Во последно време доста кредит им се дава на видео игрите, пред некоја година најпопуларна беше WOW (World of Warcraft) која искрено никогаш не ја сакав, а сега уште попопуларна е Skyrim која искрено никогаш не ја играв. Во принцип не сум гејмер и можеби поради тоа не ги сакам стратегиските игри, ама како и секој експлорер на чудата во животот, повеќе ме привлекуваат first-person shooter игри како кантер страјк (која не ја сакав многу) и quake која во детството ја сакав премногу, а никогаш не ја играв од причина што во интернет кафеата целото друштво играа кантер и едноставно немав со кого да играм quake. : )
.
Неколку факти околу quake: играва е излезена на 22-ри Јуни 1996 година id Software (значи три години пред Кантер Страјк кој е излезен 99та), базирана е на добро познатата Doom, има 4 еволуции а во 2011 се појави интервју околу петата еволуција со John Carmack (ко-основач на id Software) за која се најави дека нема да излезе во блиска иднина, но дека се работи на нејзино појавување за некоја година. Патем последното четврто надградување беше во 2005-та, третото во 99-та, второто во 97-ма. Инаку слушнав и дека Ким Датком (уапсениот за мегааплауд) имал некаков удел во креирањето на сајтот http://www.quakelive.com (quake гетото) но не најдов такви инфомрации на интернет, можеби се претрупани од вестите за негово апсење, не знам.
.
.
Неколку слики од интересен чет (клик на сликите за поголема резолуција):.
. .
. .
.
.
Следнава слика раскажува приказна за еден Грк:
Инаку гркот беше потпишан Gomnium и муабетот го почнав јас од шега спомнувајќи дека неговото име на Македонски значи shit, а не знаев дека е грк оти во игра нема известување за националности, само во профилите на сајтот. Добив одговор дека Македонија е во суштина грчка (well, Macedonia is Greek actually), не избувнував, туку му одговорив: уште полошо, сега и на грчки твоето име значи shit. : D
Понатаму продолживме околу тоа зошто Македонија ја краде грчката историја и зошто се мразиме, овој дел ми беше прилично интересен бидејќи подолго време имав намера да ја анализирам таа грчка свест и начин на размислување околу нашата земја, оти се чини навистина се убедени дека им ја крадеме историјата, иако на нас ни изгледа дека само нè мразат и сето тоа го измислуваат поради омраза и порив да нè асимилираат (иако ова борговски звучи =)). Во понатамошниот муабет се испостави дека грков воопшто не ги мрази македонците, едноставно се случило различно да верува во историјата и тоа е тоа. Муабетот го завршивме со: well, everything is about believing.. на што ми одговори: i know.. :/
.
Мислам дека малку ја доловив интересноста на quake и зошто ја сакам играва, останува ваш изборот дали ќе се приклучите за самите да ја пронајдете интересноста.
Линк до онлајн играта: http://www.quakelive.com/



1 comments:
Тука сум за да го споделам моето искуство со една добра и доверлива компанија за кредитирање. Се викам Џош Хусеин; претходно изгубив пари обидувајќи се да добијам кредит, што беше многу тешко за мене и за моето семејство. Барав помош за кредит на интернет и веќе ја губев надежта, сè додека еден ден не сретнав пријател кој неодамна добил кредит од еден многу чесен човек, г-дин Марк. Тој ме поврза со г-дин Марк, чесен кредитен агент кој ми помогна да добијам кредит од 55.000 долари во рок од 5 работни дена. Засекогаш ќе му бидам благодарен на г-дин Марк што ми помогна повторно да застанам на нозе. Можете да го контактирате г-дин Марк преку е-пошта: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com. Тие не знаат дека го правам ова за нив, но едноставно морав, бидејќи има многу луѓе на кои им е потребна помош за кредит – ве молам, обратете се кај овој чесен човек и и вие ќе можете да добиете помош. WhatsApp: +2349124847559
Post a Comment