Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.
Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.
Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..
Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.
Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.
Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.
Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!
Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..
Постојат луѓе кои повеќе ги сакаат животните отколку човекот и секогаш би му помогнале ако видат повредено или гладно животно, отколку тоа да го сторат на човечко суштество. А на другата страна постојат луѓе кои не би помогнале ниту на гладно куче ниту на гладен човек, а можеби и тие две гладни нешта ги гледаат како едно исто. Што ни е побитно, е малку субјективна тема, но „како да се помогне“ е можеби и општо прашање?
1. Најпрво за луѓето. Како и зошто? Навистина не се сложувам дека некој треба да им даде нешто материјално на бездомниците, оти на нив им треба вештина во пронаоѓање пат до храната т.е. заработување. Секој човек има потенцијал во себе и ако сака некој да му помогне треба само да му го пробуди или поттикне потенцијалот. Ја знаеме онаа кинеска поговорка: наместо да му дадеш риба научи го сам да ја лови, така ќе му помогнеш за цел живот. Друга страна на приказнава е и малце подискутабилна бидејќи бездомниците не сакаат да учат, а не може некој насила да ги натера оти е рамно на терор. Но тука сепак постојат психолошки методи кои се трик а не сила, што значи можно е да се извади потенцијалот на виделина. Тоа е единствениот начин на кој навистина ќе му се помогне на беспомошен човек. Но сега добиваме прашање „зошто“ – затоа што е човек! А штом е човек општеството може да има ќар од него, сите сме зависни еден од друг, сите си помагаме индиректно незнаејќи го тоа.
Сепак реалноста која ни се случува во моментов е сосема обратна од свесноснот и разумност за оваа тема – владата им плаќа на сите да имаат четврто дете, што автоматски се поттикнуваат оние што немаат пари, е поради тоа токму тие се и поростата маса. Што значи плаќањето за да се раѓаат повеќе деца, е плаќање т.е. инвестирање во зголемување на простата маса за да истата се најде во тесно поради беспарица и да биде принудена да работи за многу ниска плата (поради големата невработеност нели) и ете ти го производот во Македонија: инфлуацијата ја погодува само храната, додека платите си остануваат исти како пред 7-8 години, а некаде и повеќе. Згора на сѐ тука постои уште една нус појава, а тоа се циганите и сите полубездомни луѓе кои живеат со неколку парчиња леб за цел ден; тие се појавуваат на телевизии и хистерично плачат поради нивниот очаен живот. Покажуваат разрушени простории каде што живеат и куп деца кои ги измачуваат правејќи ги во такви услови. Имаше некоја колумна малку поодамна, дека таквите луѓе кои прават деца без да можат да им обезбедат соодветни услови – треба да се соберат во затвор оти тоа треба да се смета за злодело, бидејќи навистина е! Децата цел живот се измачуваат без да се виновни поради тоа, тие всушност ги плаќаат гршките на своите родители.
2. Го разбирам до некаде и револтот кон алудирање на заштита на животните, затоа што тогаш обично се прашувам што е разликата меѓу куче и прасе? Зошто таа организација што штити животни не ги штити сите туку едните ги привилегира, а другите се дозволени за касапење. Овде всушност и делумно постои одговор, но истиот е од психолошки карактер и кога човек ќе го слушне ќе сфати дека всушност нивното спасување или штитење не се заснова на жал, туку на заштита на психата на луѓето. Еве го психолошкиот одговор: животните што ги јадеме се дозволени за касапење затоа што тоа е нужно, и тоа зборче потсвесно го користиме како оправдување пред својата совест, психа, морал, за да истите ги зачуваме. Но кога ќе почнеме да измачуваме животни кои не ги јадеме, ни се добива нарушување во моралот кое се зголемува со тек на време и некогаш може да се случи да се убедиме дека може и човек да искасапиме т.е. дека не е голема разликата – тогаш доаѓа крајното психичко пореметување. Значи ако заштитата на животни се случуваше од жал и правда, ќе се заштитуваа сите, но во овој случај мислам дека постои психичка основа, т.е. сочувување на моралот и чистата совест.
Во реалноста сите продаваат некоја жалност кон животните, споредувајќи ги со луѓе бидејќи имаат душа. Не викам не, лично ми е жал кога животно се мачи, и сакам да му помогнам бидејќи така си помагам себе си т.е. на својот морал и одржување чиста совест, а можеби и оти сакам да си ја мирољубивостта во себе. Имам хрането кучиња пред Веро во 4 саат преку ноќ со хамбургер купен преку улицата во насока на плоштадот и, се чувствувам убаво поради тоа. Сум им давал и пари на циганчиња, едно од нив често доаѓаше токму кога ми завршуваше смената од работа и си муабетевме по патот и секогаш му давав по десет денари. Тоа е мој избор и не велам дека треба секој да го прави, а најмалку е потребно да создаваме омраза и насилство кон луѓето кои немаат чувство за животните, бидејќи сметам дека:
- во моментов многу повеќе ни недостасува амбицијата да пружаме помош, отколку да осудуваме и наштетуваме на луѓе кои не пружаат помош.
"How about I believe in the unlucky ones? Hmm?"
~ October sky (филм)
Нештата кои целосно го заслужуваат епитетот „добри“, потребно е во себе да ја поседуваат целата содржина на поимот „Добар“. Секако во него има повеќе начини на приоѓање, но само еден е директниот а тоа е самата суштина и едноставност на поимот. Добрите нешта ја имаат својата добрина внатре во својата потсвест, па неретко се поврзуваат со поимот душа и опишуваат некоја појава која е мила и пријатна, токму поради својата мирољубивост и несебичност.
Поттикот да ги погледанм нештата кои го носат овој епитет ми го даде филмот кој го изгледав пред неколку минути – October sky. Им давав некое посебно значење на филмовите, многу слично како на поезијата и расказите, па за да можам да се присеќам на нив кога составувам некоја теорија во сопствените ставови и идеи – ги колектирам сите изгледани филмови на профилот за рангирање филмови на criticker.com. Денес после филмот October sky и дискусија со еден другар за тоа што треба да содржи еден Добар филм, дојдов до една мисла дека можеби и знам зошто драмата ми е омилен жанр, зошто филмовите од овој век се разликуваат (по лошо) од оние од минатото и зошто бе да ја знам причината отсекогаш ги сакав филмовите од крајот на деведесетите.
Новиот начин на живот кој нѐ оделува од предходниот век, ни наредува да ја откорнеме од себе онаа фикција која ја викаме душа и да си ја продадеме. На тој начин добиваме огромен авторитет кој ќе ни донесе материјални придобивки и ни е очајно потребно бидејќи факт е дека светот оклу нас гладува, а тоа е последното нешто што би си го посакале на себе. Постојат и луѓе кои ја имаат сета добрина во себе најчесто се чистачи, ѓубраџии и уште нешто слично, тие се тоа не затоа што не сакаат да си ја продадат душата, туку затоа што не се свесни дека можат. Тоа ги прави поглупави од другите. Но тоа е нивен проблем, мојот е дилемата како да ја спојам добрината со материјализмот или можеби навистина нејзиното продавање е всушност неизбежна еволуција?
Како и да е, кога сакам ДОБАР филм, ги барам најубавите драми кои се направени според вистинска случка или според роман напишан по вистинска животна приказна (клик за листа). Направив анализа на таквите филмови и видов дека сите се направени од деведесетите до самиот почеток на новиот век (клик за листа). Мислам дека поголемата половина од светот сака да се приспособи кон ослободување од својата суштина, добрина и душа, како за возврат би добиле поголем статус во општеството, а тоа значи и подобар живот; па тогаш зошто им се потребни филмови кои ја гајат и будат добрината во нив? – Тоа е токму мојата теорија зошто во последниве години повеќе се цени техничкиот ефект во филмовите отколку нивната приказна. Добриот филм денес е ректост, но сепак го има. Од новите доста ме имаат импресионирано Never Let Me Go (2010) и One Day (2011). Но како што спомнав погре за мнозинството, ми се случува и мене да сакам некогаш да погледнам нешто за забава, на пример во друштво не иде драма, туку секогаш комедија или акција. Тоа воопшто не се лоши филмови, но добрината и сето она што во себе го содржи тој поим, како епитет ја заслужуваат само драмите инспирирани од животна приказна и, ни еден друг филм.
"Be the change you wish to see in the world."
Gandhi
.
Доколку го побараме коренот за постоењето на нештата, ќе дојдеме до одговор дека сите нешта постојат поради свесноста за нив. Подигнувањето на јавната свест значи и придонес за постоење на уште неколку нешта, покрај постоечките, нели. А поентата на дејствување врз јавната свест е сконцентрирана во самиот бумеранг на добрината.
Со тој бумеранг се сретнав пред неколку години во еден блог пост на @Vnukot, за кој веројатно никогаш нема да ми текне како се викаше и кај беше постиран, но како и да е, истиот бумеранг постоел и многу порано од тогаш, токму поради тоа што некој друг бил свесен за него. Од друга страна постои и бумеранк на злобата и работи на истиот принцип како добриов, освен што не сакате да ви се случи!
Појавата е наречена Бумеранг така бидејќи дејството (независно дали е добро или лошо) кое што ќе го направам, многу е веројатно дека ќе ми се врати после одреден период, по принципот на butterfly ефект. Тоа е еден поврзан процес на дејства кои зависат едно од друго и се поврзани со причинско-последична врска. Овој процес е единствениот кој постои независно од нашата свесност за него, но верувам дека зависи од некоја друга поголема свесност, можеби свесноста на универзумот, којзнае.
Како и да се случуваат работите околу нас, ние сепак (барем) еднаш во животот доаѓаме до прашањето: Што направив јас за светот, или кој е мојот допринос за нештата да бидат поубави, подобри и посвесни? Јас би можел да одговорам дека ја создадов иницијативата Lets grow awareness и под истото мото продолжувам да придонесувам за зголемување на јавната свест околу повеќе теми, а во моментот тоа градење на елка од пластични шишиња.
Иницијативата за изградба на елка од пластични шишиња е започната во Скопје и раширена низ неколку пунктови во повеќе делови од главниот град, а еден пункт ќе биде отворен и во Куманово (на 24-ти декември од 12 - 14 часот) каде јас и Сања (@ssanja4) ќе го очекуваме Вашиот придонес кон иницијативата, со донесување на неколку пластични шишиња (кој колку може). Се надевам дека со ова ќе започнеме уште еден бумеранг на добрината, кој секако, кога тогаш ќе ви го врати нештото кое сте го направиле.
Еве и визуелна претстава за поимот, којa дејствува многу помотивирачки од сите букви погоре!
Чудни патишта постојат и чудни луѓе се движат по нив. А убаво е да постои чудноста, нѐ инспирира ако не ништо друго. Последното смешно чудо што го слушнав беше дека тајмлајн профилот на фејсбук дополнително ја зарозува приватноста. Кога продискутирав околу тоа, ми рекоа дека има разлика помеѓу приватност и контрола на приватност. Веројатно уште постојат параноици кои не излегле од комунизмот и приватноста сѐ уште им е „тајно контролирана“. Некако оваа чудо ме зачуди толку силно што морав да прокопам подлабоко во поимот приватност и како другите го сфаќаат истот поим.
Кога го сторив тоа добив впечаток дека ми летнала косата нагоре како во алтернативните тинејџерски години, што ги чувам зад себе. Чудото, бездрго, дејствува како струен удар. Голема е разликата меѓу живеењето при крајот на деведесетите, па отпосле во новата ера, иако навидум ни се чини дека ништо битно не се случило, но се случи и те како се случи! Интернетот ја уби приватноста и сета магија што произлегуваше од незнаењето поради кое многу почесто постоеше и чудењето. Приватноста не постои од многу одамна и тоа се случи токму од наша волја, затоа што ние сакавме така. Луѓето се снимаат секој ден и го аплаудираат тоа на јутуб и Вимео, пишуваат блог постови за себе, а на социјалните мрежи пишуваат каде се во моментот, со кого седа, што зборуваат, што јадат и тн. Се промовираат себе си на секој можен начин, стануваат бренд. Тоа значи дека приватноста воопшто не ни е потребна. Но од друга страна постојат луѓе кои сѐ уште мумлаат нешто за својата загрозена приватност. Има ли овде логика, како можат луѓето да се толку контрадикторни поради нивната несвесност за значењето на поимот приватност?
Настрана несвесноста, да бидеме пореални - кој воопшто има потреба да биде во тајност денес? Кој ако не оној кој се плаши од сопствените постапки, од она што го направил? Никој друг. Ако никому не му мислиш и правиш зло (макар и за добри цели како што повеќето се самооправдуваат), никој нема да ти го загрози правото за слободно постоење. Приватноста денес е само поим за манипулација со јавното мислење кон одредени таргет цели.
Но, за некое чудо, луѓето имаат различна призма пред очите па поради неа сите гледаат различни нешта. Од тука излегува потребата за разбирање меѓу себе која неретко резултира и со симпатичност. Рушење на поимот приватност и секакво негово дејствување во реалноста, е вистинскиот начин да се дознае како функционира призмата на другиот, па следствено на тоа ќе се случува повеќе конеции, повеќе разбирања, и повеќе љубов.
Постои една индиска поговорка: „Сѐ што не е додадено – е изгубено.“ А сите ние имаме толку нешта да дадеме од себе, колку што би било доволно за сите суштества да се задоволни од добиеното, но и инспирирани да додадат и нешто свое.
Манифестацијата Lets grow Awareness е токму едно од нештата кои секој од нас може да ги додаде во светот со цел да ја поттикне јавната маса на размисла околу (не)потребноста за национална омраза, верска омраза, тензиите со палење знамиња, не признавање имиња и уште куп слични нешта кои го затемнуваат балканот и му даваат облик на темна дупка која е пример како не треба да живее.
После палењето на замињата и дигнатите национални тензии, ние како група индивидуалци се запрашавме: зошто секогаш ова парче од светов да служи за пример како не треба да се живее? И зошто не се потрудиме да ги поттикнеме нештата кон подобрување наместо да избегаме што подалеку од овде? Лесно е да се турнат нештата под тепих, потешко е да се соочиш со нив и да го додадеш својот труд за подобрување на нештата, па макар тоа било и една ваква манифестацја од литературно музички карактер која преку уметноста ќе се изрази против националната омраза и ќе поттикне будење на онаа убава замсла која спие во секој од нас – замислата за подобар соживот и за едно поразнобјно утре.
Џон Ленон сакаше да замисли свет во кој сите луѓе ќе живеат во благосостојба и нема да постојат држави во светот, а истата утописка идеја беше искористена за скоро сите научно фантастични филмови во кои вонземјанците објаснуваа дека на нивната планета не постојат држави и дека сите се една нација.
Овие утописки идеи всушност и не се утописки, бидејќи се целосно возможни, но поради недоволната свесност на поголемиот дел од светот - до сега не се случиле. Можеби и никогаш нема да се случат, но битното е дека со малку поголема свесност би се постигнало многу подобро меѓусебно разбирање, а јас верувам дека тоа ќе се случи. Некогаш.
Програма:
-Интро за целта и идејата на настанот; читање на расказ со наменета содржина. (Даниел Краљевски);
-Unplugged музичка манифестација т.е. свирка со групите:
Она што е одговорот на прашањето „каде да објавувам“, обично го обликува одговорот и на прашањето „што да објавувам“. Тоа се случува поради самата крактеристичност на медиумот, и работи на истиот принцип како и поговорката „со кого си, таков си“ која секако воопшто не мора да биде прецизно мерило за нештата, но сепак постои еден мал кревок фрагмент на влијанија кои така цврсто ги поврзуваат двете нешта, кога се заедно.
Обликот и формата на објавата понекогаш не само што ги ограничува (и неретко определува) самиот медиум, туку и зависат од навикнатиот начин на користење на тој медиум од корисниците, независно дали тоа ќе биде статус на facebook со некоја мудра мисла, или твит на твитер со некоја хумористична или хуморно зајадлива мисла, или можеби ќе биде блог пост каде што ќе критикуваме одредени случувања кои во моментот се движат во јавноста. Токму поради таа причина јас понекогаш се чувствувам збунет кога е во пршање местото каде да го објавам тоа што го мислам, токму затоа што треба да го обликувам според медиумот. А згора на тоа и самата мисла или идеја за објава, во тоа двоумење се случува да биде пресечена уште од мали нозе т.е. уште целосно неоформена.
Од друга страна, збунетоста доаѓа и од самото недоволно разбирање на навиката на мнозинството објавувачи во одреден медиум, не дека се работи за комплицираност, туку за недоволно следење на истиот медиум поради тоа што ни станал досаден т.е. не сме почувствувале некаков предизвик кон него. А колку повеќе го избегнуваме поради тоа, толку повеќе досаден станува, па така се случува една бескрајна процедура. Иако јас (како и повеќето други) во суштина сум навлезен во секој можен начин на објавување на интернет, но сепак понекогаш постои двоумењето „каде да објавам“ а подоцна неретко доаѓа и до губење на смислата на една идеја поради првото двоумење, па тогаш настапува второто: „што да објавам“. А оттука повторно се раѓа една бескрајност од повторувања на нештата.
Иако луѓето објавуваат паралелно на сите три (попопуларни) интернет медиуми, сепак мислам дека мора да постои еден кој им е основен или омилен, а другите помалку омилени или споредни. Ако направиме една анализа, мислам дека повеќето твитерџии се и блогери, додека повеќето фејсбучари се луѓе кои пред да постои facebook не знаеле што е тоа интернет, а уште помалку што е тоа блог или форум. Во меѓувреме сепак се присетив дека пред да објавувам било што на интернет – бев блогер. Па тогаш која е причината сега да не знам каде да објавувам?
Ја преведов Bella Ciao на македонски, коа после ми текна да ѕирнам на јутуб и оп - ја најдов преведана. Ама не во буквален превод туку во некој доста убав македонски препев, автор – „Звонко и другарите“. Баш супер, сега си најдов уште една убава песна, ем на македонски – си реков. Арно ама на сликата случајно приметив дека цедето Звонко го нарекол „збирка НЕљубовни песни и добив желба да пукнам од мака што не можам лично да го прашам Звонко: Дали љубов кон татковината всушност е НЕљубов?
Потоа се предомислив и решив да не пукам од мака, оти тоа и онака е само интро на темава во муабетов. Инаку уште од дамнина колектирам докази дека постојат два вида размислувања и, сега решив да ги искажам. Имено (или безимено), еднаш се најдов среде дискусија со еден Сељак и во своето објаснување пронајдов тероија за постоење на два вида размислувања:
ØЦрно-бело размислување и;
ØКолорно размислување.
Црно-белото позачестено се користело во минатото, но воопшто не реткост и сега. Тоа е философија заснована на две страни кои секогаш би постоеле без разлика на тоа колку нови бои ќе се појават во иднина. Оваа философија е најсигурна т.е. без никаков ризик по својата самодоверба и донесува цврст став во однос на одреден предмет, односно го обележува црно или пак бело, во зависност на тоа која е првата мисла што ќе му се појави на господинот следбеник на оваа философија. Всушност доста слично со трикот за полупразна и полуполна чаша, помислуваш на првото што ќе ти дојде на ум, не знаејќи дека чашата може да биде и двете опции одеднаш. Инаку првата мисла која ти се појавува всушност не е твоја туку општа, бидејќи следбеникот на црно-белата философија скоро секогаш е наклонет кон народното т.е. општото размислување. На пример кога медиумите (ТВ и Весници) изјавуваат критики или пофалници околу нештата тогаш во овој „наш“ следбеник се инсталира општата (раз)мисла околу нештата, која подоцна ќе му се појави при избор дали чашата ќе биде полупразна или полуполна, односно при изборот дали нештото ќе биде бело или црно. Основното нешто што е карактеристично за оваа размислување е дека постојат само две страни – или е црно или е бело, трет избор не постои!
Коренот на создавање на оваа философија е засаден во отсуство на свеста. Односно засаден е на местото кое е одредено за свесност (кога би се појавила), така да основата му лежи на сосема празно место и затоа уште одамна почнало да паѓа „во вода“ или во бездна, сеедно.
Колорното размислување ги содржи сите видови бои освен црната и белата. Тоа значи дека ги (с)фаќа сите размислувачи освен црно-белите. Овие размислувачи направиле толку многу поделби што понекогаш се наоѓаат себеси загубени во изборот односно припаѓањето, но оние посвесните имаат прецизно трасиран пат по кој дошле до своето мислење, и со задоволство би го објасниле доколку околината е расположена за комплицирано размислвуање. Свесноста со себе носи нешто кое црно-белите размислувачи го нарекуваат комплицираност, а колорните – интересност (импресија и експресија). Порано во музиката имаше само неколку правци, сега ги има најмалку десет пати повеќе. Слично се сличува и со литературните правци, што само по себе алудира на зголемување на свесноста т.е. психичка еволуција.
Но каде залута интрото во оваа приказна?
Еден колорен размислувач ќе рече дека и љубов кон патриотизмот и државата е бездруго - љубов, но со малку поинаква нијанса. Но што ќе рече еден црно-бел размислувач?
Мнозина од размислувачите и не знаат дека размислуваат само црно-бело. А тоа не е толку страшно како страшното одбивање на останатите бои поради неверување на нивната сеприсутност.
Но за жива среќа постои еден процес кој се вика - Еволуција!