Wednesday, July 20, 2011

Реалност



It’s just a matter of perception doesn’t it?
Поимот реалност може целосно да се разбере единствено ако умот направи drop out, но таков drop outод кој нема пат до назад, па се останува заглавен таму во ништата на моќта т.е. токму во создавалиштето на сите постоечки и непостоечки нешта. Ова простоне звучи како научна фантастика, туку како фантазија, а сепак, научна фантастика е. Всушност не знам дали некој размислил, ама и сите можни филмови се научна фантастика, токму затоа што го исполнуваат единствениот sci-fi услов, а тоа е приказната да ја базираат на претпоставка која е најмалку веројатна да се случи. Не сте размислиле, нели?
Тоа е разликата помеѓу научна фантастика и фантазија, првото е базирано на најмалку можната претпоставка за случување, додека второто е базирано на нешто што не може да се претпостави освен ако немаш никаква чувство за реалноста, што само по себе се нарекува измислица или фантазија. Границата на можно и неможно ја создава она што се нарекува реалност, таа се базира на физички закони, а е создадена од хемиските. Интересноста е што не знаеме кој ги создал хемиските, па претпоставуваме дека тоа е господ, а секој има различно сфаќање за тој поим, па размислувањето во тој правец е премногу уморно за да биде интересно.
Главноста е дека главниот состав на реалноста се физичките и хемиските процеси за кои си има свои закони т.е. патишта по кои се движат. Физичките ги создаваме со чувства, главно со оние за вид и допир, така определуваме што постои и каква форма има. Но ако знаеме (бидејќи е факт) дека при земање дрога, во нашиот мозок се случуваат различни хемиски процеси од вообичајните кај луѓето, па ние почнуваме да гледаме и допираме нешта кои за останатите луѓе не постојат; зар не би било логично да се помисли дека тоа е создавање на друга реалност? Единствено нешто потребно на таа реалност се физичките закони, кои верувам дека би ги измислиле доколку би имале многу поголема моќ за имагинација или можеби би се измислиле машини за тоа (бидејќи веќе постои нешто слично).
Реалноста е реална единствено доколку во неа се постават точните детали на физичките закони. Ова сосема се согласува со фактот дека научна фантастика е реално нешто, а фантазијата е сосема спротивно од него.
Интересно е да се подразмисли малку околупласибо ефектот, мислам дека тоа е клучниот доказ дека ние сме способни да измислиме реалност која би била различна од оваа, а нема да е фантазија. Имаше еден експеримент во кој лекарот прави лажна операција на пациент кој е убеден дека операцијата е вистинска, и по нејзино завршување, пациентот станува сосема здрав, верувајќи дека е вистински опериран, со што лекарот докажал дека човекот е способен сам да се излечи доколку силно верува во тоа. Сега, ова би го ставиле во нашава приказна со споредување на ’создавање нова реалност’ со ’самолечење’ додека ’имагинацијата’ потребна за создавање нова реалност ќе ја изедначиме (или споиме) со ’верувањето’.
Ова докажува дека човекот може да создаде сѐ што ќе посака, токму со замислување на истото. Но тоа замислување не смее да биде од типот на фантазија, туку научна фантастика, токму поради физичките закони кои во фантазијата не се присутни. Физичките закони ни се потребни за да ја формираат вербата, бидејќи не би можеле да веруваме во нешто нелогично. Значи логичната имагинација ја создава вербата, па заедно создаваат нов свет (или нова реалност), кој и те ако функционира. Постојат луѓе кои го постигнале тоа, но за жал историјата ги опишува како луди, токму затоа што се излезени од оваа (на сите позната) реалност. Мислам дека нивниот drop out сепак пертставува еволуција и доказ дека човечките суштества можат да бидат омнипотентни.

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More