Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Sunday, December 21, 2014

Копирајт? Звучи како право за копирање, а всушност е забрана за копирање

Живеам за денот кога на копирајт појавата ќе се гледа како голема грешка. Егоистична појава која ја кочи еволуцијата. Зар е битно кој е авторот на некое уметничко дело, патент, музика, филм, книга? Јес да земе кредит за учинатото добро дело, ама нека земе од донации, а не со сила. Демек ако не платиш не ти учинувам добро дело. Па која е логиката истото креативно дело да се вика уметност или креативност во тој случај? Зошто да му се дава воопшто таков авторитет на делто или авторот кога во тој случај е само бизнис и ништо повеќе. Верувам во иднината ипак. Колку и да звучи контроверзно, сигурен сум дека после којзнае колку години ќе се освестиме дека копирајтот е една голема грешка и, во некои случаи ептен нелогична и нефер поја...

Thursday, November 27, 2014

Маркетинг еволуција

Разлика меѓу пропаганда и промоција: Пропаганда пропагира односно проповеда вистини за кои нема докази туку само силно верување. Пропаганда врбува, протнува идеали низ исушени мозочни ќелии. Промоција е промовирање односно покажување на гледиште, агол, постоење. Промоција е да речеш „еве јас што направив, па вие како сакате“. Во модерниот маркетинг целосно се исфрла поимот 'пропаганда' и се воведува 'промоција' затоа што луѓето се посвесни од порано. Доказ дека луѓе не еволуираат во паметност, туку во свесно...

Thursday, June 5, 2014

Зошто медиумите стануваат сè поглупи и поглупи?

Сте приметиле нели? Порано медиумите (телевизиите, весниците и сајтовите) имаа огромен авторитет и стравопочит од самата публика, да речеме пред само 5-6 години веб страните беа најмалку 200 пати поквалитетни од денес, се грижеа за публиката, се грижеа за секој еден посетител и се обидувуваа да го направат задоволен. Што се смени? Едноставно е, ако ја барате критичната точка од која започна целата промена таа несомнено е стационирана на самиот момент на популаризирање на социјалната мрежа - Фејсбук. Со појавата на  фејсбук се изменија стандардите на посетеноста кај сајтовите. Патем, ќе се задржиме на сајтовите бидејќи тука имаме најмасовно...

Friday, April 18, 2014

Поемата “Oh, the Places You’ll Go!”

. From there to here, and here to there, funny things are everywhere.~Dr. Seuss Во четириесет и деветата минута пред крајот на филмот Fracture, се појавува една фасцинантна поема од книгата “Oh, the Places You’ll Go!” која e напишана од Theodor Seuss Geisel, потпишан како Dr. Seuss. Инаку во филмот поемата ја чита глумецотRyan Gosling. Книгата издадена под стандардниот интернационален број: ISBN 0-8335-5129-9 е последната книга која е објавеа пред неговата смрт. Прв пат е публикувана од Random House токму на денешен ден – 22-ри Јануари, 1990 год. Напишана во класичен стил како Green Eggs...

Интернет цензура во Македонија

Чудно е како луѓето наоѓат начин да ги уништат оние кои се поразлични од нив, според еден документарец тоа ни е програмирано во потсвеста. Но може ли да го измениме? Секој програм може да се хакне,  но не секој може да го направи тоа. Како и да е, едно е сигурно – повеќето од нас сакаат. Во Македонија додека ние ја уживаме слободата на нецензуриран интернет, се крчка нов закон за цензура на интернетот кој овој пат го знае точно каде е off копчето на интернетот. Во статијата што ја преведував пред еден месец за обраќањето на таткото на интернеотот, Тим Бернерс –Ли, на конференцијата на W3 фондацијата; јасно се укажува...

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More