Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Thursday, March 29, 2012

Читање vs читање vs гледање (контекст)

.Прв дел од темата: „гледање vs читање (seeing vs reading). Секој човек на нештата околу себе им приоѓа на два начина: а) со гледање т.е. набљудување; и б) со читање. И на двата начина тој ја процесира надворешната содржина притоа  користејќи ги своите рецептори кои се полни со предрасуди, навики и омилености. Во текот на обработувањето на таа надворешна содржина, кај човекот се пробудуваат емоции, сеќавања, обработување на тие сеќавања од нов агол, нови сознанија, возбуда, зголемени зеници, зголемена вознемиреност и зголемен адреналин следствено на возбудата. Откако ќе ја обработи таа надворешна информација, тој внимателно ќе ја...

Tuesday, March 20, 2012

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. Tоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе. Денес конечно пронајдов време да истражувам за темата дека визуелното апсорбирање информации е далеку поефективно отколку читање на истите информации. Пред нас имаме интернет конекција и безброј интересни теми за апсорбирање кои ни се пружаат секоја секунда на твитер, facebook, блог, Tumblrs, јутуб; но не можеме паралелно да ги прочитаме или...

Thursday, March 15, 2012

Блогерајство и blogirame.mk

„Блогер не се раѓа, блогер се создава“ ~ iskric . Размислувајќи искрено, блогот има далeку попрактична намена од социјалните мрежи како твитер и facebook, од едноставна причина што константно ја оддржува актуелноста на постовите или објавите, освен тоа има предност во сопствено менаџирање и лесно доаѓање до објавите преку гугл срч, а со тоа нели ги чува и ги прави подостапни до било кој читател; додека социјалните мрежи нè ограничуваат и нè унифромираат во слична унформа со сите членови на мрежата, а со тоа мора да признаеме дека индивидуализмот е одамна убиен и единствено што се цени е униформата на групата во која припаѓаш. Баш во последно...

Tuesday, March 13, 2012

About a Boy (филм)

"if there is hope for Will, there is hope for us all". Многу ретко пишувам за филмови, а кога пишувам тоа секогаш се оние кои не се најдобрите што некогаш сум ги оценил. Имам изгледано 406 филмови од 2010та наваму, секој од нив го имам оценето (на criticker.com) во денот во кој ми е гледан и поради тоа имам информација кој филм во кој ден ми е гледан. Тоа воопшто не се многу иако тоа е мислата што на секој прво ќе му падне на памет, оние кои немаат поим колку имаат изгледано, верувам дека изгледале многу повеќе од 400 иако и на себе не би си верувале, но тоа е друга приказна. Пред некоја минува го гледав филмот About a Boy и дознав дека тој...

Saturday, March 10, 2012

Избрзан активизам

Неопопуларност е интересна појава, се однесува на популарноста на виртуелни никови или имиња од социјалните мрежи како фејсбук и твитер, а оваа популарност со себе носи и огромно влијание врз голема група корисници на социјалната мрежа. Тоа има огромен удел во активизмот организиран онлајн, бидејќи првите иницијатори се токму популарните корисници на твитер, оние со над 2000 следбеници да речеме. Но во последново време (поточно денес) забележувам дека онлајн активизмот не само што беспотребно се појавува туку и е доста непромислен и избрзан, што донесува несакани ефекти кои на пример во случајот со протестите за Мартин Нешковски се одразија...

Monday, March 5, 2012

Quake (игра)

Во последно време доста кредит им се дава на видео игрите, пред некоја година најпопуларна беше WOW (World of Warcraft) која искрено никогаш не ја сакав, а сега уште попопуларна е Skyrim која искрено никогаш не ја играв. Во принцип не сум гејмер и можеби поради тоа не ги сакам стратегиските игри, ама како и секој експлорер на чудата во животот, повеќе ме привлекуваат first-person shooter игри како кантер страјк (која не ја сакав многу) и quake која во детството ја сакав премногу, а никогаш не ја играв од причина што во интернет кафеата целото друштво играа кантер и едноставно немав со кого да играм quake. : ) Оттогаш поминаа десетина години,...

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More