Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Showing posts with label општество. Show all posts
Showing posts with label општество. Show all posts

Tuesday, April 10, 2012

Ко је крив?

.
Во принцип никогаш не сум сакал да ја напуштам земјава, иако имав неколку другари со кои пораснавме во истото маало и до пред некоја година заедно излегувавме и се напивавме по кафиќите, а денес сите тие се успешни Австралијанци, Бугари, Американци и Италијанци. Да, Боби и Мацко, дечките со кои секој ден игавме серва у маало, кои живеат на 4-5 метри до мојата куќа, се веќе две години во Австралија, работат и студираат, веќе имаат свој капитал, веќе праќаат големи суми на нивните овде, а јас немам ни 100 денари за интернетов да си го платам. Арсо, кој е на 500 метри од моето маало, со кој седевме 4 години во иста клупа, спиевме и јадевме еден кај друг, планини и долини шетавме секој ден; сега работи и живее во Бугарија, програмира и зима убава плата. Деки отиде во Америка, Влатко со кој детството го изарчивме, веќе неколку години живее во Италија, студира за готвач, од праксата зема 5 пати повеќе пари од платата на татко ми. Ова се луѓето од моето маало со кои пред само 3-4 години заедно патувавме по планини и реки, заедно учевме, игравме фудбал, одевме во теретана; сега се десет пати поуспешни од мене само затоа што живеат надвор од државата. Додека јас решавав да бидам тврдоглав и да инвестирам во мојата Македонија. Менував по 6-7 фирми годишно, некоја не плаќаше, некоја немаше основни услови, некоја имаше газди кои уживаат во терор и цедење на последната капка пот на луѓето.
.
Куманово е мислам најиселенички град, 90% од луѓето се во Авганистан, додека 5% никогаш нема да се вратат и 5% се оние тврдоглавите, како мене. Впрочем бев и јас викнат за Авганистан, но после сите подготовки, наместо авионска карта добив писно со жалење дека позицијата ми е укината и треба да почекам да се појави друга, која всушност никогаш не се појави. Дури ни св. Димитрија не може да ме спаси од малерот што си го одгледувам во себе.
Голема работа, целата моја држава умешно го чува малерот веќе неколку децении, тврдоглаво ја одгледува својата нефункционалност и заглупавеност додека грујовизмот љубовно флертува со неа, а очите му светат како билборди.
.
Всушност воопшто немаше да се освестам дека целиот свет во кој живеев до пред некоја година, сега живее надвор од државата; ако не видов дека глумицата Мирјана Ѓоковиќ е славна во Америка како професор по глума и арт; а и Милчо Манчевски деновиве издава книга во истата Америка. Некако добивам чувство дека луѓето овде имаат многу потенцијал, а немаат простор за негово креативно искористување. Турските серии стануваат секојдневие, телевизиите имаат ретардирана програма, а единствените неколку освестени граѓани седат невработени и твитаат или блогираат за целото време. Зарем ние навистина не можеме да сториме ништо повеќе од пишување зборови?
Или тука на ум ќе ни падне онаа народната:
„стори нешто за државата - емигрирај!“
Нас секогаш ни паѓаат доста издржани досетки, само штета е што од нив не се заработува. Останува дилемата, или ќе емигрираме или можеби сакаме животот да го поминеме во борба за подобри услови?
.
Патем интересно е да се спореди, еве ја култната сцена од Буре Барут која ја претставува суштината на филмот, со фамозното „ко је крив“



А ова подолу е пародија на горнава сцена и тоа во истиот филм.

Филмот се случил 98-ма, а денес глумицата Мирјана (девојката на Тони Михајловски во филмот) е истакната професорка по актерство и арт во Калифорнија, додека Тони е само клошарче кое се бореше во војната во 2001-ва и беше оставен на цедило заедно со сите од единицата лавови додека албанските „борци за слобода“ земаат воена пензија; невработен, па водеше емисија, а лани глумеше во парада и панкот. Се снаоѓа колку да може да преживее, како впрочем и сите уметници во Македонија.

Можеби некогаш на крајот на мислите ќе ти падне мисла: која е таа битност на националниот идеал за кој вредело да се загине? Која е таа гордост да се наречеме патриоти? Може ли сето ова да го разбере еден Џон Ленон во моментот додека ја пее imagine?
.
Сепак тоа е само крајот на нашите мисли, а секој од нас се плаши да отиде до таму. Освен можеби ако некогаш реши да отпатува толку далеку што ќе заборави каде е таа горда Македонија и, веројатно никогаш нема да се врати. Но едно е сигурно - тогаш воопшто нема да биде важно „ко је крив“.
.

Tuesday, February 21, 2012

Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Дали е ова позитивна или негативна појава, дали ова влијае директно врз нашата еволуција и на кој начин - се објаснува во еден серијален документарец наречен Everything is a remix или Сè е ремикс. Авторот на овој проект се вика Kirby Ferguson кој е писател, режисер и едитор, а во моментов работи на нов проект наречен This is Not a Conspiracy Theory.

Во една статија наменета за последната епизода од серијалот, проектот е опишан вака:
"Everything is a Remix" explores the idea that no idea is original. Ferguson argues that essentially all forms of creativity are just a remix of the last, giving the sweeping example of Led Zeppelin who notoriously borrowed from blues greats like Howlin' Wolf. The fourth installment in the series, "System Failure," explores what Ferguson calls "Social Evolution" through a menagerie of borrowed footage, animations, text and a voiceover. [....]

Овој документарен проект преку презентирање на големата слика изнесувајќи реални фрагменти од историјата на човештвото, всушност докажува дека основата на нашата креативна, инвентивна и еволуцијата на создавање, е токму ремиксот на идеи т.е. надоградување на идеите. Ја докажува и апсурдноста на интелектуалната сопственост докажувајќи дека за развојот на општеството воопшто не се заслужни само неколку луѓе, туку сите ние, заедно. Тоа го докажува со одговор на љубопитното прашање кое сите понекогаш си го поставуваме: „дали ако никогаш не се родеа луѓето кои ги измислија интернетот, струјата, филмот, музиката, книгите, автомобилите; денешницата ќе беше многу поинаква?“ Одговорот што го дава Фергусон е дека е сосема логично денешницата да е премногу слична со оваа, давајќи неколку примери на дуплирани иновации кои низ историјата се случувале во исто време од различни луѓе. Тоа докажува дека секој од нас има способност да го креира секоја досега постоечка иновација уште пред таа да биде создадена од некој друг. Битно е само да му се дозволи пристап до основата за да може да гради врз неа т.е. да се овозможи derivative work. Значи со ова паѓаат во вода сите претпоставки во стилот: ако не постоеше Тесла човекот никогаш немаше да има струја, или Џобс за компјутерите, Едисон за светилките и тн.


Поради ова сознание можеме кристално јасно да сфатиме дека секој од нас е потенцијална човечка инвидидуа со енергија и креативна моќ да го создаде сето она на кое се восхитува во моментов. Величењето на одредена група луѓе кои во моментот се славни поради тоа што ја реализирале таа моќ; ни донесува само потценување на нас и целото останато човештво. Не постои никаква поента во величење на „вистинските“ нешта бидејќи сите ние сме вистински, едиснтвено некој имал повеќе среќа од некој друг за да профитира од својата идеја. Постојат уште милион идеи за корисни иновации кои своето реализирање го чекаат со векови, а им е ускратено од оние кои се „премнгу големи за да паднат (too big to fail)“. Иронијата е што нашето потценување е виновно за нивната големина, сите ние сме виновни со самото тоа што им даваме премногу значење.

Но бидејќи светот почнува полека да го сфаќа сето ова, во иднина би требало да се зголеми бројот на креативните дела и идеи, а да се намали значењето на нивните создатели. Тоа е социјалната еволуција која според Фергусоновиот докуметнарец (поточно неговата четврта епизода) е производ на увидување на погрешноста на нашиот досегашен систем.

Уште еден интересен дел со проблемот за слободното копирање идеи заради нивна надградба е со креатив комонс копирајт лиценцата, која од луѓето е погрешно перцепирана поради самиот човечки нагон на агресивност кога ќе дознае дека неговата креација е копирана, додека пак ако тој копира туѓа креација, тогаш тоа му изгледа во ред. Проблемот е што нагонот на агресивност никогаш не престанува да се појавува ако некој ја копира нашата идеја, поради тоа што овој нагон е далеку поголем од човечкиот разум. Поради оваа појава ставовите за интелектуална сопственост се поделени. Ова е силно илустрирано во третиот дел од докуемнтарецот everything is a remix во делот со исечоци од изјави на Стив Џобс кога според него е во ред да ги користи туѓите идеи во изградба на првиот компјутер, но му создава агресија кога андроид софтверот е во добар дел препишан од принципот на IOS софтверот кој го користи ејпл за ајпад, ајфон и тн.

Патем, крејтив комонс лиценцата е наменета за докажување на делото дека е твое, а не за забранување да некој друг го копира истото ако сака да го догради или едитира. Но сепак се користи и за забрана, иако речиси нема никаков ефект денес, поради тоа што никој не ги цени едитираните нешта кои во најголем дел се базираат на оригиналот и имаат само профитабилна наменa, па поради тоа таквите појави речиси и ги нема, не е потребна забрана.

Во продолжение може да се видат сите четири делови од овој документарен краток серијал во кој подетално се разгледува идејата за интелектуална сопственост и до каде е таа потребна, а од каде претставува еволуциона кочница, апсурд и сосема бескорисна и непрактична појава.


Everything is a Remix Part 1 from Kirby Ferguson on Vimeo.


Everything is a Remix Part 2 from Kirby Ferguson on Vimeo.


Everything is a Remix Part 3 from Kirby Ferguson on Vimeo.


Everything is a Remix Part 4 from Kirby Ferguson on Vimeo.

Патем, и уште еден корисен документарен филм кој ги разгледува корпорациските манипулации со оправдување на некои копирања, а казнување на други. Филмот се вика „good copy, bad copy“:



Saturday, January 21, 2012

Нашите сонови


Пижамите се искинале
на деловите од мене
што не сонуваат повеќе.
(ckrtac)

Секој има сон и истиот тој сон за некого е реалност, а за некој – само сон. Планетава е исполнета со милион приказни и тоа од најбедните па до најуспешните, секому од нас му е поделено по една приказна за да ја живее и по една за да ја одглуми во животот. Обично таа што ја живее е прилично победна од таа што ја глуми, но тоа се случува затоа што луѓето толку си го сакаат својот сон што повеќе не им е битно дали е изглумен или жив – битно е да го дофатат.
Некои луѓе одбиваат да глумат и никогаш не ги дофаќаат своите соништа, а тоа чувство страстно ги задоволува. Таа чистост, таа поетичност. Иако многумина од нив воопшто не го размислувале тоа сепак поетичноста е составен дел од нив, а тоа некако во чувствата ги допира сите останати. Како мали се воодушевуваме на приказните од бабите и дедовците, оти во тие приказни има цели животи, одживеани. Тие се како души што се раѓаат при самото нивно раскажување, бидејќи тие остануваат да живеат и после смртта на човекот кој ги живеел. Оттаму се раѓа поетиката на животот, а луѓето кои не ги дофаќаат соништата не се ништо поразлични од другите едиснствена разлика е што се посвесни за драмскиот елемент во животот(т.е. поетиката), кој кај сите останати доаѓа на крајот, пред самата смрт и, немаат време да го живеат. Сепак дискутабилно е прашањето и дали воопшто треба да се живее тоа нешто.
.
Здружување на соновите е можеби најбитен чекор за нивното исполнување, бидејќи нечија реалност за некого е сон. Но ако го одглумиш, тогаш здружувањето би било само лутање низ глумата, сè до еден ден кога или сето ќе ти здосади или ќе срасне како дел од тебе. Радоста од неговото исполнување е најголема кога сонот со неуморност го чекаш, единствено ризикот е што истиот можеби никогаш нема да дојде.
.
Соновите често знаат да изумрат и да се родат други на истото место. Поетите тогаш се прашуваат каде одат умрените сонови, дали постои рајот на соништата, а ние сепак ние ги оставаме неколку метри под земјата и продолжуваме со поход кон новиот. Нашите сонови се наша приказна, а нашите приказни се нашиот сон сонуван некогаш пред да се родиме, можеби и во минатиот живот, којзнае.

Еве едно видео за животните сонови на “другите“ луѓе:
.


Thursday, January 5, 2012

Животните и/или луѓето?



“We can build a new tomorrow, today.”~Brian Molko

Постојат луѓе кои повеќе ги сакаат животните отколку човекот и секогаш би му помогнале ако видат повредено или гладно животно, отколку тоа да го сторат на човечко суштество. А на другата страна постојат луѓе кои не би помогнале ниту на гладно куче ниту на гладен човек, а можеби и тие две гладни нешта ги гледаат како едно исто. Што ни е побитно, е малку субјективна тема, но „како да се помогне“ е можеби и општо прашање?

1. Најпрво за луѓето. Како и зошто? Навистина не се сложувам дека некој треба да им даде нешто материјално на бездомниците, оти на нив им треба вештина во пронаоѓање пат до храната т.е. заработување. Секој човек има потенцијал во себе и ако сака некој да му помогне треба само да му го пробуди или поттикне потенцијалот. Ја знаеме онаа кинеска поговорка: наместо да му дадеш риба научи го сам да ја лови, така ќе му помогнеш за цел живот. Друга страна на приказнава е и малце подискутабилна бидејќи бездомниците не сакаат да учат, а не може некој насила да ги натера оти е рамно на терор. Но тука сепак постојат психолошки методи кои се трик а не сила, што значи можно е да се извади потенцијалот на виделина. Тоа е единствениот начин на кој навистина ќе му се помогне на беспомошен човек. Но сега добиваме прашање „зошто“ – затоа што е човек! А штом е човек општеството може да има ќар од него, сите сме зависни еден од друг, сите си помагаме индиректно незнаејќи го тоа.

.Сепак реалноста која ни се случува во моментов е сосема обратна од свесноснот и разумност за оваа тема – владата им плаќа на сите да имаат четврто дете, што автоматски се поттикнуваат оние што немаат пари, е поради тоа токму тие се и поростата маса. Што значи плаќањето за да се раѓаат повеќе деца, е плаќање т.е. инвестирање во зголемување на простата маса за да истата се најде во тесно поради беспарица и да биде принудена да работи за многу ниска плата (поради големата невработеност нели) и ете ти го производот во Македонија: инфлуацијата ја погодува само храната, додека платите си остануваат исти како пред 7-8 години, а некаде и повеќе. Згора на сѐ тука постои уште една нус појава, а тоа се циганите и сите полубездомни луѓе кои живеат со неколку парчиња леб за цел ден;  тие се појавуваат на телевизии и хистерично плачат поради нивниот очаен живот. Покажуваат разрушени простории каде што живеат и куп деца кои ги измачуваат правејќи ги во такви услови. Имаше некоја колумна малку поодамна, дека таквите луѓе кои прават деца без да можат да им обезбедат соодветни услови – треба да се соберат во затвор оти тоа треба да се смета за злодело, бидејќи навистина е! Децата цел живот се измачуваат без да се виновни поради тоа, тие всушност ги плаќаат гршките на своите родители.

2. Го разбирам до некаде и револтот кон алудирање на заштита на животните, затоа што тогаш обично се прашувам што е разликата меѓу куче и прасе? Зошто таа организација што штити животни не ги штити сите туку едните ги привилегира, а другите се дозволени за касапење. Овде всушност и делумно постои одговор, но истиот е од психолошки карактер и кога човек ќе го слушне ќе сфати дека всушност нивното спасување или штитење не се заснова на жал, туку на заштита на психата на луѓето. Еве го психолошкиот одговор: животните што ги јадеме се дозволени за касапење затоа што тоа е нужно, и тоа зборче потсвесно го користиме како оправдување пред својата совест, психа, морал, за да истите ги зачуваме.  Но кога ќе почнеме да измачуваме животни кои не ги јадеме, ни се добива нарушување во моралот кое се зголемува со тек на време и некогаш може да се случи да се убедиме дека може и човек да искасапиме т.е. дека не е голема разликата – тогаш доаѓа крајното психичко пореметување. Значи ако заштитата на животни се случуваше од жал и правда, ќе се заштитуваа сите, но во овој случај мислам дека постои психичка основа, т.е. сочувување на моралот и чистата совест.


Во реалноста сите продаваат некоја жалност кон животните, споредувајќи ги со луѓе бидејќи имаат душа. Не викам не, лично ми е жал кога животно се мачи, и сакам да му помогнам бидејќи така си помагам себе си т.е. на својот морал и одржување чиста совест, а можеби и оти сакам да си ја мирољубивостта во себе. Имам хрането кучиња пред Веро во 4 саат преку ноќ со хамбургер купен преку улицата во насока на плоштадот и, се чувствувам убаво поради тоа. Сум им давал и пари на циганчиња, едно од нив често доаѓаше токму кога ми завршуваше смената од работа и си муабетевме по патот и секогаш му давав по десет денари. Тоа е мој избор и не велам дека треба секој да го прави, а најмалку е потребно да создаваме омраза и насилство кон луѓето кои немаат чувство за животните, бидејќи сметам дека: 

- во моментов многу повеќе ни недостасува амбицијата да пружаме помош, отколку да осудуваме и наштетуваме на луѓе кои не пружаат помош.

Sunday, December 18, 2011

Бумеранг на добрината и елка од пластични шишиња





"Be the change you wish to see in the world."
Gandhi
.
Доколку го побараме коренот за постоењето на нештата, ќе дојдеме до одговор дека сите нешта постојат поради свесноста за нив. Подигнувањето на јавната свест значи и придонес за постоење на уште неколку нешта, покрај постоечките, нели. А поентата на дејствување врз јавната свест е сконцентрирана во самиот бумеранг на добрината.
Со тој бумеранг се сретнав пред неколку години во еден блог пост на @Vnukot, за кој веројатно никогаш нема да ми текне како се викаше и кај беше постиран, но како и да е, истиот бумеранг постоел и многу порано од тогаш, токму поради тоа што некој друг бил свесен за него. Од друга страна постои и бумеранк на злобата и работи на истиот принцип како добриов, освен што не сакате да ви се случи!


Појавата е наречена Бумеранг така бидејќи дејството (независно дали е добро или лошо) кое што ќе го направам, многу е веројатно дека ќе ми се врати после одреден период, по принципот на butterfly ефект. Тоа е еден поврзан процес на дејства кои зависат едно од друго и се поврзани со причинско-последична врска. Овој процес е единствениот кој постои независно од нашата свесност за него, но верувам дека зависи од некоја друга поголема свесност, можеби свесноста на универзумот, којзнае.
Како и да се случуваат работите околу нас, ние сепак (барем) еднаш во животот доаѓаме до прашањето: Што направив јас за светот, или кој е мојот допринос за нештата да бидат поубави, подобри и посвесни? Јас би можел да одговорам дека ја создадов иницијативата Lets grow awareness и под истото мото продолжувам да придонесувам за зголемување на јавната свест околу повеќе теми, а во моментот тоа градење на елка од пластични шишиња.

Иницијативата за изградба на елка од пластични шишиња е започната во Скопје и раширена низ неколку пунктови во повеќе делови од главниот град, а еден пункт ќе биде отворен и во Куманово (на 24-ти декември од 12 - 14 часот)  каде јас и Сања (@ssanja4) ќе го очекуваме Вашиот придонес кон иницијативата, со донесување на неколку пластични шишиња (кој колку може). Се надевам дека со ова ќе започнеме уште еден бумеранг на добрината, кој секако, кога тогаш ќе ви го врати нештото кое сте го направиле.

Еве и визуелна претстава за поимот, којa дејствува многу помотивирачки од сите букви погоре!




Твитер: #елкамк


Линкови од иницијативата за градење елка од пластични шишиња, објавени од неколку други блогери:

http://darjanradenkovic.blogspot.com/2011/12/blog-post.html

http://tamaraatanasoska.wordpress.com/2011/12/16/novogodishna-elka-od-plasticni-shishinja/

http://jovanatozija.blogspot.com/2011/12/blog-post_06.html

http://bit.ly/rXieKn (debarmaalka.wordpress.com)

Планот на изградба: http://endek.tumblr.com/post/14407891267/sheshe-shishe-elka


Wednesday, December 7, 2011

Lets Grow Awareness


Постои една индиска поговорка: „Сѐ што не е додадено – е изгубено.“ А сите ние имаме толку нешта да дадеме од себе, колку што би било доволно за сите суштества да се задоволни од добиеното, но и инспирирани да додадат и нешто свое.

Манифестацијата Lets grow Awareness е токму едно од нештата кои секој од нас може да ги додаде во светот со цел да ја поттикне јавната маса на размисла околу (не)потребноста за национална омраза, верска омраза, тензиите со палење знамиња, не признавање имиња и уште куп слични нешта кои го затемнуваат балканот и му даваат облик на темна дупка која е пример како не треба да живее.
После палењето на замињата и дигнатите национални тензии, ние како група индивидуалци се запрашавме: зошто секогаш ова парче од светов да служи за пример како не треба да се живее? И зошто не се потрудиме да ги поттикнеме нештата кон подобрување наместо да избегаме што подалеку од овде? Лесно е да се турнат нештата под тепих, потешко е да се соочиш со нив и да го додадеш својот труд за подобрување на нештата, па макар тоа било и една ваква манифестацја од литературно музички карактер која преку уметноста ќе се изрази против националната омраза и ќе поттикне будење на онаа убава замсла која спие во секој од нас – замислата за подобар соживот и за едно поразнобјно утре.
Џон Ленон сакаше да замисли свет во кој сите луѓе ќе живеат во благосостојба и нема да постојат држави во светот, а истата утописка идеја беше искористена за скоро сите научно фантастични филмови во кои вонземјанците објаснуваа дека на нивната планета не постојат држави и дека сите се една нација.
Овие утописки идеи всушност и не се утописки, бидејќи се целосно возможни, но поради недоволната свесност на поголемиот дел од светот - до сега не се случиле. Можеби и никогаш нема да се случат, но битното е дека со малку поголема свесност би се постигнало многу подобро меѓусебно разбирање, а јас верувам дека тоа ќе се случи. Некогаш.


Програма:
-Интро за целта и идејата на настанот; читање на расказ со наменета содржина. (Даниел Краљевски);
-Unplugged музичка манифестација т.е. свирка со групите:
  • -The Maze (Драгана и Никола од Куманово)
  • -M & G (Мартин и Глигор од Куманово)
  • -The Yanna (Јана од Скопје)
Влезот е бесплатен. Спонзорски покровител е „К-нет“ интернет провајдер.

Saturday, July 23, 2011

Лажна емпатија


Денес, како и вчера, сѐ повеќе сведочиме на постоење на лажни нешта околу нас. Многумина не знаат дека меѓудругото и на тоа сведочат. Ова е битно кога се размислува од аспект на (не)постоење на лажностите бидејќи од свесноста зависи и самото постоење или непостоење на фиктивните нешта.
Порано постоеше анти-тоше група која дејствуваше по блогови и форуми со цел да го разбие „социјалниот феномен Тоше“. Не знам колку успеа да направи баланс, но начините при обидот воопшто не ги оправдав, бидејќи беа згрозувачки. Имено, вистинската цел – да се докаже лажната емпатија, беше остварена. Тогаш се сеќавам и на една емисија во која Влатко Стефановски и Игор Џамбазов зборуваа против воздигнувањето на Тоше, поради што и изгубија неколку фанови. Тогаш сериозно се заинтересирав за прашањето: што е тоа лажна емпатија, и како да се справиме со оваа збунка?
Отсекогаш славните личности ми биле одбивни. Самата слава, фанатизмот, па и комплиментите кон другите, но и кон мене. Можеби затоа што сметам дека успехот е комерцијализација на животот, а можеби и не. Сепак, постојат славни луѓе кои ми се омилени и на нив би им дал вистинска почит, онолку колку можам да си приуштам, доколку би можел и на погреб би им отишол. Е сега, како да ги изедначам тие луѓе со сите? Ако јас не сум ја слушал доволно Ејми Вајнхаус, како можам да делам емпатија на нејзината своеволна смрт? Всушност, пред некој месец читав за специфичноста на нејзиниот глас и уникатниот талент, но и за ужасната дебилност пред Српската публика. Песните ми се пријатни, па дури можам да ги споредам со оние на Кејт Буш или Емили Хаинес во смисла на моето допаѓање, но Ејми е сепак лик кој поради својата нечувствителност врз алкохолот и дрогите, ми станува одвратен и за изговарање.
Ако јас денес треба да речам таа да почива во мир, тогаш би јa изедначил со сите мои омилени пејачи, а некои од нив ми се до тој степен омилени, што не би можеле да се изедначат со ништо. Иако зборот Фанатизам потекнува од Фан, сепак има преголема различност во самата основа бидејќи фанот значи да сакаш и да чувствуваш, но внатре во тебе, исто како што сакаш некое свое омилено хоби или колекција на нешта собирана со години. Додека фанатизмот би се движел подиректно т.е. ако некој друг не го сака или верува во твоето мислење или верување, тогаш е озлогласен од твоите мисли. Слично нешто како религијата – ако запрашаш христијанин нешто околу нелогичноста на библијата, тогаш си богохулник во истиот момент на изговарање на прашањето.
Лажните нешта почнуваат кога луѓето ги создаваат од недоволна упатеност. Исто е со лажната емпатија, таа се дели кога немаш силна омиленост кон метата, но го правиш тоа затоа што сите го прават и затоа што „така треба“. Оние деца кои пред неколку години беа првите генерации на изгубена својственост (поради тоа што секоја вечер ги менуваа свирките – турбофолк и рок и транс), денес пораснаа и сознаа дека не знаат што да прават со себе, па се послужија со алкохол и дрога за самоволно да се придружат на славниот „клуб 27“ заедно со Кобејн и Морисон.

Saturday, April 23, 2011

Ни треба ли „Слободен индекс“?


Постои едно независно студентско движење на „исфрустирани“ студенти кое себе си се вика „Слободен индекс“ и сè што бараат со нивните трибини и дискусии е бесплатна партиципација на факултетите и подобри студентски домови. Но повеќето студенти не знаат точно дали тоа би било лудост на група идеалисти, или можеби изводлива опција за еднакви шанси за образование на секој адолесцент. Тие патем, покрај што не знааат, всушност и не сакаат да знаат. Ете го проблемот – зошто да знам кога може да не знам, и пак сè да е во ред.

„Слободен индекст“ во понеделникот (18.04.2011) одржаа протест наместо прес конференција во чиј склоп требаше да следи и дискусија на која ќе присуствуваат и студенти од други балкански држави. Причина – професорите не им отстапиле просторија за да одржат трибина. Овој неуспех Ѓ. И. во студентското независно списание го опишала со прилично негативен пристап кон ова студентско движење:

Со сета почит кон каузата на „Слободен индекс“, но сите веќе увидовме дека времето за кревање востанија одамна поминало, а во случајот со македонскиот студент можеби ниту било, ниту ќе биде.
Сите набљудувачи останаа рамнодушни на нивните упорни повици да им се придружат во протестите, членовите на „Слободен индекс“ уште еднаш си зборуваа сами за себе и згора на сè, при самиот крај од обраќањето вработените на факултетите почнаа да реагираат против нивните протести. Така неславно заврши уште една епизода од револуционерната серија на ова движење. [.....]

Прашањето што си го поставив е - зошто токму ова се случува, дали „Слободен индекст“ се навистина само идеалисти во склоп на zeitgeist и слични утописко комунистички идеи кои однапред се осудени на пропаст? За да одговорам морав да проверам дали некаде ова функционира и дали е тоа пофункционален систем. На википедија стојат информации дека овој систем доста практично функционира во скандинавските земји, па дури некои од нив како Данска, дозволуваа бесплатно образование и за странскистуденти, иако системот на неплаќање партиципација е спроведен на врз основа на воведување нов данок само за таа намена. Освен во Скандинавија, бесплатно образование подржуваат и Грција, Аргентина и Шри Ланка. Во Бразил е спроведено само делумно, со што во најдобрите универзитети се конкурира, а конкуренцијата е доста жестока.

Ако е ова возможно тогаш каде заглавивме ние во нашата приказна? Зошто сме ние пасивни кога треба да направиме нешто за нашата иднина? И ова секако има многу едноставен одговор – затоа што ни плаќаат мама и тато, и зошто да ни е гајле што некој таму правел деца на сиромаштија и сега нема пари да ги прати на факултет. Верувам дека сите пасивни, а најмногу оние кои го навредуваат и оневозможуваат студентското движење „Слободен индекс“; го имаат длабоко во мислите токму овој едноставен, но и себичен одговор.
Теоријата може да биде доволна за да знаеш, но праксата е единсвеното нешто каде што освен да знаеш, можеш и да разбереш. Точно овде е заглавена нашата приказна, овде каде што оние на кои им плаќаат родителите, воопшто не го почувствувале товарот да се запишеш на факултет без никаква помош од никого, и за да го платиш почнуваш да работиш во две смени, поради што ќе мора да се запишеш вонредно и да имаш само 3-4 слободни часови за спиење. Лично познавам многу пријатели кои го прифатиле ваквиот живот и, најверојатно токму тие до движат оваа студентско движење „Слободен индекс“ со силна амбиција да учат, да знаат, да еволуираат. А за возврат биднуваат прогонувани и исмевани.

Денес овие во себе силни, а однадвор погазени луѓе, веројатно во тесното време оделуваат некоја минута да се запрашаат - Дали некој од теориски знајниве, може сега или било кога да разбере или барем почувствува каде ние заглавивме во нашата приказна?


Коментари префрлени од outtake.blog.mk пред бришење на платформата од страна на оннет:



62 Responses to “ Ни треба ли „Слободен индекс“? ”
# 1   neutralec Says:
април 23rd, 2011 at 18:07
Слободен индекс е само политичка организација , која е под влијание на СДСМ , очекувајте сега дека оваа екипа ќе почне повторно да штрајкува . Познавам неколку луѓе кои членуваат во ова движење ( здружение ) кои ме убедуваат дека Груевски не е човекот за Македонија , туку СДСМ и Бранко , а иронијата да биде поголема нивните родители се вработени во фирмите кои Б.Ц ги предаде на директорите … и ај сега … пати македонче

# 2   1979 Says:
април 23rd, 2011 at 18:23
Сум за тоа студентите да имаат бесплатно образование, но овие од “Слободен индекс“ тоа го користат само како параван за нивните политички цели.

Освен што е под влијание на СДСМ, “Слободен индекс“ е организација финансирана од фондацијата Сорос, односно парите за делување на “Слободен индекс“ ги дава суштеството кое не може да се нарече човек – Џорџ Сорос.

Не велам дека сите во “Слободен индекс“ знаат дека во позадина на нивното делување стои Сдсм и Сорос, но тие главните што ги водат протестите, со сигурност се партиски луѓе и знаат кој им дава пари.

Сигурно има и голем број неинформирани студенти кои сметаат дека “Слободен индекс“ навистина е независна организација.

# 3   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 18:26
Неутралец, не е битно од која партија се, поентата е дека имаат поента во својата борба, за разлика од окнашите (окно.мк). Јас никогаш не сум се смешал во политика, но кога ќе дојде до ваква ситуација каде што директно сум удрен со нивната рака, тогаш ќе застанам и ќе се борам против нив.

# 4   mastape Says:
април 23rd, 2011 at 18:30
:)

# 5   1979 Says:
април 23rd, 2011 at 18:35
outTake , окнашите и овие од “Слободен индекс“ земаат пари од исто место и имаат иста цел.

Нивната борба ќе трае само додека се исполнат нивните цели, а тоа е паѓање на владата и доаѓање на власт на домашните изроди кои ќе направат се што ќе им биде наложено од надвор.

После исполнувањето на нивната главна цел, проблемите на студентите ќе бидат заборавени и “Слободен индекс“ ќе исчезне како никогаш да не ни постоел. Тоа е целата работа.

# 6   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 18:36
1079, добро бе, нека е од СДСМ ако сака, па и Ал Каеда нема се, битно е дека се борат за нешто што држи вода. Се борат за правда. А што, ВМРО светци се? Немаат никаква грешка во политиката? Според мене и двете партии се лопови и скоро исти ѓубриња. И загрижен сум поради тоа.

# 7   1979 Says:
април 23rd, 2011 at 18:39
Не се ни ВМРО светци, далеку се од тоа, само се помало зло.

Претходниот коментар го напишав непосредно пред да го напишеш ти твојот последен, и таму стои објаснувањето зошто сум против Слободен индекс.

# 8   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 18:40
1979, нив не им е целта да падне владата како окнашиве, туку да се смени образовниот систем. Ако нив ги плаќа сорос да бутаат влада, тогаш не го прават тоа на вистинскиот начин, туку преку една издржена цел, која е мнгоу побитна да се оствари, отколку прашањето дали ќе падне ВМРО или не.

# 9   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 18:42
Добро, ајде да бидеме против секој што е против владата, само затоа што ако не е од една страна, тогаш е од друга. Има ли логика. Каде е рационализмот..

# 10   1979 Says:
април 23rd, 2011 at 18:51
Се е тоа поврзано, многу повеќе отколку што луѓето можат да замислат.

Не ги спорам нивните барања, тие се легитимни и јас ги поддржувам, но сум против нивната цел, а таа не е подобар стандард на студентите, туку е политичка.

Тие нема да бидат со студентите до крај, тие ќе бидат со студентите само додека се овие на власт, кога ќе се смени власта, студентите ќе бидат оставени сами на себе, а “Слободен индекс“ ќе исчезне како да не ни постоел.

Сум учествувал на многу студентски протести, сум фрлал и јајца во Министерството за образование ( гаѓав во еден отворен прозор на министерството и од 4 проектили, 3 јајца завршија внатре во просториите на министерството). На комплексот факултети делев и флаери и за малку ќе се степавме со Албанците.

Кога потоа сфатив дека протестите не се студентски туку политички, и дека воопшто целта не им е подобар студенски стандард, никогаш повеќе не отидов да протестирам.

# 11   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 19:08
Не знам како би очекувал протест кој не би бил политички, во спротивно против кого протестираш? Секако дека целта е влијание вврз политичарите кој можат нешто да сменат. Ако ние се боиме партиски за секој подвиг, тогаш никогаш нема да успееме во тоа, туку ќе се кочиме едни други. Во западниве држави немаат таква политичка психоза како овде, не знам како ние успеавме да заглавиме тука..

# 12   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 19:12
Башка сега пред изборите е време за конкретни барања кон владата. Не за кабетење кој колку украл туку да побараме подобра иднина.

# 13   barabbas nl Says:
април 23rd, 2011 at 19:12
Во Македонија нема студенти. Има овци.

Погледнете ги само досега студентските лидери кои хараа со собите по домовите.

И ништо друго.

Јас искрено не ги жалам студентите. Така им е.

# 14   virial Says:
април 23rd, 2011 at 19:15
Слободен Индекс е многу потребен. Дури и да се до коска политички мотивирани (а не се) ако го постигнат она што го сакаат во образованието, навистина не гледам како со тоа би и наштетиле на Македонија. Влада во Македонија не паѓа на тој начин, туку секогаш со декрет од надвор.

# 15   Barabbas Says:
април 23rd, 2011 at 19:18
Јас не ги жалам студентите. Убаво им е.

И ги тепаат и ги ебат.

Мазохисти не жалам.

# 16   1979 Says:
април 23rd, 2011 at 19:22
Зборот ми беше дека ако (не дај Боже) на 5 јуни победи сдсм и се смени власта, сите оние кои се крстеле во “Слободен индекс“ ќе сфатат дека биле само искористени, изманипулирани, изиграни.

Никогаш повеќе нема да чујат за “Слободен индекс“ ниту за нивната борба за студентски права. Тоа сакав да го кажам.

# 17   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 19:22
Се сложувам Вириал.
Ќе копирам еден мој фб кометнар:

Постојат позадини кои не си ги знаеме точно затоа што не сакаме да ги знаеме. Сосема лесно би било изводливо да се инсталира таков систем по примерот на Данска, Финска или барем и Бразил, но кај нас постои мнозинство на кое му е сосема убаво во гнездото каде што одмара, и не му е гајле за заглавените приказни.

Студентите молчат затоа што делумно немаат поим за проблемот (а и нејќат да имаат пошто им е убаво и вака), и делумно им е страв од професорите да не добијат негативен лик оти има секакви говеда и кај професорите, па си водат инает после. Иако тука сметам дека треба да има закон со кој ќе се апси професорот кој води инает и го повторува ученикот иако овој знае по предметот. Него тоа е друга приказна. Ние во повеќе сме заглавени, не во една.

Проблемот со пасивноста по оваа прашање го лоцирам кај нехуманоста и нереволуционерноста на студентите на кои сè им е во ред сега. А тие се скоро 90% од сите студенти, бидејќи оние кои немале, воопшто и не се запишале, и следователно – не се студенти. Додека останатите 10% верувам дека се оние кои мака мачат да заработат за партиципацијата, патот, книгите, плаќање колоквиуми, маркици, информатори, студентски сојзи и чуда….. Тие храбри луѓе се запишале и работат во две смени за да го издржат товарот, и токму тие денес се навредувани и исмејувани поради борбата за еднакво право на школување.

Каде е демократијата, хуманоста, свеста…. Овие луѓе можеби се малцинство меѓу студентите но повеќето од заглавените приказни лежат во непознатост бидејќи воопшто не се ни запишале на факс поради тешкоста да се најде работа. Ајде барем да се воведе некој закон за вработување студенти, каде што газдите ќе имаат олеснување при плаќање за нивно осигурување. Имаме толку многу начини, но нема кој да се загрижи..

# 18   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 19:27
Барабас, не е така баш, прочитај го ова погоре (#16).

1979, јасно е дека ќе победи ВМРО, ова е веќе аксиома не факт. Ама токму поради тоа е охрабрувањето за барања и протести, на изборите се прават програми, се веува, се има малку повеќе чувство за обичниот граќанин..

# 19   1979 Says:
април 23rd, 2011 at 19:33
outTake, би поддржал секакви протести ако се чисто студентски, но вакви политички мотивирани никогаш.

Истото важи и за оние од актуелниот Студентски сојуз, и тие се марионети, но на власта. Немаат свои студентски идеали.

Очигледно уште сме далеку од моментот кога студентите нема да дозволат некој да ги контролира и ќе бидат сила сама за себе.

# 20   Barabbas Says:
април 23rd, 2011 at 19:37
Не гледам некоја разлика. Истото сме го кажале, само јас малку поедноставив.

“но кај нас постои мнозинство на кое му е сосема убаво во гнездото каде што одмара, и не му е гајле за заглавените приказни.”

Тоа и мислев.

# 21   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 21:16
Aма ова мнозинство студенти немаат никаков проблем, затоа што им е платено од родителите, да ги заработуваат лично они парите ќе го осетат тоа..

Значи ти не ги жалиш студентите кои и воопшто не се за жалење, и тоа е во ред, но што е со оние кои не се ни запишале заради ваквиот систем, и оние кои се запишале вонредно и работат по две смени..

# 22   бо-ел Says:
април 23rd, 2011 at 21:46
1979 многу смешни невистини изнесе за Слободен Индекс. Ај да бидеме реални, на која влада би и одговарала освестена младина, која се самоорганизира, се бори за своите права и се стреми кон бесплатно образование? Дали сериозно мислиш ако СДСМ дојдат на власт дека ќе го дозволат тоа? Ако СДСМ дојде на власт Слободен Индекс нема да исчезнат, тогаш ќе почнат да им лепат етикети дека се ВМРО. Доволно е да дојдеш на неколку состаноци на С.И. и мислам дека работите ќе ти станат појасни. Ама што има да се замараш? Најлесно е да се мрчи од пред компјутер, зашто да се замараме да видиме стварно како стојат работите.

# 23   виолетова Says:
април 23rd, 2011 at 22:19
Во времето кога јас студирав (бивша ЈУ), бесплатно беше. Плаќавме таксени марки… се жалеа послабите средношколци дека не можат да се запишат каде сакаат – со четворки не те примаа на многу од факултетите. Демек – школството е неправедно…

Се воведе плаќање – секој може и со тројки дури да оди на кој сака факултет, само нека плати… и ова не чини…

Муабетот ми е – никогаш на сите не може да им се удоволи…

п.с. outTake, пробај стипендија да најдеш, полесно е :?

# 24   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 22:29
Нека плаќаат бе слабите, ама зошто и одличните, јас бев одличен четири години во средно.. Стипендијата е 3 000 денари месечно, а мене ми требаат 6 000 месечно за пат, книги и други трошоци околу факсот (исто излегува и со седење во Скопје), плус 400 евра партиципација..

# 25   виолетова Says:
април 23rd, 2011 at 22:47
Стипедијата не ја покрива партиципацијата? Дури ни трошоците?
Па за што ја даваат тогаш? :?

# 26   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 23:00
Ја покрива, ама пак не е изводливо. А ако работиш тогаш не ти е дозволена стипендија. Единствено да собираш пари една година, па другата да учиш, или ако имаш добро работно место да запишеш вонредно, што е исто така тешко за случување..

# 27   hemicarot Says:
април 23rd, 2011 at 23:04
не треба дпмне да падне, туку треба да оди во заборав за секогаш за да можат да се вратат нештата во ред

малку ли неуспешни експерименти направија со децата, и средните и факултетите
и со се останато

ни книги ни бутур виде моето дете во последните три години
од компјутеритее останаа само мртви машини

се утепав пари за јсп давање /сега е 4 ссс /останатите три генерации не само што се возат џабе, дури и се појачани со деца кои не сакаат или не можат да се уклопат во образовниот процес, а кои само ја реметат нормалната настава затоа што се законски обврзани, а не постојат специјални образовни институции за децата што имаат бесплатен билет кој им служи за да не одат пешки кога се пресметуваат со шипки и ножеви

за факултетите – училници опремени со нагледни средства од типот табла и креда ич муабет не ми се прави
во секое село треба да образуваме необразувани кадри, баш такви ни требаат
слепи и неми послушници
квази авангарда

и ич не ми треба помалото зло
не ми треба никакво зло, а камо ли помало и поголемо

срамно е , ма страшно е што фашистичката политика навлезе во сите спори на беднава живеачка во државава

срамно и страшно е што е десеткувана младината, оние што ќе не наследат, авангардата во секоја држава, демократска или режимска секојпат се студентите

само кај нас, не е така

ќути и трај студентарија, ќути и трај професори, ќути и трај родители

до кога, илин треба да заќутиме затоа што , оф леле , оној страшниот ќе ни го сменел името

ќутете студенти, професори родители, подобро да ни се глупи децата, плаќајте си ги ратите на светска банка и остали лихвари, ќутете и трајте, зашто ако БРАНКО се наљути ќе ни го смени ИДЕНТИТЕТОТ

без разлика што се помалку и помалку “учените“ го разбираат поимот ИДЕНТИТЕТ , најмалку својот сопствен идентитет

а за ИНТЕГРИТЕТ ич да не спомнувам

# 28   jude Says:
април 23rd, 2011 at 23:19
„Слободен индекс“ НЕ се политички инструирани, нивната намера и позадина е чиста. А авторот на статијава што ја коментираме малку погрешно го разбрал текстот во независното списание…тој текст не ги претстави „Слободен индекс“ во лошо светло, туку само даде коментар дека за жал нашите студенти не се доволно освестени за да реагираат на такви револуционерни методи…И дека културните настани кои се планираат со Студентската пролет, а ги организира истиот тој „Слободен индекс“, може ќе бидат поефикасни…

# 29   jude Says:
април 23rd, 2011 at 23:20
И да, ни треба „Слободен индекс“, дефинитивно!

# 30   outTake Says:
април 23rd, 2011 at 23:42
Jude, секако дека не е драстично негативно опишано, но видливо е дека има таква нијанса. Јас не знам која е Ѓургица И. но ако е новинар потребно е да разликува независна реченица, од психички наведувачка реленица, затоа е филолошкиот и сите тие томови романи и чуда.. Ако немала негативна намера, тогаш проблемот е до изразувањето.

Секако дека ни треба „Слободен индекс“, статијава горе го објаснува токму тоа, како и причината за пасивноста/неуспехот.

Хемичар, лоша е реалноста овде и не е само проблемот во дмпне, истото ќе го продолжат кои и да дојдат по нив..

# 31   QARI Says:
април 24th, 2011 at 02:01
@Bo-el koga si dosol na sostanok ne sum te videl i od kade tolku kuraz deka e S.I ima politicka zadnina sto barame besplatno i dostapno obrazovanie za site zasto ne iskocis i ti da go pobaras tvoite prava ili samo vaka od strana i na tastatura so neprovereni fakti laes..
@1979 koja e poentata da mavas so jajca mislis ke promenis nesto ke vlezes vo konflikt so Albancite i ke gi resis problemite, a ova so Soros ama ic ne ti drzi..

# 32   Другар Says:
април 24th, 2011 at 10:25
Значи ме интересира до КОГА вие досадни македонци ќе бидете убедени дека во СВЕТОТ постојат само две фракции, а тоа се СДСМ и ВМРО?!?!?!?! Луѓе, дај олабавете се и размислете малце. Јас сум активист на Слободен индекс и СТВАРНО не ми е јасно од каде ви е идејата дека ако ништо друго тогаш дека ЈАС сум СДСМовец… Значи чисто информативно, голем процент од Слободен индекс се и анархисти(поточно анархо – комунисти, или луѓе кои се залагаат за бездржавен комунизам кој ќе се појави спонтано, од доле, а не да биде наметнат од власта) и ултра левичари, а останатите се согласуваат со овие идеи ама немаат доволно читано за да се определат. Патем, Слободен индекс е хоризонтално движење и немаме лидер!!! Како тоа ние сме финансирани од Сорос кога нема кој да ги прими парите, немаме претставник кој би зборел со одредени фаци.

Друго, СИ се оградува од МОФ, СП и слични движења ради таквиот факт. Плус и СИ е дел од ИСМ (кое како што можете да заклучите исто е хоризонтално и лево-ориентирано и не е финансирано од СДСМ.
П.С. Чисто информативно:
Пошто има премногу неписмени тука што претпоставувам прочитале една книга во својот живот и се прават паметни 100ка, само да знаете СДСМ НЕ Е!!! лево ориентирана партија.)
http://www.emancipating-education-for-all.org/

И ве молам, неписмени, безморални и уплашени македончиња барем нешто плус да прочитаат пред да сераат пошто секогаш е СДСМ/ВМРО, досадни сте. Т.е. ми се гади од вас, не сте досадни…

За крај за тие што се ОГРАНИЧЕНИ на две (или повеќе) партии (зборувам за сите полтрони, пасивни набљудувачи и апатични амеби што не сакаат да преземат ништо и пак мислат дека се најпаметните):

http://www.youtube.com/watch?v=ap7t2o67tpA

# 33   Другар Says:
април 24th, 2011 at 10:30
П.С. Прочитав дека СИ ќе изумрел кога ќе паднела оваа власт и кога ќе дошле СДСМ… Хаха, ај да го видиме тоа :) САмо проблемот е што вие „паметните“ критикувачи тогаш ќе заборавите дека сте ни лепеле СДСМ етикета и ќе почнете да не викате ВМРО. Мислам, запамтете го муабетов и нареден пат кога ќе пишувате коментар (пошто нели никако нема да го зборите тоа, бидејќи на тоа ви е сведен животот – шпартање по блогови и форуми) дека сме ВМРОвци малце помислете на ова, барем ќе се насмеете на вашата глупост.

# 34   бо-ел Says:
април 24th, 2011 at 11:30
@QARI ај уште еднаш внимателно прочитај го мојот пост па коментирај. Баш дека СИ бара бесплатно образование укажува на тоа дека нема политичка позадина т.е. дека барањата на СИ не им одговараат ниту на ВМРО ниту на СДСМ. И да се борам за своите права :-))))

# 35   outTake Says:
април 24th, 2011 at 14:56
Другови и другарице, дај да се зберемо и штаб да направимо, па и вмро и сдсм да си ги приберемо? :mrgreen: хахах, добри сте дечки добри сте. Само без overreacting и overthinking Јude и Qari..

И уште нешто би ви дал за размислување – Интересно е што владата изјавува дека 95% од матурантите во 2010та се запишале на факс. А бе ајде? Па зошто тогаш ни треба слободен индекс кога сите си имаме пари, а пази, невработеност 35%…… :?:

# 36   outTake Says:
април 24th, 2011 at 15:23
Другар, сега ти го одобрив првиот коментар, се извинувам за задржувањето, ради линковите било и сега го наместив да може и повеќе од четири.

Што се однесува за определувањето анархо комунисти, ултра левичари и слични ствари, зар не е тоа малце излитено? Мислам, ептен тинејџерски, бевме таму еднаш, пораснавме.. Пази – неаме читано за да се определиме? уејт (хахахах), добар си. ;)

Читав и за интернационалното движење само немаше таков дел во постот за да го линкирам, јасно е дека движењето нема партиски интереси, или барем јас така мислам. Но зошто не биде сето малце помирољубиво и посериозно, наместо исфрустрирано анархистички.. А јас се чудев на Ѓургица зошто ве опишала у списанието како „исфрустрирани“ (не случајно го стаив во статијата тоа во наводници). Можеби ете психозата политичка не „вади од контакт“, а и студентиве се деца до 22-23 години, нормално е, претпоставувам.

Предлагам помалку фрустрација, луѓето кои жестоко дискутираат со партиско боење и слично, не се никаква закана, нека напишат издражана и поентирана статиа (со факти и аргименти), па тогаш ќе се фрустрираме и жесточиме на такви теми.

Поздрав и секое добро, за дискусии се глеаме на некој состанок ;)

# 37   1979 Says:
април 24th, 2011 at 16:23
Колку се трудат овие нелогираните да ги убедат другите дека “Слободен индекс“ е независна организација, интересна работа :)

Колку и да се трудите, џабе е. Кај што Сорос замешал прсти и кај што дава плата од неговите нечесно заработени пари, таму трева не никнува.

# 38   бо-ел Says:
април 24th, 2011 at 17:50
“Не се ни ВМРО светци, далеку се од тоа, само се помало зло.” -1979

Сега се многу појасни работите. И да 1979, не знам зашто се трудиме да објаснуваме за Слободен Индекс, кога партиските војници едноставно имаат ограничен ум и за нив единствена и апсолутна вистина е тоа што го кажува партијата. Продолжи да го слушаш својот месија и да се просветлуваш а факти и аргументи, ма остај глупости се тоа. :-))))) А во однос на тоа дека 95% од средношколците се запишале на факултет, само покажува дека во наредните години уште повеќе ќе се зголеми невработеноста која сега е околу 35%. Само што тогаш сите ќе се жалат во стилот- еве детево со диплома а не може да најде работа. Образованието во Македонија наместо кон квалитет се движи кон пораст на квантитет. Проблемот не е само во високото образование туку и во основното и средното. Децата вежбаат само фактографска меморија а не учат да размислуваат со своја глава, да разбираат, да анализираат и.т.н. Затоа кога доаѓаат на факултет само гледаат како да завршат побрзо, да земат диплома и готово. За разлика од нив има и студенти кои дошле на факултет за знаење ама се соочуваат со систем кој не може тоа да им го понуди.

# 39   1979 Says:
април 24th, 2011 at 18:10
бо-ел, ништо не сум спомнал за средношколци и за проценти.

А за другото, штом ти паднала таа моја реченица в очи, слободно можеш да идеш да му бациш рака на твојот папа Бранко и на чичко ти Милчин.

Некаде прочитав дека Сорос во Македонија има ставка на трошоци 30.000 евра за “развој на блогoвите“.

Изгледа тие 30.000 евра ги кркаат соросоидите Беличанец и Развигор кои се задолжени да го “развиваат блогирањето“.

Добро, може нешто да даваат и на нелогираните соросоиди како тебе.

Нема полоша работа од човек кој зема пари за да работи против сопствената земја (соросоид).

Вие соросоидите (слободни индекси, распеани скопјани, плоштад слобода) сте најголемиот општествен шлајм, срам за Македонија.

И повеќе не планирам да се расправам со нелогирани. Можеш да крекаш до сабајле како соросоидна жаба.

# 40   бо-ел Says:
април 24th, 2011 at 18:27
@outTake би сакала да ми кажеш што подразбираш под помирољубиви и посериозни? Мислам дека тука е клучниот проблем, македонскиот студент секогаш бил мирољубив, молчелив, трпелив, затоа сега ова ни се случува, секој не заебава како сака. Неколку пати Слободен Индекс е одбиен и не му е овозможено да одржи трибини, средби или други активности на факултетите. Најчесто бевме одбиени и игнорирани, не се ни трудеа да ни објаснат зашто не ни даваат просторија иако ние уредно доставуваме молби и ги замолувавме да ни дадат одговор. На последниот протест ни ги затворија вратите како да сме криминалци а не студенти на тие факултети. Не сфаќам како тоа ние сме НЕмирољубиви? Направивме штета на факултетите, кршевме, уништуваме? Агресивност е тоа што сакаме да се бориме за студентските права, кои ги немаме? Агресивност е тоа што се спротивставуваме на тие што ја кршат автономијата на факултетите?

# 41   1979 Says:
април 24th, 2011 at 18:44
Сум згрешил во сумата, соросоидите за блогирање имаат на располагање 35.000 евра.

Еве како изгледа само мал дел од соросоидната перална на пари (наречен ИНФОРМАЦИИ).

ИНФОРМАЦИИ

-Блогирање за демократија – 35.000 евра – партнер НВО Метаморфозис

-Активно граѓанско учество преку употреба на нови технологии – 15.000 евра – партнер Метаморфозис и Младински Образовен Форум (МОФ)

-Приватност на Интернет – 5.000 евра – партнер Фондација Метаморфозис

-Проект за управување со е-отпадот – 30.000 евра – партнер Фондација Метаморфозис

Вкупно – 85.000 евра

Линк за поопширната дејност на Сорос во Македонија.

http://forum.kotle.ca/printthread.php?tid=697&page=5

Вкупно – 85.000 евра

# 42   hemicarot Says:
април 24th, 2011 at 19:30
типичен дпмнеовски спинер си станал бре предвесник

во македонија се руши идентитетот и интегритетот на студентот, тоа е и темата на постот

а ти … сорос , дрн дрн па уште и блогирањер, баби и жаби мешаш човеку
уште
- оди си бранко
- и рада е даска
фалат за подобро образование, нели

па и хорхе прецедател и археомакедоникусот со три саата на рака се соросоиди, па шо
еве види
http://www.soros.org.mk/default.asp?lang=mak&menuid=657

и каква врска има ова со образованието кое последниве пет години до тој степен се запусти со разни експерименти што што ќе биде да се добие нормален кадар уште во наредните пет до десет години

дипломите од македонија више никој во свет не ги признава, којзнае зашто, можеби затоа што бранко пие џони
или можеби дека учат глупости

нека застананат студентите на нозе онака како што треба и ќе имаат безрезервна подршка и од постарите генерации
како сегде во светот, како во англија или грција

# 43   hemicarot Says:
април 24th, 2011 at 19:34
и парине шо ги спомнуваш, со нив коце коцкичка ни кола не мож да си купи :)
види бре кредитине шо ги испозима владава собери ги ако веќе сакаш да импресионираш некого со бројки

# 44   1979 Says:
април 24th, 2011 at 19:55
Хемичар, колку и да сакаш да ги релативизираш работите, не бива.

Има една огромна разлика меѓу споредбите што ги правиш.

Овие од Сорос (главните неколку души) се домашни ИЗРОДИ кои земаат пари за да работат против Македонија, а владата последните кредити ги има земено најмногу за да дели пензии, плати во администрацијата и слично (заради проблемите во економијата).

Тоа е суштинската разлика.

И јас имам читано дека Хорхе бил член на Сорос во времето кога бил близок до Сдсм. Ако го погледнеш списокот ќе видиш дека не сите, но најголемиот дел од нив биле или се блиски до сдсм.

Како и да е, никогаш нема да почитувам организации како “Слободен индекс“, кои се формирани и платени од петтата колона во Македонија, т.е. фондацијата Сорос.

# 45   outTake Says:
април 24th, 2011 at 19:59
бо-ел, да ти одговорам, под тоа што го реков, подразбирам да не се нарекувате анархисти, комунисти и левичари, оти така ве бојат во соросоиди и сдсм, а како што им тргнало на дпмне, фатиле корени и ќе се борат против сите левичари и тн. Не знам, кој и да доје, секој ќе ве бои партиски ако се бунтувате против, не ми е баш јасно како да се постапи. Треба да се дискутира за ова. Како што рече Хемик, на студентот му е загрозен идентитетот и интегритетот, треба нешто да се преземе.

За фактогравската меморија ме заинтригира, го муабетевме тоа со Дамјан (он имаше една статија за тоа во студентското списание), и некако ми се чини тоа како општо прифатена навика или можда и потребна карактеристика. Можеби и како што велиш самиот систем го бара тоа за да се создаваат полтрончиња што нема да размислуваат со своја глава, туку ќе се ориентираат според факти со кои се задоени, т.е. програмирани.

За процениве може да излезе логично само ако сите се задолжиле по банки. Башка голем е делот што после првите два три месеци го прекинуваат факсот од што не им иде. Или во Штип како што има примери, и лично знам познаници кои повторуваа во средно, и на матура паднаа па преполагаа, а на штипски факултети си завршија со буткање некако..

# 46   Ѓ.И. Says:
април 24th, 2011 at 22:27
Здраво OutTake,

Овде е авторот на погорецитираната статија од Излез. По твоиве коментари на мојот текст успеав да заклучам дека погрешно си ја разбрал пораката, па ајде да го поправиме впечатокот.
Текстот, како што „ме одбранил“ и Jude во #28, воопшто нема за цел да ги нападне членовите на Слободен Индекс или недај Боже, да ги опише како „исфрустрирани“. Во крајна линија, текстот е изразување почит кон постоењето на ова студентско здружение и еден мал совет дека е време да се прекинат, или да се одложат, обидите да се направи нешто радикално во држава каде моменталната општествена клима не го дозволува тоа.
Suma sumarum, текстот сака да каже „Прво едуцирај, потоа протестирај“.
Што се однесува до моите ставови кон студентското здружение, ќе се оградам од вашите коментари погоре во кои се обидувате да ја одгатнете политичката позадина на Слободни Индексовци, и само ќе кажам дека сум навистина благодарна што живеам во време во кое се појави едно вакво студентско движење. Во исто време, без да навлегувам во причините, жал ми е што нивните обиди да допрат до студентите минуваат неуспешно и се надевам дека ќе дојдат подобри времиња за нивните барања. Дотогаш, добро би било да дејствуваат мирно и да се обидат да го разбудат критичкото размислување кај студентите преку активности како што ќе биде „Студентската пролет“.
За крај, не сум професионален новинар, можеби отаде недоволно јасното изразување. Би ти била благодарна доколку ми посочиш која реченица ти предизвика конфузија и како да разликувам „независна од психички наведувачка реченица“.

Голем поздрав, Ѓ.И.

# 47   outTake Says:
април 24th, 2011 at 23:23
Здраво Ѓургица, убаво е што се обрати овде.

Ќе почнам од крајот, речениците со кои се изрази таму воопшто не ми предизвикаа конфузија, тоа е новинарски репорт во кој воедно и не се целосно подржани слободните индексци, па оттука добов впечаток дека пристапот е прилично негативен, како што и се изјаснив во постов.

Во крајна линија, текстот е изразување почит кон постоењето на ова студентско здружение и еден мал совет дека е време да се прекинат, или да се одложат, обидите да се направи нешто радикално во држава каде моменталната општествена клима не го дозволува тоа.
Suma sumarum, текстот сака да каже „Прво едуцирај, потоа протестирај“.

Мислам дека воопшто не е време да се прекинат обидите, напротив, да се заострат токму во предизборниот период каде што би се создал никулец или барем размисла во новите политички структури да го разгледаат проблемот. Можеби воопшто не мора за почеток да се направи радикална промена, еве ми ја идејата – да се донесе закон за олеснување при работно осигурување на студенти, со што студентите би имале поголема можност да најдат работа за да си ја платат киријата и партиципацијата.

Патем, како би едуцирале пред протестирање ако не им се дозволи простор, и зошто всушност не им се дозволува? Можеби ќе остане само како реторика, но во секој случај е битно да се побара одговор.

За политичката позадина воопшто не сум загрижен, бидејќи ако има тогаш би имало повеќе политички позадини кои ќе се спротивни. Се надевам дека блогериве грешат во врска со изнесеното за сорос и дека индексциве се надвор од политичките убедувања и влијанија. И се надевам дека во пролет уметничките зафати во склоп на „студентска пролет“ ќе бидат доволно ефективни. Но како и да е, не е доволно да се надеваме и охрабруваме или да се паузираме и да чекаме подобри времиња; туку е потребно да изнајдеме начин и да дејствуваме, затоа што студентската пасивност и незапознаеност со своите права гледано преку понеделничкиот случај, е можеби најголема токму сега.

# 48   Борис Каески Says:
април 26th, 2011 at 00:13
Читав, и не дочитав колку неук народ постои. Остај што е наук, туку и кукавици што немаат храброст да се појават самите на состаноците на Слободен индекс и да видат како се работи таму. СОРОС, МОФ и слични сомнителни организации не се прифатливи за соработка со Слободен индекс. Секој кој ќе збори поинаку, а самиот немал храброст да се активира и види која е вистинската внатрешна ситуација, е обичен идиот чиј што збор не вреди да се чита а камо ли земе во предвид!!!

# 49   Ѓ.И. Says:
април 26th, 2011 at 01:29
OutTake,

Твоите предлози и коментари се на место. Секако, мене ми е јасно дека членовите на „Слободен индекс“ и луѓето како тебе се добро запознаени со нивната/вашата програма, начинот на дејствувањето и целите. Но, од разни причини, студентската апатија секогаш преовладува и многу често настаните организирани од Индексовци минуваат со недоволен одзив. Конкретно, погорните коментари на твојот напис покажуваат дека мнозинството од нашите поранешни или сегашни студенти ја изгубиле вербата во независноста на ваквите движења и автоматски ги поврзуваат со разни политички партитури. Затоа и сметав дека е добро, за почеток, да се допре до пошироките студентски маси преку помирни и конструктивни настани како што ќе биде „Студентската пролет“. А одложувањето на протестите немав намера да го сместам по неколку светлосни години, повеќе го замислив како прашање на неколку месеци.
Да не се повторувам, текстот немаше намера да истапи против постоењето на независното студентско здружение „Слободен индекс“. На твоето прашање дали ни треба вакво здружение, ќе ти одговорам дека ни е и отповеќе потребно, ако сакаме навистина да градиме демократска држава со цврсти образовни темели и студенти-идни рамноправни граѓани со развиено критичко мислење. Само, колку погласно викате во држава каде секој се надвикува, толку помалку давате причина да ве ислушаат.
Како и да е, можеме ние до утре да спориме дали е време за протести или не, бидејќи тоа беше единствениот сегмент од дејствувањето на Слободен Индекс што текстот го искритикува. Им посакувам многу среќа на овие млади активисти и се надевам дека во иднина ќе имам прилика да пишувам за нивните успеси.

Ѓ.И.

# 50   promenlivo Says:
април 26th, 2011 at 09:17
Редно е да се активира критичкиот ум кај судентите.
Досега сие одиди за тоа станаа поткупливи.
Слободен индек – авангардна опозиција.
Дококлу се (сте) доследни на своите изложени тврдења , ги (ве) поддржувам.
П.

# 51   lepangelina Says:
април 26th, 2011 at 11:57
Секое движење кое е за подобрување на студентскиот стандард, го поздравувам и го поддржувам!
НО…
Ако оној што се потпушува како Другар е од Слободен индекс, тогаш е не сум сигурна!
Дошол на туѓ блог и одма почнува со рафална стрелба („неписмени, безморални, уплашени македончиња“(!!)
Таков вокабулар не ме изненадува од политичарите, ама кога ќе видам кај луѓе кои се претставуваат како писмени, интелектуалци, оние кои ја имаат моќта(!!) , само ме потсетуваат како се станува политичар!!

Правото на политичка определба е право на секој граѓанин.
Мене не ми е важно дали некој од Слободен индекс е СДСМ или ВМРО. Важно ми е да ве чујам, ама вие немате многу што да кажете.
Муабетот се сведува на безвезно дерење, и на снимката на сајтот јас повеќе го чув оној во виолетовиот џемпер одошто вас.

Го видов видеото на сајтот на Слободен индекс и заклучувам дека вие немате појма како се живее во студентски дом!!!!
Вие само слушате, но никогаш не сте спиеле во бараката „Катанга“ , никогаш не сте јаделе недефинирани јадења во мензата во Стив Наумов која дента мириса на цигари, а ноќта, кога е диско, мириса на манџа.
Вие сте чуле дека е тешко, ама како навистина е, немате појма!

„Спотовите“ што сте ги направиле повеќе ми личат на самопромоција, отколку на вистинска загриженост за иднината на студентот.

Ако навистина ве интересира како што тврдите, тогаш одете и еден месец живејте во барака, јадете во мензата, видете како живеат академските граѓани без фрижидер, како на пегла варат кафе, како греат вода во кофа, какви се бањите и како умает да се снајдат и покрај мизеријата околу нив.

Со други зборови, не делувате уверливо.
Вие сте чуле дека е тешко, тоа нема кој не го знае, дека им се закануваат, дека мора да имаат книшка, ама не сте виделе!!!

Тоа е како со пливањето- можам да проучам илјадници текстови за пливањето, ама дали умеам да пливам, ќе знам само ако влезам во вода.

Тоа важи и за вас. Ако сте заинтересирани, истражете на терен, поткрепете со фотографии, со инспиративни текстови да се види во што сте поинакви. Не да ги каните другите да дојдат на состаноци, претставете преку медиумите какви сте на состаноците!
БАрем новите медиуми го овозможуваат тоа сосема бесплатно.

Го прочитав памфлетот. Кратко. Ја не сум студирала по Болоња, па мене тоа ми личи на не нешто што значи се и не значи ништо.
Кога би било поткрепено со уште текстови, тогаш може, ама само тоа, обична летка.
И дајте некој нека ви го лекторира! Толку големи букви и непотребни наводници немам видено на едно место!!

Поздрав и не можам да одолеам, а да не прашам: дали на најженскиот Филолошки факултет, се уште претседател е машко?!

# 52   Vladimir Says:
април 26th, 2011 at 14:39
Ne mozam da im se iznacudam na protivnicite na Sloboden indeks i celite za koi se zalagaat! Mladi a slepi vo umov. Pa, zarem ne gledate sto vi se pravi, “gospodo” studenti. Ako vie, kako mladfi lugje, koi pretendiraat da bidat itelektualci, s;lobodomislivi i nezavisni licnosti koi po zavrsenoto obrazovanie na ovoj ili onoj nacin treba da ja vodat drzavata, sto da se ocekuva od vekje etabliranite i neobrazovanite. Zarem ne vi precat manipulaciite od partiite, izstituciite pa i ako sakate i os Sorosoidite i drugi. Zarem ne mozete da procenite sto e dobro a sto loso? Komu i na koi idei robuvate? pa i vo, verojatno po vase svakjanje, “ednoumieto” studentite se buntuvaa za se sto e im se dopagjase i morase da se vnimava na nivnoto mislenje. Sega ne vi preci:
-nelegalnata participacija, uceni i uslovuvanja,
-losite uslovi i zlouppotrebi vo studentskite domovi,
-privatriziranje i partiziranje na studentskite institucii i servisi,
-zloupoptrebite, ucenite i mitasenjeto od profesorite (verojatno vi se tie poznati po ime i prezime, nacin na dejstvuvanje, nemoralot i t.n.)
-slabata nastavna baza i kvalitet na izveduvanje na nastava,
-ignoriranjeto od strana na profesorite i t.n.
Toa se se prasanja, kako i mnogu drugi, so koi prvenstveno vie treba da se spravite. Ministerstvata i drugite institucii se tuka da gi primenat so zakonot propisanite obvrski i merki. NGO i drugite organizacii (bez obzir komu pripagjaat, pa i da se plateni od Soros) se dodeka objektivno gi registriraat i pretstavuvaat pred javnosta otstapuvanjata od so zakon propisanite normi na odnesuvanja kako i krsenjeto na etickite normi, se dobrodojdeni. Ako tie nedela se pokrivaat so odredeni partiski interesi, uste e poloso. I na kraj, sto ima borbata za pravednost, zastita na interesite na studentite so partiskata pripadnost? Sto majka baraat partiite vo studentskite organizacii i od kade im pravo da i vo toj segment butkaat svoi kadr? Neli imaat svoi organizacii na mladi aktivisti? Definitivno, do koga vie studentite kje im sluzite na partiite i koi se vasite interesi vo tekot na studiranjeto? Dali i kako idni strucnjaci, rakovoditeli, profesionalci, svoite odluki kje gi bazirate na partiskite instrukcii, interesi ili na strukata-specijalnosta za koja se osposobuvate? Jadni ste mi, kako amorfna masa koja, i polosi od vas soodvetno na pozicijata vo partijata, ve oblikuva po nivna zelba.

# 53   Другар Says:
април 28th, 2011 at 01:43
Премногу долга дискусија, а премногу чкарт лап топ за да ја пратам :)
@OutTake А, бе не мислев како определување и стрикно држење за тоа што некој го рекол пред 200 години, туку сакав да направам чиста паралела на глупостите што ги тресат тука. Инаку, моите идеи се блиски до левицата, комунизмот и анархизмот, ама тоа не значи дека не би примал и други идеи и дека не би можел да се надоградувам. А инаку, анархистички не е исто со исфрустрирано, некако ми делуваше како да ги изедначи, а уствари не е така, пошто анархистички е само против власт, а ти можеш да бидеш фин човек кој не сака авторитети над него, нели?

А за тоа зашто сме „исфрустрирани“, ние пробавме на фин начин да ни остапат просторија, не маткаа, не шуткаа и во последен момент ни го отфрлија барањето, автоматски бевме принудени на тоа.

А за типов/типкава Сорос што го поврзав: Спомнав дека се оградуваме од МОФ ради такви ствари, трипам, или некој заборавил да чита? :) Како и да е… Да знаеш ти во каква беда сме и колку Fundraiser свирки треба да направиме за да собереме пари за некоја проста работа, као мегафон да речеме тогаш не би зборел/а така :) Ама добро, некој ги мрази СДСМ и сè живо и диво што не е ВМРО спојува со нив, ама јеби га, нив ни Исус, ни Буда, ни Мухамед не можат да ги просветлат…

# 54   outTake Says:
април 28th, 2011 at 21:19
OK, фино што се појави дискусија барем. Јас сум малце краток со времето, а и онака е мислам време да се заокружи муабетот. Ergo:

@Друже, те сфаќам, па и определувањето е во ред доколку е како чувство/идеја, сите имаме во себе некоја основа од која поаѓаме, но и нечини да останеме само на основата. Него небитна приказна. Она што е океј е дека постои сепак вакво движење и во МК, а за останатото ќе се потрудиме да иде во паметен правец.
@Владимир, многу работи не чинат, но не знам што точно треба да се направи за да се загрижат луѓето поради тоа.. Можеби на мнозина така им е убаво, видиш тука: http://bit.ly/kwAXIQ :?
@Лепа, мислам дека прилично го преоптовари коментарот со overreacting, можеби треба да се запознаеш со нив за да процениш поубаво, но како мислење или провокација за дискусија, секако дека е во ред. Патем, нема врска чиј е блогот, битно е што се тупи и како.
@Променливо, веројатно е време, но единствената поддршка што им е потребна е присуство на протестите. =)
@Ѓ. И. тогаш во ред, се разбираме. И се надевам дека ќе има прилика за забележување и успеси :)

Тоа е тоа. Од ова научив дека сме си многу лоши едни кон други, и тоа е затоа што така сакаме, а не зашто така треба. Ништо не се променило освен владините проценти. Но секогаш постои надеж дека ќе бидеме навистина подобри, посебно кога е пролет. :) So, good luck with the hoping и, поздрав – http://youtu.be/Ij6Hz96Oh7E

# 55   jas Says:
мај 7th, 2011 at 20:41
dokolku dvizenjevo postoi se dodeka ne im se ostvarat celite, bez razlika koja vlada e na vlast, togash moze da kazeme deka se izdrazani, vo sprotivno..

# 56   antidote Says:
мај 9th, 2011 at 05:25
Значи, да сумираме: студентите треба да чекаат услови да им паднат од небото? Ахм. Како што прават поголемиот дел од невработените? Мхм. Се прават дека активно бараат работа (зошто тоа е дефиниција за невработен), а се под биро и чекаат да им падне од небо?
Аха. Да знам. Башка, верувам дека сите што имаат искоментирано биле или се студенти.
Од тие што биле и се влечкаат на „стара слава“, нека научат дека не сме застанати во „седамдесе-треча“(помалку или многу повеќе) и дека се‘ оди напред само вие и вашите мали мозочиња кои од некористење и читање глупости полека се претвориле во паштета мислите дека сме заглавени таму некаде… Греота.. Да не знаи чоек дали да ве жали или да ве плука, а еве седете и вие како и јас пред компјутер и плукате врз се, а ве нема живи да се појавите во јавност. Да, згрешив, не сум кукавица како вас.

Студенти има, ама нема потреба да седат во мизерни услови, да им биде како во хотел со (ГОЛЕМ) – 5 ѕвезди по домовите, да плаќаат повеќе отколку што треба, да бидат принудувани да си го валкаат лицето само за да можат да се пробијат, а притоа неможат сами.
Се додека се обединети, има можност и шанса да успеат и да постигнат нешто!

Затоа постојат овие здруженија кои на никому не му нанеле зло за кои вие толкуа мрчите и сте се отепале пишувајќи, за да се обидат да променат нешто. Зошто, како што забележувам, тие се единствените кои барем прават нешто. За разлика од другите кои не се ни обидуваат да дознаат, прочитале, а недочитале, причитале, а не разбрале!

На младинава тешко им се пишува со вакви „поддржувачи“!
Срам да ви е на сите што не ве бива за тоалетна хартија, а сте некој и нешто. Срам да ви е на сите што сте такви, а плукате по се што вие сте биле порано!

# 57   Аксиома Says:
мај 18th, 2011 at 02:30
Проблемот со Македонските студенти воопшто е што цел живот ги трујат со лаги дека образованието е клуч на успехот, кога нема некоја многу голема разлика меѓу оние што стварно се труделе во школо, и оние кои не се појавиле на 50 % од студиите. Кога ќе пробаат да влезат на факултет, ако нема доволно кандидати, и оние што одвај прошле во средно можат да влезат во државна квота. Медиумите ( од којзнае какви причини) ја трујат јавноста дека секоја студентска организација која ке се појави во Македонија воопшто, ако не е под капата на УКИМ, е поддржувана де од ВМРО, де од СДСМ де од ДПА и сите останати скратеници, зависно кој е на власт. Со тоа не само што во старт всадуваат страв против се што не е познато кај народот (како студентска организација која ЗАМИСЛЕТЕ:Ќе се бори за правата на Студентите!), туку ги преплашуваат и самите студенти, за недајбоже да им текне да се пожалат. Им кажуваат дека ако излезеш на протести ќе те забележат и ќе нема кај да спиеш догодина.

Јас сум студент на УКИМ.
Сеуште, затоа што немам пари да си го земам уверението. Не ми ни треба, сепак што ќе ми е диплома со 9 просек така? Имам стипендија која каснеше добри година и 3 месеци (последниот пат) и кога одлучија да ја поделат не стигна ни да ре раздолжам за моите студии. Моите родители се во долг кој нема да можат да го исплатат во наредните 10 години, а кога сакав да работам и да учам законот не ми го дозволуваше тоа заради ЕКТС системот кој бара да сум на настава секојдневно.
Мене ми треба Слободен Индекс, за да го зачуваат моето достоинство како студент, затоа што тоа е се што ми остана откако образовниот систем ме соголи до коска во последните 16 години кои ги посветив на моjата едукација.
Мене ми треба некој што стоел на шалтери на 40 степени целзиусови за да даде пријава за испит а не некој што ме плаши од полошо. некој што знае дека образование на факултет не е само да се појавиш во зградата во која се држат предавања,и знае и умее да се бори подобро од мене. За мене постоењето на слободен индекс е клучно за разбирањето на тоа колкава сила се студентите и што можат тие да сторат само ако ја имаат вистинската информација.

Заради сите загрижени погоре морам да го споменам и следното:
Поради опседнатоста со тоа да се стави етикета на се и сешто како што медиумите и политичките партии не научија во изминатите 20 години на транзиција, повеќето новопечени академски граѓани за жал не ја преживејаа масовната егзекуција на МИСЛЕЊЕТО СО СВОЈА ГЛАВА и Борбата за студентски права.. Затоа студентска организација без етикета за нив нема смисла.
Think for yourself?

# 58   грешка Says:
јуни 17th, 2011 at 06:09
Грешка си затоа што еден Ганди потекнувал од имашно семејство, студирал во Лондон, но се откажал од се тоа и отишол да брка правдини.

Двигатели на вакви здруженија се луѓе со силно чуство за правда. Луѓе кои го сакаат светот, народот, и кои не ја сакаат неправдата.

Можеби делува чудно, можеби и грешам, но мислам дека е љубов во прашање а не материјален статус.

# 59   грешка Says:
јуни 17th, 2011 at 06:14
А и самиот јас не потекнувам од сиромаштија, туку од некоја средна класа, завршен факултет со плажање, па повторно се борам против неправдите во светот онака како што знам а тоа е со пишување.

Љубов. И тоа е она што ќе ме убие, затоа што светот не знае за љубов, ја познава само илузијата на љубов, онаа површна помеѓу две личности, а не знае како е да ги сакаш сите луѓе на свето подеднакво, не знаат како е да си ја сакаш државата. Не знаат што е љубов во вистинска смисла.

Луѓето се глупи. А глупи луѓе не знаат што е љубов. Глупи луѓе не знаат ништо не пак нешто софистицирано како љубов.

# 60   Краљ. Says:
јуни 17th, 2011 at 06:27
Во право си со првиот коментар, но сакав да ја доловам другата страна, онаа љубов која произлегла од малку болка.

Вториот коментар е веќе аксиома. Благодарам што ја напиша тука =)

# 61   грешка Says:
јуни 17th, 2011 at 07:03
сами си го спопикуваат. затоа што нејќат да протестираат. и после цацко е крив.

# 62   outTake Says:
јуни 19th, 2011 at 10:15
Знаеш ли зошто нема да сфатиш? – Затоа што не си еден од нив.

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More