Толку многу магија има во тоа зборче што ме збунува комплетно во одлуката од каде да почнам со нејзиното откривање. Човекот врз светот и сè околу себе, па и врз себе, дејствува на два начина: свесно и потсвесно. Свесното дејство кога се раѓа е премногу мало, но со растење на човекот, расте и свесноста за неговото дејствување. Сепак она што се крие во неговата потсвест и го диктира несвесното дејствување, е во многу поголеми размери кои досега никој не успеал да ги измери(но важно е да се спомне дека многумина се обиделе токму со помош на халуциногени супстанции).
За поимот “импресијa” е потребно да се анализира до одредена граница која е поставена откако е соберена доволна количина на информации кои ќе ни ја детектираат импресијата веднаш по нејзино појавување при што ќе ја вреднуваме повеќе отколку предходно кога не сме знаеле какво е тоа чувство и дали ни е потребно.
Ако речам: “ја сакам заради импресија”, јас навистина мислам дека таа умее да создава нешта кои моите мозочни електро бранови, ги регистрираат како импресии, иако таа не е сосема свеса за тоа и може да ме регистрира како фанатик. Разликата меѓу аналитичарот и фанатикот се состои во нивото на свесност за поимот импресија. Фанатикот чувствува необјаснива магија во неограничена форма, додека аналитичарот при импресионирање ја собира онаа количина до границата која само ќе ја детектира импресијата и ќе ја перципира како значајна емоција.
Импресијата по дефиниција е високо доживеано чувство, силен впечаток. Таа е еден од моите омилени поими, бидејќи без неа, животот би бил бесмислен, но не секој е свесен за тоа. Импресијата е она за кое одлучивме да се родиме! При живеење собираме секакви искуства, емоции и импресии и умираме со богата жетва, но само ако сме свесни за тоа.
0 comments:
Post a Comment