Сè е ремикс / everything is a remix

Постои еден термин кој се вика Remix culture и опишува едно општество кое дозволува и поттикнува derivative works односно слободна надградба на туѓи идеи. Derivative works е всушност креација која е базирана на нечија друга креација или во суштина тоа е ремикс на некоја друга креација, која може да биде било чија.

Гледање vs читање (seeing vs reading)

Потребно е само малку љубопитност околу некоја тема за да ја истражиш, а задоволството од исходот е непроценливо. Секако, треба предходно да знаеш точно што сакаш да истражиш. тоа може и некој друг да ти го каже, но љубопитноста нема да е толку голема колку што би била во случај идејата да проникне од тебе.

15 Million Merits (од Black Mirror)

Сепак, јас сум израснат со стар трек, the outer limits, twilight zone и слични филмски серијали кои ги поврзува футуризмот, паранормалното, парадоксот во нашиот ум и сето тоа вклопено во еден драмски концепт..

Среќност

Во основата на човечките чувства постои дно врз кое се изградени скоро сите наши емоции, сите наши желби и сите наши надежи, а тоа дно е само едно навидум обично чувство, но во суштина многу повеќе од тоа.

STAR TREK фанатизам (Trekkies documentary)

Поради огромната феноменалност на Стар Трек сериите која досега не е забележан кај никоја серија иако имаме на ум дека постојат исто доста познати серии како Стар Ворс и уште некои, сепак фанатизмот што е креиран од Стар Трек е преголем за да се спореди со било што излезено од филмската индустрија.

Проектот "6 billion Others"

Проектот "6 billion Others" (или шест милијарди други) го започнал Yann Arthus-Bertrand, со Sybille d’Orgeval и Baptiste Rouget-Luchaire. Тоа е всушност интервју од најголем можен карактер, во него се опфатени 5000 интервјуа на луѓе од 75 различни земји, а ги воделе 6 режисери кои патувале низ светот во потрага по „другите“ поради што и проектот го нарекле 6 милијарда други.

За што е заслужен Трендо?

Кога е мал човекот учи нешта кои ќе ги практикува низ целиот свој живот, тие стануваат дел од него и се појавуваат низ годините како флешови, секогаш во вистинското време. Ама баш секогаш!

Електронски или хартиени книги?

Футуризмот во последно време нè зафаќа како ураган, нашите плати ги имаме на електронски картички, нашите комуникативни потреби повеќе ги задоволуваме со луѓето преку интернет..

Thursday, April 14, 2011

Улога

“No man can walk out of his own story”
-Rango [movie] 01:22:08
.
Она во кое влегуваме и биднуваме дел, се вика себе си – улога. Ние ја играме само затоа што веруваме дека сме тоа што сме одлучиле. Но не. Ние сме никој, ние сме пиксел во бесконечно пикселниот монитор, а кога ќе го дознаеме тоа, воопшто не обрнуваме внимание затоа што просто – не веруваме. Никогаш не постои тоа што постои, туку тоа што веруваме дека постои.
.
Не сакам да плукам по луѓе, особено не во моите најомилени идоли од детството – Тони Михајловски и Игор Џамбазов, не затоа што ми се хороскопски роднини ами и затоа што ги сакам. Нели, некои верувања никогаш не избледуваат до крај, колку и да свети денот од иднината. Мразам и да мрчам де по едни или други, или во најлош случај – само по едни (не сум okno.mk, нели?); но после една мала реконструкција на неколку случки од кои ми се грчеа мислите додека ги следев, открив дека Тони и Игор откако добија клоца од театрот, решија да ја играат улогата на животот. Сега застанаа пред публика од два милиони жители. Па тоа е просто фантастично, тие се надминаа себе си! Или па не?
.
Некои луѓе разликуваат вистински книги од обични трачеви со сликички, а некои разликуваат вистински луѓе од глумци, но што е значи тоа „вистинско“? Можеби само е вистинско за твојата реалност, а тоа не значи дека е вистнско и за нечија друга, сите имаме различни реалности нели, некои слични едни со други, некои ни навидум. Но сите ние веруваме во својата улога, токму затоа што сме убедени дека не ја играме неа, туку дека тоа сме ние. Секој од нас има животна улога: адвокат, професор, лекар, економист, глумец, пејач, сликар. Можеби тоа сме ние, ние сме нашта улога?
.
Џамбазов го немаше со години, беше заборавена легенда, сите го обожаваа, а никој не знаеше дека постои. И оп! За неполни шест месеци еве го со титула „маестро“, ги полни секојдневните екрани и весници – човеков станал писател. „Прирачник за анти антиалкохолочари “ е насловот на најновата негова книга, за која првата нејзина читателка, Калипи, вели дека целата осцилира со чувства, мафтајќи со рацете горе-долу во стил на слободно летање. Секако, таа и Игор имаат афера, знаете? Не е битно. Откако човекот се обиде да заработи величејќи го својот коцкарски профил и ограмната своја загуба поради тоа, овој пат ќе се обиде да заработи најверојатно величејќи го својот алко профил натопен во ефтини штосови како „првпат во животот некој да ми рече дека сум пиел два литри ракија на ден“ (извадок од книгата).

Тони од друга страна кој е(или беше) мој сограѓанин, за среќа не и соселанин; сака на ист начин да заработи од својата слава, па без да му текне нешто порогинално – и овој реши да биде мудрец на зборовите. Имено, реши да пишува колумни. Како дете од село во кое владеат мафијашки трилери и одвратен речник за шегување, тој целосно се вклопи во комедијата на македонската претстава. Неговиот колумниски речник е просто генијален, се надминува себеси во секој од безбројните пунктови од својата мултиталентност.

Ме загрижуваат згрчените мисли кога сознавав до каде истрчаа овие мои дамнешни идоли. Дали тие повеќе грешат глумејќи згрешена улога, или ние кои целосно им веруваме во тоа, не проверувајќи ги вистинските вредности на пишаните букви? Всушност што е тоа „вистинско“, ако не само секвенција која (не)ни се совпаѓа со субјективната реалност?
.
Можеби животот е само игра на различни улоги, но не знам дали и поетот е улога, или тој само живее надвор од играта.


Friday, April 8, 2011

Виртуелна социјализација (second life)

Обично се случува пред смртта, но на некои им се случува и во текот на животот - да се доведат до единство со себе и свјата свесност за живеењето. Сознанието поврзано со социјализацијата кое неминовно се провлекува како низ тунел, е зачудувачки штетно за самата потреба за социјализација. Затоа и луѓето обично не препорачуваат да се размислува околу смислата на нештата(а посебно не на животот), и онака бројката 42 е сосема задоволителен одговор на сите прашања. (:])
.
Има еден поим – унитарност и уште еден негов близок – универзализам. Двата решиле да се спојат во 1961 година и заеднички да формираат здржение каде што ќе се групираат и дебатираат за одредени филозовски или општествени теми. Утилитарен Универзализам има религиско - филозовска основа, но ова друштво има членови кои се од различни религии, па и атеисти. Водечкото мото гласи: "free and responsible search for truth and meaning".
.
Туку што се вратив од една сесија со група утилитарни универзалисти, секако, виртуелна, но со микрофон и чат, како и целосно спиритуален амбиент благодарение на second life програмот (за некого и игра). Присуствував заедно со еден пријател и се вклучив во дебатата со тема за мислење околу дрогата, поточно - психоделиците и потребата за нивно внимателно интегрирање во спиритуални цели. Водителката ја одбра мојата тема и едночасовната миса на ова религиски - филозовско здружение беше фасцинација за мене. Имаа прилично јасен став дека променетата свесност преку психоделици е во главно позитивна за спиритуални исксутва. Утилитарен Умиверзализам е секако друштво со веќе ослободена свесност од секакви општествени предрасуди, па на некој начин и го очекував нивниот позитивен став. Еве неколку мислења од дискусијата:
[19:02] Darcy Cedarbridge: I think I would also say that a UU might not necessarily believe that drug usage is "bad" just because the governemtnsays it is.
[19:05] Joan Ixito: How can an altered state of consciousness be spiritual?
[19:06] Joan Ixito: I suppose if I know my state of consciousness is altered, I'd disregard my induced "experiences"
[19:06] Ferox: the only thing you do by making anything illegal is create a black market and make more people want to do it.
[19:17] Darcy Cedarbridge: Ferox, do you think enlightenment ios a personal or shared experiencer?
[19:17] Ferox: well im coming from a buddhist perspective on this, apparently those who are enlightened have gotten rid of all notions of the self, so technically since the self doesnt exist, it IS a shared experience.
[19:18] Joan Ixito: how can it be shared if there is no one to share it with..becоuse no one has a self.
[19:19] Ferox: well i mean, where I'm coming from is that there is no self for anyone, so we are all just non existing, together.. so it is SORT of shared.
Патем, досега немам сретнато македонци во second life, повеќето се американци и англичани. По малку добивам чувство дека западот со ова вклучува ново решение за симплифицирање на реалните обрски свртувајќи се кон живеење, состанување, па и одржување миси во 3D виртуелните светови на second life. Можеби тоа е иднината. Но како и да е, перфектно функционира како виртуелна социјализација во изворна смисла на поимот, за разлика од Фејсбукот кој има сосема со спротивен ефект, бидејќи таму комуникацијата со непознати е одбивна поради предрасудите од изложените лични информации.
.
Три димензионалниот виртуелен second life и таквиот начин на озвучено состанување на група која ќе дебатира (преку чат и микрофон) за одредени филозовски, психолошки, општествени и религиски теми; е фасцинирачка можност за виртуелно дружење со луѓе од целиот свет. Инаку, секој четврток во 18 часот(кај тогаш е петок во 3 наутро) во second life светот „UUtopia“, се одржува ваков состанот на унитарни универзалисти, во чија организација членови се и неколкумина од поблиското семејство на Барак Обама.



Saturday, April 2, 2011

Слава


Постои религија наречена glory (или слава), која е една гранка од христијанството и овие христијани имаат интересно мото: "let your light shine before men, that they may see your good works, and glorify your Father who is in heaven." Но ова е прилично небитно, бидејќи поимот слава е поинтересен од филозовска и психолошка гледна точка, но сепак не случајно го споив со религијата. Мислам дека славата како појава има повеќе религиска суштина од било која постоечка религија. Основната заедничка база на двете е рефлектирање на лажен или нереален профил. Лажноста се зголемува директно пропорционално со зголемување на обожавателите (фановите, следбениците).

Скоро налетав на текст (ЛИНК) за идеализирање на уметноста и, првенствено го сакам скептицизмот на Кели, па затоа го следам често. Но овој пат тој го оправда идеализирањето како начин за филтрација на квалитетот, иако јас бев целосно на спротивната страна, посебно после една фрустрација од метакритика, која си ја излечив со сеир врз неа (ЛИНК); сепак се сложив со Кели бидејќи на сите ни е потребно идеализирањето и сите несомнено го правиме тоа секој ден и во бројни правци - музика, филм, режисери, писатели, поезија, хумор. Всушност тоа е основото гориво кое нѐ придвижува во животот - импресијата, восхит. Нешто слично се случува и со женскиот гламур како магнет за мажите, а во суштина е само фејк маска.

Интересно е што во последно време приметив дека фејкот е преконцентриран во славните нешта од уметничката област, што всушност ја побива Келозофијата за филтрација на квалитетот, бидејќи денес славата почна да се базира на психолошка манипулација на стадото народ водено од медиуми. На пример Игор Џамбазов за некој ден ќе прави втора промоција на книга издадена во септември 2005 година, зошто? Веројатно затоа што тогаш не го интересираа комерцијалните цели и книгата не наиде на поголем публицитет, но ете сега го интересираат па го најмил Венко пумпачот да му напумпа една рецензија со чудесии, па да си заработи на грб на македонската глупавост и паѓање на лесни финти. Во 2005 -та беше 600 денари, денес е 400, и цените ги правдува со еден штос споредувајќи ги со едно скијање во Маврово кое чини 800 денари. Секако дека ја имам прочитано книгата и не сметам дека е глупост. Вреди да се прочита исто толку колку што вреди да се прочита едно просечно стрипче (да речеме од Владо Ј.), а стрипчето никогаш нема да ја има цената од 600 или 400 деанри. И на Венко ова не му е прв пат (се сеќам на еден пример за роднина му (тогаш) 15 годишен кога го напиша романот фантазија - Мистергонија); туку веќе традиција, а и си заработува човекот на тоа. Поентата ќе ја илустрирам во прашањето: каде е овде оправданоста за филтрирање квалитетна уметност?


Мислам дека славата како појава во уметноста е оправдана само кога се работи за починат уметник, тогаш е сигурно дека тој нема никаква комерцијална потреба. Славата треба да се вреднува во овој случај бидејќи е базирана на вистината. На пример Филип К. Дик пишувал по 68 страници на ден и почнал на околу 20 години, своите научно фантастични раскази ги продавал за мизерни цени и често гладувал бидејќи немал пари за јадење, па неретко и купувал коњска храна во анимал шоповите за да се прехрани. Денес според неговите раскази и новели се снимани филмовите: Blade Runner, Total Recall, RoboCop, Minority Report, Paycheck, A Scanner Darkly, Next, The Truman Show, Inception, Vanilla Sky, The Matrix и уште многу. Неговите напишани идеи се скоро 80% основата на целата филмувана научна фантастика во светот. Оваа слава ја исфилтрирало времето бидејќи овие филмови се сминани половина век после пишаното раѓање на нивните идеи.

Слава е нешто кое не сакате да ве обземе ако трагате по вистината. Смртта е вистинска, а вистината е болна затоа што болката е единствената вистина. Среќата е фиктивна апстракција базирана на лажна проекција или илузија, но сепак е неопходна и, проклето убава.

Friday, February 25, 2011

Изострена љубов и (не)простениот глас (кон „Читачот“ – Бернхард Шлинк)



„Не се плашам од ништо. Колку е поголемо моето страдање, толку е поголема мојата способност да љубам, страдањето единствено ја зголемува мојата љубов. Тоа ќе ја изостри, прости му го гласот. “
-Бернхард Шлинк

Бернхард Шлинк е големиот германски писател кој со неговото маестрално дело „Читачот“, впечатливо отсликува една поствоена и морално ранлива флуидност на животот во Германија после втората светска војна. Го воздигнува чувствителниот и драмски елемент во една силна животна приказна протегајќи ја во релација меѓу два главни лика: Мајкл Берг и два пати постарата Хана Шмиц. Љубовта меѓу нив е главниот немир, но и морална отстапка која Хана ќе ја направи по втор пат во животот.

Почетокот го воведува читателот во една поствоена атмосфера рефлектирана врз сиромаштијата, гладот и болеста. Мајкл Берг го запознаваме на петнаесет годишна возраст кој е болен од жолтица веќе неколку дена, неговата физичка слабост ќе го разочара од себеси и ќе се исповрати допрен на ѕидот на една куќа, тогаш ќе се засрами уште повеќе. Но тоа е клучниот момент во целиот негов живот бидејќи тука ја запознава Хана која ќе му помогне чувствувајќи го во себе мајчинскиот инстинкт, ќе му ги измие устата и рацете и ќе ја сочувствува неговата слабост и плач предизвикан од срам.

„Таа го почувствува мојот поглед. Пред да го земе другиот чорап, подзастана, се сврте кон вратата и ме погледна во очи. Не знаев како ме гледа – зачудено. Прашалнички, со разбирање, прекорувачки. Се заруменив.“
После некое време нивните средби ќе зачестат и ќе разгорат љубов. Љубов која е завиткана во тајна и претпазливост, но и исполнета со секс, заедничко сапунење во када, и читање книги. Кога Мајкл почнува да ѝ чита од „Одисеја“, „Хак Фин“ и „Дамата со малото куче“, нивната љубов станува сериозна, а со тоа се продлабочува и моралниот проблем поради огромната разлика во нивните години. На Мајкл му е јасно дека таа е постара, но не може да определи точно, се заљубува без важност на годините на Хана, кои се точно два пати повеќе од неговите.
„Тешко се проценува возраста која не си ја доживеал и не си ни блиску до неа.“
Бернхард го задава страствениот повик на љубовта семиотички транспонирана преку гласното читање на Мајкл. Нивната релација станува секојдневна маршута која колку повеќе се зацврстува, толку повеќе се доближува до кулминацијата и, секако крахот. Нивната љубов завршува со исчезнувањето на Хана, и оставеното скршено срце на Мајкл кој ќе мора да се помири со тоа под влијание на времето. Времето и ќе го порасне, но она што вистински ќе го оформи е богатото исксутво од љубовта со Хана, таа всушност емотивно го созрева неговиот дух. Страдањето по неа го изострува чувствителниот дострел, ја прецедува љубовта онолку пати колку што е потребно за да биде доволно густо концентрирана и, вистински чиста.

Хана носи бреме на вина кое ја крши нејзината цврстина и ранливоста ѝ задава казна врз себе. Таа мора да се казни поради тајната љубововна афера со младиот Мајкл, и се решава на заминување во друг град, со што долготрајно ќе исчезне од животот на Мајкл. Тоа е нејзината прва казна, која ќе треба да го исправи Мајкл кон нормалниот тек на живот, и ќе го направи тоа. Тие двајца се несразмерна спротивност, тие мора да завршат. Но тие пак ќе се видат, точно по осум години.

Како одраз на бумерангот, како акција – реакција, како карма; така и животот ни ги враќа нештата, одамна турнати под тепих. Нараторот ќе создаде силна амбиваленција и ќе го отвори филозовско психолошкиот темел на јадрото на романот; со повторното видување на Хана, во судска сала. Мајкл е набљудувач со група студенти по право, додека Хана е оптуженикот за воено злосторство во времето на нејзиното стражарење во Аушвиц. Внесениот нов бран во романот, овој пат криминалистички, создава филозовско морален процес и напнатост кај читателот. Но воедно и вистински удар во заплетот на една нова приказна, и разрешница на една стара љубовна афера. Мајкл чувствува амбивалентација, измешаност на љубов и омраза, на бес и вина. Тој ја наоѓа Хана како невина во процесот, бидејќи само тој знае дека е таа неписмена и не го напишала извештајот за нејзината наредба на неспасување на запалените евреи во затворена црква. Сепак неговата емотивна разнишаност во тој момент е она што ќе го заслепи и ќе го турне на страната на Хана. Обвинителниот случај е сепак комплексно претставен, но тоа често се случува кога моралот е ставен на масата за разрешување, тој нема јасни граници и е различен во секое општество. Но Хана сепак имала морална обрска да ги отвори вратите на црквата, но не го сторила тоа, па судот ќе ја најде како виновна. Пентата на писателот со претставувањето на еден ранлив и чувствителен лик како Хана, во една фашистичка униформа, е можеби дека ранливоста и несигурноста можат да бидат дел од каузалниот јазол на сечија погрешна постапка или во овој случај неутралност која претставува скапа морална отстапка. Мајкл сепак не може да се соочи со вината на Хана, имајќи ја во предвид нејзината љубов, чистина, нежност. Тој започнува недоверба кон законот и моралните принципи.
„Што е законот? Дали е тоа она што пишува во книгите, или е всушност она прописното и следено од општеството? Или закон е тоа што мора да е прописно и следено без да е важно дали е во книгите, доколку нештата практично би функционирале?“
Комплексниот дискурс на приказната не завршува, тој ќе го следи протогонистот целиот живот. Хана ќе ја осудат на доживотна робија, а Мајкл ќе го продолжи животот, повторно разделен од Хана, и пак по нејзина вина, но и нејзина казна. Читателот е оставен во когнитивна контемплација за моралитетот, казната, љубовта и „што понатаму“.

После многу години копнежот по трет пат се враќа во Мајкл, по острата љубов, а на Хана - по незаборавениот и непростениот глас на нејзиниот читач. Третото нивно навраќање кон вечниот отпечаток на љубовната афера, го заокружува и појавува високиот дострел на прочистената со страдања, љубов, вистина, сеќавања, животна приказна, тајна. Мајкл е веќе оженет и татко на возрасна ќерка, ја посетува Хана во затвор, а таа веќе во старечки години, одеднаш ја рефлексично ја враќа младоста и забранетата љубовна афера која се простира безвременски во целиот тек на нивните животи; и му се обраќа со „малечок“. Понатамошните нивни дружења продолжуваат кога Мајкл ќе продолжи да ѝ чита и снименото читање ќе ѝ го праќа во касети.

Со зачестување на овој ритуал, Хана се соживува со слушањето и наеднаш одлучува да се описменува, па последните денови од затворската казна ќе ги помине учејќи се да чита и пишува. Тој на времето духовно созреваше преку нејзината љубов, а таа сега писмено, преку неговото читање. Љубовната нишка повторно зажарува преку спомени и минатото, но кај Хана по помилувањето на затворската казна се појавува страв остантите години да ги помине на терет на Мајкл, и решава да си го одзеде животот. Тука завршува љубовниот рефлекс на аферата, приказната, копнежот рефлектиран од минатото и жарот на една човечка судбина. Нејзината последна желба писмено ја предава на Мајкл. Имено го моли нејзините заштедени пари да ѝ ги даде на единствената преживеана еврејка од нејзиниот фашистички чин кој ќе го плати со животот. Мајкл ѝ ја исполнува желбата.
„Јас ќе бидам единствениот ангел кој ти е потребен. Ќе го напуштиш животот дури многу поубаво отколку кога влезе. Рајот ќе те пречека, ќе те погледне и ќе ти каже: Само едно нешто може да ја исполни душата правејќи ја комплетна, а тоа е љубовта.“
Филозовско моралниот елемент вткајан во една љубовна драма, го бои романот со некоја магичност на спојувањето, во која се огледува вистината. Вистина во приказна, во драма, во живот. Или приказна за животот, драмата и вистината. Дали е тажна или среќна, е занемарувачки детал пред осознавањето дека е вистина. Чувствувањето дека е вистина.
„Колку тажна приказна. Размислував долго. Не дека сега мислам дека е среќна, но мислам дека е вистина, а прашањето дали е среќна или тажна е небитно наспроти вистинитоста.“
Читачот на крајот останува единствено со својата курцијалност во приказната. Човечкиот живот е преголем за да се смести во приказна, тој продолжува со себе, тој самиот на себе е приказна, судбина, вистина..
___________
Трејлер од филм по истоимениот роман:

Kнигата во англиска ПДФ верзија: http://bit.ly/e051SL

Официјален сајт на филмот: http://thereader-movie.com

Thursday, February 10, 2011

Натприродни искуства (и астрална димензија)


Повеќето луѓе имаат доживеано натприродни искуства од различен левел, постојат документарни филмови кои низ годините документирале многу такви случаи, од индиго деца до индиски спиритуалисти со натприродни моќи. Факт е дека постојат луѓе со таква моќ, но нивната појава е сѐ уште необјаснета од научниците, единствено футуристите се убедени дека тие се новата еволуција на човечкиот вид. Нивното пак себеобјаснување води кон јогата и медитацијата, како главни фактори за отварање на оние милион врати од психички можности. Но психонаутите освен тоа, го вклучуваат и психоделичниот фактор, кој секако не е главниот, туку напротив - спореден. 
.
Сепак драстичните примери се доста апстрактни и звучат повеќе фантазиски отколку фантастично, затоа би се задражле на оние исксутва кои ни се блиски, па и кои повеќето сме ги доживеале.
.
Лебдење над телото (на англ. Out-of-body experience (OBE)), е искуство во кое се чувствуваме надвор од телото, но во реално време и во директна врска со реалноста што е и единствената разлика на ова искуство и астралната проекција, во останатиот дел имаат скоро иста манифестација. Најчестите OBE искуства се спонтани и се случуваат поради возбудување во РЕМ фазата на сонот, обично се и придружени со сон-парализата (на англ. sleep paralysis) поради што се појавуваат халуцинации односно мисловни форми (на англ. Thoughtform). Искуството на sleep paralysis го доживуваат можеби 80% од луѓето, но во различни левели на јасност и креативност.
.
Освен спонтана, постои и причинска појава на OBE искуството како на пример со користење психоделични супстанци, или со постапката за изолирање на чувства - sensory deprivation и спротивната од неа - sensory overload, исто така и при блиско смртно исксутво како сообраќајна несреќа, операција и тн..

Се претпоставува дека постои астрална димензија која е виновна за ваквите состојби на умот односно свесноста.
The astral is the closest dimension to the physical. It overlays and permeates the world like a huge mind net, catching and holding all thought. Its contents are created by the collective consciousness of the world mind. It contains all the thoughts, memories, fantasies, and dreams of every living thing in the world. In it, the laws of sympathetic attraction, or like attracts like, causes this ocean of mind stuff to strata and settle into layers or pools. These pools of thought are more commonly called astral planes, astral worlds, astral sub planes or astral realms.
Потсвесниот ум всушност така креира сонови – со влегување во астралната димензија додека телото спие. Додека свесниот ум тогаш се движи низ своите креирани сценарија од сон, луцидниот сон пак настанува кога свесниот ум се освестува дека се наоѓа во илузијата на потсвесниот. За да свесниот ум влезе во астралната димензија, мора да концентрира доволно количество етерична материја. Значи, OBE исксутвото и астралната проекција се резултат на способноста на свесниот ум да влезе во астралната димензија.


Јогата, медитацијата и посветеноста на спиритуализмот како и психонаутиката, допринесува за развивање на таа способност на свесниот ум, да излезе од телото. Но сепак постојат неколку негативни приказни за вон-телесното исксутво, како на пример дека е можно заглавување при враќање во телото, при што остануваш надвор, а телото живее во кататонична состојба. Можеби звучи (или е), неверодостојно, но сепак треба да се има голема доза на претпазливост.

Како и да е, натприродните искуства постојат и ни се на дофат на сите кои би се заинтересирале за нив. Сите ние имаме поголема психичка моќ отколку што користиме, сѐ што е потребно да ја дознаеме е довербата во неа и дружењето преку техники за исклучување на мислите како медитација, фокусирање, концентрација, јога и најважното – љубов.

_________________________________________
Electrypnose -Triste Vie >






Tuesday, January 25, 2011

Слободна волја ( и моќта на свесноста)

Јасно е дека во секој момент од животот одлучуваме еден од безбројните избори на нашиот следен акт, интересно станува кога ќе дознаеш дека 95% од нашите дејства ги контролира нашата потсвест. Тогаш си наметнеме прашње: како да ја одредиме одговорноста?
Еден неуронаучник Sam Harris во една негова книга има опишано експеримент со кој се докажува дека нашиот мозок реагира 10 секунди пред тоа да го стори нашата свест кога треба да одлучиме нешто. Од тука тој доаѓа до сомневање дека ние можеби и немаме слободна волја:
Harris argued that "no account of causality leaves room for free will." He cited experiments in which magnetic resonance imaging (MRI) "predicts" that a subject is going to do something—on the basis of activity in the subject's brain—up to 10 seconds before the subject consciously decides to do it.
"Clearly, findings of this kind are difficult to reconcile with the sense that one is the conscious source of one's actions," Harris wrote.
Сега е веќе појасно дека се работи за нашиот потсвесен дел од умот, но останува енигмата до каде оди одговорноста и каде престанува. Потсвеста е мрежа од програми според кои дејствуваме 95% од времето, додека 5% отпаѓаат на свесното размислување кое патува во минато и оди во иднината за да ги спореди научените лекции и предвидувањата што би придонело за донесување на поважните одлуки. Главните програми кои ја држат основата на мрежата наречена потсвест, се настанати пред да наполниме шест години од животот. Детето до шест години цело време перципира како се однесува околината (што за него е целиот свет) и она што за тие шест години ќе го перципира, ќе биде главната основа според која ќе му се засноваат сите акти во понатамошниот живот. Исто што е интересно е и фактот дека околината има дејство врз нашата ДНК со тоа што нашиот начин на живот е целосно зависен од околината во која растеме токму затоа што таа ја програмира нашата потсвест оти нели нашата перцепција на околината ги создава програмите на потсвеста. 
.
Во едно интервју со Брус Липтон (подолу поставено за гледање од тука), доста прецизно е разјаснето како нашата слободна волја зависи од развиток на свесноста. Неговото објаснување за моќта на свесноста е многу едноставно: rewrite the subconscious т.е. репрограмирање на потсвеста.
.
Некаде од 16 -та минута па натаму го спомнува феноменот head over heels“ изразувајќи ја моќта на слободната волја бидејќи во таа предходна состојба на „перфектното заљубување“ нашата перцепција околината ја препознава како рај. Тогаш излегува прашањето: што е тоа што нас не спречува да го живееме тоа кога ќе посакаме? Пак е едноставно: rewrite the subconscious!
.
Видеото:
.



Saturday, January 8, 2011

Уметнизирање (и поврзаност со депресијата)

Уметнизирање како тема би опфатило сѐ што проучува истражување на уметноста и нејзиното настанување и виреење воопшто. Уметнизирање значи создавање уметност. Но мислам дека отсекогаш било привлечно да се дознае што е тоа уметност и како настанува, секогаш се намирисува некоја магија дури и во самиот поим, што ја карактеризира, но и дава огромна слобода за слободоумно одредување на нејзиното значење. На википедија дефиницијата вели дека уметност се сите креативни човечки дејствија, со исклучок на оние кои се директно сврзани за репродукција и опстанок. Значи најконцезната форма на уметноста е она наивно креатизирање кое донесува само душевна топлина и е исклучено од секаков вид комерцијална намена. Но бидејќи е штета креативноста да не се искористи комерцијално ако веќе може да подобри многу животи, луѓето почнале да уметнизираат за комерцијални цели па уметноста веќе не може да се разликува од „уметност“ и се губи значењето.


Во секој случај уметнизирањето продолжува да биде интересно и за филозофите и психолозите, на пример врската на уметниците и депресијата (баш со еден таков ТЕКСТ се сретнав пред некоја минута). Гледиштето врз уметниците и депресивноста е многу одамна разгледувано од психолозите, бидејќи длабочината на целото прашање некако не е доволно плитка за филосовско донесување заклучоци околу тоа и може да претставува само умешно подредување мисли и претпоставки, што потикнува размислувања, но сепак завршува со нејасност.
.
Психонаутиката открива дека умот освен во свесна и несвесна состојба, може да влезе и во натсвесна од која е дел и трансцедентноста. Токму околу тоа еден психонаут ( во докуметнарецот The Beyond Within - LSD [ЛИНК]) претставува теорија дека сите најдобри дела на човештвото (слики, песни, наука, технолошки достигнувања, книги, филмови..) всушност потекнуваат од таква состојба на умот, од тоа поле каде што влегуваат (макар и само на површина) сите уметници и по тоа се разликуваат од останатите. Со мала разлика што тој ја нарекува „unsanity“, а останатите две се нормалност и ненормалност (sanity и insanity.) Би го издвоил ова интервју (негде околу 33 -та мин.) од документарецот:
- Дали треба сериозно да се размисли за реалноста на халуцинациите од ЛСД или тоа е само бесполезна илузија како производ од интоксикација?

- Она што ние го имаме како претстава за човечкиот ум е дека може да биде нормален и ненормален, но ЛСД ни открива и една друга состојба на умот која може да биде зад нормалноста, но во исто време и да не биде ненормален. Се претпоставува дека тоа е областа од каде доаѓаат сите суперлативни ефекти на човештвото, не само уметноста туку и науката! До таа трета област на умот можеме да се приближиме со умно и мудро користење на ЛСД.
Поврзаноста на уметниирање со депресијата доаѓа од фактот дека при депресија умот се соочува со недоволно серотин што значи и пореметување на останати хемиски процеси кои зависно од левелот на интелигенција, умот можат да го доведат до онаа трета состојба - натсвест. Понатаму, негов избор е што ќе извади од таму, и дали. Со оваа теорија логично се согласува и психијатриското објаснување на спињето, со тоа што РЕМ фазата во која се сонува, се нарекува парадоксално спиење во кое се пореметени неколку функции на телото. Инаку постои и нон-РЕМ фаза, уште наречена ортодоксално спиење, таа е нормално спиење и без сон кое обично трае од 75 до 90 минути и се случува во циклуси кои се оделени со 15 до 10 минутно РЕМ или парадоксално спиење во кое лежи полето на сите наши желби и замисли, во кое лебди симболичната смисла на зборот „сон“. А сите уметници се наречени сонувачи.
.
Депресијата е можеби пореметување, но согласно фактот дека сите нешта имаат свои добри и лоши страни, па и депресијата може да биде вкусена од позитивната страна. Сепак, можеби среќни се луѓето на кои депресијата секогаш им е позитивна, можеби уметниците ја чувствуваат среќата во поинаква форма од обичната.
______________________________________________________________
Во прилог, неколку мисли од врвни уметници околу темава:
Сите деца се уметници. Тешкото е како да останат уметници кога ќе пораснат.
-Пабло Пикасо

Уметноста е еден вид на вродена желба што го зграбува човекот и го прави свој инструмент. За да ја извршува оваа тешка должност, понекогаш е неопходно за него да ја жртвува среќата и сѐ она што го прави животот вреден за живеење за останатите луѓе.
-Карл Јунг

Колку и да е парадоксално, сепак изгледа дека Животот повеќе ја имитира Уметноста отколку Уметноста - Животот.
-Оскар Вајлд

Уметноста е соработка меѓу Бог и Уметникот. Колку помалку работи Уметникот - тоа подобро.
-Андре Жид

На Уметноста ѝ е потребна философија, исто како што на философијата ѝ е потребна Уметност. Инаку, што би се случило со Убавината?
-Пол Гоген

Сакам да ги трогнам луѓето со мојата Уметност. Сакам да кажат: "Тој чувствува толку длабоко, тој чувствува толку нежно".
-Винсент ван Гог

Врвната цел и вистинската метафизичка активност на Животот е Уметноста.
-Фридрих Ниче

И едно видео во прилог, се разбира. Инаку го исеков од филм:



Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More