Како што моќта на љубовта е огромна, така нешто се збиднува и со моќта на антипатијата! Разликата е во доброто и лошото, како впрочем и секоја разлика. Корисното да го оделиш од штетното е добар предизвик, но што ако еднаш престане да биде баш тоа? Ништо посебно, тоа е само почетокот на твоето сфаќање за само еден твој погрешен избор!
Слободоумно, но внимателно! Така се живее фино, или барем така треба да се живее, немам баш добар поим, но фразава мислам дека баш тоа и го дограбува: „Авантурите можат да бидат луди, но авантуристот мора да биде нормален“. Се прашуваме – како ли тоа само ќе треба да изгледа.. Премногу понудени нешта гледаме во секој момент, дури 60 000 битови информации во секунда собираме со погледот (според некој си, но не мора да е точна бројката, нека биде претпоставка), од кои свесно обработуваме само 20 000 битови, затоа што останатите не нѐ интересираат. Од тука ќе извлечеме логички заклучок: ако ние сакаме свесно да обработиме што повеќе од нештата што се случуваат околу нас, потребно е истите да нѐ заинтересираат, значи свесноста ни се зголемува правопропорционално со зголемување на заинтересираноста! Мене пред некој ден ме заинтересира баш спротивното – како всушност ние ја губиме т.е. намалуваме заинтересираноста?
ТХЦ или Тетрахидроканабинол (Tetrahydrocannabinol), е психоактивна супстанца која се наоѓа во Канабис растението. „Психоактивна супстанца“ е термин за супстанца која дејствува на вашата психичка состојба и таквите супстанци се познати под името – дроги. Некои од нив се користат против болести, болки и други медицински случаи, некои заради забава и некои за спиритуални цели од страна на психонаутите кои бараат нови начини и форми на перцепција, размислување, дејствување, или со други зборови – пошироко отворен ум. Канабисот, верувале или не, дејствува сосема спротивно од психонаутската цел т.е. од open mind мотото. Со малку анализа, ќе воочите дека е ова всушност многу логично и релано, а и секојдневно (или седмично да речеме, викендашки) се случува околу вас. Луѓето што често пушат канабис имаат развиено навика да ги собираат само добрите слики од реалноста т.е. оние што им одговараат за добро расположение, за да, како што веќе ни е познато нивното мото – си направат „добар филм“. На тој начин тие испуштаат многу нешта што се случуваат околу нив во иститот момент, само затоа што моментално тие информации не ги прават расположени, а истите тие нешта не значи дека не се потребни, туку тие моментално не ги сваќаат како такви. Колку подолго време (се мисли на период од години) се пуши канабисот (а не мора често), толку посилна психоза добиваат корисниците (која најчесто е прво блага). Тука имаат предност личностите со семејни предиспозиции, со што во генот имаат веќе неактивна психоза која ќе се активира многу побрзо од кај другите. Психозата не е ништо опасно, тоа е само изворна сотојба на ненормалност, лудост, возбудена паничност во блиц моменти, немање сензор за обрски и уште куп помали нешта. Изворна реков, за да потенцирам дека не е изразено во алегориска форма или фигуративната смисла, за жал.
Всушност во споредба со другите начини, па и воопшто не е толку лошо да се живее во затупеност од „убавиот филм“ на канабисот со тоа што ги одбиваш оние нешта на кои им е потребна поголема анализа за сваќање, но сепак мене не ми е компактибилен со психонаутското истражување и доживување на духот како помоќен начин на гледање врз нештата. Вчера го зедов последниот насмеан „добар филм“ во кој ти капат очите од убоста на затворениот ум и со тоа ја затварам мојата хронологија. Знам да се одалечам од луѓето и знам да си ја симнам етикетата Џанак! Остана уште само за Неа да речам дека ми е жал што отиде толку длабоко надолу, беше само наивно, искрено и убаво дете..
0 comments:
Post a Comment