
- Ø Црно-бело размислување и;
- Ø Колорно размислување.
минатото, но воопшто не реткост и сега. Тоа е философија заснована на две страни кои секогаш би постоеле без разлика на тоа колку нови бои ќе се појават во иднина. Оваа философија е најсигурна т.е. без никаков ризик по својата самодоверба и донесува цврст став во однос на одреден предмет, односно го обележува црно или пак бело, во зависност на тоа која е првата мисла што ќе му се појави на господинот следбеник на оваа философија. Всушност доста слично со трикот за полупразна и полуполна чаша, помислуваш на првото што ќе ти дојде на ум, не знаејќи дека чашата може да биде и двете опции одеднаш. Инаку првата мисла која ти се појавува всушност не е твоја туку општа, бидејќи следбеникот на црно-белата философија скоро секогаш е наклонет кон народното т.е. општото размислување. На пример кога медиумите (ТВ и Весници) изјавуваат критики или пофалници околу нештата тогаш во овој „наш“ следбеник се инсталира општата (раз)мисла околу нештата, која подоцна ќе му се појави при избор дали чашата ќе биде полупразна или полуполна, односно при изборот дали нештото ќе биде бело или црно. Основното нешто што е карактеристично за оваа размислување е дека постојат само две страни – или е црно или е бело, трет избор не постои!
Колорното размислување ги содржи сите видови бои освен црната и белата. Тоа значи дека ги (с)фаќа сите размислувачи освен црно-белите. Овие размислувачи направиле толку многу поделби што понекогаш се наоѓаат себеси загубени во изборот односно припаѓањето, но оние посвесните имаат прецизно трасиран пат по кој дошле до своето мислење, и со задоволство би го објасниле доколку околината е расположена за комплицирано размислвуање. Свесноста со себе носи нешто кое црно-белите размислувачи го нарекуваат комплицираност, а колорните – интересност (импресија и експресија). Порано во музиката имаше само неколку правци, сега ги има најмалку десет пати повеќе. Слично се сличува и со литературните правци, што само по себе алудира на зголемување на свесноста т.е. психичка еволуција.Едно утро кога се разбудив
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
Едно утро кога се разбудив
и го видов окупаторот.
Еј партизану, носи ме од овде
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
Еј партизану, носи ме од овде
зашто чуствувам дека смртта се наближува.
Ако умрам како партизан
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
ако умрам како партизан
тогаш мора да ме погребаш.
Погребај ме во планината
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
погребај ме во планината,
под сенка на едно цвеќе.
И луѓето кои ќе поминат
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
и луѓето кои ќе поминат
ќе ми кажат: „колку убаво цвеќе!“
Ова е цвеќе од партизан
о убавино чао, убавино чао, убавино чао чао чао
ова е цвеќе од партизанот
кој умре за слободата.
кој умре за слободата!
кој умре за слободата!














