Wednesday, April 14, 2010

Опсесивно приврзување (и возможна невозможност)

Секогаш постои црно и бело. Но не само секогаш, туку и секаде т.е. во сите останати, неостанати, изгубени, скриени, постоечки и непостоечки нешта. Колку нештата можат да бидат добри, толку можат да бидат и лоши, а во суштина може да не постои доброто и лошото ако имаме моќ да ги замешаме црното и белото и да добиеме сиво кое подоцна ќе се исколорира со повеќе бои.
.
Но што ако ние добиеме моќ да ги зголемиме црното или белото силно фокусирајќи се? Тогаш добиваме непостојаност, односно варијација на зголемување на црното и белото во даден момент. Што значи, во еден момент добиваме голема црна точка, во друг – голема бела, а моментите се случуваат со интензивна брзина. Во овој случај, кога ние ја добиеме ваквата моќ, стануваме парадокс сами по себе. Стануваме возможно невозможни, добро лоши, правилно погрешни и тн. Не е тоа дуализам затоа што не е оделено, туку заемно. Кога дуализмот каков што е несврзлив, одеднаш се сврзе во едно, се добива парадокс т.е. возможно невозможен феномен.

Постојат луѓе кои го доживеале парадоксот во себе и истите најчесто се психопати, но не сите. Всушност, психопатите воопшто не се лоши, сѐ додека не се насилни, впрочем како и сите општо земено. Но во одредена мера многумина го почуствувале парадоксот во себе, а не биле свесни за тоа. Да ја спомнеме опсесивната љубов за анализа, таа сака до оној степен до кој повредува. Моќта за длабокото засакување, колку е добра, толку и не е. А многумина посакуваат да се сакани, но што кога ќе го добијат тоа? – Го отфрлаат! Потоа пак се потсеќаат на она познатото: – внимавај што посакуваш!

Синдромот на опсесија се јавува со почетокот на животните непотребни болки. Траумите, комплексите, претерано страдање и тн. Во некои случаи токму од овие процеси настанува една посебна моќ за љубов која на крај станува опсесивна и поради тоа нанесува болка на двете страни. Импресионирачки е фактот што носителите на оваа моќ, стануваат се посвесни за тоа и полека се прифаќаат себеси, па на тој начин исчезнуваат стравовите. Има еден таков пример за еден психопат кој станува свесен и го признава тоа тврдејќи дека не е воопшто лошо – еве видео (клик). Веќе некое време ме занимаваат неговите зборови: „мразам да ме сакаат и сакам да ме мразат.“
.
Опсесијата инаку значи обземеност со нешто мислејќи цело време на тоа, на пр. на идеја, мисла, спомен. Тоа е моќ за фокусирање на подолг временски период и не е лошо се додека не се претера со временскиот период. Но некогаш се случува и да се претера. Некогаш едноставно се случува.. Добриот станува лош задржувајќи ја добрината, љубовникот со кого си делел сѐ, ти станува прв непријател задржувајќи ти ја љубовта кон него, тогаш се случува возможно невозможен момент, се сврзуваат контрадикторностите задржувајќи си ја различноста и ако не станеш свесен за парадоксот во себе, продолжуваш да се гледаш како апсурд, самот по себе.

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More