Friday, December 17, 2010

Улогата на авторитетот (’question authority’ -T. L.)

Авторитетот игра во главна улога по прашањето за валидноста, квалитетот и вистинитоста во сите меѓучовечки случувања или збиднувања во планетава. Еден психолог има оставено доста познати фрази зад (и пред) себе, меѓу кои и оваа: „Think for yourself, question authority“, која е доста малку размислувана од луѓето, но и уште помалку разберена во вистинската нејзина порака. Тоа обично се случува заради незаинтересираност на луѓето за размислување и ширењето на култот на „незамарање“ ароматизиран со канабис, турбофолк, рап и уште неколку човечки изобличувања кои му пречат на еволутивниот процес. Но секогаш постојат светли точки во влесена од црнила, па така и во случајов постојат луѓе кои некогаш откриле колку навистина е важен авторитетот во сите процеси на добивање и губење кои се дел секојдневните полурандом активности на еден човек. Па ете, тој што открил, ги напишал овие иструкции:

1. Избери ги твоите битки умно. Внимавајте на изобличувањето на методите при појачување на авторитетот, тоа на пример може случи при додевање на професорот (доколку сте студент) со поставување прашања во низа, тоа инертно може да доведе до спротивен ефект. Качувањето на повисок авторитетен левел воопшто не смее да се заснова на искористување на добрата волја на луѓето.

2. Сепак, ако некоја авторитетна личност дејствува погрешно повредувајќи луѓе или човекови права, во никој случај не смее да се оправда заради нејзиниот авторитет. Ти како човечко суштество имаш не само право туку и должност, да го спречиш тоа. Авторитетот глобално оправдува многу зла, но тоа не смее да се случува, качувајќи нечиј авторитет до тоа ниво, е всушност снижување на својот до многу низок левел.
.

3. Понекогаш одредување или перципирање на авторитетот е доста апстрактно, како проверување на правилност на прочитана или слушната мудрост, или пак заедничката мудрост на една заедница или колектив. На пример ако повеќето имаат заеднички гледишта, не мора да значи секогаш дека се правилни или единствениот избор, тоа само значи дека повеќе луѓе делат слични гледишта околу одредена тема, ништо повеќе. Кога ти ќе го употребиш своето право за јавно прашување за авторитетот или валидноста на одредено групно мислење, ти се вклучуваш во критичко размислување, и тоа е просто фантастично!

4. Твојот авторитет е твое право. Ти си она што мислиш дека си и колку повеќе се цениш себе си, толку повеќе те ценат и другите, но не смееш да го злоупотребиш тоа преку добрата волја на луѓето (за да не биде сфатено како преценување) туку твојата вредност мора да ја оправдаш вложувајќи во своите способности за независност преку вештина на говорот, аргументирано и логично размислување, како и емоционална стабилност. Едноставно: ти си она што мислиш дека си.
.
За прашањето на авторитетноста и нејзината неопходност во искачување на некој левел погоре во очите на другите, има уште многу разгранувања на сегментите, но во главно ова е доволно за мал поттик на неколку мисли околу оваа тема. Можеби е корисна за размислување, а можеби не. Сето зависи од нашата субјективност која си е наша секако, но не и единствена постоечка перцепција на нештата.

0 comments:

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More