Thursday, July 28, 2011

Потенцијал



“There is a hope in raindrops, it means that every drop of rain holds the promise of regrowth.”
.
Сите ние сѐ уште сме живи, и покрај тоа што не знаеме зошто, ниту зошто да не. Некој некаде напишал дека внатре во дождовните капки живее надеж за преродување на земјата, а капките воопшто не го знаат тоа. Што ако и целта на нашето постоење е исто така скриена од нас? А можеби тоа се само приказни на психолози кои служат за манипулација.
.
Скоро сите веројатно барем еднаш се имаат запрашано дали во вистинската насока го трошат својот потенцијал, или можеби тоа го прават залудно. Повеќето се борат да докажат дека постои господ за да си го оправдаат своето постоење, други го негираат неговото постоење за да си ја оправдаат својата паметност. Еден атеист и филозоф (Daniel Dennett), во 2007-ма го измислил зборот Deepity кој означува нешта кои се факт на тривијален начин, но суштински се неточни. На пример зборот Љубов е само збор со пет букви – тоа е точно, но е незначајно и неточно за суштинското значење на зборот. Има уште еднен интересно ироничен пример: Good without God becomes “o”. Тоа е Deepity – игнорирање на суштинското значење на нештата. Но всушност, има ли навистина суштина во нештата или ние ја ставаме таму, по потреба?
Еден австралијански блогер Кели, опишал како докажува дека важноста врз нештата всушност одредува дали постои или не постои господ. На пример:
1. X is necessary
2. If X is necessary, then there needs to be a necessary being
3. Therefore, God exists
What the X was is irrelevant, as is the argument in general?
Во документарецот подолу, каде што научно е докажано шестото сетило, меѓудругото се спомнува дека во универзумот постои космичка свесност со која човекот може да стапи во контакт. Тоа дури и како идеја е фантастично нешто, а всушност доживеано е од луѓе. А ако постои космичката свесност тогаш нашиот потенцијал воопшто не може да биде потрошен залудно, нашето живеење има за цел да ја дополнува таа космичка свесност, секое наше искуство се запишува во нашата потсвест која секојдневно без наше знаење е во контакт со космичката свесност, на тој начин нашиот потенцијал и интелект се безбедно искористени во посакуваната цел.
.
Од друга страна, се враќаме назад во реалноста обвиена со ограничености и гледаме како ни поминува времето во едно исто место гледајќи се со едни исти луѓе, прашувајќи се во себе зошто не дадеме нешто повеќе од себе, и на некој човек повеќе. Всушност, зошто никој не бара ништо од нас? Ние сме спремни да дадеме многу повеќе. Можеби затоа што луѓето се завиткани во свои предрасуди. Не можеш да ги осудиш, тие само така умеат да ја остварат својата безбедност.
.
Можеби треба да се свртиме повторно кон капките на дождот во кој тајно живее надеж за обнова? Ние живеејќи се себеси, секој следен ден сме посвесни за одреден процент. Така ја зголемуваме и космичката свесност, така нашиот потенцијал воопшто не е изарчен, тој е сочуван токму таму.
Документарен филм: „Постои ли шесто сетило“


0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More