Thursday, June 5, 2014

Зошто медиумите стануваат сè поглупи и поглупи?

Сте приметиле нели? Порано медиумите (телевизиите, весниците и сајтовите) имаа огромен авторитет и стравопочит од самата публика, да речеме пред само 5-6 години веб страните беа најмалку 200 пати поквалитетни од денес, се грижеа за публиката, се грижеа за секој еден посетител и се обидувуваа да го направат задоволен. Што се смени?

Едноставно е, ако ја барате критичната точка од која започна целата промена таа несомнено е стационирана на самиот момент на популаризирање на социјалната мрежа - Фејсбук. Со појавата на  фејсбук се изменија стандардите на посетеноста кај сајтовите. Патем, ќе се задржиме на сајтовите бидејќи тука имаме најмасовно поглупавување на медиумите - односно најголема негрижа кон читателот односно посетителот. Но зошто?

 Живееме во време на популизмот, каде секој има шанса да стане инстантно популарен ако знае популистички трикови и ако работи на популизмот 24/7. Ова ни е познато нели?

Едно треба да знаете - никој не е глуп, ниту неписмен. Проблемот се парите - ги нема доволно па сите се отепуваат од работа и поради тоа се исцрпени и ненормално изреволтирани, а кој го јаде стапот? - Публиката. Дали случајно сте се запрашале колку статии се постираа на сајтовите пред 5-6 години, дневно? Тоа беа максимум десетина статии. Клиентите кои се рекламираа на сајтовите беа задоволни со многу малку кликови, денес со подемот на популизмот клиентите бараат огромни кликови - ова резултира со зголемување на работата на сајтовите која од десетина статии дневно рипна на 60-70 статии на ден. Тоа е стандардот, инаку сајтовите што имаат поголем буџет пуштаат и по над 100 статии дневно. Овие цифри ги има Грид.мк и сајтовите со најголем буџет се владините и соросоидните.



Сега е јасна причината зошто денес се практикува квантитетот наместо квалитетот? Е сега, последица на ова е токму поглупавувањето на медиумите. Ако го анализираме сето ова хронолошко збиднување на нештата, ќе си речеме - епа Фејсбук е крив за сè! И блоговите ги уништи Фејсбук, а да не збориме за форумите. Епа не е баш така. Фејсбук е само учесник, како и сите ние, вистинскиот виновник е несвесноста на сите нас, а најмногу на клиентите.

Дали знаете дека клиентите немаат поим кој сајт колку посети има? Најголем дел од клиентите (кои се рекламираат нели) не ни сакаат да знаат, значи не им е битно. А до што води ова? До неправда, сајтови со врски имаат банери од самото нивно раѓање односно од денот кога се вклучило онлајн. Други пак со години имаат најголеми посети и се во првите 5 или 10 во Македонија, а уште немаат никаков банер, ниедна маркетинг агенција не им дава банери. Зошто е тоа така? Затоа што маркетинг агенциите си имаат свои сајтови и парите си ги распределуваат тука, а зошто би ги давале надвор кога клиентот нема поим за посетеноста? Добро не сите секако, ама доста голем дел од нив се такви или намерно замижуваат поради матни зделки.

Ова може малку изгледа дрско, ама самиот маркетинг е всушност дефиниција за дрскост и нехуманост. Дали знаете дека маркетинг агенциите бараат дури 50% од вредноста на банерот за да ти го дадат на твојот сајт? Еве слободно отидете во некоја маркетинг агенција и побарајте банер, ќе ви речат ќе ти дадеме ама 50% од парите што ќе ти ги пушти клиентот ќе ни ги дадеш на нас. И пак не ти даваат банер ако не си „нивен човек“, односно со силни врски кај нив.

 Оваа вистина ја знае секој сопственик на сајт во Македонија, а ги има милион - сите молчат.


0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More