Tuesday, September 28, 2010

Мистеријaта на сакањето

Интересно е кога ќе откриеш нешто неоткриено, тогаш сакаш да се експресинираш, а штом сакаш да се експресионираш значи дека си импресиониран. Во моментот пак на импресијата, чувствуваш симпатии кон нештото што ја предизвкало импресионијата т.е. го сакаш. Колку повеќе го сакаш, толку поблиско си до чувството заљубеност, но тоа е до одредена граница, претерувањето значи фанатизам или опсесивност.
.
Сакањето е можеби една од најважните појави во човековата психлогија, но не е најубава, затоа што има негативна страна која до некаде е јасна, а од некаде натаму е голема мистерија. Да сакаш нешто кое донесува директна штета врз тебе, е познатата негативна страна. Онаа загатливата е штетата која произлегува од нашето двонасочно заедничко сакање. Како произлегува повредата врз двајца на крај?
.
Импресијата од која произлегува сакањето или симпатиите, всушност е ограничена. За нејзино продолжување нема да се грижи природата, таа тоа ќе го остави на нашата креативност. Умешноста е во инспирирање на личноста да ти дозволи да ја сакаш т.е. да ѝ биде чет поради тоа. Погрешно е да инспирираш некого да те сака, не дека е себично, туку непотребно оти тебе не ти ја треба неговата преголема љубов, туку неговото задоволство од твојата љубов кон него.

Можеби сето ќе изгледа премногу контроверзно за да лесно се прифати за факт, но напротив – воопшто не е контроверзно. Инспирирање на некого да ти дозволи да го сакаш, всушност е предизвикување на импресија во него, која автоматски предизвикува и сакање, што значи сепак предизвикуваш и сакање. Разликата е во тоа што ти овој пат си свесен дека е многу поважно некој да ти дозволи да го сакаш т.е. да е радосен поради тоа, отколку да е заљубен во тебе.
Еден цитат:
„Не е страшно да нема луѓе што те сакаат, страшно е да нема луѓе што ги сакаш.“ (tT)
На пример не си познат и не те сакаат сите, а оние малкуте што те сакале не е во твоја близина оти си се отселил некаде на друг крај на светот, па сте се заборавиле, значи во оваа ситуација никој не те сака. Но кога постои личност што ја сакаш, не ти е потребно ничие сакање, потребна ти е само нејзината радост од твоја заљубеност кон неа.
.
А ако си ја замислиме спротивната ситуација – познат си и те сакаат сите, но ти не можеш да сакаш никого, токму затоа што те сакаат лудо. Што е пострашно? Или поважното прашње – што ни е всушност потребно, да нѐ сакаат или да можеме да сакаме?

Свесното размислување околу нештата, ни го дава нивното вистинско значење кое е определено лично од нас, додека потсвесното дејсвување е само покорување врз програмот кој ни е вграден од другите. Самата потсвесност е всушност програм кој го даунлодираме следејќи ги постапките на другите во моментот кога не знаеме што да правиме. Таквите моменти се најчести на почетокот на својот живот, но не е исклучено нивното присуство и во самиот момент на сегашноста.
..and make someone proud to have your love!
Make love, not lovers. Smiling

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More