Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Monday, November 21, 2011

Две размисли


Ја преведов Bella Ciao на македонски, коа после ми текна да ѕирнам на јутуб и оп - ја најдов преведана. Ама не во буквален превод туку во некој доста убав македонски препев, автор – „Звонко и другарите“. Баш супер, сега си најдов уште една убава песна, ем на македонски – си реков. Арно ама на сликата случајно приметив дека цедето Звонко го нарекол „збирка НЕљубовни песни и добив желба да пукнам од мака што не можам лично да го прашам Звонко: Дали љубов кон татковината всушност е НЕљубов?
Потоа се предомислив и решив да не пукам од мака, оти тоа и онака е само интро на темава во муабетов. Инаку уште од дамнина колектирам докази дека постојат два вида размислувања и, сега решив да ги искажам. Имено (или безимено), еднаш се најдов среде дискусија со еден Сељак и во своето објаснување пронајдов тероија за постоење на два вида размислувања:
  • Ø Црно-бело размислување и;
  • Ø Колорно размислување.
Црно-белото позачестено се користело во минатото, но воопшто не реткост и сега. Тоа е философија заснована на две страни кои секогаш би постоеле без разлика на тоа колку нови бои ќе се појават во иднина. Оваа философија е најсигурна т.е. без никаков ризик по својата самодоверба и донесува цврст став во однос на одреден предмет, односно го обележува црно или пак бело, во зависност на тоа која е првата мисла што ќе му се појави на господинот следбеник на оваа философија. Всушност доста слично со трикот за полупразна и полуполна чаша, помислуваш на првото што ќе ти дојде на ум, не знаејќи дека чашата може да биде и двете опции одеднаш. Инаку првата мисла која ти се појавува всушност не е твоја туку општа, бидејќи следбеникот на црно-белата философија скоро секогаш е наклонет кон народното т.е. општото размислување. На пример кога медиумите (ТВ и Весници) изјавуваат критики или пофалници околу нештата тогаш во овој „наш“ следбеник се инсталира општата (раз)мисла околу нештата, која подоцна ќе му се појави при избор дали чашата ќе биде полупразна или полуполна, односно при изборот дали нештото ќе биде бело или црно. Основното нешто што е карактеристично за оваа размислување е дека постојат само две страни – или е црно или е бело, трет избор не постои!


Коренот на создавање на оваа философија е засаден во отсуство на свеста. Односно засаден е на местото кое е одредено за свесност (кога би се појавила), така да основата му лежи на сосема празно место и затоа уште одамна почнало да паѓа „во вода“ или во бездна, сеедно.

Колорното размислување ги содржи сите видови бои освен црната и белата. Тоа значи дека ги (с)фаќа сите размислувачи освен црно-белите. Овие размислувачи направиле толку многу поделби што понекогаш се наоѓаат себеси загубени во изборот односно припаѓањето, но оние посвесните имаат прецизно трасиран пат по кој дошле до своето мислење, и со задоволство би го објасниле доколку околината е расположена за комплицирано размислвуање. Свесноста со себе носи нешто кое црно-белите размислувачи го нарекуваат комплицираност, а колорните – интересност (импресија и експресија). Порано во музиката имаше само неколку правци, сега ги има најмалку десет пати повеќе. Слично се сличува и со литературните правци, што само по себе алудира на зголемување на свесноста т.е. психичка еволуција.
Но каде залута интрото во оваа приказна?
Еден колорен размислувач ќе рече дека и љубов кон патриотизмот и државата е бездруго - љубов, но со малку поинаква нијанса. Но што ќе рече еден црно-бел размислувач?
Мнозина од размислувачите и не знаат дека размислуваат само црно-бело. А тоа не е толку страшно како страшното одбивање на останатите бои поради неверување на нивната сеприсутност.
Но за жива среќа постои еден процес кој се вика - Еволуција!
_______________________________________________________
Патем, ги должам песните и преводот:

Едно утро кога се разбудив
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
Едно утро кога се разбудив
и го видов окупаторот.

Еј партизану, носи ме од овде
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
Еј партизану, носи ме од овде
зашто чуствувам дека смртта се наближува.

Ако умрам како партизан
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
ако умрам како партизан
тогаш мора да ме погребаш.

Погребај ме во планината
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
погребај ме во планината,
под сенка на едно цвеќе.

И луѓето кои ќе поминат
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
и луѓето кои ќе поминат
ќе ми кажат: „колку убаво цвеќе!“

Ова е цвеќе од партизан
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
ова е цвеќе од партизанот
кој умре за слободата.

кој умре за слободата!
кој умре за слободата!
_______________________________________________________
И убавиот препев на Звонко и другарите од нивната збирка на, би рекол, песни со поинаква љубов. Eye-wink Cool

Sunday, September 4, 2011

Сајберпанк и движење низ интернетот

Лошо е кога луѓето ќе се заклучат во своите зборови. Тогаш тие помислуваат дека се единствени кои можат најдобро да ги подредат зборовите. Но лошото не е страшно. Страшно е само она што е страшно..

Индивидуалноста е страшна работа. Вие сте страшна работа,as well. Причината поради тоа е токму затоа што луѓето стануваат сѐ поразлични еден од друг заради преголемиот број опции за трипинг во сопствената реалност. Она што психонаутските психолози во осумдесетите го предвидуваа за денешниот живот, всушност стана вистина. Вечната борба помеѓу мејнстримот и индивидуалните артисти која започна во шеесетите, конечно повторно се активира во осумдесетите, но со пренасочување кон виртуелноста. Во 83-та никнува поимот Сајберпанк во една кратка приказна од Bruce Bethke од тогаш поимов станува нов жанр во научната фатастика. А потоа футуристичките психолози Сајберпанк го поврзаа со индивидуалистите кои требаше во 21-виот век да ги срушат предходните принципи на општеството. Барем според предвидувањата во книгата Chaos & Cyber Colture.

.
Интересно е да пробаш да замислиш што сѐ ќе се случува во иднината. На пример, денешнава вест по американски списанија е прилично поттикнувачка – имено, училиштата во Бостон веќе се опремени со ај пад за секој ученик што останува за помислата: „што ќе биде за десетина години со светов?“?


Како и да е, психолозите предвидувачи, не предвидоа единствено две нешта:

1. Хаосот од недостиг на филтер на веродостојност на информации во мрежата и,
2. Зголемувањето на гордоста т.е. вообразеноста на луѓето кои умеат да ги подредат зборовите умешно.
Во самиот подем на интернет мрежата во раните деведесети, се напишаа книгите за сајберпанк иднината, индивидуалноста која требаше да го избрише општеството онакво какво што го знаеја постарите генерации, и скоро нечујно да се смени во индивидуалистичко; почна да расте во одделни кругови здружувајќи млади и креативни луѓе кои разменуваа нивни писанија и, меѓусебно мудруваа низ коментирања. Во Македонија од таквите подлабоко-свесни кругови меѓу првите чинам, беа Опасна Багра и Блогерај. И двете нешта умреа еволуирајќи во она што погоре е означено под број еден. Тоа можеби беше токму Сајберпанк генерацијата која креативно и со внимателно наредени зборови, рефлектираше виртуелна интелигенција, хумор (најчесто преку внимателен сеир и автосеир), свесност,креативност, мудрост и индивидуалност која го надмина просечниот левел на еволуција. Токму тука мислам дека ја допре поврзаноста со контра-културното движење во шеесетите, и како по книгата - новата генерација котра-културалисти се родија како Сајберпанкери.

Она што не се предвиде, е самиот пад на сајберпанкерите. А искрено, кој би сакал да предвидува падови на толку импресивни нешта? Сепак, се случи сосема природно. Виртуелноста од воодушевувачки поим, стана одбегнуван и омразен поради самиот хаос на информаците кој се појави поради преголемиот избор на можности. Сепак, сензуалноста во реалноста никогаш целосно не се замени со виртуелност, всушност и не беше цел да се копира постоечката реалнсот, туку да се создаде нова. А тоа видно успеа. Или барем на почетокот.

Ненајдениот концепт за филтрација на огромните можности и ненавикнатиот човечки ум за неограничувања, го сторија падот на интересноста и жарта на интернетот и сајберпанкот.Она што стои под бројот два погоре, е всушност смртта на Сајберпанкерите. Тоа во најголем случај беа самците(во реалност) кои пишуваа и задоволно ја изразуваа својата светла страна – индивидуалноста и креативноста. Смртта ги начека во ќошето за гордост, бидејќи и онака беа распрскани од хаосот, низ социјални мрежи и несврзани блогови, најчесто странски; па спокојно замреа низ звукот на носталгичноста. Самата појава на виртуелната гордост ја донесе мислам, леснотијата на дејство, бидејќи воопшто не беше потребна некаква храброст, оти храбтоста нели доаѓаше од свесност за соочување со последиците, а интернетот немаше последици, па аналогно - немаше ни храброст. Леснотијата на виртуелното дејствување создаде лажни (т.е. шупливи) авторитети. Можеби тука треба да ги спомнам импресиумот на сајтовите што објавуваат Пауло Коелјо лимонади, како „топ 10 начини на заведување“ и слично. Од друга страна, бизарноста на самопрогласените писатели, пишувајќи книжевно и литературно неправилни писанија, а можеби и од иста страна би биле и книжевно едуцираните, тие всушност се премногу горди сами на себе, поради што низ нив продира една психолошка арогантност, задскриена во умешно наредените зборови.

Сајберпанкерите, иако денес во кревко малцинство, сепак постојат некаде расеани врз интернет мрежата. Го продолжуваат она што го активираа психоделиците во доста убав број млади умови. По некоја година интернетот го стори истото, но не со сите за жал. Можеби и затоа се психоделиците се нелегални. Мнозинството би се загубило некаде меѓу големиот број опции, и можеби само би станало едно од нив т.е. - опција.



Tuesday, August 30, 2011

Левели на свесност




Свесноста е чуден поим. Неретко се поврзува со мудрост и интелигенција, и исто толку неретко и` се згрешува поимливоста поради тоа. Всушност истото се случува и со поимите мудрост и интелигенција бидејќи и двете се премногу различни за да се поврзат. Патем, најскапоценото меѓу нив е мудрост секако, бидејќи за човек да се здобие со неа потребно е многу повеќе децении отколку за да се здобие со свесност и интелигенција.

При враќање кон поимот свесност неможно е да не изникне прашањето: зошто при првото вдишување на свесноста, систематски престанува да постои реалноста за предходноста? Можеби свесноста е тунел кој ја поврзува постоечката со посупериорна реалност, па откако ќе скокнеме подалеку, предходната автомстски ни се чини погрешна поради што и ја престануваме со постоењето. А со зголемување на левелите на свесност, се зголемува и бројот на поврзаните реалности, што ни овозможува патување односно еволуирање кон се` посупериорна реалност.  Патем придавката „супер“ овде ја издига онаа реалност во која ќе немаме ограничувања наредени од мислите, телото и други субјекти во моментално постоечката реалност.  Реалноста е само став, а за еволуција односно мигрирање кон посупериорни ставови е потребен шарениот тунел наречен свесност.

Психолозите развиле теорија за осум постоечки тунели или левели на свесноста, во психологијата наречени кола или кругови. Ова е моделот од осумте левели на свесност:

           1. Био-опстанок (Дишењена свесноста)
-Втиснато во детството, тој е опфаќа грижа за опстанок и био-безбедност. Тука се втиснува првото коло во кое се поставени основните односи на доверба и сомневање кои ќе траат цел живот. Прво се активира со раѓање и со програмот на перцепција за корисно(или потребно) и штетно(или опасно). Ова коло или левел на свеста кај адолесцентите може да се стимулира со алкохол и уште некои опијати. Овој левел на свесност се појавил во почетоците на еволуцијата кај без’рберници. Овој круг претставува едно-просторната димензија (напред/назад).

2. Емоционално – Територијален левел (Или егото објаснето од Фројд)
-Втиснат во појдовната фаза, овој круг на свеста опфаќа емоционална активност, доминација, потчинување на стратегии и територија. Првиот впечаток се индетификува со акти на доминација, агресивно однесување или потчинување. Овој левел може да се активира со обилно количевство на алкохол. Ова воведува во втората димензија (горе/долу).

3. Симболичното или невро-вемантичка умешност (Рацилналниот ум)
-Втиснат во човечките артефакти и симболниот систем, овој левел опфаќа управување со околината, иновативност, пресметување, предвидување, изградба на „мапа“ за универзумот. За активирање на овој свесен сегмент е потребна физичка умешност и кофеин, брзина, кокаин и високо-протеинска исхрана. Овој левел се прво се појавил кога хуманоидите почнале да се разликуваат од другите примати.

4. Внатрешното или социо-сексуално коло (за „возрасни“ личности)
-Започнува со првиот оргазам и искуствата на парење и племенскиот морал. Овој дел опфаќа сексуално задоволство (наспроти сексуална репродукција), локалните дефиниции за „морална“ и „неморална“ репродукција, негувања на младите и тн. Оваа коло во основа се однесува на градење улога во социјална мрежа (во реалност, наспроти интернетот) и пренос на културата низ времето. Овој левел првпат се појавува со развивање на племенски заедници. Овој левел не би требало да се поврзува со дрога, но за истакнување на андрогените за мажи и естроген кај жените, може да се користи МДМА (или екстази). Екстазите со чист МДМА, МДЕА или МДА го активираат зближувањето за кое е одговорен допаминот. Може да се наречат и дрога на љубовта, ако за љубовта мислиме дека е само комплексно чувство т.е. збир на задоволствени чувства. Патем, тука завршува денешната просечна свесност, сите следни левели се натпросечност.

5.  Невросоматично коло (Поврзување на ум и тело според Зен-Јога)
-Со опфатност на невролошко-соматски повратни информации (флешови или фидбек), чувство на дрогирана височина (feeling high), соматски репрограмирања; оваа коло претставува свесност на телото. Постои обележано бранување на визуелниот простор и целосниот естетско сензорен простор. Уживателно вклучување во пресвртот со восхит, преку забавност која ја карактеризираат првите четири кола на свеста. Ова коло се стимулира (или предизивкува) со екстатично искуство преку физиолошките ефекти на марихуаната,  Hatha Yoga (вид на уживателна јога. Се манифестира преку перфектното спојување бидејќи терминот Hatha означува сонце-месечина, што симболизира спојување на позитивно со негативно, правејќи една целина, чувство на единство). Овај круг на свеста се појавил околу 2000 години пред наша ера кај погорните слоеви на цивилизацијата, главно поттикнат од дрога и јога техинки.

6. Невро-електрично или Метапрограмско коло (електризирање на умот)
-Тука се опфаќа ревтиснување односно репрограмирање на сите поранешни кола на свеста, релативноста на реалност, кибернетичката свест (пси/магиска моќ). Шестото коло ја карактеризира свесноста на нервниот систем (кога самиот нервен систем станува свесен за себе), со ова се овозможува телепатска комуниација. Се поттикнува или поврзува со пејоти (кактусот што содржи мескалин) и псилоцибински печурки (псилоцибин), како и Radionics (тоа е термин со кој се опишува лечење од голема далечина, со користење на крв, дел од коса и други супстанции од личноста која се лекува). Овој левел на свеста е пронајден 500 год. пред наша ера, со почетокот на првата трговска мрежа наречена Silk Rout.

7. Неврогенетско или морфогенетско коло (Буда-Monad* „умот“ (*monad е еквивалентен елемент)
-Тука се покрива еволутивната свест (минато и иднина) ДНК – РНК-мозочните повратни информации/фидбекс (родовски, опшествени и научни). Првото нешто што се сретнува при постигнување на оваа мутација е запознавање со меморија од минати животи, реинкранација, бесмртност и тн. Оваа ниво може да се стимулира со ЛСД, поголеми дози на псилоцибин, Raja Yoga, како и години посветени на медитативна практика воопшто. Прв пат ова се појавило кај Хиндусите со почетокот на новиот милениут, а потоа меѓу Sufi секти.

8. Психоатомско или Квантно-нелокално коло (overmind)
-Овој левел е квантна свест (информации надвор од вообичаената време-простор свесност која е ограничена со брзина на светлината). Се карактеризира со илуминација, out-of-body искуство, астрална проекција, контакт со вонземски ентитети или галактички overmind (лидерски  ум во група умови). Овој левел може да се активира со шок, near-death исксутво, предсмртниот момент (неколку минути пред да умреш). Ова е поврзано и со Буда концептот за Indra's net  од Avatamsaka Sutra. Интересно е што кетаминот влијае на стимулација на оваа свесност, како и ДМТ, и многу високи дози ЛСД (1,000 микрограми).

Можеби е прилично очигледно дека сите овие левели можат да се стимулираат (или предизвикаат) со помош на дрога. Првото што може да се помисли при ова согледување е најверојатно висок восхит кон дрогите како што тоа го направија повеќето учесници во социјалниот проблем во шеесетите во Америка. Тимоти преку моделот за осум-левелна свесност го објасни започнувањето на тој социјален проблем, тврдејќи дека појавеното под-културно движење има развиено над четири левели, додека останатите (мејнстримот) ги има само првите четири левели. Сето тоа има прилично добра логика. Но кој ќе го објасни падот на хипичката револуција, односно под-културното движење?


Свесноста, интелигенцијата и мудроста се меѓусебно доста различни нешта, а оттука изникнува комплицираноста на сфаќање на една личност. Првите два поима можат да се постигнат со дрога. Некогаш ќе потрајат, некогаш ќе им треба нова доза за да се вратат, а во меѓувреме ако се комбинираат со други техники, можат да се задржат прилично цврсто. Но во секој случај мудроста е надвор од брзите можности за постигнување. Таа ќе остане најскапоцената еволуција на умот, бидејќи се постигнува единствено со неколку децениско дејствување односно практицирање. Несомнено е дека некогаш повторно ќе се случи тоа под-културно дејствување како начин на живеење, но тогаш најверојатно ќе биде незабележително, бидејќи во никој случај не би можело да дојде преку револуција. Мудроста доаѓа со еволуција.




Thursday, July 28, 2011

Потенцијал



“There is a hope in raindrops, it means that every drop of rain holds the promise of regrowth.”
.
Сите ние сѐ уште сме живи, и покрај тоа што не знаеме зошто, ниту зошто да не. Некој некаде напишал дека внатре во дождовните капки живее надеж за преродување на земјата, а капките воопшто не го знаат тоа. Што ако и целта на нашето постоење е исто така скриена од нас? А можеби тоа се само приказни на психолози кои служат за манипулација.
.
Скоро сите веројатно барем еднаш се имаат запрашано дали во вистинската насока го трошат својот потенцијал, или можеби тоа го прават залудно. Повеќето се борат да докажат дека постои господ за да си го оправдаат своето постоење, други го негираат неговото постоење за да си ја оправдаат својата паметност. Еден атеист и филозоф (Daniel Dennett), во 2007-ма го измислил зборот Deepity кој означува нешта кои се факт на тривијален начин, но суштински се неточни. На пример зборот Љубов е само збор со пет букви – тоа е точно, но е незначајно и неточно за суштинското значење на зборот. Има уште еднен интересно ироничен пример: Good without God becomes “o”. Тоа е Deepity – игнорирање на суштинското значење на нештата. Но всушност, има ли навистина суштина во нештата или ние ја ставаме таму, по потреба?
Еден австралијански блогер Кели, опишал како докажува дека важноста врз нештата всушност одредува дали постои или не постои господ. На пример:
1. X is necessary
2. If X is necessary, then there needs to be a necessary being
3. Therefore, God exists
What the X was is irrelevant, as is the argument in general?
Во документарецот подолу, каде што научно е докажано шестото сетило, меѓудругото се спомнува дека во универзумот постои космичка свесност со која човекот може да стапи во контакт. Тоа дури и како идеја е фантастично нешто, а всушност доживеано е од луѓе. А ако постои космичката свесност тогаш нашиот потенцијал воопшто не може да биде потрошен залудно, нашето живеење има за цел да ја дополнува таа космичка свесност, секое наше искуство се запишува во нашата потсвест која секојдневно без наше знаење е во контакт со космичката свесност, на тој начин нашиот потенцијал и интелект се безбедно искористени во посакуваната цел.
.
Од друга страна, се враќаме назад во реалноста обвиена со ограничености и гледаме како ни поминува времето во едно исто место гледајќи се со едни исти луѓе, прашувајќи се во себе зошто не дадеме нешто повеќе од себе, и на некој човек повеќе. Всушност, зошто никој не бара ништо од нас? Ние сме спремни да дадеме многу повеќе. Можеби затоа што луѓето се завиткани во свои предрасуди. Не можеш да ги осудиш, тие само така умеат да ја остварат својата безбедност.
.
Можеби треба да се свртиме повторно кон капките на дождот во кој тајно живее надеж за обнова? Ние живеејќи се себеси, секој следен ден сме посвесни за одреден процент. Така ја зголемуваме и космичката свесност, така нашиот потенцијал воопшто не е изарчен, тој е сочуван токму таму.
Документарен филм: „Постои ли шесто сетило“


Saturday, July 23, 2011

Лажна емпатија


Денес, како и вчера, сѐ повеќе сведочиме на постоење на лажни нешта околу нас. Многумина не знаат дека меѓудругото и на тоа сведочат. Ова е битно кога се размислува од аспект на (не)постоење на лажностите бидејќи од свесноста зависи и самото постоење или непостоење на фиктивните нешта.
Порано постоеше анти-тоше група која дејствуваше по блогови и форуми со цел да го разбие „социјалниот феномен Тоше“. Не знам колку успеа да направи баланс, но начините при обидот воопшто не ги оправдав, бидејќи беа згрозувачки. Имено, вистинската цел – да се докаже лажната емпатија, беше остварена. Тогаш се сеќавам и на една емисија во која Влатко Стефановски и Игор Џамбазов зборуваа против воздигнувањето на Тоше, поради што и изгубија неколку фанови. Тогаш сериозно се заинтересирав за прашањето: што е тоа лажна емпатија, и како да се справиме со оваа збунка?
Отсекогаш славните личности ми биле одбивни. Самата слава, фанатизмот, па и комплиментите кон другите, но и кон мене. Можеби затоа што сметам дека успехот е комерцијализација на животот, а можеби и не. Сепак, постојат славни луѓе кои ми се омилени и на нив би им дал вистинска почит, онолку колку можам да си приуштам, доколку би можел и на погреб би им отишол. Е сега, како да ги изедначам тие луѓе со сите? Ако јас не сум ја слушал доволно Ејми Вајнхаус, како можам да делам емпатија на нејзината своеволна смрт? Всушност, пред некој месец читав за специфичноста на нејзиниот глас и уникатниот талент, но и за ужасната дебилност пред Српската публика. Песните ми се пријатни, па дури можам да ги споредам со оние на Кејт Буш или Емили Хаинес во смисла на моето допаѓање, но Ејми е сепак лик кој поради својата нечувствителност врз алкохолот и дрогите, ми станува одвратен и за изговарање.
Ако јас денес треба да речам таа да почива во мир, тогаш би јa изедначил со сите мои омилени пејачи, а некои од нив ми се до тој степен омилени, што не би можеле да се изедначат со ништо. Иако зборот Фанатизам потекнува од Фан, сепак има преголема различност во самата основа бидејќи фанот значи да сакаш и да чувствуваш, но внатре во тебе, исто како што сакаш некое свое омилено хоби или колекција на нешта собирана со години. Додека фанатизмот би се движел подиректно т.е. ако некој друг не го сака или верува во твоето мислење или верување, тогаш е озлогласен од твоите мисли. Слично нешто како религијата – ако запрашаш христијанин нешто околу нелогичноста на библијата, тогаш си богохулник во истиот момент на изговарање на прашањето.
Лажните нешта почнуваат кога луѓето ги создаваат од недоволна упатеност. Исто е со лажната емпатија, таа се дели кога немаш силна омиленост кон метата, но го правиш тоа затоа што сите го прават и затоа што „така треба“. Оние деца кои пред неколку години беа првите генерации на изгубена својственост (поради тоа што секоја вечер ги менуваа свирките – турбофолк и рок и транс), денес пораснаа и сознаа дека не знаат што да прават со себе, па се послужија со алкохол и дрога за самоволно да се придружат на славниот „клуб 27“ заедно со Кобејн и Морисон.

Wednesday, July 20, 2011

Реалност



It’s just a matter of perception doesn’t it?
Поимот реалност може целосно да се разбере единствено ако умот направи drop out, но таков drop outод кој нема пат до назад, па се останува заглавен таму во ништата на моќта т.е. токму во создавалиштето на сите постоечки и непостоечки нешта. Ова простоне звучи како научна фантастика, туку како фантазија, а сепак, научна фантастика е. Всушност не знам дали некој размислил, ама и сите можни филмови се научна фантастика, токму затоа што го исполнуваат единствениот sci-fi услов, а тоа е приказната да ја базираат на претпоставка која е најмалку веројатна да се случи. Не сте размислиле, нели?
Тоа е разликата помеѓу научна фантастика и фантазија, првото е базирано на најмалку можната претпоставка за случување, додека второто е базирано на нешто што не може да се претпостави освен ако немаш никаква чувство за реалноста, што само по себе се нарекува измислица или фантазија. Границата на можно и неможно ја создава она што се нарекува реалност, таа се базира на физички закони, а е создадена од хемиските. Интересноста е што не знаеме кој ги создал хемиските, па претпоставуваме дека тоа е господ, а секој има различно сфаќање за тој поим, па размислувањето во тој правец е премногу уморно за да биде интересно.
Главноста е дека главниот состав на реалноста се физичките и хемиските процеси за кои си има свои закони т.е. патишта по кои се движат. Физичките ги создаваме со чувства, главно со оние за вид и допир, така определуваме што постои и каква форма има. Но ако знаеме (бидејќи е факт) дека при земање дрога, во нашиот мозок се случуваат различни хемиски процеси од вообичајните кај луѓето, па ние почнуваме да гледаме и допираме нешта кои за останатите луѓе не постојат; зар не би било логично да се помисли дека тоа е создавање на друга реалност? Единствено нешто потребно на таа реалност се физичките закони, кои верувам дека би ги измислиле доколку би имале многу поголема моќ за имагинација или можеби би се измислиле машини за тоа (бидејќи веќе постои нешто слично).
Реалноста е реална единствено доколку во неа се постават точните детали на физичките закони. Ова сосема се согласува со фактот дека научна фантастика е реално нешто, а фантазијата е сосема спротивно од него.
Интересно е да се подразмисли малку околупласибо ефектот, мислам дека тоа е клучниот доказ дека ние сме способни да измислиме реалност која би била различна од оваа, а нема да е фантазија. Имаше еден експеримент во кој лекарот прави лажна операција на пациент кој е убеден дека операцијата е вистинска, и по нејзино завршување, пациентот станува сосема здрав, верувајќи дека е вистински опериран, со што лекарот докажал дека човекот е способен сам да се излечи доколку силно верува во тоа. Сега, ова би го ставиле во нашава приказна со споредување на ’создавање нова реалност’ со ’самолечење’ додека ’имагинацијата’ потребна за создавање нова реалност ќе ја изедначиме (или споиме) со ’верувањето’.
Ова докажува дека човекот може да создаде сѐ што ќе посака, токму со замислување на истото. Но тоа замислување не смее да биде од типот на фантазија, туку научна фантастика, токму поради физичките закони кои во фантазијата не се присутни. Физичките закони ни се потребни за да ја формираат вербата, бидејќи не би можеле да веруваме во нешто нелогично. Значи логичната имагинација ја создава вербата, па заедно создаваат нов свет (или нова реалност), кој и те ако функционира. Постојат луѓе кои го постигнале тоа, но за жал историјата ги опишува како луди, токму затоа што се излезени од оваа (на сите позната) реалност. Мислам дека нивниот drop out сепак пертставува еволуција и доказ дека човечките суштества можат да бидат омнипотентни.

Sunday, July 10, 2011

Asparagus







Краток филм со антидетерминистичка поента. Во приказната се вметнати момче и девојче кои преку софистицирана технологија ќе си ја видат иднината со претпоставка да се во врска. Потоа самите ќе одлучат дали ќе ја изберат таа иднина.

Инаку, жанрот е драма со научна фантастика. Ѕci-fi елементите се само позадински детали од приказната, во предна скица е влијание на љубовта врз разумот, а тоа се отсликува токму во моментот на одлуката после видената иднина, од каде и се провлекува самата антидетерминистичка поента и ја заокружува приказната.

Патем, десетина секунди пред четвртата минута од видеото се соопштува дека билката Аспарагус првпат била одгледувана од антички Македонци!


Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More