработи таа надворешна информација, тој внимателно ќе ја...

Tuesday, March 20, 2012

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. Tоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе. Денес конечно пронајдов време да истражувам за темата дека визуелното апсорбирање информации е далеку поефективно отколку читање на истите информации. Пред нас имаме интернет конекција и безброј интересни теми за апсорбирање кои ни се пружаат секоја секунда на твитер, facebook, блог, Tumblrs, јутуб; но не можеме паралелно да ги прочитаме или...

Thursday, March 15, 2012

Блогерајство и blogirame.mk

„Блогер не се раѓа, блогер се создава“ ~ iskric . Размислувајќи искрено, блогот има далeку попрактична намена од социјалните мрежи како твитер и facebook, од едноставна причина што константно ја оддржува актуелноста на постовите или објавите, освен тоа има предност во сопствено менаџирање и лесно доаѓање до објавите преку гугл срч, а со тоа нели ги чува и ги прави подостапни до било кој читател; додека социјалните мрежи нè ограничуваат и нè унифромираат во слична унформа со сите членови на мрежата, а со тоа мора да признаеме дека индивидуализмот е одамна убиен и единствено што се цени е униформата на групата во која припаѓаш. Баш во последно...

Tuesday, March 13, 2012

About a Boy (филм)

"if there is hope for Will, there is hope for us all". Многу ретко пишувам за филмови, а кога пишувам тоа секогаш се оние кои не се најдобрите што некогаш сум ги оценил. Имам изгледано 406 филмови од 2010та наваму, секој од нив го имам оценето (на criticker.com) во денот во кој ми е гледан и поради тоа имам информација кој филм во кој ден ми е гледан. Тоа воопшто не се многу иако тоа е мислата што на секој прво ќе му падне на памет, оние кои немаат поим колку имаат изгледано, верувам дека изгледале многу повеќе од 400 иако и на себе не би си верувале, но тоа е друга приказна. Пред некоја минува го гледав филмот About a Boy и дознав дека тој...

Saturday, March 10, 2012

Избрзан активизам

Неопопуларност е интересна појава, се однесува на популарноста на виртуелни никови или имиња од социјалните мрежи како фејсбук и твитер, а оваа популарност со себе носи и огромно влијание врз голема група корисници на социјалната мрежа. Тоа има огромен удел во активизмот организиран онлајн, бидејќи првите иницијатори се токму популарните корисници на твитер, оние со над 2000 следбеници да речеме. Но во последново време (поточно денес) забележувам дека онлајн активизмот не само што беспотребно се појавува туку и е доста непромислен и избрзан, што донесува несакани ефекти кои на пример во случајот со протестите за Мартин Нешковски се одразија...

Monday, March 5, 2012

Quake (игра)

Во последно време доста кредит им се дава на видео игрите, пред некоја година најпопуларна беше WOW (World of Warcraft) која искрено никогаш не ја сакав, а сега уште попопуларна е Skyrim која искрено никогаш не ја играв. Во принцип не сум гејмер и можеби поради тоа не ги сакам стратегиските игри, ама како и секој експлорер на чудата во животот, повеќе ме привлекуваат first-person shooter игри како кантер страјк (која не ја сакав многу) и quake која во детството ја сакав премногу, а никогаш не ја играв од причина што во интернет кафеата целото друштво играа кантер и едноставно немав со кого да играм quake. : ) Оттогаш поминаа десетина години,...

Wednesday, February 29, 2012

15 Million Merits (од Black Mirror)

За привлечноста кон вакви филмови, неминовно е да сте израснати со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт составен од начинот на кој сите живееме и пречките на кои сите наидуваме за да ги победиме и со тоа да станеме посилни за следните. Научната фантастика која има толку суптилна имагинација пред која можеш да останеш рамнодушен само ако твојот ум нема сè уште идеја како да развие перцепција за толку моќна имагинација. Black Mirror е една таква серија од поновите во стилот на Fringe, со таа разлика што...

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More