Wednesday, June 23, 2010

Поделба на психонаути (популаризација на дроги)

Поделбите обично асоцираат на конфликт т.е. недоразбирање, бидејќи секогаш се случуваат како резултат на тоа. Но постојат сепак корисни и штетни поделби. Да знаеме да направиме разлика за нештата, некогаш значи дека ние свесно размислуваме и знаеме да ги оделиме вистинските од лажните вредности. Но и вредностите се индивидуална работа, зарем не? А мнозинството има заеднички вредности, па многумина му се придружуваат без да направат прецизна анализа.
.
Психотропните супстанци уште многу одамна ги користеле луѓето во различни цели. Некои од нив решиле да ги популаризираат, сметајќи дека сето тоа ќе оди во полза на луѓето, мислејќи дека тие умеат да извлечат корист од тоа. Тие „некои“ подоцна се довеле до ситуацијата да се прашаат себе си: „дали јас навистина постапив правилно?“. Тоа прашање си го постави и Тимоти на денот на својата смрт, ако го гледате прецизно докуметарецот Timothy Leary’s dead, ќе го најдете делот (зборовите му ги цитира една негова блиска личност). Сомнежот инаку се форимира токму од сознанието за фактот дека мнозинстово започнува погрешно да ги разбира придобивките од психотропните супстанции, токму затоа што паушално ги прегледува нештата, наместо прецизно. Да се изразам поедноставно – се создава ситуација на „глув телефон“ и мнозинството почнува да ја изобличува суштината на првичното појдовно мото на целата реклама т.е. популаризацијата која беше започната од многу психонаути меѓу кои прв беше Тимоти. Исходот т.е. крајниот резултат од популаризацијата беше масовно уништување на човековата стабилна психолошка контрола над својот свесен дел од умот. Токму поради тоа, ЛСД во 1971 година е ставен под илегален статус од конвенциајта на обединетите нации, што значи сеакде во светот е забранета. Денес инаку во Чешка и Холандија е дозволено поседување на одредени дози, но не и нивно препродавање. Како и да е, Тимоти остана несигурен по прашањето дали правилно постапи со популаризацијата на ЛСД, посебно откако Хофман ги обвини хипиците во шеесетите за киднапирање на ЛСД и искористување во погрешни цели.
.
Дојдов до сознание дека всушност постојат два вида психонаути. Луѓето како Хофман и уште многу кои се во тајност, приоѓаат на супстанцијата од научен аспект, детално проучувајќи што може таа да произведе т.е. да ѝ покаже на индивидуата што таа (личноста) може да произведе, односно создаде. Овие луѓе го шират спознаеното околу тоа, на оние за кои се сигурни дека внимателно и исчистени од стереотипи, приоѓаат на супстанцијата (обично тоа се прави на ЛСД конвенциите). Останатите кои мислат дека популаризацијата ќе донесе поголема свесност на мнозинството, пак ја пласираат својата досега неоткриена идеја пред што е можно поголема маса и добиваат статус на легенда. За сметка на тоа, рајата создава култизам кон таа личност и започнува слепо да ги обожава сите негови идеи, не размислувајќи за можна погрешност која би се појавила во различното сфаќање на истите.
.
Нешто слично се случи и со Боб Марли и култ кон канабисот. Се создаде култизмот кон тоа со рекламизирање на знакчето, со форсирање на идеите и песните на Марли и слично. Сето беше популаризациона пропаганда, исто како и со вметнување на ЛСД и други психоделични супстанци, во транс културата како главен потик за доживување на трансцедентални икуства. Проблемот настанува кога рајата и сама ќе почне да си ги доизмислува т.е. модифицира идеите на легендата (т.е. култната личност), па се создава скршнување од почетно претствениот правец, и нели, тоа на крај резултира со апсолутно крахирање и поделување во безброј помали делови т.е. групации кои потоа раснат.. и така понатаму до бескрај.
.
Воопшто не е погрешна постапката на психонаутите кои своите идеи ги пласираат на мнозинството, погрешно е нивното прифаќање од страна на мнозинството кое создава култ и ги изобличува првичните идеи, вметнувајќи ги во транс, реге и слични музички правци. А сето се случува поради навиката на луѓето за паушално разгледување на нештата. Веќе почнувам да размислувам дека паушалното разгледување на нештата, не само што е погрешно, туку е и опасно и штетно! Ако те интересира нешто, или прецизно проучи го, или немој никако.

.
Open your mind. Smiling





0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More