Thursday, March 29, 2012

Читање vs читање vs гледање (контекст)

.
.
Секој човек на нештата околу себе им приоѓа на два начина: а) со гледање т.е. набљудување; и б) со читање. И на двата начина тој ја процесира надворешната содржина притоа  користејќи ги своите рецептори кои се полни со предрасуди, навики и омилености. Во текот на обработувањето на таа надворешна содржина, кај човекот се пробудуваат емоции, сеќавања, обработување на тие сеќавања од нов агол, нови сознанија, возбуда, зголемени зеници, зголемена вознемиреност и зголемен адреналин следствено на возбудата. Откако ќе ја обработи таа надворешна информација, тој внимателно ќе ја складира во својата меморија и ќе ја остави таму за да некогаш повторно ја пробуди под дејство на некое ново доживување, за да може да ги погледне нештата од нов агол. Тоа е прилично едноставен концепт, иако обично луѓето не се свесни за него токму затоа што не е воопшто битно, или барем така смета самиот мозок.

Овој  втор дел од темата би требало да се насочи кон поделба на читачи во сувопарни и поетичари; и како двете групи се однесуваат кон визуелно консумирање. Можеби баш ова требаше да биде одговорот за тоа зошто сите ние би избрале добра книга наспроти добар филм. Јас на пример би ја избрал книгата само ако се работи за добра драма со длабоки поетични елементи, алудирање на начинот на раскажување наспроти акцијата во приказната; и секако sci-fi елементите се добредојдени. Во сите можни други варијанти секогаш би избрал филм.

Во последно време некако се добива впечаток дека сувопарното читање кое по секоја цена сака да го замени визуелното доживување, денес секоја успешна книга (нели најпродаван роман), се базира на акција, трилер и авантура, се алудира на случките наспроти начинот на нивно раскажување; изостануваат и креативните елементи кои будат размислување кај читателот, онакво размислување кое иницира нови идеи, оригиналност на мислите, импресија од таа оригиналност и тн. Оваа карактеристика ја имаат психоделиците на пример, бидејќи нивната моќ е во илустрација на нешто кое никогаш не сме го виделе ниту замислиле, што само по себе ја буди креативноста и оригиналноста во една личност; нудат да погледнеш и почувствуваш нешто кое никогаш до сега не било смислено, ниту постоело идеја за тоа. Еве ги на пример Стар Трек приказните, еве зошто се тие афтентични:
 I visited the sci-fi museum in Seattle this weekend, and was reminded of how sci-fi is an especially fertile ground for examples of and analogies to what is explored in psychology and spirituality. There are probably books out there exploring that theme, and if there isn’t, it is waiting to happen. [...]

Би го додал и славниот цитат на Кен Робинсон:
I heard a great story recently — I love telling it — of a little girl who was in a drawing lesson. She was six and she was at the back, drawing, and the teacher said this little girl hardly ever paid attention, and in this drawing lesson she did. The teacher was fascinated and she went over to her and she said, “What are you drawing?” And the girl said, “I’m drawing a picture of God.” And the teacher said, “But nobody knows what God looks like.” And the girl said, “They will in a minute.”[...]
Она што денес се нуди на читателската публика е нешто кое поттикнува возбуда од акција и поради тоа те „влече“ да не престанеш со читањето, ја предизвикува љубопитноста без никаква сатисфакција на крајот, но згора на сè наместо љубопитноста да се чувствува изманипулирана поради времето кое го изгубила, таа е задоволна затоа што може да се пофали колку книги консумирала (фалењето пак е предизвикано од ефектот на мудрост и паметност кој го шири самиот поим „книга“) и денес акционите романи се продаваат народски речено „како алва“. Можеби таквата литература во која изостанува оној  утилитаристички карактер во смисла на некоја духовна и креативна надградба на личноста; е некој вид манипулација со читателите за постигнување слава и успех. А можеби е и само различен начин на делење љубов. Who knows..

Како и да е, од овој аспект многу лесно може да се подели наменската функционалност на читањето и гледањето. Овде се делат интересите на луѓето, оние заинтересирани за сувопарно доживување на случките обично сакаат движечка приказна во која дејството е поважно од начинот на неговото искажување и оваа публика би требало да припадне на визуелните доживувачи кои секако дека и читаат, па можеби и повеќе читаат во некои случаи, но факт е дека филмот или видеото е попрактична платформа за нивна консумација, отколку читањето каде што губат дополнително време, а ја добиваат истата сатисфакција. Можеби постои една мала разлика која се состои во подобрување на елоквентноста на читателот, иако и не е баш мала, но сепак и тоа зависи од способност на читателот да ја вгради во себе.

Од друга страна, оваа поделба ја отвара и дилемата: дали во животот е повеќе важно да се доживува или да се изразува? Дали да се консумира или да се перформира? Дали да се пишува или да се чита, дали да се гледа или да се илустрира...

Можеби тоа се моментални одлуки, но верувам дека тие сепак имаат некој синџир на поврзаност, така што ако еднаш го одлучиш едното, следиот пат истото те привлекува да го одлучиш пак. На тој начин се градат и принципите на една личност.


2 comments:

Тука сум за да го споделам моето искуство со една добра и доверлива компанија за кредитирање. Се викам Џош Хусеин; претходно изгубив пари обидувајќи се да добијам кредит, што беше многу тешко за мене и за моето семејство. Барав помош за кредит на интернет и веќе ја губев надежта, сè додека еден ден не сретнав пријател кој неодамна добил кредит од еден многу чесен човек, г-дин Марк. Тој ме поврза со г-дин Марк, чесен кредитен агент кој ми помогна да добијам кредит од 55.000 долари во рок од 5 работни дена. Засекогаш ќе му бидам благодарен на г-дин Марк што ми помогна повторно да застанам на нозе. Можете да го контактирате г-дин Марк преку е-пошта: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com. Тие не знаат дека го правам ова за нив, но едноставно морав, бидејќи има многу луѓе на кои им е потребна помош за кредит – ве молам, обратете се кај овој чесен човек и и вие ќе можете да добиете помош. WhatsApp: +2349124847559

Јас сум Волтер Џ. Масијас, жител на адресата 2270 Paul Wayne Haggerty Road, Њу Орлеанс, Луизијана 70114. Сакам да го споделам ова прекрасно сведоштво за тоа како го добив мојот заем од „Trust Bridge Financial Service“... Моето семејство беше принудено да го напушти домот бидејќи повеќе не можев да ги плаќам сметките. Откако бев измамен од разни онлајн компании и одбиен за заем од мојата банка, како и од кредитните унии што ги посетив, децата ми беа одземени и сместени во згрижувачко семејство, а јас останав сам на улица. Сè додека еден ден, чувствувајќи се засрамено, не сретнав еден стар школски другар кој ме запозна со оваа компанија за заеми што се води според божјите начела („Trust Bridge Financial Service“). На почетокот му реков дека не сум подготвен повторно да ризикувам барајќи заем преку интернет, но тој ме увери дека ќе го добијам заемот од нив. Сепак, размислувајќи за мојата ситуација како бездомник, решив да се обидам и аплицирав за заем; го пополнив формуларот и ги направив сите потребни чекори. За среќа, со божја помош, ми беше одобрен заем од 100.000 долари од оваа компанија и мило ми е што го презедов тој ризик. Децата ми беа вратени, а сега поседувам сопствен дом и сопствен бизнис. Целата благодарност оди кај „Trust Bridge Financial Service“ – компанија испратена од Бога – која му даде смисла на мојот живот токму кога ја изгубив секоја надеж. Затоа, си ветив дека постојано ќе сведочам на интернет за тоа како го добив овој заем што ми го промени животот на подобро. Безрезервно и силно ја препорачувам „Trust Bridge Financial Service“ на секој што има потреба од заем. Можете да стапите во контакт со оваа одлична компанија преку е-пошта на: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com
WhatsApp: +2349124847559

Post a Comment

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More